Работењето на новата влада и нејзиниот состав

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 август 2017.

  1. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    400
    Toтално ти е грешно ова со договорите. Фиат кога дојде во Србија договорот беше 90% прешкрнат и таков даден на увид. Се бунеа и таму тогаш, најчесто партиите во опозиција но ФИАТ и донесе до 2013 година на Србија над 950 Милиони евра инвестиции. Се што се знае јавноста таму е дека владата дала субвенции од 300 милиони евра до таа 2013 година. Ништо повеќе.
    Да не ги зборам индиректните вработувања и значењето за населението. Пред некој ден гледав статистика но не ја паметам бројката точно за да ја напишам овде.
    Oткако дојде Фиат, во Србија дојде и Мишелин, Самсунг, Бош и уште неколку гиганти.

    И во Турција каде исто така инвестираше Фиат, владата дава огромна помош и спаѓа во еден вид на коинвеститор. Речиси секаде каде што инвестираат овие гиганти договорите не се јавни и секаде има државна помош.

    Така да не следам овде кај нас дали е нешто откриено, но ако тоа го направиле од сегашнава влада, направиле тотална глупост и треба веднаш оставка. Еве ако не им се мили старите инвеститори нека донесат прво двојно повеќе нови, па потоа нека ги затворат и бркаат овие.
    Многу глупости гледам во последно време.

    Од тоа колку што пратам прво беше засегнат Самсоненко па од кај му биле парите, па перел вака така. Потоа му ја качија цената на стадионот веројатно со намера да го избркаат.
    А човекот направи за толку малку време, направи многу повеќе од било кој политичар. Да би можел да одлучам би го ставил него за претседател на Македонија.
    Ова им беше глупост невидена.

    Второ Бензиската Супер Трејд кои имаа едни од најубавите горива во Мк и која работеше 20 и повеќе години наеднаш преку ноќ го смени и газдата и фирмата. Пред само 2-3 недели тие беа едни од обвинетите дека имале лошо чинам канцерогено гориво. А поголем канцер од Макпетрол и Окта немало и ќе нема. Но ете тие си работат уште и никој не ги чепка

    Многу дуќани каде што пазарувам се плашат од типот чекај дечко сметка, молим те ќе ме казнат. Луѓето си зборат дека инспекции одат многу повеќе
    Тоа не е воопшто добро за бизнисот и Економијата. Дали треба луѓето да работат и да се фокусираат на работата или да се плашат од партиски инспекции без разлика од чија страна се пуштени.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.387
    Мислам дека не се целосно откриени договорите, туку некои работи. Баш сега читав.
    Во ред е државна помош, ама не да се злоупотребува за некој да зема дебели провизии и државата да нема воопшто ќар од тие инвистиции.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.397
    Допаѓања:
    42.287
    Значи и мали деца знаат дека кај нас затворениците ги пуштаат на викенд, да се одморат од лежење цел ден таму, нали...

    Сосема се сложувам, да има приемни испити и да биде се без пари, па ако веќе плаќаме од џеб, да вложуваме во квалитетен кадар.

    Квота да нема, туку да се примат сите што ќе поминат приемен, ама да немаат шанса продолжат со студирање ако паднат година.

    Да се воведат исто и нови смерови и струки, што ги бара пазарот. И да има повеќе занаечтиски средни школи за столари, молери, електричари, фризерки, што ти ја знам, за оние кои не сакаат на факс, па да си вадат леб.

    И многу нешто се засекиравте за доручекот, иако скоро никој немал време да го јаде. Па и за останатите оброци важи тоа. Па морало да се купуваат.

    Вака сега имаат два сигурни оброци, а насабајле со 15 денари за ѓеврече ќе поминат, одколку 3 оброци да купуваат.

    Ма да чим толку се засекиравте, можете да донирате од платите ваши од по 30 илјади шо ги зимате у администрација, пикнати со врски...

    А, исто можевте и у 10 години еднаш да кажете да се реновираат домовите, али Грујо ќе ве шутнеше од работа па ќе моравте за 10 илјади у Џонсон да работите.

