@cresa-jagoda Грујо не е мој нити па јас сум негова се ова што го цитираш е исто како партиски ПР. Реков си боље и од Цацко! Ок, тргни го Боки13 на страна и кој и зашто го финансира и форсира. За смртните случаи кога починаа неколку члена од иста фамилија од хеморагична треска ќе кажеш нешто? Или тоа е дел од расчистувањето на хаосот? За Мерцедесот на Грујо во кој се вози Заев сега ќе кажеш нешто? За Албанизација на државава ќе кажеш нешто? Читај внимателно и не релативизирај: http://www.alsat-m.tv/mk/законот-за-јазиците-помина-на-владина/
Сега видов дека си редактирала. Еве ти линк http://novatv.mk/taravari-pochinatite-imale-hemoragichna-treska-hantan/ од ваш медиум де, тоа ми излезе прво на гугл. Да се информираш како се заразиле. Се заразиле од глодари. А за да се заразат од глодари, не им е крив Таравари, што тие живееле во нехигиенски услови. Еве ти уште еден линк http://www.fakulteti.mk/mobile/news..._i_hemoragichnata_treska_so_bubrezhen_sindrom да се информираш повеќе.
Еве пред да почнам, не сум неопределена ама не сум ни за една од големите партии. Па сега еве да прокоментирам во кратки црти како ми се допаѓа новата влада и нејзиното работење, со ограниченото познавање и разбирање кое го имам на темава. За почеток, веднаш по доаѓање на власт укинаа екстерно - неможам да кажам дека иако одамна сум поминала јас со тоа екстерно, се радував. Одлична одлука. Реално, екстерното беше едно од најнереалните и најневистинитите „реформи“ во образованието кои сем што му унишуваа просек на дете и му намалуваа шанси да биди примен во државна квота, ништо друго значење немаше, а најмалку пак да мери знаење на ученик. Зошто не е контролирано влегувањето на факултет, би бил добар приемен испит, за да се има каква- таква контрола на кој оди на факултет, а кој не. За дисперзираните студии, имам поделено мислење. Прво - не секој квалитетен ученик има пристап до факултет во друг град и можи да биди финансиран, ама од друга страна имам видено на еден, конкретен дисперзиран колку материјал имаа за учење. Малку. Ама имам видено и на друг - премногу. Мое лично мислење е дека можеби требаше факултетите добро да се распределат, но нивната работа да биди строго контролирана, а не површинска само зошто не се во главниот град. Образованието, лично мене, ми е едно од најважните работи кои сметам дека се приоритет и дека најголем број реформи треба да се случат тука, зошто образованието ја осигура иднината. Исто, не сум сигурна дали се укина Кембриџ или не? Искрено, Кембриџ програмата не е тотален булшит, ама исто така не е да се воведи наеднаш. Децата до пред две години учеа сосем различно за од новиот Септември да се соочат со нешто за кое не се спремани повремено, и од таму, Кембриџ програмата стана тотален булшит поради лоша адаптираност. Доколку се укина - навистина добра одлука, доколку не се укина - нека не се чека повеќе. Додуша мислам дека видов учебници кај брат ми од кои сум учела јас, па поради тоа мислам дека е укината оваа програма зошто не се сеќавам да видов, сем за јазиците, учебник маркиран по Кембриџ програма, како што имаше лани. Што не ми се допаѓа од друга страна, е тоа вработување на онлајн фаци. Мислам сериозно. Дај бар да станам интернет фејмс и на следни избори да изберам вистинска страна, па и јас дебело да бидам платена ако е така. Колку што паметам - се бореа против ова, или нешто грешно сум разбрала? Во врска со полицијата, кутра полиција колку е поделена. Додуша ако вработат 500 нови полицајци - добро тренирани и образовани, ќе биди супер, ама се сомневам дека имале супер тренинг последната пола година зошто имам доста познаници кои знам низ што врвеле. Нека вработат, секој мора нешто да работи, само нека се кадарни и соодветно наградувани или казнувани за нивната работа, па ретчење нека оди по тој основ. Од страна на министрите најголем впечаток ми остави тој за здраство. Ако имало низ годините некои министри кои ми оставале впечаток биле тие за здраство. Е сега позитивно или негативно ... Овој за сега, позитивно и се надевам дека нема да ја сменам сликата за него, зошто здраството и образованието, лично во мои очи, ми се нешто најважни. И еве да го спомнам мерцедесот за кој се зборува толку многу ... некој го купил него, по тој некој плукајте што толку пари од нас, граѓаните, потрошил за да го земи, а не за оној кој го наследил, зошто покрај се - наследство е. Следно, мерцедесот е скап па веројатно и продавањето не би одело лесно. Се во свое време. Десет години потрошивме во едно место, па сега ни 100 дена нема оваа нова влада, па очекуваме чуда, и затоа сум стрплива, безразлика кој би дошол на власт после долго време од претходната, сакам да видам промени, барем некакви, него да се вратам на нешто што го гледам цел живот, а не е добро. Мое лично мислење е дека поголемите промени за кои многу се зборува, ќе бидат после ребаланс на буџет, што нели, логично е. И еве сега читав за законот за јазик, мислам дека редно време е да се направи еден попис на население, да видиме на што сме. Кон крајот на годинава ќе пишам пак на темава со поконкретно мислење зошто сега е кратко, премногу кратко време за да кажиме дали владата ја чини или не и затоа не сакам да бидам строга со што не ми се допаѓа, сега го оставам само ова мислење. Реално, политика не ми е најјаката страна и затоа немам намера да коментирам нешто повеќе или пак во блиска иднина, но има делови од неа кои ме интересираат, а тие делови се кои на било кој начин го засегаат образованието и здраството, а таму треба многу да се среди.
