Работењето на новата влада и нејзиниот состав

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 август 2017.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Се сложувам. Со каква леснотија тоа го кажа, леле очај. Демек или економијата ќе тргне, или ќе кора да се качи граница за пензија. Абе стегни ги тие што не плаќаат данок, а ги има многу, и ќе имаш за пензија. Уште пари на рака се земаат и тој очекува економијата да тргне.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Министерството за труд и социјална политика ќе вработи 226 воспитувачки во детските градинки кои досега биле ангажирани со договори на определено време. Покрај тоа добиена е согласност од Министерството за финансии за уште 260 нови вработување на неопределено време, информираа вчера од Министерството за труд и социјална политика.

    „Со вработување на 226 воспитувачки кои досега биле ангажирани на определено време ја прекинуваме долгогодишната состојба на несигурност и неизвесност кај вработените во градинките, но и кај децата и родителите. Во насока на понатамошно подобрување на состојбата со кадровската екипираност во детските градинки, обезбедена е согласност од Министерството за финансии и за нови 260 вработувања на неопределено време. За таа цел се обезбедени дополнителни средства со Буџетот за 2018 година во износ од 70.000.000 денари“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Според анализите на Министерството во градинките недостигаат 2.000 воспитувачки.

    Еве решение за оние воспитачки и негувателки кои со години ги лажеа со договор на дело и не им дадоја решение за работа.
    Па на крај друг е виновен што ,,се испуштени,, од работа.
    Всушност договорот им завршил.

    Па пак нека се жалаат
     
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.202
    Пол:
    Женски
    На Rama, baba Rada и daylight им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Па до сеа поинаку беше..
    Само пишано..
    Кога сакав,тогаш купував алкохол по СИТЕ дуќани,ама по далеку повисока цена.
    Сеа барем регуларно ќе си купам вино од КАМ без некој да ме под*ва со цена.
    Незнам што се возбудивте толку..
    И до сега деца-основци на кеј пиеја бело вино купено по 200 ден..

    За пушење..
    Пушач сум...
    Нека не се продаваат приказни каде се пуши.
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.202
    Пол:
    Женски
    Забраните беа на место, со посебен акцент на таа за пушачите, туку менталитетот ви е фушерајски на вас. Ако зиаме предвид виденија, повеќе пати сум видела со свои очи како алкохолот го заклучуваат и не е достапен за купување навечер. Што не го сметам за ништо круцијално, кога некој има намера и навика да пие, секако дека нема забрана за продажба на пијалоци во одреден период од деноноќието да го спречи, овде само ги сумираме приоритетите на оваа влада. Рушење, пиење иии пушење.
     
    На Lianna Anna, Rama, Aquamarine93 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Влада нишај врата земај плата хаха
     
    На Lianna Anna, Rama, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    ..УШЛО..му рекло зајакот на магарето:D
     
  8. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Рефке :*
    :D :D
    Како сакаш врти исто ти е... :)
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Владата назначи дури 27 директори и нивни заменици од редовите на ДУИ. Кој од кој поличен и попаметен. Многумина од нив и самиот Заев (кога беше опозиција) ги обвинуваше за криминал и корупција.
    Меѓу нив се:адвокатот на осудените терористи од „Диво Насеље“ - Бујар Дардишта (директор на управата за водење матични книги); Рафис Алити - алијас команданти Мсуеси (ГА-МА); Вулнет Адеми - познат љубител на картите на Голема Албанија (директор на Агенцијата за странски инвестиции) итн.
    Ако случајно сте полицаец и наидете на непрописно паркирано возило во сопственост на дотичниве, пазете да не ве тресне пајак - возилото од земја! Сега ги правеле како трансформери, така нешто.. :?:
     
    На Lianna Anna, Jas!, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.739
    Допаѓања:
    38.480
    Пол:
    Женски
    Ова не важи за оние на кои им заврши договорот пред Нова Година.
     
    На Lianna Anna, orevokrsacka, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Кога и да видам темава ми текнува на муабетите петардите на Заев нема да ги донесат на власт... ех бее , али нема везе , сакам да си кажам неколку работи што мислам за оваа влада наша.

