после разделбата ги слушам заедничките песни и цел филм го враќам што сни правеле,каде излегувавме,ги читам неговите пораки се се баш се што ме потсека на него и потоа ќе се затворам во себе си со никого не зборувам и плачам се улипувам како да ме удрил некој, ако ме праша некој ќе му се издерам до крај.не јадам,немам апетит ни вода не пијам, не разговарам со моите. едноставно тешко ги прифаќам раскинувањата
изгледам самоуверено,убаво и почнувам да шетам,да се забавувам... мора на некој начин да сфати што изгубил
Почнувам да се навикнувам на живот без него, се обидувам да не мислам цело време на него.Излегуам за да не бидам сама и да мислам.Се пбидувам да изгледам самоуверено...а кога сум сама шо да правам, сепак мислам не него.некогаш колку го мразам а некогаш како се би дала за да бидам со него
Хмм после раскинување сум најубава ,најпримерна најпосакувана другарка во друштво најпозитивна...... во секој случај не лудувам демек ќе го правам љубоморен тој секако се нервира,напротив самоуверено настапувам сеа зависи кој раскинал но во никој случај не би скокнала веднаш во друга прегратка со тоа само може да ме плука и полесно да ме заборави а тоа не ми е целта нали... Лоши се разделбите сум страдала и јас ако не ми веруваат не е добро да се поигрува со нечие срце опасно е поготово со машко срце тие повеќе сакаат Порано се затварав во себе ми требаше време и мир.Цртав многу и пишувам проза таман имам да издадам еден цел роман со добра содржина :geek: и да и јас плачам кога прелие чашата но само кога останам сама сите сме исти зар не?
Тргам, бришам се што ме потсеќа на него. Избегнувам балади, се дотерувам и искачам со друштво до раните утрински часови. Преку ден на кафе пак со весело друштво, се смееме, тропаме глупости и така гледам да ми помине поголем период.. Кога сум дома сама пак наоѓам некоја занимација за да не мислам на тоа, ама ова не значи дека ми помага 100% да заборавам и преболам преку ноќ, си чувам јас во себе и со месеци и знам и некогаш јако да се исплачам навечер пред спиење, ама па и тоа ми е дел од ритуалот заборавање. Само не покажувам, не се жалам си се правам дека се ми е нај нај, дека не ми е воопшто криво и дека не сум тажна. Незнам, таква сум си. И после некое време во потрага по нова жртва
па претежно се обидувам да не ги слушам нашите песни..почнувам да искачам со друштво..и коа ќе ми текне на него се јавувам кај некој од тие што ми се свига и така го подзаборавам знам дека не е некој јак лек..ама помага малце од малце дас не се мисли на него.
Го облакам најтесниот фустан што го имам, пијам 2-3 пијачки за опуштање и после уште "неколку", си поминувам најубаво до сега! А од денес... ќе видиме кога ќе ми помине мамурлакот
до сега немам раскинато со дечкоми,пупупу недај боже ако се случи тоа незнам како ќе го поднесам тоа ама знам дека ќе се затворам в соба и ќе слушам тажни песни и ќе си тагувам ама нема да дојде до тоа знам
Првиот ден не ми е ништо онака ладна без чуства, ама затоа после другиот ден станувам од спиење и првата мисла ми е на него неможам да верувам дека сме раскинале, и цело време ќе се потсетувам на нашите моменти поминати заедно и тешко ми е на душата многу, ќе ми падне некоја солза и ќе си речам што сум будала крени си ја главата, животот иде понатаму и без него. Така требало да биде и тоа е тоа. Што и да е , ќе помине!
Раскинавме преку муабет по тел и чат (што е многу глупаво) а денес бевме излезени за во лице да си го кажеме тоа.... и нормално си купив чизмици, хеланки, чанта... шопинг Многу слично на она што cvetce93 го прави навечер пред спиење знам да се исплачам, денот го користам максимално со позитивни луѓе околу мене за да ми се отргнат мислите од него. Сесија е па ќе си спремам испити за полагање и полека ке помине маката. Чуствата остануваат во мене дооолго ама тежината е помала како што изминува времето.
Прво ќе се исплачам убаво, потоа одам на шопинг и се дружам со драги и позитивни луѓе. Гледам деновите да ми се максимално испланирани, за да немам време да мислам на него.
Си тажам 2-3 дена, значи не сакам со никој комуникација, не ме интересира ништо потоа ќе си се тешам сама себе си си викам ајде бе еленушка зарем е вреден да плачиш и да киниш живци заради него... пфф како да не па ти си луда на крајот најдоброто си одам на шопинг, се дружам со позитивни луѓе, се обидувам да одам на места кај што не е тој, да не одам на места кај што сме биле....
Најчесто викам другарка седнувам јадам чоколадо и си се тешам тоа дека сум многу подобра од него како човек, дека тој повеќе изгубил со тоа што пропуштил некоја како мене бла бла бла.И после кога ќе го видам со некоја друга ми се кине срцево.
Прво правев чистка на тел. бришев пораки, број...па после на ред доаѓаа сликите-сечење, кинење...на крај подароци во канта и уф полесно е...И неретко за два-три дена ќе се случи помирување па пребирав по ѓубрето
прво плачам плачам плачам, после бришам пораки од моб од фејсбук, па бришам слики и на крај се бањам, се спремам и излевам во град среќна и насмеана и подготвена за нов напад искрено немам многу искуство во раскинување оти имам доооолга врска, и претходната ми беше долга ама лесно ја пребродив, оти јас сакав да прекине.
Имав разделба пред година ипол...Мислам дека штом го преживеав тој момент сега веќе сум бессмртна Ми бешеее претешкоо...цели 6 месеци се мачев..тежината стануваше онака помала но чувствата никако не поминуваа..И еден ден си ја чукнав главата и сфатив дека не вреди заради него да си го уноштам животот...Почнав да се забавувам и да го живеам животот..беше тешко не викам не..чувствата поминаа пред 7 месеци кога го запознав совршениот кој ми го спаси животот од пропаст..Сега сум како нова,не можам да го замислам животот без СОВРШЕНИОТ ! Го сакам и среќна сум
Бришам пораки и инбокс од фејсбук, фрлам се што ме потсеќа на него, не ги слушам неговите омилени песни, јадам многу многу чоколадо и едно време сум така малце подепресивна ама тоа бргу ми поминува! п.с- а неретко и кога ќе ми се јави тој му се дерам и го терам у три пм
и јас правам чистка сите поклони ги тргам, бришам пораки од мобилен, mail, facebook.... и престанувам да јадам :/ раскинавме пред еден месец и веќе симнам 4кг, што за мене е премногу :/ иначе уште си го манијачам на fb