Повторно релативизираш. Неможеле да установат од што се болни неколку дена, и во меѓувреме починале луѓево. Не им е крив Таравари, он само побрза да ги смени сите директори на клиниките и да си ја дувне во Америка. Не им е крив ич.. @cresa-jagoda
не гледам сител ме нервираат новинаритне а нова тв не знам која е, не ја фаќам. Ја знам хрватска нова која е. Немам кај да напишам и зато ги мешам а од вестите на телма навистина не мојш да се информираш. ЈАс ко ќе гледам вести сакам да имам информација се точно како се десило а телма не ги дава. токму така. Овие се исти како сендвичите од вмро до лани
@cresa-jagoda чекај има време, пари ќе се трошат и те како. Сите се исти. Само мислам нема долго да траат. Некој пиша убаво почнаа со екстерното и тука добија многу поени. Ама бидејќи не следам многу вести, убаво го читав излагањето на Cka, и ме замисли искрено. Од министрите мислам дека најдобар избор им е Таравари ( на некој начин имам врска создравството со работата) знам дека е ценет и сериозен. Ама на што личи министер да иди во фармерка и кошула на кратки???? Дрес код нешто ? Десковска ми се допаѓа ( со Спиро Ристовски ги гледав во дебата, го препоти човекот). Тевдовски викате бил добар, ама функцијата ми личи преголем залак за него. А за Заев шта речи ? Најмалку му личи , ама ај тоа е најмалку битно. Најбитно ми е да се најде начин да се помогне на соц. ранливите категории , самохраните итн... Тоа се провлекува и никој ништо не превзема. Ете тераат по старо, вчера оглас за 500 полицајци?
Ako ni donesat migranti mojme konecno da se oprostime od drzavata. Kakva takva barem ja imavme. koga nemas drzava navistina si nikoj i nisto.
За разлика од повеќето, јас не очекувам чуда од нив, бидејќи 11 години се рушеше и крадеше. Директори не може да сменат бидејќи Вмро така си го наштелува законот, што се заштитеа самите од ваквите работи. Самохраната мајка читав во коментари е избркана поради лошо работење и богатење на сметка на позицијата. Читав во коментари од вработени. Законот на јазици е политички договор, минува на Влада, следи гласање, 2/3, потпис од Иванов и на крај Уставен. Купување на гласови пред избори со реализација која тешко би се остварила. Договорот со Бугарија воопшто не испадна спорен како што се спинуваше. Мерките во Труд и социјала се за поздрав. Кадровските промени некаде се одлични, некаде изненадија. Лешо и компанија ми е разочорувачки чекор. Мерцедесот исто. Нека поминат локалните, па ќе ја видеме реалната слика. Позитивно е што слушат и трпат критики, се правдат и дават објаснувања за многу работи. Ова порано го немаше. На крај, се знае и јас дека не сум неутрална, ама не сум слеп подржувач. Оставам време да видам реално колку ќе направат. Очекувам промени. Ако ги нема, ние ќе ги сменеме. Кога падна режимот, овие уште полесно ќе си отидат.
Ќе бекнете нешто? @cresa-jagoda @referentka @DAngel @GrimTheReaper http://zase.mk/articles/348427/kje-...ojazichnosta-ova-se-predlog-zakonskite-izmeni #идеЖивот
И што е овде толку страшно? Кажете што? Украдени се милиони од Буџетот? Има провизии за тендери? Убиени се луѓе? Нешто што веќе се применува. Знаете колку држави се двојазични па и тројазочни. И? Доста со овој лажен патриотизам. Дајте бре луѓе да се интересираме и позамараме со подобрување на економската состојба и отварање на работни места, со подобрување на животот на народот. Мене повеќе ми бодат очи патните трошкови на пратениците отколку Законот.
