Две години им е државната помош, нели? Еве пред точно 2 години (септември 2015) потполно истата приказна. http://faktor.mk/investitorite-begaat-zoshto-dhonson-kontrols-zaminuva-od-makedonija/ Значи си одат ако нема помош, ама најверојатно се договориле да им ја продолжат на уште 2 години или нешто слично. Тие би на државна цицка цело работење, да не мора ништо да вложат...
Друг назив има, исто производство, а дали сите вработени ќе ги задржат-незнам. Приватна форма е.Газдите немаат обврска да ги задржат сите вработени.
Џонсон контрол одамна веке не е Џонсон контрол, можеби веке година ипол па и повеќе...Друга фирма го купи Џонсон контрол во Скопје. Исто производство, се е исто само друга фирма.
Абе вака иде тоа. Џонсонс Контролс си е како Џонсонс Контролс во Штип, во Скопје кога им истече помошта прв пат престанаа да бидат Џонсон Контролс и станаа друга фирма. Во Скопје ако не грешам 2 пати го менува името веќе, во Тетово еднаш. Демек го продала тој објект, ама истото производство си е, само името ново. Како новоотворена фирма добија пак државна помош. И така, на секои 2 години тие се нова фирма, и на секои 2 години добиваат државна помош.
http://prizma.birn.eu.com/мк/стории/германска-инвестиција-со-египетски-предзнак http://faktor.mk/visteon-elektronik...hki/-visteon-elektroniks-si-odi-od-makedonija
Џонсон во Штип и Струмица се Адиент. Лани го сменија името. Од кај нас работат многу луѓе, еден не кажа дека им е соопштено дека ќе си одат. Напротив има огласи за вработување. Цка, најсериозно, лично сум засегната, каде официјално има? Можеш нешто да ми дадеш повеќе инфо?
Ван Хол ќе остане така? Нека остане, нека не прават уште некое време мајмуни. Чинам пред две години извршниот директор на Ван Хол изјави дека во македонија плаќаат помалку од 4 евра по работен час, а во холандија 40. Јас сум за повеќе вакви странски инвестиции, така се докажува од што сме еволуирале. Ех Македонче, таго моја.
Цка каде може да најдам за проект 30/35 aко може да постираш те молам, не сретнав вест, а сум заинтересирана. Фала
Зезајте се вие веќе ништо нр ви откривам. Втор пат Јуле вика лажам на темава и се и давам докази после тоа. Јуле.... во Скопје ќе се затвори. Знаете и зошто. Во другите градови после истек на договорите. Договорите Заев ги направи јавни пред 2 недели и затоа си одат. За 35+ чекам официјална вест и како и секогаш ќе ви дадам. Засега е неофицијално. Појадовте вие денеска? Студентите не.
Цка, каде се бегалците? И лани ја затворија па Винстон ја купи. И одлично што Заев ги откри договорите. Тебе случајно да не ти се допаѓаат? Со пари од даноци кои ние ги плаќаме се финансирани, а никаква корист од нив. Па за едно вработување им се исплаќало по 11.000 евра. Супер ова.
Ќе дојдат Јуле. Договорите хахахаха не ти е малку незгодно што го пиша ова? Ај да најдам време и ќе ти објаснам за значењето на договорите на странските инвеститори и платата чим сакаш таму да работиш ќе ти треба познавање.
Зошто да ми биде? Нека работат како што треба. Чекам да ми одговореш колку според тебе се во ред ваквите договори? И уште ова, на тема странски инвистиции, се шушка дека тие странски воопшто не се странски, туку сопствениците се Македонци. Ван Хол т.е Актива, газдата е Штипјанец мислам.
Газда на Ван Хол е Ван Хол и никој друг. Децата на газдата учат во Белгија македонски јазик. Тоа ете ми дава надеж дека имаат долгорочни планови на ова поднебје.
Нормално дека ќе му учат децата македонски јазик во белгија. Од потта на македонецот што се бие шега со него, еден ден ќе возат ферари и бентли, и ќе се смеат со македонски акцент, конкретно скопски да речеме пошо нема да знаат за остатокот од дупката наречена надвор од скопје. Радувајте му се на Ван Хол, ако, така ни треба.
А како ни треба? Пазарот на работна сила (пазар- место каде се стеќаваат понудата и побарувачката) ка сиктира цената на работната сила. Да немаше во МК толкава невработеност, пазарот ќе покажуваше нешто друго и цената на р.с. ќе беше повисока. Кога ти би издржувал фамилија ќе одбереш да работиш за 4 еур/час или ќе ги оставиш децата гладни? Мада... 8часа х 4 еур = 32 еур/ден 22 р.дена х 32 еур/ден= 704 еур Да не има активен оглас у меѓувреме? Срам не срам ќе одам да молам да ме примат