преместување на подароците-да ми бидат подалеку од очите, никаква комуникација со лчноста, деновите испланирани, и максимална посветеност на својот живот и секако на физичкиот изглед
Си се средувам (додека во врска сум запустена ,очајна )..си пазам на линијата ,и го надокнадувам целото време што сум го пропуштила со друштвото ,додека сум била во врска. Супер ми е искрено. Во кратки црти ко затвореник коа излага од затвор - е така и јас после раскинување.
Плачам првиот ден и тргам се што е од него и се што ме потсеќа на него (дури и тоа да значи да го испразнам половина плакар). Им кажувам на другарките и потоа излегуваме. Одам во шопинг и купувам работи кои никогаш порано не би ги купила. Се забавувам како никогаш порано. Но кога сум сама, размислувам „Што ако постапев поинаку, што ако ова, што ако она?“. Се измачувам себеси со тие прашања. Не јадам редовно и не спијам.
Психички не се осеќам толку лошо искрено, ама потсвесно дефинитивно ми влијае на здравјето. Почнувам да не јадам, слабеам одеднаш по 3-4 килограми. Тоа се случува кога мене ќе ми раскинат, кога јас сум раскинувала обично сум била веќе спремна да продолжам понатаму и немам проблеми. Првиот пат во една подолга врска кога ми раскина дечкото не приметив дека ослабев ради тоа, но вториот пат со друг дечко дефинитивно се свестив.. Немам објаснување.. Не плачам, не се трескам од земја, искачам и се, но ете слабеам...
Пред точно една недела тој допринесе јас да ставам крај, да не сакам да го видам повеќе во животот, да почнам да го мразам толку колку што сум го сакала... Толку многу ме повреди што се заколнав дека никогаш нема ни здраво да му речам и си ветив сама на себе дека нема ни солза да пуштам за него и покрај тоа што душава ми плаче. Можеби и грешка ми е тоа зашто од една страна ако се исплачам можеби ќе ми биде полесно ама па од друга страна тој не ги заслужува моите солзи. Како и да е од тогаш наваки цела недела многу јадам и нонстоп мислам на него ама што да правам се надевам дека ќе помине!
Си најдов предобра серија на нет се зацапав ептен во серијата посебно во глумците *.* ии воедно си купив серијалот книги од истата серија ..а да, одев со дечкото 2 год... Ама сфатив дека не ни сакам да се врата на деновите со него
Ги остранив сите подароци и слики што ме потсиќаат на него, се внесов во читања по форумите и пишување ....
Ги искажувам своите чуства на лист,пишувам многу пишувам. Не сум тип на девојка што почнува одма да фрла подароци,да престанува да слуша песни што некогаш биле "наши" затоа што сепак колку и да е болно што сме раскинале,тоа биле убави моменти и секогаш ќе останат како дел од мојот живот.Е секако сликите (а до сеаг освен со сегашниот,со друг сум немала извадено) би ги скинала,а тие што сум ги имала со други во компјутер нормално сум ги бришела.
Пишував дека знам се, си пишував на чат на фејсбук, плачев, отидов на одмор.... хаха па се вратив и животот тече далје
Немам некои скандалозни раскинувања, се што се случило било очекувано и неизбежно така да раскинувањата ми дојдоа како олеснување. Двапати ми се има случено потајно да си потскокнам кога доволно се оддалечив од него. (Yabba-dabba-doo) Се случи неизбежното... Нормално има еден период на каење: зашто ова реков, зашто она не реков, требаше порано, он ова, он она, ама релативно брзо ми поминува. Ако седнам да ќенкам ништо не правам. Ниту ќе се поврати она што се случило, ниту ќе се смени нешто. Сабајлето се знае, стандарден женски ритуал, лицкање, шминкање, бањање (чистење божем до тогаш во ѓубре сум се валкала) пропратено со некоја повесела музика најчесто латино (жалопојки никако). Чудни сме ние жените, обавезно правиме некоја промена, кој менува фризура, кој боја на коса, кој купува нешто ново како божем со новиот чемпер (фризура) доаѓа нов почеток, се будиме сабајлето и нови личности сме... јас обично шишки менувам .... и во нови походи Он нека ќенка, он губи
Ништо, зависи дали јас сум сакала да раскинам или он! Ако јас сум сакала, секако на него му било потешко, ако он сакал да ми раскине со сигурност мене ке ми биде потешко, секогаш иде така.. инаку многу ме нервираат некои кога ке раскинат и идат кај твоите најдобри другари/другарки и одма им зборат за друга женска и девојка зошто знаат дека ке биде одма пренесено. Мислам со кој мозок ?! Многу ми се патетични некои луѓе, и се прашувам зошто толку се слабаци кога ке дојде до раскинување.. Едноставно прифати го тоа како што е, нема да биде лесно ама време лечи се, не ке се утепам сега!
Ќе си поплачам онака интезивно секој ден ..и тоа кога сум сама битно на никого не му се лигавам и не го гњавам за тоа колку мие тешко малце помалку се смеам но битно тоа трае максимум 2-3 недели и после ако си најдам друг како нова сум
Секоја врска си е различна и после секоја различно се однесуваме. Кога првата врска заврши, тој мене ме остави, само плачев, не се хранев редовно, објавував депресивни песни и статуси на Фејсбук, се надевав дека ќе ми се врати. Ослабев. Тоа траеше три месеци. Ми беше искуство за понатака, како не треба да се однесувам. Потоа по нареден прекин чувствував некоја поколебливост, носталгија, тага, но гледав да сум насочена кон позитивни нешта и да продолжам напред во животот без застој.
Излегував, се забавував, се дружев, се смеев, видов дека за мои години многу сум пропуштила за некојаситамубудала. Во буквална смисла на зборот, се п р е р о д и в
Се трудам што поретко да го поминувам времето сама, зашто кога сте сами тогаш фаќаат тие моменти на криза, напнатост, на време за плачење искачам, се забавувам, пијам и обично го заборавам со нова љубов
Нонстоп излегувам, се дружам повеќе од вообичаено, насмевната сум, а кога си одам дома се истепувам од плачење. Ама периодот ми е 1 месец, ништо повеќе и мн. сум горда на себе што никогаш немам намера да барам утеха во други машки