    Прво со победата на Сдсм , Американците официјално ја добиваат "војната" со Русија и сега може да имаат целосна контрола врз Балканот , претежно трговија со дрога , подземје , и остало...
    Друго , политиката на Сдсм колку што гледам е претежно ако не и целосно надворешна , во кратки црти , воспоставување добри односи со соседите , влез во Еу и од таму преку разни фондови и слично носење пари во Македонија , подобрување економија ,трговијата , условите за живеење и итн итн.....
    Тука немам ништо против , АЛИ , неколку работи ми се трн во око.
    Еден е начинот кој Сдсм ги третира гласачите што ги донесоа на власт со обични да не кажам вмро фори (како она 600 вработувања секој ден).
    Најпрост пример , кога беше загадувањето , Шилегов дава изјава , ќе биле бесплатни возењата со автобус. Со тоа е решен проблемот? , WHAT ? , прво треба да се разбере зашто луѓе воопшто идат сами со кола , кој сака да се бута по автобусине и да го гледа тој Македонски манијачки и дебилен менталитет? , тоа што кажал бесплатно нема да ги натера луѓето да користат помалце коли, ефтини финти колку да се каже еј правиме нешто, али пак од друга страна имаше 200 луѓе на протестите против загадување , така да очигледно не им смета тоа што беше/е загадено Скопје. Исто беше супер идеја која траеше цели 2 недели тоа што забрани коли на Водно, супер само што сеа наместо 1000 коли има само 50(најдоа начини ако важи забраната од 9 , они од 8 саат си паркираат) и пак некои се пропуштаат а полиција час ја има час не.... Али треба претпоставувам да бидам среќен што имам неспособен пијандура за градоначалник него да имам врмовски лопов кои уништува све живо и диво зеленило и пере пари преку споменици. Исто и тоа со спомениците , жити се , сеа треба фокусот да биде на галиите и спомениците отстранување , тоа ли е најбитно во моментов ....

    Трето , ај надворешна политиката што ја средувате , браво , супер , све тоа убаво со добри соседски односи, ама џабе на комшијата дворот што го средуваш кога твојот е пун со ѓубре.
    Голем трн ми е тоа што си се договорија со гоооолем број вмровци , добро бе , за тоа ли ве гласаат , да ги пуштите оние безрбетници и лигуши вмровски да ви се упикаат , да не можете едни реформи да донесете и да ги исфрлите од директорските места , утре да дојдат Вмро на власт ,пак истите ќе сменат страна и ќе лапаат сендвичи на контра протести. Од другата страна па вакво "кој е на власт со тој сум" лигавење не сум видел ни на филм. Па уште сеа ќе си прават зулуми , гласај за референдум и прај се на тошо а јас ќе се праам дека не си бил вмровски лигуш 11 год.
    Или пак реформи во судство , до кога ќе ги гледам на Мијалков "убавиците" да судат и да делат условни... Ќе мачкаме очи со тоа што ќе апсиме неколку ситни риби , ее глеј нешто се апси , имало правда , и тоа средна класа лопужи како Ивона ги пуштаат на условно , што ли ќе се досуди за големите лопужи , џабе го влечете по судови Грујо и остала банда ако само условно им пишете на крај , подобро нека не ни идат на суд , џабе фрлени пари.... Јавен обвинител не ни знам дали имаме , нема да дискутирам тоа , али на крај ова ми изгледа како една голема фарса , се прашувам само што ќе си се договорат Вмро и Сдсм и како ќе испадне целава ситуација , баш ме интересира.
    Здраство ми се свиѓа како убаво се покажа лицемерноста на подржувачите на дпмне , кога немаше министер , леле колку лошо здраствооо , и оп Сдсм ставаат тежок вмровец тој Филипче што се закануваше на докторите што ќе идат на протести, и оп нема веќе критикии , така ова не знам дали беше ставен од што сменил страна , дали се договорени со Вмро , или само колку да бидат олабавени од Вмровците и нивните портали... останува мистерија и до ден денес. Важно ти моли се дека ако се разболиш , чајчињата на бабичка ќе помогнат или ќе имаш пари за приватно, оти ваму у болнициве државни сигурно нема да те оздрават...
    Другите "ситни" работи како што не му можат ништо на Дуи и албанците ќе си ги ставам во категорија " кога има поделен народ што побитно му е партијата и работата во администрација, им се може "

    Работи што би ги пофалил е претежно полицијата и пајаците, казни фрчат кон несовесните возачи , пајаците собираат све живо и диво , во слободно време и тепаат луѓе, промена што ете не тепаат студенти по библиотеки... плус сега тоа што треба на државата е уште полиција , нови кандидати , и така не ти треба некое знаење или пак мозок , таман и правници и после државата може да ја поделиме наместо Вмро-Сдсм на Полиција-Правник , бидејќи другите кој ги е*е...

