Уште Трамп да се извози и ќе го продадат. #Самокажувам Новата влада им даваа книги да учат како да соборат режим ама не ги научија каконда бидат власт и дека треба да пазат што лажат во кампања. Патем се чудев каде да ја трошам платата од 500 евра ама сега со поскапувањата таман ќе ми дојде нема да ми остане вишок и да го мислам.
Spoiler: Државна пензија Државна пензија за сите граѓани на Македонија – еве колку ќе изнесува и како ќе функционира Секој ќе има пензија од државата. Сите жени кои ќе наполнат 62 години и сите мажи кои ќе наполнат 64 години, а не ги остваруваат условите за старосна пензија, ќе добиваат државна социјална пензија, вети СДСМ во својата предизборна кампања. Право на државната пензија ќе имаат граѓаните кои во последните 20 години живеле во Македонија. Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија. Граѓаните над 65 години независно дали ги исполниле условите за пензија или не учествувале во градењето на нашето општество и секој од нив заслужува да имаат достоинствена старост. Превземено од sky.com.mk
Толку беше бесплатен паркинг за Карпош и Кисела Вода.Завршија убавите денови. Советот на град Скопје донесе одлука да се воведе зонско паркирање со паричен надомест. А само до пред неколку месеци градоначалникот Богоев се перчеше дека „бесплатен паркинг ќе има и понатаму“ за граѓаните на Карпош. Епа до тука било тоа „понатаму“, Шилегов мислел поинаку. Ама си ќутел. http://republika.mk/877896
Стари-вчерашни инфо имате https://www.slobodenpecat.mk/vesti/parkingot-vo-karposh-ostanuva-besplaten/
Достоинствена старост..како не им е срам....пу....со 10000 ден. достоинство .....само за лекови и болничко лекување ќе им отидат..а што да јадат, со што ќе плаќаат сметки..да им ебам матер..нивните родители нека имаат достоинствена старост со оваа цркавица...
Ами Бабе...денар данок ако не си платил, колку сакаш да ти дадат пензија? Еве да претпоставиме.. Ти цел живот ни ПИОМ си плаќала, ни здравство, ниту перонален, ниту денар си дала за придонес за вработување за придонес за професионални заболувања или осигурување во случај на повреда... Зошто мислиш дека 10 000 денари ке ти се малку ? Знаеш дека пензијата е реверзибилна - колку ќе си фрлиш пред тебе, толку ќе си најдеш зад себе Ти пред тебе не што не си фрлил ништо, туку си бараш многу зад себе, па и 10 000 ти се кусо Двајца старци по 10 000 денари=20 000. Малку се? Право на државната пензија ќе имаат граѓаните кои во последните 20 години живеле во Македонија. ..па нормално...да не очекува многу загрижената дијаспора да се врати тука на старост со странска пензија, па да бара од државава и 10 000 денари ?!
“Сите жени кои ќе наполнат 62 години и сите мажи кои ќе наполнат 64 години, а не ги остваруваат условите за старосна пензија, ќе добиваат државна социјална пензија. Право на државната пензија ќе имаат граѓаните кои во последните 20 години живеле во Македонија. Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија“
Просечната старосна пензија во моментов (за 2017 година) во Македонија е 13.811 денари. 40% е 5524 денари Значи на почеток ќе биде по 5524 денари. Ти дава некој пари ако немаж стаж зад себе? Колку што знам пензионери се радуваа на 500 денари покачување, ами од чиста мира да почнат да ти исплаќаат 5524 денари не е занемарливо.
Факт е дека одлуката е донесена на ниво на град Скопје, поддржана и изгласана од советниците на СДС (кои се мнозинство во Советот). А тоа што Богоев „не прифаќа наметнати решенија“, нека си се разбере првин со своите сопартијци, па после заеднички нека излезат да кажат кој бил во заблуда!
– Паркингот останува бесплатен, наметнати решенија нема да има! Јас и во својата Програма, за периодот 2017 – 2021, децидно наведов, дека во делот на капитални проекти остануваме на ставот дека граѓаните на Карпош бесплатно ќе ги паркираат своите возила. Дали на некои потези ќе има зонско паркирање може да решат само мнозинството од жителите на овие делови од Карпош кои се соочуваат со проблемот, откако претходно тие сознанија ќе бидат добиени со спроведување на анкета и непосредно изјаснување – вели градоначалникот на карпош, Стефан Богоев. Во програмата на „Градски паркинг“ како места каде е можно воведување зонско паркирање се наведени улиците Мирка Гинова, Иван Аговски и Гиго Михајловски во Карпош 1 и паркинзите во Лептокарија, Карпош 3. Незнам каде прочита дека сопартијци му го наметнале ?! Ако не ти е тешко, постирај линк да прочитаме
Рефче душо, можат да го крстат како парична помош или надоместок за нега на стари лица..ама ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ..МИСЛАМ ДЕКА ПОЦИНИЧЕН ИЗРАЗ НЕМА ОД ТОА кога се поврзува на овој наш стандард со износ од 10000 ден....а не е ни толку....Колку е социјалната помош во Мк?
На ниво на совет на Град Скопје е поддржан и изгласан инвестицискиот план на Ј. претпријатие Градски Паркинг кој предвидува да си стопанисува со паркинзите во Карпош. Значи, изгласан е, а знаеме дека мнозинстото советници се членови на СДС. Ова е тоа наметнување.
Може линк од овој закон или одлука на владата за државна пензија? Јок? Предизборна популистичка превара на LSDM како и 500-те евра, чистиот ајро, законот за стечајци, непартиските вработувања и многу друго. А искрено, би ми било мило да се воведе вакво нешто.
5500 Тие што не работеле никаде , немаат стаж, немаат денарче данок платено, ќе земаат 5500 денари Двајца (маж и жена) - 11 000