Лајк од мене за минимална плата од 12.000 денари и за враќањето на Стојанче Ангелов во МВР. Грција веќе се чувствува загрозена од договорот со Бугарија, медиумите пишуваат дека тоа биле исти истрели кон Атина. Против Законот за јазици, не против се, туку против тоа дека ќе имало симболи на Албанците во општини каде се над 20%. Некако глупаво делува. Што ќе има во Тетово, банкноти со кечиња, а во Делчево ќе ги нема? Тоа не ми се допаѓа, но ќе видиме како ќе го изведат. И против кампови, никакви кампови, која држава се ние па уште да си дозволиме таков луксуз.
А скопски банкноти ќе важат во Тетово или треба во менувачница да идеме?! Од каде сега ова со банкнотиве?! Или ти е само пример, а општо за симболи зборуваш.
Виц што ми текна заради банкнотиве. Креативен сум денеска. Spoiler Банкнотиве ќе бидат 50:50 македонски и албански. Во доминантно македонски населби ќе важи македонската половина од банкнотата, во средини со 20%+ албанци ќе важи албанската половина од банкнотата. Банкнотата ќе се кине на половина и која половина ќе се користи ќе зависи од средината.
Зошто се шпекулира со такви информации?! Ставете линк и споделете.. Вака излегува дека рекла-казала муабети си правиме.
Ќе има испрекината линија и банкнотата ќе се кине лесно. Има решение за се', не се секирај. Секоја влада има проблем за секое решение.
Директор на Фонд за Здравство (според внатрепартиски извори) на СДС ќе го ставале Ден Дончев од ВМРО-НП иначе соселанец на Заев. Цел извршен одбор се дигнал против и имало жестоки расправии вертикално во партијата бидејќи веќе имало избрано кандидати стручни и компетентни од внатре. Голема разочараност имало особемно што Ден Дончев беше кај Грујо па кај Љубчо и сега Заев се договорил да си го стави директор на една од најбогатите институции. Ќе видиме како ќе се заврши овој избор.
Во суштина тоа е и фемина, нели? Рекла-казала, па на крај излажала. Така испаѓа во 90% од случаите. Нема што да се дира во банкнотите супер се. Само нека пуштаат повеќе пари накај народот никој нема да се буни. Лудост е да се менуваат банкноти да се задоволи хир на 20%. Пари се пари, што има врска какви се банкнотите. Кој сака лек (албанска валута), нека оди во Албанија да користи. Во Македонија ќе се користи денар и банкнотите не треба да се менуваат.
Ајде нека ви е со среќа сите што ја поддржувате антимакедонскава Власт.. а и на тие што сме против богами.. http://fokus.mk/zakonot-za-jazitsi-pomina-na-vlada/
Тоа за парите,за двојазични,го измислија гледачите, што се јавуваат во живо,на сите телевизии во утринска програма
Ете ја непостоечката тиранска платформа се спроведува на дело. Гледачите што се јавувале на утрински емисии ја измислувале, ВМРО ја измислувале бла бла. Ете се прифати албанскиот јазик. Сега ќе ги променат банкнотите и униформите. Еве ви линкови што не се од курир или инфомах зборевте дека они ширеле дезинформации. И пак ќе речете дека се дезинформации, а утре кога на телма ќе гледате дека без 2/3 мнозинство бил изгласен закон за примена на албанскиот јазик ќе речете баш ни е гајле ова се дезинформации, ние битно да платиме сметки и да се најадеме. Срамота шарени ја уништуваат државата. Каков е тој закон без 2/3 мнозинство? Кој се донесува во 10 навечер за да нема доволно народ за протести. Пак е незаконско ама тоа се очекува од шарените. Законот за јазиците помина на владина седница http://www.alsat-m.tv/mk/законот-за-јазиците-помина-на-владина/ Законот за јазици помина во Влада, полициските униформи двојазични! http://netpress.com.mk/zakonot-za-jazici-pomina-vo-vlada-policiskite-uniformi-dvojazicni/
Јас, за разлика на многу членки, знаете дека не се срамам од политичка припадност и дека никогаш нема да ве лажам дека сум неопределена, а да киснам по штабови. Фер е на почеток да си кажеме нели, дека газот ни тежи на едната страна. Не само да сме чисти пред другите, туку и пред себе. Позитивно - нема екстерно. Негативно - не кажаа на кој начин ќе се подобри ситуацијата со 90% од деца со сите петки, со 99% дипломирани на приватни факултети. Позитивно - нема пријава на даноци у УЈП. Позитивно, ако има уште нешто ќе ми текне и ќе пишам. Негативно... 1. Држењето како државна тајна на договорот со Бугарија, и особено потенцирањето на заедничката историја. Станавме едно со фашистите. 