Па, се сомневам дека ќе се разберам со тебе, ама бар ќе може да прочитаат луѓето две страни на приказната. А на што се принудени луѓе во воена зона како Сирија? Да везат гоблени додека бомби им фрчат над глава? Какви видеа за македонците од Егејска Македонија? Сакаш да зборуваме за мажи кои силуваат жени во Македонија денес, а не се ни мигранти, ниту друга националност освен македонци?
Велиш и едните и другите се мигранти. Дали некаде си видела Македонци од Егејска Македонија да вршат такво насилие? Нема. Не ти чини споредбата пошто Македонците од Егејска Македонија си се вратиле во својата татковина. Постојат силувања од Македонците ама тоа не е честа појава, а и темава не е за силувања од страна на Македонците. Јас постирав видеа како се однесуваат мигрантите, ако не ви смета ок може и некој мигрант за зет ќе го земете.
Мила Царовска е спинерка. Кога е на ред да даде некакво објаснување, приликата ја користи да зборува против ВМРО. И цело време игра на емотивна карта за да изнуди поддршка. А заборави(вте) дека требаше да си поднесе оставка поради злоставуваните малолетнички од домот. Со месеци беше министерка без да преземе ништо околу проблемот пред медиумите да обелоденат. Никако мигранти овде. Не смее да и се дозволи на оваа влада таков потег, тоа треба да им биде последната одлука што би ја донеле од позиција на власт и народот наместо да спие како по обичај, да им даде до знаење на сдс дека е подобро за нив овој пат да не лажат и да стојат на зборот кога убедуваат дека мигранти нема да се населуваат во земјава.
Во нормално развиено општество кое пред сѐ економски има овозможено достојни услови за живот прво на своите граѓани, политичарите и не се принудени на спинери да им се правдаат и панично оградуваат од наводно населување мигранти - како да е тоа внесување некоја заразена колонија или пак група од исклучиво криминалци, затвореници. Затоа Канада на пример е државиште во кое многу млади се надеваат во иднина да се иселат. Не знам дали вие морално просветлените патриоти со срца полни љубов, сте виделе барем едно видео од тоа што во Сирија им се случува и на деца, мајки, семејства. Очигледно на глобално ниво сте запознаени само со минатото, не и со сегашноста. Никој свесно, од ќејф и задоволство не посакува да стане мигрант. И да, многу луѓе од тие земји мигрираат токму поради такви причини и во таква ситуација како Македонците од Егејска Македонија. Поради константна воена состојба, тероризам. И не се сите тие луѓе терористи и силувачи. Инаку не, сѐ уште не верувам дека кај нас ќе се населат. И кажав и пак ќе кажам, досега сите критики конкретно за Мила Царовска се воглавно од bigots, шовинисти, луѓе што не им е гајле за човекови права.
На егејците, во Егејска Македонија им беа домовите, не тука. Не се вратија во нивната татковина, туку пребегнаа во друга држава. Граница имаше... ако не. Темата за силување и насилство, ти ја наметна, јас само одговарам на твоите тврдења. Иначе да, има насилство и меѓу нив, не се сите бајчиња. Зошто да не земам мигрант за зет? Посебно ако е некој високообразован интелектуалец со широки погледи кон светот.
Мора мигранти , како инаку ќе го рушиме гласачкото тело на Вмро. Мигранти , соросоиди , исис, блгари , грци , амери , албанци, косовари , све тоа на купче против патриотиве и вмровците. ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Него гледам почнавме со мерење на сила а , ќе правиме рации по клубови , ај овие ни правеа на нас па сеа малце да им покажеме како изгледа а ... нашиот поголем е... Ех бее
И ЛГБТ ги заборави, и атеистите... Ехее, куп суштества од пеколот директно. Таман за една крстоносна војна
На Македонците од Егејска Македонија татковината им е Македонија. Тоа што деловите на Македонија се одземени, па Македонците живеат во друга држава е друга тема. Ти како жена што има потекло од Егејска Македонија немаш ич разбирање за нив. Мене LollySky ме праша зошто не ги сакам мигрантите јас ги пратив видеата, а ти секогаш имаш потреба да се наметнуваш со цитати и да правиш чудни споредби. Земи си двајца мигранти, во случај едниот ако е насилен да имаш еден за резерва. Можеби ќе ти се погоди некој „интелектуалец“ па ќе ти покаже широки видици за други држави и ќе посакаш да си го земеш куферчето во рака. Не ти ја сфаќам потребата што секогаш величиш други националности, а 24/7 пишуваш против Македонците.
Не величам никого и не пишувам против никого. Не ги делам луѓето по националност. Не знам зошто ти е толку тешко тоа да го разбереш? Во секоја националност има секакви луѓе. Толку.
Секој ден пишуваш против Македонците, а за другите националности секогаш имаш заштитнички став. Изгледа и ти се водиш по правило како на Заеб, ако сите имаат проблем со Македонија тогаш проблемот не е во нив туку во нас.
Аман веќе мора ли да се меша партија у секое изнесено мислење "или си за Заев или за Грујо" fuck logic објективен став не дај Боже имаш...
Затоа што тргнуваат од себе. Сами не се способни да основаат став, па им треба или Заев или Грујо или Петко, да им каже што и како да мислат. Не е можно за нив, некој сам да си основа став. Не верувам ни дека читаат други вести освен македонски, ниту гледаат интервјуа на други освен на македонски политичари, гледаат исклучиво македонски политички емисии итн.
