Иако нејзе ја цитираше, ја би кажала за мене. Не се сомневам и јас дека Заев би прифатил да се направат кампови ако странците го побараат тоа од него. Искрено, за кампови и немам толку проблем, доколку странците ни ги покриваат трошоците за обезбедување услови и одржување на редот и мирот во камповите. За постојано населување на мигранти, не би се согласила, освен, ако не сме паметни и да им дозволиме на многу мал процент кои се високо-образовани кадри кои се барани во Македонија, а ги нема доволно... Како што си прават сега и германците. И тоа да се брои во стотици, максимум, не во илијадници или милиони. Мала земја сме и немаме ни услови, ни капацитет за доживотно згрижување на многу луѓе.
Да, има. Чавез економија и социјала. Бесплатно здравство е реформа? Тоа е чист евтин популизам и глупост. Не постои бесплатно здравство никаде. Ништо не е бесплатно. Некој ќе го плати тоа. Сега ќе удрат по приватниот сектор и казни за да собираат арач да ги платат дупките што ќе ги остава тоа наводно бесплатно здравство.
Јас би на твое место прво, почекам истово да се реализира и после ќе плукам ако не чини. Вака... Не мислиш дека е важно нешто да оди и придвижува од мртва точка? Од вашата ,,златна доба " уште се чуствуваат последиците. @WildMk Сигурно се завршени некои анализи и проценки дека би можело да помине и овој начин на лекување штом јавно го кажаа ова. Останува да видиме како ќе се реализира и дали ќе даде посакуван ефект. Уште ова на темава: Дека долги години Груевски пред избори им го решаваше статусот на стечајците.
Секако се надевам дека е се' спремно и изводливо Мац, ама, за големи проекти посебно, сакам да си останам cautiously optimistic.
Ајде сега и ти Нема зијан популизмот, ако има некаков бенефит. Па макар и да биде само одвлекување на внимание. ПР ни го праат странци, ако они не знаат, не знам кој знае
До кој степен е здравството донесено, не знам што побрзо треба да ,, средуваат". Баш да видиме што ќе испадне...
Не постои бесплатно здравство никаде. Баш вчера го гледав интервјуто со украинскиот претседател каде зборуваше за реформите во нивното здравство и баш ја критикуваше таа популистичка мерка „бесплатно здравство“ и дека сето тоа е нефункционална утопија. За да се покријат огромните трошоци во здравството мора од некаде да го полнат буџетот, а од каде ќе го полнат буџетот? Од удирање по џебот на граѓаните, приватниот сектор, казните, зголемените давачки и така натаму...
Ако де, и треба да има давачки поголеми. Посебно на профит. Скалест данок му е мајката, за да се подизбалансира разликата меѓу богатите и сиромасите.
Ако ви помина еуфоријата и мамурлакот од вчерашната „Нато - треска во саботната вечер“, редно е да побараме одговор за работата на институциите, до кај се, што сработија во врска со уср...ците што се направени во изминатиот период. Прво, до каде се со собирањето докази за смртта на Саздовски и дали го пронашле третиот убиец што мистериозно исчезна? Ако не се кадарни да го најдат, не е срамно да побараат и помош од граѓаните, нели? За џабе ли постојат емисии од типот „Најбарани“ по Западон, успешноста во пронаоѓање на вакви лица со помош на медиумите чуда прави. Второ, најдени ли се и приведени напаѓачите на момчево од Тетово? https://republika.mk/938213 Понатаму, некој помудар да ни објасни како тоа за вооружена пресметка со смртни последици (убиен е човек) пред седиштето на Дуи во Мала Речица, обвинетиве се осудени „за учество во тепачка“ и казнети со 4 месеци затвор?? За мене ова е „Парадоксот на Диоген“. Ама ај, да ги чуеме „експертите“ што ќе не просветлат. https://republika.mk/938064 Пред два-три дена (пак Тетово) вооружена пресметка со тројца повредени. Освен дека се „работи на случајот“, друго абер немаме. https://republika.mk/938437 МВР ви посакуваме успешна работна недела. И чекаме нешто да бекнете, ќе ни снема лента, а богами и со нервите сме при крај.
https://republika.mk/941308 Чујте и почујте, Иновациски БУМ во Македонија! Извесна фирма Микомп од Прилеп добила 2 милиони и кусур евра на тендер за иновации поддржана и финансирана од Владата, Иновацијата е - Реинкарнација! Во целата своја скромност фирмава тврди дека се работи за „реинкарнација на предмети“ (уште едно чудо - невидено), ама сигурна сум дека кај и да е ќе почнат да ни шетаат реинкарнирани фаци од типот на Тито, Сталин, Елвис Присли. Само се чудам кај се светскиве ТВ куќи да ја пренесат епохалнава вест за човештвото? Љубоморни ни се, сто посто! Покажавме и докажавме дека за нас не постои невозможното и недостижното, и еве чекам да стигнеме и до иновација Телепортирање. За тие што ќе го „измислат“, ќе апелираме да добијат 200 милиони евра, зошто тие тоа го заслужуваат. А ние да си направиме список за лица кои сакаме да бидат пионерите во испробување на телепортацијата, и да ги испратиме до Андромеда - да речеме. Засекогаш.
Тоа е името на проектот, а за што станува збор, треба да се прочита цел проект. Не бидете буквалисти.. Мислам стварно.. глупости Еве ја дејноста на фирмата: construction companies, construction materials & supplies, scrap metal - recycling centers, plastic - recycling services & pick-up centers https://zk.mk/mikomp?lang=en
Зарем стварно мислиш дека се работи за некаков проект? Иновација вредна за 2 милиони евра? Ова ти е рециклирање пластика со ново „иновативно“ име - реинкарнација. Топла вода од бољер.
Не душо, ти не можеш. Едино што имам забелешка за грантовите, е за оној кој го зеде фирма во која Анѓушев има акции.
Хелоу! Хелоу! Правна државо! п.с. пошто имам бан на Актуелни, а ова е за таму, ако сака некој, нека го репостира
Абе како не им се искривија устите од толку лажење, ја не знам! https://fokus.mk/koj-lazhe-filipche...-ahr-lab-velat-ne-ni-aplitsirale-na-tenderot/