Нарко - картелов наречен Косово не ду.и у ребра за сите пари! Штетите од зголемените царини се бројат во милиони евра само за неколку денови! Реципрочни мерки од надлежниве - нема, ќе си ќутиме и ќе си гледаме во таквоото! https://republika.mk/942305
Косово вовеле поголема царина за стоки кои им 'влегуваат' на пазарот од надвор? Ако е така, време е да се бара нов пазар. Тоа што немаме извоз никаде, освен во чкљ земји, не ни е никој виновен... сами си сме.
Епа да не ја усе...ме работата со Русите, може таму ќе ги пласираа. Како и да е, договор си е договор, кој ќе го прекрши треба да сноси санкции и последици. А нов пазар Заев не ти наоѓа, туку ги упропастува и веќе утабаните. За што ќе прајме муабет понатаму?
Ако прекинат стари незавршени договори, ќе треба да си одговараат, во зависност од тоа кој договор, како бил склучен и кои се условите во него. А Русија, никогаш не била заинтересирана за наши производи. 11 години бевме во аут од ЕУ и 'едно си бевме' со Русија, па не направивме никаков пласман кај нив.
Како грешам? Многу повеќе имаме увоз од Русија, него ли што извезуваме. И нема што влада да бара пласман на производи на фирми. Владата треба да овозможи добри услови за увоз-извоз, со закони и правилници. Ако имам јас фирма со плочки, што е должна владата да ми наоѓа муштерии? Или ако имам дуќан за прехрана, владата треба да ми најде муштерии?
Пишав еднаш, пак ќе пишам. Оливер Спасовски под итно да си даде оставка. За ништо не го бива. На што личи бе ова 20 дена да чекаме за пасош? На многу луѓе им се упропасти одморот оти господата не се способни да ги направат пасошите за 15 дена. Ма не се ни ставени во изработка, трета недела почна. Кога се случило вакво нешто порано нека каже некој. Глупаци.
Дојранското Езеро е преполно со вода, а плажите се поплавени бидејќи Грција не ја испушта водата преку одводните канали. Жителите на Дојран велат дека Грцијаправи природна катастрофа, a за ситуацијата дека е хаотична. За нивото на водата велат дека е буквално 1.5 дo 2 метри над нормалата. Пред десетина години Дојранското Езеро кубуреше со вода, но тогаш Грците го празнеа езерото преку одводните канали или со пумпи за наводнување. Тоа го правеа намерно, крајно нечовечки и нецивилизирано. Го уништуваа езерото со цел да ни наштетат. Деновиве пак кога има вода повеќе одколку што треба, Грците ги затрпале каналите за наводнување на нивна страна и не ја испуштаат водата. Bелат дека им требаат 18 милиони евра за чистење на десетината километри канали на нивната страна од езерото. Не е јасно од кого ги бараат тие пари - дали нас не уценуваат или пак сакаат да добијат некој ЕУ фонд за да цицаат пари од ЕУ-обрзниците. Да се потсетиме дека континуирано, со години, Грција ја користи водата од езерото без никаков обзир кон нас или да ги земе предвид еколошките стандарди. Според хидролозите, водата од езерото по околу 25 години полека се враќа во некогашните рамки. Значи не станува збор за негово излевање, туку враќање на водата во старото корито. Последниве две години нивото на езерото бележи постојан пораст за што придонес има и системот за полнење на езерото. Ситуацијата додатно ја обременува целосната неспособност и немарност на локалната власт на СДС под раководство на радоначалникот Анго Ангов. На сред туристичка сезона, во Дојран нема дежурен доктор, нема менувачница, нема отворена банка, нема најосновни работи за едно туристичко место, а автопатот Демир Капија-Смоквица на приодот кон Дојран се дави во ѓубре. Не само што Ангов и СДС ништо не градат, туку ништо и не прават до го одржат изграденото или било како да помогнат во даденава ситуација. СПОДЕЛЕТЕ! Постот е од ФБ- Zlatko Kovach Дојран за време на летната туристичка сезона. Неспособните кадри и бандити на СДСМ.
Нови афери со грантови... https://republika.mk/947631 Гледам и доста фб анти владини страни се избришани и блокирани. Слобода на говор.
Прскале против комарци ама со авиони кои не бучат. Можеби се и невидливи, па заради тоа не сме ги виделе
Што е смешно, смешно е вистина Знаеш ли ти Каранџи што е разлика меѓу комарец и вемеровец ?? Комарец досаѓа само летос хе хе хе