    Немате срам...
     
    На galapce, YoungandBeautiful, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    Ако победи ВМРО ќе биде регуларно :!:
    Ако победат СДСМ нема да е регуларно, оти тие ќе полнат кутии:rofl:

    Регуларно-нерегуларно, време е да се помирите:)
    Ништо нема да смени викањето ,,уааа,,

    Најдобро е да се придружите, па ќе биде работа:hai:

    Бај д веј, Вашите се исклаа меѓу себе

    Претседателот на ОК Бутел Дарко Костовски заедно со директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Александар Атанасов се првите кои се најдоа на Ѕидот на срамот, акција која ја отпочна Иницијативата за внатре-партиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Фокус.

    Според реформаторите, Костовски и Атанасов јавно се закануваат со физичко и вербално насилство врз членовите на партијата доколку активно не се вклучат во поддршка на кампања за избор на градоначалник во Бутел.

    „Заканите идат до таму што веќе се прават списоци за членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се вработени во ЈП и кои ќе бидат прераспределени на пониски позиции во претпријатието, и се вработени кои се подржувачи на Иницијативата за внатре-партиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Тие треба да се грижат за граѓаните и да работат во нивен интерес, а не да се закануваат на членовите и со закани да бараат поддршка. Господинот Атанасов треба да е засегнат зошто во општината Аеродром континуирано се случува прекин со снабдување со вода, а не да води кампања со линч врз граѓаните“, велат од Иницијативата.

    Акцијата има за цел јавно да бидат објавени имињата на членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои кон своите сопартијци се однесуваат насилно и агресивно, за јавноста да биде запознаена со ваквите постапки од поддржувачите на актуелниот претседател.

    Тие велат дека повод за оваа акција е притисокот и заканите кои ги трпат и се прават врз членовите на инцијативата за внатре-партиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ со цел да се откажат од процесот на демократизација и реформи во партијата.

    „На ѕидот на срамот ќе бидат објавени сите имиња на членови кои ќе се дрзнат да агитираат и да се закануваат за поддршка. Денес ги објавуваме првите имиња и континуирано ќе ги објавуваме имињата на сите оние кои ќе се дрзнат да работаат спротивно на идеалите на ВМРО ДПМНЕ. Мораме да работиме да слобода и демократија има во сите институции, политички партии и во јавноста, тоа не задолжуваат генерациите наназад кои жртвуваа многу за да ние денес уживаме во неа. Да не дозволиме Македонија да се претвори во лична своина и диктатура на поединци. Европско ВМРО ДМПНЕ за Европска Македонија”, се наведува во соопштението.
     
    На ludoto19, pravnicka_2604, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    Министество за змејоделие - полека ама сигурно.
    Се исплатија 125 мил денари субвенции:clap::clap::clap::clap:
    (y)(y)
    Околу 125 милиони денари се исплатија во текот на минатата недела за субвенции за земјоделство. Најголемиот дел или околу 61 милиони денари се за субвенции за дополнителна финансиска поддршка за сертифициран семенски материјал, 35 милиони денари за субвенција за литар предадено млеко, над 17 милиони денари се субвенции за предаден зеленчук во преработувачки капацитети. Остатокот од исплатените субвенции се за различни земјоделски сектори. Во моментов се обработуваат решенијата за исплата на преостанатите субвенции за 2016 година, по што наскоро ќе следува исплата. Од 1 јуни до сега се исплатени над 60 милиони евра за субвенции, кои легнаа директно на сметките на околу 50 илјади земјоделци.

    Во моментов формираните работни групи во МЗШВ, интензивно работат на подготовка на петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која што ќе бидат преточни сите мерки од Програмата на Владата, кои опфаќаат зголемување на субвенциите за земјоделците. Финансиската поддршка за земјоделството од следната година ќе изнесува 160 милиони евра, сума која што ќе биде соодветено распределна во секоја земјоделска гранка.