2. Нелегитинмиот избор на претседател на Собрание со 59 гласа, и тоа баш Талат, Командант Форина, кој во случај на отсуство на претседателот ја врши неговата функција. Значи заменик Врховен командир на војската ни е албанец дел од УЧК. Тука сум особено разочарана и од Ферид, ама тоа е друга тема. На стари години се избламира. 3. Поставувањето на неспособни директори. Дел од нив се за перење газ, или тотални анонумуси кои пресреќни што земале некоја функција слепо ќе извршуваат се што им е кажано, или фаци како Дејан Докиќ, обвинет за примање мито. Неможноста да ги сменат дел од директорите бидејќи немаат соодвено образование и од таа причина не успеаја да ги сменат до еден. Имаат проблем со тоа. Дополнително, ги гази време, имаат уште 24 саати да менуваат директори, бидејќи во недела треба да се распишат избори па после до ноември нема да можат. 4. Тевдосвки изјави, не знаев дека бруто и нето различно се прикажува. Он е одличен теоретичар, ама од пракса поим нема. А кој има ислуство во работата, знае дека теорија и пракса не се исти. Очекувам особено брзо да си даде оставка сам, за да си го зачува кредибилитетот. 5. Вработувањето на Васиљ, Лешоски у влада? Без оглас, без избор, апсолуууутно без ништо. Среднист кој зема 44 000 денари плата. (не смеам да кажам од кај знам ) Лешо не знае да зборува луѓе 6. Рашковски за Ген Сек со успех од чистење подруми? Луѓе бе срамота е да излезе напрес и да се пофали за тоа. Како и да е увидоа дека ја утнаа со него работата, он почна ко цајкан да се понаша у влада, доделу над 40 дисциплински, избрка некоку од работа, излезе на тв да зборува како он го спасил супер купот и да не бил он немало да се одржи, и нормално, платија нормални луѓе да ја вршат работата, за он да ќути. Си ангажираа адвокатско друштво кое гоплаќаат за оргазнизациски работи на управните одбори. За тоа колку фактурураат ќе пишам по еден месец. Најмногу по 6. 7. Измена на законот за јазици. Вечерва помина. Еве да не речете од Курир, од друго место линк http://www.alsat-m.tv/mk/законот-за-јазиците-помина-на-владина/ Една од причините зошто вечерва е распишувањето на локалните избори во недела, ДУИ кажале дека ке ги поддржат ВМРО ако не им помине законот. Одредба од законот - „Книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.“ 8. Лажењето за калкулирање за породилното отсуство на мајките, за тоа пишав одамна во соодветната тема. 9. Укинувањето на парите за одмор од 10 дена на болни деца на планина, болни од респираторни проблеми како резултат на загадувањето. Причина, Мин за животна средина вика, не било веќе загадено, дополнително да се утврдело дали е загадено. 10. Вработувањето на 500 нови полицајци по јадењето трици за превработеност. Либертас што имаа да кажат (нели они беа независни )) Хелшински имаше реакција на ова. 11. Нереагирањето на Оливер за уништувањето на македонски гробови. Кути ко пи&да за тоа. 12. Оградата од Влада клупи ке ја правеле, ставија ДУПЛА. Имаше забрана 48 саати и пешки да се приближиш на 500 метри од влада. 13. Оргазмираа на тоа дека мерцедесот чинел 8 Тамари, дојдоа на власт, и на Пивофест се возеа со него. Не сакаат да го продадат, како да сакаат да им кажат на нивните гласачи - ама ве заебавме. 14. Ке ставаа на Трумфална одбројувач колку сме задолжени. ДОјдоа на власт и продолжија со задолжувања, и за големо чудо, задолжувањата се продолжени. Одбројувач НЕМА 15. МИГРАНТИТЕ! Луѓе, МИГРАНТИТЕ! Во стратегијата е предвидено да се изградат 100 локации за станови за мигранти, да се олесни добивањето на државјнство и без документи и да можат да си го повлечат семејството. Знаеме што се случува во Европа од нив, а ние ќе ги примиме. Како косоварите, па сега им даваме се што ќе побараат. Ова е најлошото нешто што ќе се случи. 16. Немање капацитет да се реши пожар. Веќе има и еден загинат, не сум проверила, може шпекулација да беше.. Владата во моментов додека се евакуираат кој како знае, менува директори и носи измена на закон за јазици. Во истовреме. А да... добра работа е што ВМРО виде дека не е вечно на власт. Сега нека учи ВМРО оти они оставија стара комуњара да работи у администрација. Алаѓозовски за 3 дена 3ца избрка од работа. И самохрана мајка чиј сопруг пред 3 месеци почина ја искуферија.
