спијам за да не мислам , јадам многу , гледам да сум излезена да не седам дома и да не бидам сама ни еден момент.. =)
Ги бришам сите слики од компјутер. И го бришам од телефон и сите пораки ги бришам.. ГО БРИШАМ ОД ЖИВОТОТ! Ако ме повредил. А ако не ме повредил, ги бришам само сликите и пораките
Си виткам сарма Нема што друго да се прави.. Шала на страна, ништо. Ниту сум пуштила солза за некој ниту ќе пуштам. Можеби ме расплакал некој но сигурно од среќа.
бришам слики бришам пораки и све што ме поврзва со него ма бришам и број од телефон све све плачам три дена спијам,потоа кога ќе ми помине кризата максимално една недела ме држи како нова сум си ги средвам мислите во главата и продолжвам со животот посебно ако ме повредил стрикно тој по раскинувањето абе го бришам од живите на пат несакам да го сретнам накратко- милост немам...
Па вака...ја сум имала МНОГУ раскинувања..и сите биле...онака живот иде даље...али последното (пред месец) уште го нема преболено и се ме болеше...цело тело...али сеа сум ок...не сошто го забораив...веќе што пополека си даваме повод дека има љубов ( и онака не раскинавме пошо снема љубов туку ради разни кретени) now I just hope
Уште наредната вечер фрлам штикли на мене, кармин на усни и правац до дискотека.... мора да се прослави
По моето последно раскуниување ( долга врска ) , ги запалив патикитите уште наредниот ден и право во Охрид на викед со две другарки . Таму пиење, музика. журки како никогаш до тогаш, си запознав прекрасни личности кои уште сум во контакт иако се далеку. Ни една солза не пуштив поради него. Јас не изгубив ништо, тој ме изгуби мене.
На моменти ме маваат опасни флешови за тоа што било како било... Воглавном сум супер... Ама не знам како да се справам со нервозата што ми доаѓа на моменти до тој степен што се тресам, и со бесот во мене... на здравје ми мава. Цело тело ми се тресе. Знам дека не вреди, дека не заслужува да се нервирам и трескам за него. Прееска луѓе седев и се тресев коа ми се вратија некои моменти. Не ни плачев, само бев бесна и нервозна многу. Не сакам да ме примети некој дека имам такви моменти, посебно не мајка ми. Пробувам да ги контролирам, ама некогаш кога сум сама... Не можеш да не мислиш,... Пробувам да се контролирам... ама некогаш не успевам Некој совет?
Јас кога раскинав доста долга врска не се замарав за машко а верувате немав ни симпатија ни децко пола година па мош и повеке а и не се ниту пак интересирав за бившиот воопшто си гледав да си се средам јас како личност и да си уживам малку на раат и да се дружам со другарките и другарите за др ниш не се замарав потоа фатив дечко и се верив со тој после година дена
Насабајле станувам со нови сили, насмеана и силна, трошам дупло повеќе време за шминкање и дотерување, менувам боја на коса или фризура и се уверувам дека се' е во ред, он ќе си пати, а не јас, ма што ми е потребен таков мочко, сељак, теле, овчар, без'рбетник... правам листа на сочни епитети за него, гледам да се смеам, за инат... додека не падне мракот. Тогаш обично се вовлекувам во креветот, слушам депресивна музика и некои жалопојки, разгледувам стари фотографии, гушкам перници, си плачам, море рикам, а понекогаш и пијам. За срамота. Среќа што ваквиот период на подвоена личност трае кратко - недела до две максимум. После фрлам се', кинам фотографии, бришам пораки, џиткам подароци и животот продолжува. Гледам да не вртам со скриени бројчиња "само да му го слушнам гласот" и избегнувам да излегувам онаму каде што знам дека можам да налетам на тоа креле или да се гледам со лица што му се блиски, колку да се докопам до некаква информација за него. Интензивно го мразам и фрлам понекоја клетва... а кога ќе ми испари сета лутина и нервоза, се смеам како шлакната и не ми е ништо. Подоцна се извинувам доколку сметам дека е потребно и јас сум претерала и останувам на едно пријатно здраво-живо. Не сакам да се мразам со луѓето за кои сум гаела нежни, фини чувства.
Браво девојки, силни сте. Алал нека ви е. Јас до сега имав само едно болно раскинување, после се навикнав и второто го поминав полесно, речиси и не го почувствував. Беше пред неколку години. Не ме сакаше повеќе, неможев да го прифатам тоа. Ми раскина додека беше далеку од мене, по телефон. (која храброст). Јас само плачев, се шуткав од дневна до соба, па од соба пак во дневна. Исклучив телефон, избришав фејзбук. Не сакав никој да ме прашува зошто, кога, како, што... Плачев две недели секој ден, секој саат, не излегував од дома, ништо не ме интересираше. Собрав сили да излезам, налетав на него. Ајде пак од почеток, плачи, јади, седи дома. Слушав само жалопојки.. И веќе после месец дена, моите не можеа да ме трпат. Собравме парталите и на одмор отидовме фамилијарно (летно време беше). Одморот ми дојде како кец на десетка. Спојлер Фала мама, фала тато. Ова го дознав годинава, кога мајка ми и кажуваше на тетка ми дека поради мене сме отишле на одмор, јас мислев дека е планиран. Таму ги одморив мислите. Уживав. Прочитав една книга, лежев на плажа, играв карти со моите. Тогаш и татко ми дозна дека пушам, и добро го прифати тоа иако е не пушач. Што и можеше да ми каже. Се вратив полна со живот, полна со енергија, полна со себе. И продолжив понатаму. Беше тешко, да, но морав. Што е тука е. Уште ми е тешко кога ќе се сетам, кога ќе ми наврнат спомени, но не дозволувам веќе да плачам, се се случува со причина, па така и раскинувањето. Не бил за мене, и нема да сме заедно. Денес ритуалите ми се сменети. Не плачам, не тагувам, туку излегувам со различни друштва, тој период преферирам забави, журки, и се што е весело. Една пропадната љубов не е крај на светот. Луѓето во животот си заминуваат за да им направат место на тие што доаѓаат!
