Тогаш е друга ситуација. Нема да земаат помала пензија,туку нема да има влијание тоа што ке плаќаат пензиско,џабе ќе плаќаат,се сложувам.
Законот не се однесува само на пензионерите туку и на стечајците, социјалците и хонорарните работници. Не знам што е спорно тука, секој има право да продава и да се занимава со една, две или три работи. Социјалците ли се спорни со 4000ден социјално или стечајците што некои не земаат ни денар? Законот е срам за оваа влада и општо срам за општеството, ако дозволи спроведување на законот. Па многу од пазарџиите, работата не им е примарна дејност, туку дополнителен приход. И не гледам ништо незаконски. Со што го правдаат законот лудациве? Оваа влада сама си копа дупка, ке се бутнат самите себе си. Тендери, аболиција, сулудиот закон за пазарџиите...што е следно???
Не учат на време??Девојче вака те воспитуваат тебе од дома? Нема секој пари да школува дете.Може луѓето со парите што ги заработуваат на тие тезги ги школуваат своите деца,и ранат фамилии?Ако мислиш дека толку многу се заработува од тезга на пазарче,оди ти продавај ден и ноќ, од јутра-до сутра,на -10,-15 степени,на + 40 степени па збори тогаш.
Не сум видела некој помлад од 35 на пазар така што... Плус образованието е бесплатно што се купува само прибор.
Срамота за тебе,и таквите како тебе! Па не работат младите земјоделие и стопанство-оти дома пари им даваат родителите од парите спечалени со пот по пазарите. Срам ви е да работите по тезги,ако треба дома ќе се гладува,до гуша во долгови,ама на пазар на тезга никако. Сите државна работа сакаат. Едит:Биди среќна ти,јас,Петко Станко што сеуште постојат такви пазари.Барем знаеш горе-доле што купуваш и од каде. Не е ГМО! Колку-толку посигурно е. Од домашни бавчи,ќе купиш домати,компири,тикви,зелка,морков..... Срамота на тоа твое размислување!
Кај реков дека ми е срам?Ако немам за леб ќе работам и те како.Кој ме прашува тогаш. А вас со партиските книшки убаво ви е гласот да си го давате за вреќа брашно и пенкалце?
Детенце,оди учи школо,не си за овие теми.Кои партиски книшки во законов гледаш.Не гледам ниту една причина зошто би се довел овој глупав закон. Никој од арно не седи по тезги и продава.Сите се борат за парче леб и егзистенција. Едит:А како ќе работиш кога ќе треба да плаќаш даноци,да отвораш фирми,фискални,придонеси.... Ќе заработиш доволно да покриеш се?Чисто сумњам.
Или работиш како што треба или не.Во твоите мислења гледам тешка партиска определеност, упорно се трудиш да ни ги испереш мозоците
Како да работам кога владата ме кочи и цица со законот? На кој и каков начин ќе заработам? Еве кажи ти.Ќе заработам 300-350 евра(мање -више) месечно,и што побрзо со тие пари? Немам расходи? Цццццц
Како и секој друг.Не си само ти во државата, преќини да глумиш жртвено јагне.ВМРО колку пари испокраде има да се исплати сите поданици, освен ако Грујо не ги џопнал парите
А си била ли воопшто на пазар? Изгледа не во скоро време. Мнозинството се возрасни, ама дека нема и 20-годишни што си држат тезги, па и не би рекла. Има и помлади од мене. За факултет се плаќа и партиципација, а богами и стан или месечен билет за секојдневен превоз од твојот град до Скопје, ако не живееш во Скопје, но тоа веќе е друга тема па да не навлегувам без потреба. Законот некако ми звучи како смешка. Како да мислеле виц, ама не го доизмислиле и на крај испаднал како британски хумор. Мене ми е малце нејасно. Од една страна, во ред - персонален данок, здравствено и сето тоа, разбирам, океј, иако дискутабилно е како тоа би им помогнало на одредени категории на луѓе кои веќе сте ги спомнале претходно. Ама ова во поделбите со кој смее, кој не смее да има тезга, или фамозната лиценца? Што со таа лиценца? Нели и онака сами си плаќаат за да изнајмат тезга, што толку бенефиции би добиле со таа лиценца? И како што сфаќам по пишаното на нет, за секоја тезга што би сакале да ја изнајмат, би требало да вадат нова лиценца? Има ли некаде на нет подетално? Или ова само најава, па тек ќе одлучат како ќе заврши вицот. Ако сакаат да спречат сива економија, други институции треба да се „чешлаат“, ама и за тоа друг пат.
Тебе ти е фрка што законов е од Заев и компанија..провидна си веќе многу си напорна.Само дрндрн без факти и аргументи. @Mishela зашто со лиценцата е признаен и поддржан. Еве замисли треба да правиш недак Боже операција.Ќе одиш кај лиценциран доктор или кај не лиценциран??Ама пази и двајцата се исто добри?? Или има за сите сива економија или нема за никој.После имало стратификација и дискриминација.Па ева од каде искача тоа, убаво реков јас- ПОЗИТИВНА ДИСКРИМИНАЦИЈА. Кој знае- знае.
Најново!Лиценциран тезгаџија ала доктор хирург Што мешаш баби и жаби со Заеф овде. Појма немаш од веков! Што ми е фрка,што нема после каде да најдам саглам овошје и зеленчук за мене и мојата фамилија? Што знам што јадам?Дека не е прскано 20 пати,дека не е полно со хормони,дека не еГМО???Тоа да ми е фрка??? Законов е срање,и сите го знаат тоа,остави ги луѓето колку-толку да извадат некој денар.Ќе платат некоја сметка,ќе закрпат некоја дупка.Ниту тебе,ниту мене,ниту на некој друг ни ја земаат работата.Ако сакаш,Бујрум оди продавај на пазар,никој не ти брани. Зошто го браниш законот?Имаш некоја полза?Ти штети тебе,или на блиска околина на некаков начин?
Споредбата со докторот и пазарџијата ич не ти е на место. Лош доктор може да те умре, а од пазарџијата можеш да добиеш само помалку вкусен патлиџан. Што менува некому дали е тој лиценциран или не, какви се овие будалаштини? Ке отидам да купам кај некој само затоа што е лиценциран, лиценцата ке ти гарантира квалитет и вкус? Како да не. Сите глупарии поврзани со законов се изгледа само со една цел, да ги набркаат пазарџиите за да профитира некој, друго логично објаснување не гледам. Колку што знам луѓето веке плаќаат тезга, а мислам дека и фискални им воведоа, за второто не сум сигурна. Што сакаат повеќе?
Колку што прочитав законот е донесен одамна, а ќе се применува од 1.1.2019 зошто молчевте ако Ви сметат? Еве сеа кажаа ќе имало и измени
Не дека ќе ми смени нешто ама многу е почесно да работиме сите со лиценци него некој на црно да си работи.И фискална да не ми дадат било каде е сива економија.Баш сега го учам ова и сфаќам колку е штетно за околината.
Не разбирате дека сивата економија уште толку ја осиромашуваат државата т.е државниот буџет ? Ако не разбираш што значи сива економија немам што да разговараме