    Дел од мерките од Програмата на Владата, се реализираа уште во првите 100 дена. За 10 проценти се зголеми субвенцијата за хектар површини со лозови и овошни насади, фуражни и градинарски култури, мерка која е дел од најавеното 20 процентно зголемување во следните четери години. Со измени на Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се обезбедија дополнителни 10 милиони евра за активни мерки за поддршка на земјоделците. Развојот на земјоделството и во следниот период ќе биде во фокусот на Владата, а преку обезбедување на повеќе пари за земјоделците, ќе придонесеме за унапредување на земјоделското производство и крајно на севкупниот економски напредок.

    Субвенциите се мерка која што е загарантирана со Законот за земјоделство и рурален развој. Основна цел на субвенциите е развој и модернизирање на земјоделското производство, поради што МЗШВ изминативе три месеци интензивно работи на долгорочни стратегии за зголемување на ефикасноста на субвенциите и нивниот позитивен импакт во земјоделството. Фактот што изминатите години се издвојуваа милиони евра за директна финансиска поддршка, а и натаму имаме пораст на увозот на земјоделско-прехрамбени производи, намалување или стагнирање на земјоделски површини, приноси и број на добиток, е доволен доказ дека нешто не е во ред со досегашниот модел на субвенционирање. За таа цел заедно со Светска банка ќе спроведеме анализа на досегашната ефикасност на субвенциите, потенцираат од МЗШВ.
     
    На oblace1 и JuLleE им се допаѓа ова.
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Гош за студентските домови не си целосно во право. Баш во на Груевски времето се реновираа најмногу студентски домови и интернати е сега што тоа не е доволно е друга приказна.

    Темава е за новата влада не знам зошто суте ГРуевски па Груевски? Разочарани изгледа од Заев и ај нема како да се исперат пак со Груевски. Греувски е минато со иднина во Шутка.

    Кога веќе правиме споредби, а збориме за студенстки домови, не сакам новата влада да ги повтори грешките на Груевски
    - тој можеби имаше добри идеи но постави многу лоши раководства во студенстските. Сите памтат и самоил манлчески и тој после него што мустри беа. Се замислуваа богови таму. Новата влада пожелно е да ги контролира повеќе студентите што ги става во раководство.
    - предходното раководство е тоа што ги УНИШТИ студентските мензи. Ги пратам мензите веќе 12 години од самото доаѓање на груевски на власт. До 2008 имаше од пиле млеко таму. И се по набавна цена најефтино шт може се купуваше со бончињата. Сега е катастрофа. Никој не ги контролира таму што прават.

    А за тоа дека не реновирал не може да му се пререче реално гледано пред него ниедна влада немаше една шајка заковано по студентските. Очекувам новата влада да продолжи со реновирање.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.627
    Допаѓања:
    140.527
    Да не беше ВМРО субвенции да дадат мисловна именка ќе беа. Последната година на сдс како позиција имаа 0 ден исплата. Сдс е радост да исплатат не па да донесат нови.

    2 месеци по ред после толку години паѓа просечната плата во Македонија.

    Прв пат после толку години падна БДП и тоа у негатива и сме единствени у Европа со негативен бдп.

    Колку што поебаа за 100 дена...

    И не ви е срам да кажете дека студентите не појадуваат? Оти вас мајка ви ви давала појадок за време студирање. Не сте живееле у дом.
     
    На allez и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Стара си ти, во твое време може појадувале.
    Во мое не појадуваа, чекаме сега некој сегашен студент да каже.
     
    На poenta, Baby-bubu и oblace1 им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    98.709
    Сигурно не знаат толку убаво да маскираат броеви како вемеро, иначе ние се сме си у негатива.

    И ПОВЕЌЕТО (95%) студенти НЕ појадуваат. Живеев во дом една год, насабајле немаше живо пиле во менза. Се знае кога имаше бутканици, за вечера.
     
    На Elen4e_sonce и Yowannty им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.627
    Допаѓања:
    140.527
    Студент плаќа 2000 (да речеме) и имал појадок ручек и вечера.
    У време комуњари плаќа исто а добива ручек и вечера.

