Работењето на новата влада и нејзиниот состав

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 август 2017.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.462
    Не ми смета, и вас еве не ве сметам за патриоти бидејќи вам не ви смета загрозувањето на луѓето со отварање на Казандол и постоењето на лужење со цијанид во Бучим.
    Не ми смета оти не е ништо ново што веќе не постои кај нас.
    Не ми смета оти не ми е битно дали ќе е двојазична државата, ако економски ми пружи стабилност.
    Како Вам не ви сметаат сите криминали што ги правеа Вмро, за кои слушнавме во бомбите?
    Вработувањето на Лешо, Цветанка и останатите се како да ви кажам ништо, нула во споредба што она Вмро и го правеше 11 години на државата.
    Вам ви сметат ова, а за криминалот, судството, здравството немате коментар.
    Неколку членки од вас кои коментирате сте високо образовани, интелигентни. Почитувам што сте од друга политичка партија, ваше е зошто сте, ама не ми вртете муабети како не ви смета, зошто вам многу полоши работи не ви сметаа 11 години.
    Затоа доста продавање патриотизам, барем моментално никој од нас не е патриот. А нема ни зошто да биде, кога за да си обезбедеш пристојна работа и живот мора да си припадник на партија. Ете затоа ми е сеедно и за име и за јазик.
     
    На Tanjamm, LollySky, ph.orhideja и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.167
    Пол:
    Женски
    Извини Јуле. Ако мислиш на мојот коментар. Генерализирав и не ти се обратив лично. Не мислев конкретноа на тебе.

    Неколку пати сум кажала дека мене ми смета дури и само буквата "к" од криминал. За рудникот сум строго НЕ.

    Стварно не гледам како Законов ќе ја оправи нашата економска ситуација.

    Не зборувам како партиски член, ниту како симпатизер, ниту како обичен поддржувач. Не сакам и не ми е во ред, мм да носи УНИФОРМА СО СИМБОЛИ НА ОНИЕ КОИ ПО НЕГО ПУКАА.
     
    На Bitter-Sweet, Espadrila, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.462
    Мене ми е побитно да ја оправат малку економската ситуација отколку Законот. И сама знаеш дека и Вмро да беа ваков закон ќе имаше. Всушност нема многу измени.
    Работава со Албанците е одамна, и мене може ми сметаат некои работи, ама ние не можеме против нив. И Вмро им угодуваше. И СДСМ. Имаат подршка од ЕУ и САД. Ние како мала и сиромшна земја во овој момент не сме во позиција да прибираме. Реалноста е таа. Ни треба НАТО, ни треба и ЕУ. И тоа е цената за жал.
     
    На Tanjamm, LollySky, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.167
    Пол:
    Женски
    Не знам. Ама мислам дека ВМРО не е на власт, затоа што не сакаше ваков Закон.
    Точно.

    Иначе, не се мали измени. Зборуваме за регионално ниво, наспроти досегашното локално. Зборуваме за промена на Устав. И се тоа, под притисок. Законот, кога ќе помине на Собрание, ние ќе видиме што е режим.

    Многу сакам да грешам. Време ќе покаже. И јас, како и сите ние тука, сме за подобра економска ситуација.
     
    На carangigia, Tamatam и Rama им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Што да ви кажувам, кога не ја гледате реалноста. Грујо ви ставил наочари за да гледате како што тој сака.

