Незнам колку следиш ама јас не го имам слушнато да даде една изјава во врска со енормното загадување во поголемите градови...Освен неговиот заменик Јаја Матракули кој дава по некоја изјава од која нема никакво фајде
Макрадули знам дека прај некои проекти за намалување на загадувањето, ама ситни се-ништо од национален интерес. Плус знам и дека работат на менување на политиките на Агенција за гасификација (или како се викаше. Која, бајдуеј, во времето на ВМРО, беше само пералница на пари). Ќе пробаат да спроведат гасовод и со тоа да го регулираат барем греењто... Ама рачунај, за цела Македонија да се направи, плус и дали воопшто ќе се договорат со Бугарите... Баш ќе видиме..
ВЛАДАТА РУШИ РЕКОРДИ: Хазби Лика повторно се појави на работа, втор ден по ред 27/11/2018 Прв ден дојде на работа на 26ти ноември 2018 година. ВИЦЕ ПРЕМИЕР. Со плата од 72 000 денари нето. Вицепремиер е од мај 2017та. 18 месеци зимал по 1000 евра, 18 000 за дремење дома, и комуњариве си ќутат?!
Хм, и болдираново е веќе за ставање прст на чело. Со масовната трансформација на земјоделско во градежно земјиште, првокласни обработливи парцели станаа станбени и индустриски зони. А скоро секоја општина каде имало државна обработлива земја ги има. Ретки сме, па ако не и единствени со ваква политика во свет. ДПМНЕ ја почна, СДС ја продолжија. И евтината работна сила ја снемува. Луѓе од кои зимаме свежо млеко, велат во пашна сезона плаќаат говедар да им пасе крави по 1000 денари од грло, плус три оброци и сместување. Порано од торбешките села под Китка молеле да дојдат да им пасат крави. Другар од југот на државава, голем земјоделец, капарисува аргати многу порано од почеток на активностите, само за да не заминат на друго место. Од аргатлак ги пречекува со печени јагниња, ручеци, пиења, инаку не ги гледа наредната година. На фирма која одгледува лозје и останаа неберени парцели затоа што аргатите кои редовно им береа заминале да берат по странство. Нема оваа влада осет за земјоделие. Ветениот проект со „зелената“ субвенционирана нафта е одложен. На пчеларите им скроија правилник медот да не можат да го продаваат надвор од општината во која пчеларат, а вишокот мед смеат да го даваат само на откупни компании кои уценуваат и откупуваат по пониски цени. На фармерите, од Агенција за храна и ветеринарство им праќаат инспекции за проверка на капацитетите за производство на млеко, а таксата за преглед ја сноси фармерот. Последно, Владава подготвува и измени во законот за земјоделие за отварање на вратите за влез на ГМ семиња на нашите ниви, што искомбинирано со новиниве за пазарџиите е смртна пресуда за традиционалниот северномакедонски земјоделец.
Еве читам за новогодишните реформски пакетчиња и гледам една „никад чула“ новина: Родените по 1 јануари 1967 ќе се вратат само во првиот пензиски столб. Предвидено е со овие две мерки дупката во Фондот за пензиско осигурување која сега изнесува 309 милиони евра, да се намали за 35 милиони. И сега значи вториот задолжителен фонд не постои? А парите таму што ни се влевале со години, што со нив? Може да се префрлат во овој првиов „бунар без дно“, може да си останат таму кај што се па да се најдат за црни денови или што? Зошто ова не го актуелизираа малку порано и да ни објаснат експертиве владини кои се опциите на граѓаните во однос на оваа измена? И зошто воопшто го укинуваат вториот задолжителен фонд кога цела Европа така функционира и се покажала како делотворна и корисна опција за осигурениците кога ќе дојде време за пензија (може топтан да ти ги исплатат наеднаш), или не дај боже при разни трагични случаеви. https://republika.mk/vesti/ekonomij...t-danocite-se-liberalizira-pazarot-na-struja/
Тотална нула. Социјална 12.000 денари. Лиценци за зелени пазари. Не смее хонорарец да има тезга или пензионер. Зошто? А смее на пластичарка никој да нема фискална. Овие ќе си одат од власт и никогаш веќе нема да се вратат. Отпад ееејјј, отпад. Ципрас денеска пак повтори индиректно дека не признаваат јазик, нација...