Апла колку да се иде против, истите членови тераат инает, можда и мене владава ме разочара у старт ептен ама барем за министеркава Царовска признајте дека се труди, направи домови за ранливите категории, повикува на прифаќање на истите, значи стоп за предрасуди и сл. Барем она остави некаков впечаток за разлика од другите али не мора апла инат да се тера, па коа некој работи може и да се признае трудот, не е работава да искритикуваш и што треба и што не треба..
https://www.24.mk/zaev-besplatno-bolnichko-lekuvanje-za-site-od-1-januari-2019 Ова ако се реализира ќе биде доста добро и конечно некоја реформа во здравството и мрдање од блатото. ПЉукаЌи, имет?
Лелеее!! Не знам како мисли да го балансира буџетот, ама ако успеат ова да го издејствуваат, ќе има надеж да не ни бегаат докторите во странство. Оти со ова темпо на исселување на доктори, почна страв да ме фаќа искрено... за некоја година, ќе нема кој да не лекува... Баш ме интересира колку ќе успее ова.
Не станува толку збор за криминалци и лоши луѓе, колку за културолошки разлики. Во земјите од кои потекнуваат најголемиот дел мигранти во Европа, нормален момент од секојдневието е жена да биде непочитувана, нападната доколку не го следи исламскиот dress code и не се однесува според исламските обичаи. Што, да не треба јас појачано да внимавам на својата безбедност дури тие не се вклопат (притоа, забележано е дека нивното вклопување трае со генерации)? Ако сакате да им помогнете на луѓето, волонтирајте или во бегалските кампови, или во нивните земји. Мнозинството од македонските граѓани се против доселување на мигрантите во државата која не може да се справи со тој предизвик, а мнозинството Европејци исто така не ги прифаќаат патем, затоа европските политичари отстапуваат од политиката на отворени врати со цел да не им пропаднат кариерите. Пренесете таму во штабовите и Заев нека биде паметен.
Фино го почна образложението, за културните разлики, и навистина се сложувам со тоа, навистина културата е сосема друга и ќе треба време да се прилагодат. Од друга страна, населението во Европа старее, на западните земји им е потребна работна сила, па затоа емигрантите им се добредојдени. Македонија е транзитна држава, тие само поминуваат низ земјава, така да и да има некакви центри тие би биле само транзитни, и самите емигранти не би останале овде знаејќи дека на Запад ги чека стопати подобар стандард. Со вториот дел од коментарот не се сложувам. Како што ти паушално тврдиш дека мнозинството македонски граѓани не сакаат емигранти, јас можам да тврдам дека мнозинството сакаат емигранти, а ксенофобите и шовинистите се сосема малку на број. И не мора одма на крај да лепиш етикети и да ги праќаш кај Заев тие што имаат спротивно мислење. Не сме сите партиски определени, има луѓе кои мислат со свои глави. Ако одиме во твој стил, можам и јас да кажам да пренесете во штаб дека ова со емигрантиве не упали ни пред последните избори, кога наводно чекаа триста илјади емигранти на грчка граница. Зар'ѓал Протуѓер, нека смисли ново плашило.
Ах бе Оливер, ја зафркна работата! Срам да ти е! Пу! Јаз'к! За ова ли се боревме будало една!??! ДЕМОНСТРИРА ЛИ ПОЛИЦИЈАТА СИЛА ИЛИ САМО СИ ЈА ВРШИ РАБОТАТА?
Зарем е забрането да се обратам до членови на т.н. Социјал-демократски сојуз кои ја читаат темата? Сигурно ги има. Доколку ти не се препозна, можеше да го заобиколиш тој дел од постот. Апсолутно нема потреба да ми спомнуваш мене лично штаб и вмровски ликови, и јас како останатите на темата сум невино ангелче во тој поглед кое нема врска со партии. И на форумов не се води кампања главно во корист на сдс сите овие години, ако се лажеме. Исто и јас сакам да верувам дека камповите се предвидени за Северна Африка наместо за Западен Балкан, и дека до Заев нема да пристигне директива за прифаќање бегалци на територијата на нашата земја, зашто ако пристигне, тој беспоговорно ќе ја следи, во тоа не се сомневам. Инаку, знам дека на мигрантите не им е од интерес да останат овде и како вас спијам на тоа уво. Значи вие сте свесни дека на мигрантите им е потребно подолго време (цел живот, а можеби и повеќе ) да се прилагодат, а застапувате идеја на свој ризик да ги прифатите ако владата така одлучи. Јас не сакам туѓата култура на живеење да стане мој проблем, и онака немам ништо со нивните војни. Јасно дека не се сите тие опасни индивидуи, но процентот на такви е повисок меѓу нив, отколку меѓу други категории жители на континентов. Таа новогодишна ноќ на плоштадот во Келн, не излезе голема група Германци или Балканци да ја напаствуваат секоја жена која ќе ја сретнат (само еден од бројните инциденти). Нема паушални тврдења во мојот пост, мнозинството граѓани на Македонија не би посакале прифатен центар за мигранти во своето соседство (во близина на свое живеалиште), факт. Се разбира, по пат на добра пропаганда мислењата на луѓето се менуваат за 180 степени, така што, не ја исклучувам можноста да дојде и на твоето - мнозинството да пречекува мигранти со раширени раце, но прашање е на колкав рок би останало така. Европејците генерално се отворени кон прифаќање странци во нивните држави, но после сите случувања со зголемениот мигрантски бран последните години, антиимиграционото расположение се засили и диктира влади.