    У колоквиумска не се оди на факс ама оти да јадат пред да учат?

    Јас живеев у дом. Знам што значи еден оброк помалку.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    98.709
    Цка ај не драми. За колоквиумска луѓето по цели ноќи учат, мисловна именка е некој да се издига во 8 сабајле за доручек кога нема друга обврска. Плус, бонската продавница е тука, па секогаш има нешто да се земе и да се касне ако е толку хитно како за таквите како тебе.
     
    На galapce, ludoto19, poenta и 5 други им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Секако од сабајле сите студенти купуваат ѓевреци и кифли од најбисликите пекари, а никој не оди да јаде од мрсните манџи или сувите макарони со скакулци од сабајле.

    Повеќе од пола студенти сабајле се на факултет, а тие малкуте што се останати во домот земаат 10 денари во џеб и одат да си купат ѓеврек, отколку да го расипат стомакот на сабајле со мрснотии.

    Ле-ле една порција скакулци помалку во текот на денот ќе имаат студентите ;( ;( ;(
     
    На Elen4e_sonce, Baby-bubu и Yowannty им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Каде тоа студент плаќа 2000? :rofl:
    Не ме смеј...
    И мензата работи од 10, тој студент во 10-11 веќе има за јадење.
     
    На galapce и Yowannty им се допаѓа ова.
  14. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.663
    Пол:
    Женски
    Максим Димитриевски во март месец 2017 година напиша
    [​IMG]

    Денес во Куманово банери само на албански јазик. :?: Што тиранска платформа и двојазичност сдсовци?

    http://severoistok.mk/2017/09/25/edno-jazichni-baneri-vo-kumanovo/
     
    На Elen4e_sonce, allez и veteruska им се допаѓа ова.
  15. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    Де бе Цка какви драми правиш, луѓе да те читаат од страна ќе речат оваа пустата само во мензи јадела. Дома никако. Не припаѓувајте толку бе луѓе, фала богу дека сабајле не одат да јадат особено НЕ за време на колоквиумска недела. Легнуваат во 4-5 и стануваат во 12 и пак од почеток. И да јадат нешто калорично или нешто обемно па ајде ќе си речеш да станеш. Ама не верувам дека една шака ладни макарони ќе те најадат. Или уште полошо кутлача грав со едно парче мевце што на маче можеш да му го дадеш и може уз пат да имаш и некоја мува, лебарка.. Зависи. И да побараш репете нема да ти дадат, пошто нели нема за нормален ручек а не пак репете. Сите јадат надвор кој геврече, кој хамбургер, кој салата... Кој како си располага со финасии.
     
    На galapce, Yowannty и poenta им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.612
    Пол:
    Женски
    А да го сменеа менито во мензите наместо да кратат појадок, немаше да биде подобро? И не, не е точно дека на студентите не им треба појадок. Жално е да се оправдува ова.
     
    На veteruska и carangigia им се допаѓа ова.
  17. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Студентите највеќе добија од Вмро,не само појадок во студентиските домови туку и бесплатен јавен превос,за жал оваа влада сдс предводена од Заев нема ништо само укинуваат.
     
    На allez и carangigia им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    И сега имаат бесплатен јавен превоз.Син ми само што извади студентска картичка за бесплатно возење.
    Незнам од каде инфото дека е укинато?!
    ..или лиферување невистини ви е главно хоби?!
     
    На Yowannty, Someonespecial и DAngel им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.627
    Допаѓања:
    140.527
    Само појадокот и ваучерите и дисперзираните се укинати. Ништо не е направено. Неспособни се да направат.

    Генералниот секретар Рашковски се назначил сам да лапа уште пари.

    Ова е само за 100 дена и тоа се пазат за да не изгубат пак на избори. Е тек после...

    И навистина ме изненадува што сте задоволни со намалување на еден оброк на студенти наместо си воведување плус еден.
     
    На carangigia, veteruska и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не сме задоволни, чекаме студент да се пожали... Никаде таков :worried:
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.