    Па лани во август кога беа уписите за на факултет, требаше да вадам македонско државјанство (а какво државјанство имам, дека имам македонско државјанство ЈАСНО е напишано и во Изводот на родени и во лична карта). Кога сепак отидов да вадам државјанство во МТВ, на тие пред мене одма им го дадоа државјанството, а кога јас дојдов на ред, ми рекоа дека државјанството нема да можам да го подигнам одма, туку наредниот ден, бидејќи имало многу гужва. И покрај тоа што ги замолив најљубезно, бидејќи на тие пред мене им го издадоа, да ми го дадат и мене да не доаѓам и другиот ден. Останав да почекам откако ќе се намали гужвата да ги замолам уште еднаш, да ми го дадат уште истиот ден. После мене на ред беше една Албанка исто за државјанство. И нејзе не сакаа да ѝ го издадат истиот ден државјанството, ги молеше дека ја чека договорено работно место на Гинекологија-Чаир, но дека мора да поднесе комплетни документи. Откако ја одбија, таа се јавуваше на телефон, фаќаше врски, па за 15-тина минути ѝ беше готово државјанството без проблем. Откако го видов сето тоа, ги прашав кога ќе биде моето државјанство готово, а тие ми одговорија ти кажавме девојче утре. Тогаш се налутив и им се развикав како може на некоја после мене да ѝ го дадат истиот ден и тоа пред мене, па уште како Албанците имаат поголема предност пред нас да завршат работа, а дошле после нас и како нас македонците нѐ деградираат и нѐ третираат како граѓани од втор ред, а Албанците од прв ред, таа на шалтер ми одговори добивме таква наредба, а ти оди жали се во Влада тие им ги даваат тие права и привилегии да ги уживаат, не сме ние криви, не ни викај нас. Но, јас не се смирив и продолжив да бидам дрска, арогантна и да викам, па за да ја смират ситуацијата, ми рекоа добро не викај, остај не да можеме да работиме, почекај за 10 мин. ќе ти го дадеме.

    Епа драги мои, Грујо во изминативе 11 години им даде сѐ што побараа и од пиле млеко, за да завршиш работа некаде или треба да си чекаш со денови или да бидеш крајно дрзок и безобразен за да завршиш работа инаку си третиран како граѓанин од последен ред, а не како македонец кој е роден и живее тука, за разлика од Албанците кои се дојденци, но сепак се повеќе ценети и почитувани и секогаш први завршуваат работа, а да не збориме колку Албанци се вработени во изминативе 11 години.

    Па, ако веќе ваква е состојбата во Скопје, нека биде таква и во цела Македонија, нека видат сите како ни било нас до сега во изминативе 11 години.

    Да, само еден е мерцедес, мора да е тој, а?? Според тебе, леле кутрите тие до вчера беа голтари, немаа што да јадат и што да облечат, а не па да имаат кола, па уште и мерцедес и според тебе, сега кутрите сирачиња му се радуваат на мерцедесот од чичко Грујо, кој го купи со народни пари, а не со негови спечалени пари од некој негов бизнис, како што Заев има бизнис, работи и заработува и има право да живее таков живот каков што живее.

    Нека дојде живот во Македонија - поголеми плати, помали трошоци, нека има што помалку социјални случаи, нека има подобри животни услови за сите нас, подобро здравство и подобро образование. Па не е битно дали на банкнотите ќе има некој албански знак или на униформите. Ниту ми е важно дали само во Скопје и во уште неколку други градови ќе се зборува Албанскиот јазик или тоа ќе биде на цела територија. Убаво рече некоја членка пред мене, веќе има албански обележја на банкнотите. Затоа не дигајте без потребно врева. Кога премолчевте сѐ во изминативе 11 години, кога на сѐ што правеше ДПМНЕ викавте амин, сега немате право за ништо да се буните.

    Историјата не може да нѐ нахрани, облече и да ни овозможи подобар живот, треба да мислиме на иднината, да градиме соживот, сите да се почувствуваме како граѓани од прв ред. А до сега Грујо им даде се што побараа, им овозможи да имаат подобар живот, нив ги третираше како граѓани од прв ред, а нас македонците нѐ понижи и нѐ доведе до питачки стап.

    Се лутам кога некој дојденец е подобро третиран од мене која сум родена тука и сум Македонка, но не ми е ни малку криво, ако и ние Македонците и Албанците бидеме граѓани од прв ред со исти права и обврски, ако никој не се почувствува понижен и обезвреднет тогаш сме на добар и правилен пат.