Зошто купуваш таму каде не даваат фискална? Јас не купувам од такви со години. Тоа се претежно албански дуќани, нив никој не ги чепка, ние ќе им плаќаме данок за да не гњават нон стоп со некои си нови барања. Вака држава не се прави.
Јас одамна не купувам од дуќани каде не даваат сметки. Зошто да давам пари на некој кој не дава денар на државата, туку става в џеб?
Видовте ли како Министерството за култура ќе ни ја крепи културата оваа година? Еве вака: Скопски Џез фестивал и Оф - фест не добиле ни денар! Апсолутно ништо. Нема да се одржат годинава. Ама затоа некој џез - фестивал од Тетово добива пари за да си го организира настанот (бил ли некој на ова чудо). Па кои се овие бре, кое звучно име го донеле за да го потиснат Скопскиот фестивал. Друго што ми падна во очи е крајно непропорционална застапеност по етничка линија. Излегува дека буквално секој втор Албанец во државава свири виолина, пишува поезија или секој ден прави изложби. Истото важи и за висината на сумата, македонските автори се изгледа само за сиромашка публика, негде во некоја плевна, со дрвени маси и столчиња, таман ќе биде. Еве конкретно, видов дека еден Мирослав Масин за негова Ретроспективна изложба - 30 години творештво, добил иста (мизерна) сума пари како и некој ноунејм сликар од Гостивар за негова прва самостојна изложба?! Параше очи дека сите албански автори, посебно ако се здруженија или издавачки куќи добиле енормно поголеми, често и милионски суми пари (за издаваштво на пример), далеку повеќе од нивните македонски колеги. Читам дека биле одминати и Синтезис, Авалон, некои театри, докажани и етаблирани театарски уметници итн. Што друго да се каже и коментира? Јад и беда!
Facebook Е-пошта или телефон Лозинка Forgot account? Регистрирај се Види повеќе од Софија Куновска на Facebook Најави се или Создај нова сметка Македонски · English (US) · Shqip · Español · Português (Brasil) Приватност · Услови · Рекламирање · Ad Choices · Колачиња · Повеќе Facebook © 2019 Софија Куновска 6 февруари во 10:29 · Ќе ги оставеле столбовите од оградата на владата... Аман, до кога ќе си играте држава? Зошто секојдневно покажувате дека сте полоши од најлошите? Анализиравте, анализиравте, анализиравте и ова ли го смисливте? Немате ниту идеја, ниту храброст. Тоа дека сте штедливи на друг да му го објаснувате. Само со платите на советниците и националните координатори кои се шуткаат од прием до прием, од канцаларија до канцаларија и до ден денес немаат откриено што им е работата, можете да ги покриете трошоците за целата зграда на владата да се упристои. А можевте и со парите за ВЕЧЕР да се послужите. Патетични сте. И за жалење.
Опа бато! Нови моменти за производителите на ракија „за своја душа“. Ако произведуваат повеќе од 200 литри годишно, ќе мора да плаќаат акциза - 68 денари за литро ракија од 40 степени. За појак степен веројатно и појака акциза.Затоа бидете фини со комшиите и дајте им по некоја чашка (со мезе) за да не ве оцинкарат кога ќе ја варите. https://denar.mk/199001/ekonomija/a...X9N-Zm5NWhzRQK_9WbMY04GCxwX_bgdQtGhf8TXMormKg За големите производители на жестоки пијалоци новата акциза ќе биде 340 денари за литар чист алкохол. Не знам колку била до сега, ама ова ми изгледа премногу. Изгледа ќе не научат да тераме само со леб и вода.
Добро ке се фати ли за работа владава или ке прави метла на небитни потпретседатели бла бла,ситни риби.
А шо е то ако не е работа? Кажаа: Кој не си завршил она што му е зададено како задача, ќе лета од позицијата која ја има. Така и треба да биди. Да се научат дека не се клаени таму за да држат фотеља, ами да одработат она за шо се платени