Да споделам и јас нешто. Раскинавме со дечкото пред неколку дена и си плачев јас нормално си го сакам и вчера се видовме пак се избацвавме и така си се разделивме, многу се сакаме ама заради Х причини неможиме да сме заедно ама има нешто во мене шо ми вели да не се нервирам и да не плачам дека се ќе биди во ред и дека пак ќе сме заедно. Кај сите така или јас филмој си прам?
Плачеш зошто си се трудел за нешто, а некој не го ценел тоа. Си седиш по социјални мрежи и си гледаш згодни момци, си гледаш на инста некои совршени и си викаш кај се запознаваат младите уствари ? Додека да решиш да се запознаеш со некој поминале неколку недели. Убаво е резерва да си имаш, ама ако не си планирал дека ќе се скарате мачно ќе ти е додека да си најдеш нов .
Баш пред два дена ми раскина, кажа дека сака да останеме другарчиња, сакал да биде слободен, абе душата ме болит, по цела ден си плачам, како страшило сум во очите, в крвавени и помодрени, излагам со другарките секоја вечер, но џабе умот летнат во него, го немам видено можи 20 дена, и се повеќе ми е во мислите, и да си слушам балади кои ме докрајчуваат. Се надевам ке помине за некој месец, но лошото е што ми пишува е вчера ми пиша добра ноќ другарче мое најубаво и најмило..... ме убива тоа
Ми раскина пред два дена ми кажа прво дека ме сакал, па помалку ме сакал па на крај дека не ме сака и дека бил изморен од мене затоа што сум измислувала приказни дека е во врска со омажена колешка од работа и дека не може да се откаже од излегувања со неа. Тешко ми е многу но знам дека имав многу причини за да се посомневам дека има нешто меѓу нив и со самото тоа што тој ја избра неа ми стана јасно се а пред неколку часа ми пиша порака уште ме сакал ама сум ги преминала границите.
Музиче насмевка и кафе! Уживање во најдоброто друштво во кое може да се биде - своето! Сам никогаш нема да се оставиш
Имаше периоди кога плачев многу јадев и благо претерано многу , но потоа со периодот на пубертет се сменија овие навии и преминаа во полоши . По секоја разделба веќе не плачев , сега внесував голем процент на алкохол и никотин . Знаев да испијам до 10 чаши водка , некогаш и повеќе , и да " смачкам " две кутии родео .. Сега тој период е зад мене и гледам дека не вредело да си горам јетра за будали .