Ретко ние самите дома се придржуваме кон совети на нутриционисти, дури и кога имаме можност да се храниме поздраво. Вметнување на свежо овошје и зеленчук, особено кога живееме во поднебје каде истото ни е доста пристапно и ефтино, сметам дека треба да биде овозможено во студентските домови. На прво место би рекла дека е хигиената во процесот на приготвување и сервирање. Истата треба да биде на највисоко ниво, па било јаделе грав или стек. Во државава ако не побараш, не добиваш, така да ќе треба студентите по активно и многу погласно да се изложат со барањата, особено ете во вакви пред-изборни периоди, кога се барем малку поголеми шансите да бидат слушнати и прифатени нивните барања. Што се случи со проект 30/35?
Убави слики, јас кога студирав само ориз кој пливаше во масло, без никави зарзавати и без зачини имаше. За месо, освен смрдливи плескавици, можевме само да сонуваме. Сакаа моите да ги одведам еднаш во менза, а фино им реков ќе јадеме надвор. Сакале да видат луѓето... сфатија дека гадно се зезнале
Починаа уште четри бебиња за само еден ден. СДС не барате ли одговорност? http://meta.mk/chetiri-bebina-vo-in...-nok-na-ginekologija-doktorka-e-suspendirana/ СДС се навредиле бидејќи не им се спомнува М (Македонија). Епа кон сдс може само да стои буквата А или Ш. Сега З.З вели дека сдс биле 10 ПУТИ поголеми патриоти од ВМРО. Епа какви се тие сдсовски патриоти кој ја продадоа македонската историја за 20 милиони евра, се залагаат за двојазичност и изградба на станови и вработување на 200 000 мигранти. Еве на изјавата на самонаречените патриоти, Подоле е изјавата од април месец на Заев каде изјави Се обидовме во неколку наврати да играме на политики на патриотизмот, како партија што не ни приличи такво нешто И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме, за да бараме шанса за во иднина, за да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да глумиме патриоти. Заев рекол па порекол Заев во април месец изјави од нас народот не очекува да глумиме патриоти http://zurnal.net/?p=38646
Имам да кажам за работењето на новата влада: -Бутнавте режим и добивте слобода на говор? Аха добивте, да не кажам што. Прашајте ги Левица кога на мирниот протест им се с`снаа и алфи и воена и цивилна и каква ти не полиција. Прашајте ја Ирена Р(ас)истиќ која по толку воспевање на LSDM, поради една критика си доби пријава за расизам, ксенофобија итн. Прашајте го најголемиот поддржувач меѓу земјоделците Душко Млекарот од Битола како се снаоѓа со тужбата од Кирацовски поднесена во време на слободно говорење. -Му напраивте Тодорофф на Никола? Да бе. Невкусно и за жалење ама за три месеци двоцифрен број на бебенца починаа под неразјаснети околности, нешто што LSDM најавуваше дека итно ќе го спречи. Плус повозрасни дечиња под изговори како вироза, плус фамилии од епидемии во Гостиварско. Тријазични табли беа приоритет за LSDM пред реагенси, инкубатори, кадрово екипирање,... -ВМРО, МВРО, како беше??? Вработување 800 нови полицајци после избори. Ни трага од утепувачот на Бојку, решетање на кандидат за градоначалник и екипата во Кичево, момчиња упукани и тешко повредени од џандар неспособен да ги стигне во Струмица, прегазени дечиња. Ослободени Красниќи, газдана на Милано и остали бандити и криминалци. -Покажување македонштина. Видовме колку македонштина има во LSDM и на 2-ри август на Мечкин камен, и пред Влада на 8-ми септември, и во договорот со Бугарија, и виткањето кичма пред Грција, и при тиранската платформа. -Пад на индустриското производство. -Забавен економски раст. -0 странски и домашни инвестиции. -Мигранти. - ... ...До утре вака можам да куцам...