    И на крај уште ова ќе го кажам. Не ми е важно дали некој ќе се сложи со мене или не. Албанците како народ не се лоши, ако си добар кон нив тие со уште поголема добрина ќе ти вратат, но ако им правиш или посакуваш лошо со право враќаат мило за драго, око за око, заб за заб.
    Сведок сум на многу Македонско-Албански пријателства кои функционираат долги години без никаков проблем, а знаете како така успешно функционираат, постои почит, слога, човечност меѓу нив. За нив не е важно што се различна вера и што се различна националност, не им е важно ниту кој за која политичка партија е.
     
    На makedonkamak, LollySky, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.462
    Вмро не е на власт затоа што така други сакаа.
    Ни за СЈО, ни за Платформа.
    Тие што го донесоа на власт, тие и го сменија.
    А за Законот, јас како што прочитав се однесува онаму каде што е 20 %. Нема двојазичност на пример во Струмица или Дојран.
     
    На makedonkamak, ludoto19, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.167
    Пол:
    Женски
    Локалниот. Веќе постоечки. Еве, нека биде така. И дај Боже јас да грешам, а вие да имате право. Помило ќе ми биде, навистина.

    Да не менувам тема со тоа зошто ВМРО не е на власт. Има многу работи што се играат задкулисно.
     
    На Rama и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Која среќа им донесоа ?? Кај нас доведените албанки не можат да зборат македонски јазик , само добар ден. Тоа ли е среќата?? Синот важно да е оженет, внуци да има, а тоа што снаата не може да си искаже мислење и ништо не разбира- тоа е океј, важно да знае да чисти и деца да раѓа.
     
    На Tanjamm, LollySky, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Не е добро. Се вработија ко и секој потрчко, коа ќе направат кикс како Бетмен и ќе влезат у штабот на пастирот да го тепаат Гујо ќе ги критикуваме. Важи?

    Новата влада во првата година ја оценувам само според реформи у судство и само според притвори/затвори за бандата криминална.
    Тука не смеат да потфрлат.

    За партиски вработувања нема на кој не му беше јасно дека ќе има. У таква банана држава живееме, среќа шо Америка има некој интерес да не држи под контрола, истиот момент кога ќе нема интерес ќе се испотепаме

    Ева Заева и Мерцедесот? Само тој Гујо ши го купи е црн мерцедес? Откако ги открија во Прилеп по бандажите дека е друг, сеа го сликале без нив.

    За локални, СДС 99% си е договорен со ДУИ кај шо треба да пушти гласови, овие ќе гласаат во Скопје и Куманово за СДС.
    Гујо може да се надева на Пехчево, Виница, Македонски Брод, Гази Баба(овие мислам дека се у состојба у затвор да им е Трајковски они да го гласаат).
    Битола магаре да кандидира СДС ќе добие. Карпош исто, Центар исто, Аеродром исто. Оние општини шо сакаше рудници да им гради, ги губи.
    Да не заборавиме дека ќе го влечкаат по судови.

    Замисли у 2 саат го влечкаат по рочишта ради изборни измами у Центар, он иде у 7 им ветува проекти. :rofl::rofl::rofl:


    Мигранти ако населат ќе изгубат наредни парламентарни.
    Договорот со Бугарија е ок, мислам јасно е ко ден дека е по иницијатива на ЕУ, кај може наш политичар да иницира нешто. Ако чепнат историја у наредни години, ќе изгубат на избори.

    Јазикот не е нешто ново, им ветуваше Заев, гласаа за него, исполнува ветување. За парите е глупост, не ради тектстов на албански или патриотски причини шо не верувам дека ќе го има, туку ради тоа шо ќе се печатат нови, а тоа нови трошоци.
     