Каква врска има просперитетот со прашањето за користење на јазици? И доста со таа излитена фраза ЛАЖЕН ПАТРИОТИЗАМ. Кој е вистинскиот патриотизам? Да си ќутиме додека се разградува државата и да се надеваме дека ќе почнат да врнат пари? Каде се применува POLICI на униформите на полицајците? Каде со сила се нмаетнуваат решенија за парите? Не прашаа ли нас Македонците дали сме согласни со ова? Колку држави се двојазични и тројазични а не се федерации? Србија? Бугарија? Албанија? Грција? Ова е навреда за секој нормален Македонец, а ти ако сакаш патните трошоци нека ти бидат во фокусот. Додека такви како тебе викаат АЈ БЕ ШТО ИМА ВРСКА албанците направија албадонија овде. На нив не им требаат пари? Не сакаат мир и подобар живот? Дали еднаш рекле еј а бе да не претеруваме малку? Да не бараме преку леб погача кога со години не сме покажале дека ја поддржуваме државата во која сме родени а бареме на албански да пишува полиција? Или тоа не те интересира? Искрено албанците помалку ми пречат од такви како тебе, под услов да си Македонка, може си некоја друга националност па не те засега ова иако и во тој случај треба да те засега.
Референдумите против рудниците ете, за џабе биле. Договорите биле потпишани... сега не бива пу-пу не важи да се пра-вии... изгледа полесно е да се биде опозиција.
Гледам се утепаа од фабрики отворање и странски инвестиции. И пожарине неможат да ги угасат од што се разтрчани по странски инвестиции Можеш да бидеш се само не Македонка со вакви ставови како во постот
Дечко, од Балканот, Словенија е двојазична. Делот околу Италијанската граница, покрај словенечкиот, службен е италјанскиот. Види каде е Словенија, каде сме ние и Србија. Македонка сум. Не гледам апсолутно никаква штета и разлика од Законот. До сега во сите институции се зборува и на албански. Онаму каде што се 20 %. Во Правда мене ми бараа некој кој разбира македонски. Во време на Вмро замисли. Или сега ќе продаваме патриотизам. Чувајте си го, видовме 11 години што направивте. И какви МАКЕДОНЦИ сте вие. За полн џеб да.
Нема врска што нема да постои Македонија,нема врска што ке учиме Албански и тоа насилно а не по сопствена воља,нема врска што ја распродадоа државата и тоа без око да им трепне,никаква совест немааат,ама битно е животот вратен во Мк,сите зимаме плати од 500евра,супер живееме ,незнам стварно што се буните нели е све супер?
Не ме замарај и да ти нацртам нема да сфатиш. Си отишол во некоја од двојазичните општини да пробаш да зборуваш македонски? Таму моментално никој не зборува македонски. Ако се изгласа законот (нели 2/3 треба?) ќе мора да зборуваат македонски. Или секој што работи во двојазичначна општина ќе мора да зборува и македонски и албански или ќе примаат преведувачи. Што ќе биде поразлично од сега, само тоа ме интересира? Јас не гледам никаква разлика.
Ме интересира дали некој знае што факултет има завршено Цветанка Ласкова пејачката, што од денес е вработена во Влада? И зошто Ева Заева се под**бава со луѓето кои со денови и месеци се мачеа на улиците за да кажат дека еден Мерцедес е 8 Тамари? Ова е лицето на целата влада. И зошто се јадеа трици за Силвана Бонева кога сега они си ги качија или продолжија надоместоците за патен трошок? Немаат ни 100 дена, а 100 грешки се направија. Уште се во Влада, не се излезени, уште менуваат директори и управни и надзорни. ФЗОМ управниот нема доделено помош на никој оти нема именувано членови откако сите се разрешија. Некако...албански јазик, албански пари, бугарска историја... остана уште црквата да речат дека е српска, а името Скопје.
И кај нас има општини каде албанскиот е официјален. Овој нов закон го издигнува на уште повисоко ниво. Се гледа тенденцијата да стане цела држава двојазична. А ти ми даваш премиер од пикесиматерине од некоја историска провинција во словенија каде живееле италјани со векови и каде словенците немале никогаш проблем. Кога во овие 3000 години во Македонија албанците покажале некаква лојалност? 2001 ќе се потепавме во целосна војна а не добивме ни извини ни ништо. Напротив со години го слават УЧК и го гласаат ДУИ како наследник на УЧК во Македонија. Од друга страна за таквите како тебе сигурно Јохан е терорист. Ти не гледаш штета ама јас гледам. Ова е обезличување на државата и стварно не гледам поента зошто да се викаме Македонија веќе кога ова нема врска со наша национална држава. Ова е експеримент. Тоа што ти барале на тебе во правда е глупо ако е вистина и тоа го осудувам ама тоа не значи дека сега треба официјално тоа да се прифати. Не знам на кого му се обраќаш со ВИДОВМЕ ШТО НАПРАВИВТЕ, биту членска кничка имам од било која партија ниту планирам да имам (барем не засега со овие партии).