    Друго тоа што не му дозволија на Села да си ги стави своите корумпирани луѓе(затоа и беше целата фрка и караници ) , е добро од една страна бидејќи има промена и надеж , ама од друга страна пак ставаат неспособни лиглиња и корумпирани срања што не крадат 50 илјади како вмро него 5 илјади...

    Тоа што ги држат старите традиции на Вмро школата , како на пример пушти некој скандал народот да се замара само да не мисли на битните работи , како тогаш со кучето што искаса 22ца , сопственикот го најдоа ли ? , кучето го успија ли ? , не ама важно цела недела-две се убиваат и тепаа низ улицине, сега за името ќе видиме што скандал ќе има да се замара народот повеќе со тоа и да фаќа сеир (еве може овој со пајакот)

    Тоа што го потврдија лицемерието на Вмровците , еј глеј во собрание не се Вмро , каде се осудите дека зимаат пари а не се во собрание како што беа осудени кога тоа го правеа Сдсм? имаше ли некоја осуда?Ќе ги гласате ли на следни избори ... се разбира дека да.
    Се бунат за спомениците у 3 саат што ги бришат а не се бунат у 4 саат тоа што Грујо сечеше цели паркови да направи барокни згради , бидејќи сеа малтене доста работи ги повторуваат од времето на Вмро , сега им смета и на улици се , а тогаш не , камо среќа кога амнестираше Грујо и даваше двојазичност да се собравте вака , обични лицемерни кукавици, затоа никој не ве сака и дури и да не се согласуваат со Сдсм нема да искочат да протестираат , до вчера Ќосето го праќаа и не нарекуваа предавници и изроди а сега ај да се обединиме , ќе треба повеќе да се потрудите да си ги спасите партиските места , вакви обични пропаганди веќе не работат кај народот ..... за Македонија се грижеле .... хах ... подобри лаги слушам од 9 годишната внука.

    Исто и слободата на говор , не ижиувањето и казнување народ како што правеше Грујо , вака можеа ли да даваат критики кон Грујо без да бидат отпуштени од работа утредента или тепани ,затварани. Фамилиите на невините што ги пикаше по затвори можеа ли вака да плачат по телевизии и остало...
    Плус и добро ги затворивте Канал 5 и Сител , ама сега претпоставувам и тие се Сдсм.. се прашувам дали вмровците ќе споделат сега некој нивен линк како што споделуваа често изминативе 3-4 год.

    И за на крај , претпоставувам дека не треба да бидам толку разочаран од некои работи што ги прави Сдсм оти сепак беше потенцирано неколку пати дека се бира помеѓу помало(Сдсм) и поголемо зло (Вмро) и тоа всушност е концептот на помалото зло ... ама јебига , во Исланд за една обична сметка во Панама се собра цел народ на улица и го симнаа министерот од функција , кај нас ќе ти паламудрат абее важно градии ..... толку без свое јас , толку овца да си , страшно....

    Имам уште многу пофалби и замерки ама доста се изнапишав.
     
    Последна измена: 10 март 2018
    На theowndemon, An-na, monibejbi и 5 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.194
    Допаѓања:
    175.772
    Пол:
    Женски
    А какви се промените во законот за пушење? Само дека можи и на затворени тераси да се пуши? Зошто читам наслов: "пушачи победија!" И почнав да се прашувам како ќе излегувам, ама кога отворив промените внатре беа нешто што во суштина е одамна практикувано. Затоа прашувал дали е само тоа, да не испуштив нешто?
    Инаку и промените во закон за алкохол не ми се допаѓаат, ама да не бидеме лицемерни, алкохол можеше во секоја втора продавница да најдеш. Официјално заклучен, ама даваат и утредента ги чукаат на сметка.

    Тешко вака кога во најголема мера изборот е меѓу две зла. Бар имаме трета опција, да научиме да ја користиме бар нема да бираме меѓу две зла, па кое помало, кое поголемо.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Само тоа е.
    Да, и онака се пушеше во затворени тераси, сега само легално ќе биде.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој, дали оваа влада има намера оваа година да пушти огласи за вработување, посебно во здравство ме занима!?
     
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Да
     
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Кога?
     
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    За 42 дена
     
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Зезаш?
     
  20. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    На крај на мандат ќе пуштат и пред избори :P
     
    На Abeja и baba Rada им се допаѓа ова.