Уште да бевме најадени. Многу убаво им кажуваш ама џаба ти е македонците се тврдоглави како магариња мислат се дека е така како што увртеле во главите. Млади девојки се инатат како нивните баби.
@Cka Алал да ти е како ги распука фино лепо елаборорано и со факти подкрепено Да дополнам уште и за Цацко К-15 што го вработија (незнам што ќе советува) само за реванш што ги поддржуваше во предизборие. Плус Забрчанец, Амон Сра и остала СОРОС багра сите до еден се вдомија на Илинденска ББ. Углавном #идеживот Наздравје!
А изгледа сакаш како Сител, Канал 5, Нова ТВ и др. што ни го перат мозокот и во здрав разум сакаат будала да те направат. Туку не знам што почнуваш да ги мешаш телевизиите во темава, кога темава не е за медиумите, туку за новата влада, за нејзиното работење и нејзиниот состав. Во врска со темава, до сега имам само пофални зборови за новава влада и нејзиниот состав. Ми се допаѓа изборот на министри, имаат избрано квалитетни и образовани луѓе, кои полека, но сигурно ќе ја вратат државата на правилен пат и на стабилни нозе. Го поддржувам укинувањето на екстерното тестирање, укинувањето на дисперзираните студии, треба да се укине и Кембриџ програмата. Но, треба уште многу да се направи во образовниот процес, а промените треба да почнат од Педагошкиот факултет, од каде што треба да излезе квалитетен наставен кадар, за да можеме да имаме квалитетно образование и образовани деца. Ми се допаѓа тоа што не се трошат пари за непотребни работи како во времето на ДПМНЕ за Барок, за споменици, за уживање по кафани, за купување од скапи поскапи работи и што уште не. Туку се работи домаќински, за потребите на граѓаните, за подобар живот. Ете сега ќе се зголеми и минималната плата на 12.000 денари. Мислат и на земјоделците, на стечајците, всушност мислат и работат за подобар живот за сите нас. Конечно да имаме квалитетен и образован министер за здравство. Во здравството ни беше потребен ваков човек, кој ќе направи ред, во овој досегашен хаос, бидејќи до сега попрво ќе го умреа човек, отколку да го излечат. За жал сведоци бевме на многу смртни случаи. Најмногу ми се допадна што го вклучија Боки 13 во хумани мисии, бидејќи и пред тоа тој ја покажа на дело неговата хуманост.
Е баш со Боки13 ќе ни тргне...со педерското лобирање де И да сведоци сме на 3 смртни случаи од хеморагична треска. Ко пред 5 века. Фино те спремиле у партија, боље ПР и од Цацко @cresa-jagoda
Не е важно дали некој е педер или не, не е важно каков е во кревет и кој со кого спие, се додека некој е човек во душа и од срце им помага на оние на кои им е потребна помош. Важно е да си човек, а ретко кој денеска е човек. Човек-толку едноставно, а толку скапо име. А за Боки 13 сѐ додека е човек, не ми е важна неговата сексуална ориентација, ниту како се облекува, ни како изгледа. Подобро биди како Боки 13, отколку да бидеш ѓубре како минатата власт кога убиваа невини луѓе-Мартин Нешковски, Смилковско езеро, шлаканиците во општина Центар и што уште да набројувам, влечењето за уши за изборите, апсењата на невини луѓе, вперување пиштол во уста... Па кога си се фатила за Боки 13 дека бил педер, па кажи и за другите педери од ДПМНЕ кои до вчера беа на власт. Кажи за нивните неморални однесувања, за нивните швалерации. Што се зборуваше за вашиот Грујо, зошто го оставила првата жена, зашто ја изневерил и тоа не со било кој туку со кумот (читај ниту ѝ треба некое ѓубре кое изневерува, ниту пак ѝ треба педер).
На 06.08.2017 ќе ги распишат локалните? Тоа значи до тогаш мора да ги назначат сите директори по институциите?