^ Проблемот со реагенсите е многу сериозна работа. Претходната Влада колку толку вложуваше пари за реагенси, иако и тогаш понекогаш се чекаше со недели/месеци. На микробиологија и даље не може макар Streptoccoca и Helyobactery да се испитаат, а што останува за другото? Додека рокадата на тимот новокомпоновани доктори и сестри е толку дрска, арогантна и нестручна што тоа со зборови не се опишува, мора да се доживее. Искрено посакувам сите кои имаат или немаат здравствен проблем, да располагаат со пари во изобилство за да можат да си овозможат приватно лечење!
Не ми е јасно како може да кажувате дека на студентите не им бил потребен појадок. Па и да генерализирате дека сите учеле стриктно само навечер, па спијат касно до пладне и појадокот го пропуштаат. Јас и за време на колоквиумска станував во 6 сабајле, тогаш ми беше најдобро за учење. Па одвај ќе чекав да отвори бифето во Кузман во 7, па ќе си земев бурек, јогуртче, сок, еклер, мх,мх. Пред да одам на факултет во 8 без нешто ќе си ја наполнев чантата со јадење од бифе и од бонската и си бев опремена со јадење за на факултет, наместо да дадам најмалку 50-100 денари (со оглед на тоа што понекогаш на факултет останувавме и по 12 часа). Од јадењето во менза не можам да се пожалам. Барем во Кузман беше секогаш топло и имаше избор помеѓу 2-3 јадења минимум во секое време. Во мое време беше така (оломнани, не сум престарена ), лани слушнав нешто смениле па ги укинале бончињата, се затворило бифето и бонската и се ограничиле оброците. Многу лошо според мене, ама не можеме на сегашната влада да и го припишеме тоа, се знае лани ова време кој беше на власт. Иако се средило тоа со оброците, морав да искоментирам За зголемување на партиципацијата сум против, треба да се укине матура и да се воведе приемен испит. Го поздравувам укинувањето на радиодифузната такса. За струјата не знам, погоре прочитав некои се жалите на поскапи сметки, ваљда времето ќе покаже. Го поздравувам воведувањето на двосменско работење на градинските и администрација. Се намали гужвата и не мора да трчаат сите до 2 и пол за да завршат работа. Минимална плата 12000 - за жал ова е болна тематика каде од една страна може човек да се радува дека се зголеми за 2000 минималната плата, ама од друга страна, 200 евра плата ли е бе луѓе? Со останатите активности на новата влада не сум многу добро запозната.
Да не се секирате еве бугарите имаат комисија за НАШИТЕ книги по историја а сеја и грците ќе имаат. Ни ја продадоа државата за личен финансиски интерес. Егејци каде сте? За една година нема да постоите. Министерот ве продаде...
Ова со 200 евра и оние претходни како беа 8500 минималец ми се смешни. Јас искрено не верувам дека некој досега земал 8500 денари. Па овие по веро и тинекс бе земаат над 11000 денари. Еве и да ги има тоа се многу мал број на луѓе 0.0000001% а дали и толку од вкупните вработени. Имало многу пријавени досега на минималецот но остатокот од парите вработените си ги земаа на рака. Тоа го знаела и претходната влада а го знае и оваа. Јас од овие 8500 или незнам колку е точно на 12000 денари минималец покачување гледам само лошо. Прво газдите што ги пријавувале луѓето на 150 евра сега ќе мора да ги пријавуваат на 200 евра. Тие 50 евра погодувате кој ќе ги плати. Работникот најнормално. Тоа значи повеќе пари за државата а помалку за народот, а не како што велат овие по митинзи повеќе пари ќе имало за народот. Напротив помалку ќе има само кој да сфати. Така да одлуката е далеку од добра, и незнам стварно дали некој нормален ќе поверува во овие работи и нивната заднина. Имав прилика да погледам некој клип на јутубе од митинзиве и ми се чини никогаш досега вака не мамеле и двете партии. Ќе се изразам политички користејќи ги зборовите на политичарите. Она што јас сметам нажалост ако ова со платава и други работи што се кажуваат се навистина се донесат Македонија навистина повеќе ја очекува помрачување отколку живот.