Добро бе, само ја ли сум изродот, што се чувствува волку лошо... Знам дека треба да искачам, знам дека треба да се дружам... Пробувам, ама ете и колоквиуми ми се погодија сега..... Значи стварно се гадно испадна со дечково... Сакам да не мислам, да продолжам понатака... Ама премногу ми го повреди егото... Едит: Се осеќам како цел живот дека нема да си простам сама себе за некои работи, и цел живот дека ќе бидам гневна на ова што ми се случи изминатава недела... Се ми дојде како шок. И се осеќам дека во вечен шок ќе бидам.
Слабеам, шишам коса, се впуштам во опасни флертови и не е*ам жива сила. Така успеав да се извадам од тешки гадости, иако не е лесно. Воопшто не е.
Дома сум целата даун, се прашувам што би било ако би било....се оптеретувам психички... А, за надвор се дотерувам обавезно, да си го кренам малку егото...
Уживам во секој миг на слатка самотија , се радувам што ете завршила некоја (не - толку ) драга фаза во мојот живот и што вртам нова страница , склопувам нови познатства , често знам да си ја сменам фризурата и да си дозволам некое сексипично парталче поради кое со душа ќе го очекувам викендот ... Им посветувам повеќе време на пријателите , обновувам стари пријателства ... Најважно , никогаш не жалам.
Можеби звучам како Мерлин Олмајти, но не ме погодило некое раскинување дотолку. Секогаш самата себе си сум си била прва и не сум дозволила крај на светот да дојде од едно Чао, пријатно! Во секој случај, постоело причина за раскинување, не те сакам, глуп си, оперирај се, агресивен си, ме гушиш, преслободен си... Не верувам дека возрасна млада девојка ќе раскине или ќе и раскине без потреба. Случајов е резервиран за тинејџери. Обично после раскинување се чувствувам како Македонија после турската репресија, си ги палам патиките, им вградувам бесна штикла, земјата се тресе кај што чекорам, си посветувам време само на себе, на духот и изгледот и си продолжувам со максимална самодоверба. Јас сум повторно јас, и не се прилагодувам на нечии табиети и желби за солзи и депресии. Младоста е премногу кратка за да се помине под јорган и да се стремиш кон зголемување на побарувачката на хартиените производи. Знам. И лесно е, ако сакаш. Верувајте, има далеку посериозни проблеми во животов од едно раскинување.
А јоој, па било је и то, тако одавно. Последното раскинување ми беше како од турска серија, со оглед на тоа што тогаш актуелниот момак, беше класична пијавица, ем крвта ми ја пиеше, ем неможев да се отарасам од него. Секој чекор ми го следеше. Додека еден ден не ми пукна филм, спакував парталите и си заминав од градот, отидов во друг град, на дотичниов му ставив забрана за дојдовни повици, седев 2 недели на гости, од таму се договорив со друштвото да се најдеме во Охрид. Останав и таму 2 недели, и кога му се вратив на дотичниов, му се изнасмеав во фаца, му покажав среден прст, се свртев и си заминав. Ни чао, ни пријатно. Инаку лесно се опоравувам јас, во моментот ме мава шок, и низ глава ми одекнува „Шок, шок, шок“, а кога ќе се вратам во реалност, полнам када, размислувам и ги оставам сите добри спомени да си отидат низ одводните цевки. Се дотерував, набацував црвен кармин, поглед што убива, и тргнував во поход. Просто како грав, од раскинување немав ич страв. Теди слушај ваму, немој толку да се притресуваш. Било што било, добро е што се завршило. Се што ти лежи на срце, и што останало недоречено, најди место, дали на феминава, дали не лист хартија небитно напиши го, чкртај ако треба, и исплачи се, ако ти е до плачење. Едноставно дозволи да излезе од тебе тоа што те мачи, после се, легни и добро наспиј се, кога ќе се разбудиш ќе ти биде подобро.
Еве јас како тазе сингл од завчера, да ви кажам дека воопшто не се осеќам лошо, а се надевам и така ќе биде зашто вака предновогодишно не ми се кинат живци Можно е да ми е лесно зашто крив е он, а не јас, па не ме гризе совест или нешто слично. Вчера се запив кај една другарка, па плус ми читаше дневници од средно што глупости сме правеле и одамна се немав така смеено . Денес учев, следниве денови полагам, а и веќе си испланирав каде и со кого ќе скитам. Цврсто си стојам на тоа дека ако треба да бидеме заедно ќе бидеме, ако не, па и без секој се може, не е крај на светот. Стварно, ама стварно не вреди ни да се плаче, ни да се затвара дома. Дури и уште ми стои слика со него на позадината од мобилниот, па не ме депримира и не добив желба од нервоза да ја тргнам И да не бидам погрешно сфатена, ама почнав малку да се загрижувам како би издржала без секс долго време, не сакам да се претворам во чудовиште од нервоза