Сива економија барај во институциите каде на големо е развиена,сива економија барај во фабриките(тие кои останаа) сива економија барај во градежништвото,туризмот..... Од таму почни,каде е на завидно ниво. Овие луѓе си плаќаат за тезгата што ја држат. Дали ќе имаат доволно месечен приход од таа тезга за да опстојат да плаќаат се. Ни вас,ни мене ништо не ни прават,само корист можрме да имаме.
Која корист можам да ја имам јас?? Правам пример сметка во КАМ 700 денари и не добивам сметка.Кога ќе им дојде инспекција што ќе кажат?Ако сакам да заменам нешто како?? Ова со сивава економија е како да ми кажеш дека имаш полза од лихвари..па да побрзо ќе ти го завршат животот ако не им ги вратиш парите. Не збори глупости, освен за политика (т.е за јадење бурек против власта немаш ,,дебатирано” на ниедна друга тема на форумов) Јас на тебе ти дадов аргументи зашто е лоша сивата економија, а ти мене ми продаваш приказни за пазарџии и ми изиграваш демек загрижена..Филмови.
Amnestijata e dokaz deka nemalo nitu IMA pravna drzava kade krivicno se odgovara za povreda na zakonot. Mnogu amnestija vo poslednite 10-20 god. Ne mozea po kriminalcite se isturija Na babite Na pazarite koi nemaat tezga ili fiskalni. Makedonija I se e mozno. Glup narod, zadovolen politicar. Da e umen narodot da gi obesi site 120 I spored zakon ke bide amnestiran. Se dodeka narodot trpi, si igrat politicarite so nego.
Ma шо има врска Кам со пазарче?? Ти на пазарче гледаш што купуваш со свои очи, го фаќаш производот,го одбираш кое парче сакаш да го земеш, самата гледаш дали е свеж и тазе производот или не,дали сакаш помеко или потврдо јаболко,помала или поголема круша, значи ако си глупа па да згрешиш. Не ми кажувај фушарски примери што ви ги кажуваат на училиште. Оффффффф да не си основно случајно???
Се познава дека немаш никакво познавање од економијата Јас да сум ке воведам електронски систем на пари , па ке нема ни С од Сива економија
А да дојдеш да видиш кај работам и што работам па тогаш збори дали имам појма или немам. Ако веч удираш на сиромашните, и на тој начин сакаш да спречиш сива економија,удри и по авто-механичарите, таму барај закони,удри по туризмот-охриѓани-стружани...кога издаваат соби, и да ги пријавуваат своите гости, удри по џебот на газдите да ги пријавуваат соодветно работниците,да им плаќаат персонални даноци,ако работат плус саати да им се исплати се тоа, на луѓе што работат на црно и на диво-не регистрираат фирми.....да набројувам уште?Што е ова? А во другите институции???Затоа не туку збори многу кога не знаеш каде се има сива економија. Оди барај на друго место,остави ги да заработат колку-толку луѓето.
Сива економија нека бараат во фирми кааде пола плата им ја даваат на рака, каде им пуштаат минимаалец и после треба да вратат пари, каде се работи во кеш без фискална. Знам случај одат вработени пријавуват уште таму биле им се јавува газдата им се смее во фаца дека им е џабе и веќе да не се појавуваат на работа. Ехеее колку пари се кријат за еден месец ќе им ги покрие парите од пазарџиите цела година што ќе ги уплаќаат. Со законов се добива само Сиромавиот да биде уште посиромашен, Богатиот да биде уште побогат. Се гледа крајов на владава за што се фатија се исушија не се почнува од кровот кога се прави куќа ама јбг.
А проблемот со сивата економија нека почнат да го решаваат од фабриките, дуќаните, кафиќите, рестораните, па дури и по нотараските, адвокатските, извршителските канцеларии. Дури сум слушнала и за големи, познати фирми каде што делот од платата вработените го добиваат на рака или па воопшто не се пријавени. Така да пазарџиите не се најголем проблем за сивата економија. Нивната улога е минорна во споредба со горе наведените. Така да нека почнат од нив, ако вистински сакаат да го решат проблемот со сивата економија.
А на пазар леб купуваш Свашта! @oblace1 и @ocicka2014 тоа и јас го пишувам овде. Барај сива економија на друго место,не кај овие луѓе кои претежно од ова живеат,или имаат минимален приход плус, да закрпат некоја дупка. И тоа во какви услови работат тие си знаат,за пусти некој денар плус. Ама другиве во гуша ме фатија,го бранат законов мислиш работата ќе им ја земат. Срам на веков се владава,се фатија за оваа група на граѓани.Оди гони ги тие што треба,лоповите и феудалците,не овие луѓе.
Е ова е таа „Европска Македонија“ и европски вредности! Заради ваквата скапана идеологија на Макрон и останати им се случуваат ситуации како жолти елеци.Со право! Ги удавија луѓено во даноци и давачки до тој степен да не можат да го истераат месецот. И тоа зборуваме за земји кои се едни од економски најразвиените во Европа. Кај нас изгледа не е уште дојден нож до коска, немаме критична (прегладнета) маса која ќе излезе и по цена на живот ќе се бори за своето човечко достоинство и пристоен живот. Ама натаму одиме, несомнено.
Овој закон за пазарџиите и уште еден закон кој не сакам да го коментирам зошто се провлекува уште од времето на ДПМНЕ , како и останатите даночни бљувотини се едни од поголемите глупости кои ќе зададат силен удар на економијата. Жал ми е што доаѓаат од професори кои не учеа поинаку. А со декларациите ги опфаќаат и земјоделците. Ако не можат да го обезбедат тоа, отпаѓаат од играта. Македонија единствена компаративна предност која ја има е земјата и евтината работна сила. Место да се стимулира, се уништува за брза пара. Другион закон што ми е раска у око, ги окрупнува и онака крупните, а ги ништи малите кои и онака немаат амбиција да прават не знам какви пари за да можат да обезбедат секакви давачки кои ги наметнува законот. Во наредните години очекувајте многу посиромашни луѓе. Очигледно сме безнадежни... Мислаж дека на темава нема економисти. Има здрав процент на сива економија која е ок да ја има економија со здрави ткива, ама ова ќе не распарчи. Место да се оди со регулирање на други работи, сакајќи да ги средат крупните ги уништуваат малите... мизерија.
Чејте.. ќе видиме кои ќе бидат резултатите. Плус, ако го спроведуваат како што треба, никој нема да биде лишен од законот. Не се радвам пред време, ама се надевам.... cautiously optimistic
Мислам дека насловот на оваа тема треба да гласи ,,НЕРАБОТЕЊЕТО НА НОВАТА ВЛАДА И НЕЈЗИНИОТ СОСТАВ" Бидејќи има министри кои со месеци не се појдени на работа а и оние што одат вајде нема ни од нив... По слаба влада од оваа немаше ни во времето на Љубчо и Бранко за жал
Па ако си чула за министер за животна средина или можеби си го видела? Мислал дека е албанец Азби Лика? ако не се лажам Јас нит сум чул нит сум видел