@Cka сети се на видеото на Трифун Костовски, како плукаше врз македонците од Егејска Македонија. Сети се како шарените ајросдсовци фрлаа боја врз Триумфалната порта на која се отсликани децата бегалци, сети се како фрлаа боја врз сите револуционери кои имаат потекло од Егејска Македонија. Во мене и сите македонци од Егејска Македонија тече само чиста македонска револуционерна крв. Навикнати сме да бидеме осудувани и навредувани од самите македонци. Ете го ајро. Се спрема да ги ослободи терористите од Монструм, каде се сега снимките? нели ќе ја откриел цела вистина? Сега кој е следен за амнестирање тие од Диво Насеље? Се надевам дека имате мир и спокој во Царството Небесно. Јака им душа на родителите на починатите деца http://infomax.mk/wp/видеозоран-заев-е-поголем-монструм-од/
Она што мене ми е највпечатливо кај новава влада се три работи: - владава дојде на власт со сила, со еден изведен циркуз во парламент. Не знам кој беше побудала, Вмро што молчеше, институциите што не реагираа за државниот удар, или Сдс што против мнозинството на македонскиот народ направи државен удар како најтешки хулигани. А, ми правам муабет за демократија. Демократија не е да дојдеш на власт на сила. -цело време зборуваа за задолжувања, а се изнадолжија многу за само 2 месеци. -зборуваа за режим, а сега уствари дојде режимот. Луѓето се плашат да зборуваат, се забранија еден куп емисии на тв., тв се плашат, новинарите исто, итн.
Изводи од матичната евиденција ќе се доставуваат до домашната адреса на граѓаните, предвидува новиот проект што ќе го промовираат денеска Управата за водење на матичните книги и Македонска пошта ад Скопје.
Од тоа што се плашевме најмногу дојде. Двојазичност За мигратинте имам средства, дома ми седи 'Refugees Welcome' , дали имате поточни информации кога ќе дојдат 200 илјади мигранти да знам да ги пречекам , нека побрзаат оти се ближат избори и требат гласови. Х-хаос значи стана одкако дојдоа овие соросоидиве
Каде е објавено ова? Зашто и за слободните карти за студентите овде се објави па не испадна точна информацијата.
Управата на театар Комедија одлучила да ги укине бесплатните билети за театар Комедија и да ја врати старата цена со попуст од 150 денари па да донира дел од парите од тие билети. Само за театар Комедија важи, колку што знам. Интерна одлука.
http://www.fakulteti.mk/mobile/news...je_ja_pochituvaat_umetnosta_velat_od_komedija Така повеќе ќе ја ценеле младите културата. Очекувам сега да кажете ваууууу одличноооо ко што се радувате на укинатиот појадок. За картите јас не прочитав во темава, може да видам кај е пишано? Директорот и управниот се од комуњарска фела нели именувани.
За автобуските карти јас сум сведок, т.е. МОЕ дете извади годишна бесплатна студентска автобуска карта.
Еве ви ги мигрантите наскоро кај нас Огромен е бројот на мигранти од Блискиот Исток и од Северна Африка, кои се подгтовуваат во најскоро време да влезат во Европа. Поточно, станува за збор за бројка од околу 6,6 милиони мигранти, анализира британскиот весник „Телеграф“ http://www.magazinplusnews.com/околу-6-6-милиони-мигранти-тргнуваат-кон/ Македонскиот премиер Зоран Заев, за да се додворува кај европските бирократи, доброволно се пријави за прием на околу 150.000 мигранти во Македонија. Стратегијата за бегалци и мигранти на минстерот за труд и социјала, Мила Царовска, предвидува во наредните 10 години да се изградат кампови, социјални станови, да се обезбеди бесплатно школство, здравсто и работни места за 150.000 мигранти. Нели лаже ВМРО а?