    Последна измена: 6 август 2017
    На НаталиЛили, cresa-jagoda, BoaVista и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    А, што треба да прават? Мисирков да ти го прераскажуваат пред селска коперација кога ќе те сретнат? Тие се среќни, куќа им е чиста, облека исперена и испеглана, ручек секогаш спремен, кревет крцка неколку пати неделно, куќа полна со внуци, пустите села живнаа со детски плач и игра.
     
  11. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Што треба да прават? Тие буквално само добар ден знаат да кажат на македонски. Како ќе комуницираш со таква жена, како ќе се вљубиш во неа ако не ги знаеш нејзините мислења ? Не ти треба некој да те сослуша и разбере? Хмм.. јас па глупа жена цел живот барам маж со кој да можам за се да зборам и да ме разбира, а оно среќата било во тоа албанец да си фатам- да крцка креветот 3 пати неделно, па дали ќе ме разбере кога ми е тешко- важно внуци да има....
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.715
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Гледам што помалку да зборам за политика, зошто ако кажеш свој став веднаш те етикетираат- мк работа(highfive)
    Знам само дека не е лесно за оние кои се врзани со работните места преку партија, но мислам дека потешко им е на оние кои се ни таму ни ваму, и највеќе го јадат.
    Имам многу блиска пријателка која буквално преку државна работа животот си го нареди за неколку години, и сега е во грч што даље, кој ќе им стават за директор, иако се шпекулираа многу имиња, ништо не потврдиле.
    Времето ќе покаже, 100 дена се ништо, и не е коректно да се ставаат на вага наспроти 11 години...:o:
     
  13. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
  14. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    1. Донекаде се согласувам за ова, секој втор збор на Заев му беше дебата. А како шо гледаме нема, не само за ова.

    За партискиве вработувања очекувано беше, мислиш сеедно ми е мене коа гледам у управни одбори кој ги ставија. Не сум љубоморен, да разјасниме

    За подолниве, моите ставови се јасни, остатокот го прокоментирав во претходниот пост.

    2. Дај ми еден пост у кој критикуваш за Џафери кога беше поставен за министер за одбрана од ВМРО и ги нарекуваш предавници и дека си разочарана од Грујо и ќе поверувам дека ова е искрено а не колку да се пише. Ако не беше Џафери ќе беше друг од ДУИ, а ДУИ е партија шо настана после војната 2001, значи кој и да е спикер пак е од ДУИ.

    5. Е за ова имам реплика, постовите на Бетмен на кајгана уште стојат од 2008 година, кога се прашувше кој бил Протуггер и како тој можел да му биде шеф на кабинет на премиерот, а не он. Значи голем дел од луѓето ќе зборат овој со средно се смести у влада за 40 илјади, а уствари сакаат да бидат на нивно место. Не сите, секако.

    16. Еден пост да видам за поплавите лани у кој викаш дека владата е неспосбна, нема капацитет и дека у 21 век е срамота 25 луѓе да загинат ради неисчистени канали. И дека "поплава како оваа се случува еднаш у 1000 години", не смее да биде оправдување. Или не беа потребни критики на два месеци пред најважните парламентарни?

    У спротивно звучиш ко уште едно од десетиците соопштенија дневно на Милошоски на Курир.
     
    На НаталиЛили, cresa-jagoda, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.462
    :rofl::rofl::rofl:
    ЕЛЕМ доби директор Македонец, некој Миновски.
    Не сте арни дефинитивно (facepalm).
     
    На НаталиЛили и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Неможат депонијана да ја изгаснат во Струга 2 месеца а не па цела држава што гори.
    Горат и куќи и луѓе додека се раскурцува Македонија каква што е уредена денес. Проклети да им се парите за кои ја растураат државата!
     
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.715
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Да, и јас го прочитав истиов човек дека е нов директор, само да почекаме да видиме дал е тоа тоа, или пак трачарат порталиве...


    Изјавиле дека Владата ќе ги чува во тајност имињата на новите директори се до нивното излегување во Службен весник, сега прочитав.
     
