@DAngel Секаде зборуваат Македонски, а сега и ти ќе мораш Албански да збориш. Поразлично ќе биде што ако работиш во државна институција и не знаеш Албански кога ќе ти дојде странка или документ на албански ќе си платиш казна и ти и институцијата. Ако за тебе ова е нормално и прифатливо во своја земја да те форсираат да научиш Албански, биди пример и научи го а не само да ломотиш по форуми и релативизираш зашто така си партиски индоктринирана. Патем натерај ги и своите деца да го учат уште од градинка.
Се надевам дека нема да се за џабе и ќе се слуша гласот на народот. Казандол би бил смртна пресуда. Исто како што е Бучим. Со години се обработува рудата со цијанид и сите молчат. Мора да се најде начин да се сопре ова труење. Ама ние јазикот и името ќе ги оправаме. Реков јас, многу побитни работи бодат очи. Казандол, патните трошкови на пратениците. Ама чекајте, името не го даваме.
Да бе у цел свет има рудници зашто се едни од главните мотори на економијата само кај нас луѓево биле за чиста околина. Животот на Заев дојде, се е супер и нас ни треба чиста околина а работа и бизнис никако! Јер загадувале рудниците.. Или си тотално неинформирана околу процесите поврзани со рударството или гледаш само Телма, 24Вести и СОРОСови портали! @JuLleE
Обработката на руда со цијанид е проблемот. После овој коментар јас навистина немам намера да дебатирам со тебе. Ова зборува многу. Така да од една страна си загрижена за Македонија, а од друга кој ги *бе граѓаните, нека умираат. Патриотизам да.
Новиот министер е труп по право. Треба некој да го поучи за значењето на референдумот. Договорот не е повисок акт од уставот. За жал новиот министер потпиша мислење на ниво на приправник.
Не знам, не сум менувала албански пари никогаш. Многу сакам кога некој ме повика на дискусија и после не реплицира на мојот одговор. Веднаш знам дека сум го/ја оставила без збор. Нели @Tamatam ?
Ти се зафркаваш? ЗНаеш дека со новиот закон НАШИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАРИ ќе бидат и на албански? Прашањето ми е, како ќе се користат тие пари само во Тетово и Гостивар?
„Книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.“ Okej, ќе бидат со двоглав орел.
И сегашните пари имаат елементи од албанска култура и историја. И ај,намалете со тензија. Џабе ширите,нема ништо од муабетите погоре. Во секоја институција има вработено албанци и со тоа се задоволува условот за двојазичност. Драми не се потребни,а се прават. Џабе се ваквите муабети,нема да придонесете да истакнете негативности. Не се китки за мирисање новиве,допрва ќе се покажуваат,особено после локални,но многу муви треба да изедат за во мафијаштво да се доближат до претходните.
Да, зголемени се правата. А и првиот член вика дека албанскиот е официјален претходно немаше такво нешто. Бапка претходно имаше посебен закон за употреба на јазиците на заедниците а сега е во општ закон за употреба на јазици.
Абе чекај малце девојче, си се збунила нешто изгледа Погоре имаш соопштение од сегашниот министер дека ги отфрлил референдумите како релевантна причина за сопирање на рудниците. Објективните движења кои ги засега и се залагаат ова прашање – реагирале. Ти според досегашните постови и очигледното приложено, за да плукаш по сегашната влада – не би требало ли да си против? Епа, ние неопределените што мислиме со своја глава и оценуваме било чија работа по сопствени ставови и принципи – не се збунуваме. Секако дека ги поддржувам еколошките здруженија и сум против рудниците, не ми се допаѓа соопштението и се надевам дека нема да остане на тоа. Само кај нас луѓето биле за чиста околина... Каква чиста околина, патриотизмот е битен! Убила ме туџа срамота...
На локални, со овие глупости, како ќе изгубат...катастрофално. Имаат влада, не им треба локални да работат. И нема секоја институција албанци. Условот е 20% од другите националности, и претежно се вработуваа турци, роми, власи за да работат оти ретко кој од овие работи. Многу малку исклучоци. Сега ќе мора секоја институција и у Берово да вработи албанец оти следува казна. Лесно е да релативизираме. Тешко е да се бранат одлуките кои се крајно антидржавни. Како можат да грешат у први 60 дена и за вас да е тоа океј? Ами за 600 дена? Колку грешки ќе направат? Имаат тотално неписмен министер за животна средина. После она дописот од погоре... Па вечерва Цветанка Ласкова у Влада вработена? Па фрцкање со мерцедесот? ЗОшто не го продаваат? Знате колку гласови добија со она еден мерцедес 8 Тамари? И сега Ева Заева си го слика газот пред мерцедесот. Луѓе, бесрамни се. А само 60 дена се. И не се секирајте, на овие пожари со евакуација на население, денеска премиерот е во Охрид на бањање. Нема ден без утка.
Изгледа ти си ги измешала брзините. Јас сум за рудници и за работа и против референдуми кои патем беа организирани од Сорос. А со тоа што сегашниот министер кој ти го поддржуваш ги отфрла резултатите од тие референдуми, излегува дека си против овој Владин потег. Што се буниш? @Someonespecial
Ева Заева се слика со Мерцедес кој што е,купен од нивни лични пари,бидејќи З.З доста време си е бизнисмен,мерцедесот не е купен со државни пари,има разлика.а и сигурно не е 600,000е. Тоа е негово и заработено,а дали ќе прави "лева рака десен џеб", ко што правеше сегашната опозиција у златни дани времето ќе покаже. Живи били па видели
И јас се надевам, Јуле. Оти, не е баш фино некој да глуми ВМРО, само место она на НГ „државата, тоа сум јас“ да ми прави „државата, тоа е светињата над сите вас“. Оти така тргна ова со референдумите. Нека си се преиспитаат малце.