незнам колку е на место темата ама револтирано ке ја поставам ја поставив и во правни проблеми али за повеке дискусја ке отворам тема за ова оти стварно заслужува ке замолам некој од феминките правнички да ми објасно нешто за ова нели испадна закон да плакаме радиодифузна такса од 130 денари па ја поткачија на 190и сега најново и несватливо ми е што на секој член во семејството му пристига радиодифузна такса дали е ова по закон реално? како гласи законон? пошто не е фер во фамилија од2 возрасни +2 деца над 18 години му стигнува 4 радиодифузни такси 4*190---+4*40 провизија кога плакате во банка испага 1000 приблизно да плакамее за такса тетка ми е почината 15 месеци и за неа стигна радиодифузна такса кај да се позалиме што ке не советувате вие ? стварно претераа веке а заради ова го губат гласот од мене на избори
РАДИОДИФУЗНА ТАКСА ЗА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО????????? од вестите на плусинфо: Мртви битолчани гледале ТВ
РАДИОДИФУЗНА ТАКСА ЗА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО????????? Мене ми стигна во петокот ке одам утре да се жалам. И мене и татко ми ни стигна. Малоумни се овие само пари да се берело.
РАДИОДИФУЗНА ТАКСА ЗА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО????????? Не бе не се нормални овие жими се. И сеа ние пак ко некои црви ке си седиме дома и ке кукаме, а кога ке се најави некој штрајк ке се укотвиме во фотељите и ке глеаме вести и вмровските глупи реклами. Ако има некој протест или штрајк во врска со ова информирајте на темава. Ц ц ц
РАДИОДИФУЗНА ТАКСА ЗА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО????????? Нема смисла ова, не е нормално си играат со народот како што сакаат, а дали имале или немале да платат тоа не е важно цел месец нема ништо да јадеме или да се подновиме со нешто ама сметките мора да се платат не го бива ова вака не не не и не
РАДИОДИФУЗНА ТАКСА ЗА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО????????? Бар да имавме дома телевизори колку што сме луѓе
РАДИОДИФУЗНА ТАКСА ЗА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО????????? ма какво подновување луѓето немаат пари да се долебат до крај на месец еве ви кажувам кај мене доам стигна за сите и кај татко ми и јас утре планирам да одам до ујп да се жалам само ме интересира од правна страна како ова е изводливо да не му плакаме или мораме да платиме ??? ај некој правник????
РАДИОДИФУЗНА ТАКСА ЗА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО????????? секој кој има трансакциона сметка ке му стигне овие денови по една такса за секој
РАДИОДИФУЗНА ТАКСА ЗА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО????????? Прочитав некаде дека било грешка тоа. Се работела поради преименување на улиците. Колку е точно ова не знам. Во секој случај нема логика да се плаќа 1000 месечно за радиодифузна такса. Ако ги погледнеш и платите-мизерија.
сепак мора до ујп да се отиде да се разбериме со нив оти како што се зинати само за пари па од кај ке му упале од таму јас ке отидам овие денови и ке пишам што одговор ке добијам ако некој пред мене отиде нека пише тука што ке му кажат
Луѓе а јас да ве прашам каде ги плаќате сметкиве? Пошо јас Скопје во станот немам платено мнооогу сметки и сега сите одеднаш сакам да ги платам. Во банка еднаш ми кажаа не можело таму.
Ме израдува и мене од сабајле една ваква честитка, искрено абер си немав дека постоело вакво нешто, мислев некоја грешка дека е, но сите податоци се точни, вклучувајќи го и мојот ЕМБГ што реално е најдоверлив од сите податоци кои ги содржи решението. Планирав да се јавам на бројот поставен на позадината од сметката, но по вашиве мислења изгледа е безцелно. Најдобро лично со секира да се упатам во МРТ и да ја докрајчам. Најдов на страната некое Барање за исправка во регистарот на обврзници, кое очигледно е поставено за лично корегирање туѓи намерни грешки. Нивно е да се обидат да драпнат нешто од оној кој нема да испита, не? http://www.mtv.com.mk/upload/Dokumenti/Baranje_RDT.pdf Во Комерцијална ќе ти завршат работа, да си платиш годишно зашто поефтино доаѓало.
Тоа е затоа што Шеќеринска и Бранко ја продадоа МТВ и сега ние ќе плаќаме повеќе...уствари чекај нема врска МТВ не е продадена! Е сега што ќе се правдаат?
Викаат дека се работело за грешка,а ако не е така значи во државава не остана ни еден нормален од овие што носат такви одлуки.Па овие не заслужуваат ни 190 денари да им дадеш,а камо ли за секој член по 190. Кај мене сите сметки идат на свекор ми и сега па кај на него и на мене дојде,а за свеки и мажот ми немаше .Исто така слушнав дека за да ги поништеле грешките,секој за кого дошло демек требало со молба од 200 денари да појдеш и да ти го поништат.Ако ова е вистина богами и не се работи за грешка,ова е навреме смислено како да се испере некој денар во корист на државата и по стоти пат преку грбот од мачниот народ.
вака сега денес бев до ујп да се распрашам за ова и вака ми кажаа демек сето ова е грешка и секој кој што мисли дека не треба да плака да си поднесе приговор тоа е еден лист кој ти го даваат на шалтерот на ујп и на тој лист се запишува кој е носител на таксата за фамилија (еве пример ако сметката доага на име на свекорот он ке си биде носител на решението за такса а на таа адреса и 10 луѓе да живеат нема да плака никој ) -а под името на носителот ке запишете за кои лица го поднесувате приговорот пример приговор за сопругата снаата синот значи они да се избришат од евиденцијата носител да си биде свекорот е сега незнам дали убаво објаснив али ако нешто не ви е јасно дирекно во ујп обратете се
А бе седете си на место, какво плаќање?! Не гледате ова е кражба и тоа при очи и здрав разум на луѓе?? Ни пријави, ни плаќање.
Не се секирајте имали на 24вести узвинување од мртв по грешка се испратени тие, ни се бунете ни плаќајте ќе се среди тоа нема потреба од паника. Инаку провизија најефитна е во Комерциална банка 8 денари.
оф јуле и јас се мислев така ама не бива ке ти се намножат повеке сметки и ке ти ја блокираат сметката и за 190 денари ке ти турат камата и изврсител и 200 евра ке те ти се фати