    Последна измена: 6 август 2017
    На cresa-jagoda и JuLleE им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Не знаеш кому си се нафатила да објаснуваш, Хани... Џабе, џа-бе :)
    Ни за фејспалм веќе не е вредно ова. :drunk:
     
    На cresa-jagoda, HoneyBun, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.282
    Пол:
    Женски
    Очекувањата ми се да го довршат здравото е*бење што ни го удрија и Грујовци па така и овие вториве.
    И да,мој глас уште еднаш што ќе добијат никогаш!
     
    На Lianna Anna, carangigia и Tamatam им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    1.Чисто сумњам дека ја имаш прочитано Библијата, еве и јас како атеист ги знам божјите заповеди и молитви и основата на Библијата..На крај краева што мешаш религија со политика, имаш и за тоа теми иди таму олесни си се.За разлика од тебе, јас признавам дека појма немам за тој Коте и седнав си прочитав, убаво е да дознаеш нешто ново така? И што ми смени тоа во животот, буквално ништо, каква врска имам јас со тоа и каква врска има новата влада со тој твојот Коте? Можеш евентуално да го поистоветиш со Грујо кој од друга страна многу убаво го слушнавме во бомбите како си договара промена на име. Јас ниту имам моќ тоа да го направам, ниту сум влијателна личност, обичен роб на општеството, како и сите тука така?!?!? Досадна си истото само го пишуваш со различни зборови.
    А што има врска мојот оброк, кој гледам дека тебе страшно те тангира од некакви си чудни причини, ваљда не се работи за некаква настраност штом толку те интересира мојот оброк.Ако сакам и овчи брбушки ќе јадам не е твоја работа, значи верувај досадна си, значи д-о-с-а-д-н-а.
    Каде виде дека владата молчи за пожарите, седиш дома и чекаш курир да ти пере памет, еве ќе ти кажам, бев во близина на местата каде има пожари и погоди што, еј имаше пожарна, еј се гаси пожар, еј ударни вести се дека е прогласена кризна состојба, еј Грујо твој имаше 11 години да набави соодветна опрема, али неееее со мерџото сеа ќе гасиме пожар, пошо вакво нешто еднаш у 100 години се дешава.
    2.И како бе не земав пари од шарените, како, кажи ми кај се аплицира да поднесам барање, всушност и цел мој округ е отштетен, да знаев барем дека пари давале, како не ми пиша порано....И кој споменик беше оштетен бре жено, што имаш ти со Прометеј, оној што ве плашеше со грчката машкост, па мораа гаќи да му кројат. Кој друг споменик беше оштетен, кој, кој споменик беше оштетен, а е на некој наш револуционер? Еве ќе ти одговорам, јас не се криев не генерализирај, моето лице беше совршено откриено. Да не сакаш некое селфи да ти пратам, уствари не, не се сликав, бев зафатена со оправање на нашата напатена државичка.
    3.И пак, што е со тебе и со тоа што јадам, опрај се, имаш барем денес лица кои можат да ти помогнат да ги надминеш твоите чудни фетиши према мене и мојата храна.
    4.Ако ти имаш такви цели, зошто не направиш нешто да ги оствариш, всушност повеќе ти ми наликуваш на Котето твој, кукавичлук во двете страни гледам. Еј глеаш, со твој камен, по глаа, бабау.
    5.А за Диво Насеље, која коинциденција еј, коа требаше да се објавува бомбата за Смилковско, одеднаш доаѓа група на терористи, пази без никаква цел, од нигде никаде и го направи тоа што го направи, зашто, ваљда Брк многу добро си знае.
    6.И не нема никогаш да те разберам, човек што не прави дистинкција помеѓу религија и политика и историја за мене е само еден обичен неук човек. Оваа тема е чисто политичка, ваљда го знаеш тоа,а?
     
    Последна измена: 6 август 2017
    На LollySky, anaja1, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.