Се служат со исти методи како и ВМРО-ДПМНЕ, притисок, закани, но како што гледам министрите никаде ги нема. Работат ли нешто воопшто?Тапа. Лошо.
https://fokus.mk/ministerstvoto-za-...n-da-se-izgradat-deponii-na-nivna-teritorija/ Настојчиви со сила да им го бутаат ѓубрето на луѓето.
Ами што да прават? Да го транспортираат до други депонии (што е поскапо отколку да имаш локална), и друга опција е... која се практикува скоро секаде: Да си прават луѓето диви депонии.
Не им ја разбирам финтата со забраната за пензионери да работат на пазарите? Дали оваа влада че почне нешто саглам да работи, оти врти тркалото, пари нема никој вратено а сатот си врви...
Како не разбираш: Таков е законот, ако си вработен, пензија не ти следува. Не знам што не ви е јасно?
Мене не ми е проблем, лобирајте за промена на законот, ќе ви дадам поддршка. Ама сега, е вака, без разлика која власт е.
Знаеме колку им е мала пензијата и сега треба на некоја бабичка што седнала да продава чајче, кромидче, било што од нејзиниот двор за плус некој денар, плаќа тезга, се мрзне идр...и сега лепчето да им го земаат?? не разбирам навистина
Јас тоа го разбирам Бабо, затоа и на сјдго и' пишав: Барајте да се промени законот, јас ќе ве поддржам. И јас имам пензионери во фамилија. Работата е што, се додека е ваков законот, треба да бидат бркани... доколку МВР, ЈО, Судовите, Инспекторатите, СИТЕ! работат по закон. Еве им шанса на 'спроведувачите на законите' да докажат дека се непристрасни. Владата и парламентот се законодавна власт, таму се носат законите, и кај нив се бара промена на закон, а не да се бара од нив да кршат веќе постоечки закони.
А додека беа вемеро на власт бабичките ги малтетираа , им ја шутираа робата и им пишеа казни ги навредуваа Паметите кога дедото го казнаа војничињата на вемеро за коприви што ги продаваше пред зграда?? Ве молам без лицемерие , се знаеме кој сме и што сме !
Законот не е лош само за пензионерите, туку за сите продавачи на пазарите. татко ми не е пензионер, амапради глупив закон, веќе нема да продавана пазар. Бараат од него да плати за лиценца, да си плаќа пензиско и здравствено, да плаќа тезга, да плаќа данок, што значи дека му одат околу 15 000 месечно за трошоци, а он зараборува месечно 20 000 од тезга. За 5000 денари месечно,не му се сиплати да сее, да ора, да наводнива, да бере, да чисти, да мие, и да стои на минус темпераури. Останатите кои ќе останат, мора да си го покријат минусот од 15 000 и затоа ќе ги поскапат производите. ЗНачи, граѓаните ќе купуваат поскапо. Браво за новата влада. Гратис ште една амнестија.
Оваа влада ја развива сивата економија. Посебно до прогресивниот данок. Ова го прават за повеќе приходи на државата не за народот.
Во ред е да се буниш за лиценца,таа е вишок. Но,тезга треба да плаќа кога веќе продава,а здравствено и пензиско ке му бидат од корист нему,како инаку ке оствари пензија?И за време екс ЈУ земјоделците плаќале за да земат земјоделска пензија. Колку е данок на земјоделски производи ?
Кај сиромашните ќе ја намалуваш сивата економија?Тука ќе удриш?Кои се борат за егзистенција?Со тие пари сврзуваат крај со крај? До таму се стигна за намалување на сивата економија? Шта речи......
Почна и позитивна дискриминација да поддржуваш..браво бе! Сива економија си е сива економија за сите, законот е таков.Така ако им се попуштало на сите отидовме во неповрат.Не ми глуми сожалување овдека.
Најчесто се луѓе кои се стечајци и кои имаат 15 години стаж ама не и години за пензија. Ако плаќаат минималец ќе зимаат уште помала пензија.