Не е кратко, имаат уште триипол години мандат Не се враќа Грујче! Сега откако ја ослободија локалната власт, ќе немаат повеќе сопки на локално ниво и ќе се види разлика.
На пролет има пак избори, де... Тогаш нема да можат да се вадат со "да го победиме режимот". А ВМРО, само да се ослободат од Груевски и веќе се на добар пат да го имаат мојот глас за претседателските.
А чекај сега , кога ке бидат следните праламентарни избори ? Бидејки нели послддните беа на 11.12.2017 , но не се формира влада за еден месец туку за пола година ... И како се рачунаат сега ?
Можеби е подобро да не работат ништо. вмро кога почна со работа, ги закопа здравството и образованието. И нема никакви избори на пролет, претседателски мандат трае пет години. 2014-2019.
ако ВМРО освоеа мнозинство општини, да разберам да има предвремени, ама, вака...не. Доволно играње играчки имаше. Едните нека си гракаат ко опозиција, другите нека работат веќе ко влада.
Досега редовни парламентарни избори се одржувале (неполни) 4 години по одржувањето на претходните, мислам дека нема врска тоа кога е формирана влада и дека треба да бидат 2020-та, ако нема предвремени. А и каква разлика прават неколку месеци, та биле 2020 или 2021.
Мене лично животот ми е ист и не осетив никаква разлика, било старата багра, или сдсмовциве исто с'ање.
Веројатно, никој од нас нема ни да осети. Сеа само ќе се смени постава на локално ниво. Ќе се вработи некој минимум на партиски глувци, а мизеријата нема да не напушти, впрочем составен дел е.
Најмногу ме радува Петре Шилегов што во програмата објави дека ке изгради ново прифатилиште за бездомни животни ајде те чекаме Перо
Ајде дојде животот Од вчера официјално започна ефтината тарифа на струја од 14 до 16 часот,ќе готвиме поефтино три денари за еден киловат И уште да се вратат оние 600 000 заминати,да си најдам дечко... и ќе нема како ЗаеФ