Грешка или не, ова комотно ќе го наречам злоупотреба на лични податоци. Од каде им се моите податоци? Комерцијална Банка каде што имам трансакциска сметка изигрува добар домаќин кон МРТ со доверливите податоци на граѓаните, или??? Инаку да, секој има право на приговор кон решението, си го пишува тоа на истото, но ова не е за приговор за сметка која ќе стигне на истиот корисник следниот месец, ова е работа која треба да се оконча. Можеби затоа свесно го ставиле барањето за укинување на двојното плаќање за исто домаќинство на сајтот на МРТ. Податок повеќе: http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/88 ... a-podatoci „Решенијата за радиодифузна такса за 8 и 9 месец 2012 година доцнат поради ажурирањето на базата на податоци за обврзниците за радиодифузната такса кои произлегуваат од промените на имињата и броевите на улиците. Од МРТ соопштуваат дека доставувањето на овие решенија е во тек. -Доколку поради воспоставувањето на нов Регистер на обврзници за радиодифузна такса се појават недоследности, неточни податоци, задолжување со повеќе решенија за едно семејно домаќинство, за сите исправки граѓаните можат своите барања во врска со решенијата за радиодифузната такса да ги достават по пошта на следнава адреса: ЈП Македонска радио телевизија, Одделение за радиодифузна такса Бул. Гоце Делчев бб 1000 Скопје или да се јават на следниве телефони: 02 55 11 796; 02 55 14 447 или 02 55 14 435, соопштуваат од македонската телевизија.“
не бесплатен лист е налице место ти го даваат направија се каша попара и сега оди ние да ги исправуваме а стварно од кај му се нашите матични броеви?????
За пари да ти земат имаат право да ги дадат без наша дозвола За да ти дадат nо wау! Овци сме, ќе не стрижат. Немаме глас да се побуниме масовно, затоа ќе си плаќаме допрва за уште многу работи.
Meрлинка у право си 102,3 посто, ама што да им кажам, да не се нервираат и секираат, зашто деновиве сите нагрнаа со истава тема, па чув на 24 вести па да споделам. Инаку имате право на приговор, и плус ова во секоја друга земја ова не би се протнало туку така, но сепак кај нас се е можно! Инаку ова е против законито ама ајде да не навлагам толку длабоко. Битно НЕ плаќајте, на сите што ви стигнало, на мене не ми стигна, се надевам и дека нема. Мислам дека нема да има никакви последици и доколку рештите да ја игнорирате сметката и само на тоа да остане, не за друго да ви скратам мака од нервози по шалтери.
јуле зборам за ова регуларното што треба да се плака од 190 денари секој месец што ни стигнува неможеш да не го платиш ти викам ке те дадат на извршител одма бре срце нели гледаш се е зинато по пари само бугетот да се полни абе резили невидени ова ни во тангузија го нема ова само во мк може да се сретне
И стигнало ваква сметка на една другарка, иселена е 15 години, регистрирана е во МВР како иселена! Туку мене нешто ми прободе очи тука малку. Кој тоа ви блокира сметка во банка за неплатена сметка на МРТ? И ОК сте вие со тоа? Банката треба вас да ве штити, нивната клиентела, со ваши пари постојат и тие имаат корист од вас а не вие од нив. Никој треба да го нема тоа право да ви блокира банковна сметка, освен самата банка моментално, додека може да стапи во контакт со вас, или вие со нив ако ви е одбиена картичка, во случај ако се сомнева дека некој ве краде, за да ве заштити вас! Нека дозволи мојата банка друг да има право да ми блокира сметка, или самите тие да ми блокираат сметка за корист на трета личност/фирма или држава, денар нема од моја пара повеќе да видат!
Извршител ти ја блокира сметката и покрај долгот си наплаќа и камати и трошоци(за адвокат, извршител и нотар) па така долгот речиси ти се дуплира. Е тоа е најголемата мана што платите почнаа да одат на трансакциска сметка. И да немаш пари на сметката, таа ти е блокирана од извршител и при прв прилив на пари, прво се намирува извршителот па после ако остане за тебе нешто.
токму така и по закон е да ти заджат 30%од платата ама во нашата глупа македонија колку имаш толку ти зема пример ако имаш долг од 20,000 денари а имаш прилив од 10,000 денари он ти ги зема одма сите а ти мисли се дали камења или земја ке јадеш цел месец нееее премногу власт му дадоа на ова извршителите нивниот трошок над 9,000 денари изнесува минимално
Банките немаат тука никаква улога, кога ќе стаса судска одлука од извршител се блокираат сметките во сите банки во кои лицето има сметки, се додека долгот не се наплати. За жал, тогаш се плаќа и дополнителна провизија за извршителот, која може да биде и поголема од самиот долг.
Го прочитав и јас законот, барав оти не е во ред ова, и баш чудно ми стана кој има таква сила, и на мое неверување видов уште вчера паметниве што закон изгласале, па таква сила им дале на извршителите. Раснете уши. Не се нормални бе. Чепкање на сметките во банка на физички лица, каква инвазија на приватност! Уште да им дозволат со закон на извршителите да употребат сила за наплаќање на долг со сексуална услуга. Каков аир од тоа да земеш леб од некој на ваков начин од обичен граѓанин, испразни му ја целата сметка бе, нека пасе трава цел месец, додека бизнисмените гарант си префрлаат пари во странски банки, па нека иде извршител таму да проба да блокира сметка. Демократска држава?
Бев прееска во банка и една жена пред мене што плаќаше за таксава и кажуваше на вработената дека на сите 5 члена од нејзиното семејство им стигнала сметка за плаќање. И не само тоа, туку уште едни сметки (дупли) им стигнале и на старото место на живеење + на ќерката и стигнала сметка и на новата адреса кај што била мажена. И што сега, имаат судска одлука да им ги земат податоците (и стари и нови) на сите луѓе и да ги замараат безпотребно со вакви работи?
Некња и кај нас дома стигна..Ама татко ми бидејќи се знае со директорката на ујп ја прашал и таа рекла дека тоа била некоја грешка Мислам како може грешка бре на секое семејство му стигнало такво писмо Нее додека ние си трпиме тие ќе не дерат.Исто така и на чичко ми му стигнало на викендицата која сеуште не е изградена а не пак телевизор да има.Е што духовите гледаат тв
Мора да ја корегираат сами! Нивна грешка, мора да повлечат сите нелегални сметки што ви стигнале на адреса. Ама ајде за секој случај прашајте во УЈП. Но на 24 вести кажа дека сами ќе корегираат. НЕ се нормални, секаде различно. А лично гледав на 24 вести директорот рече дека сами ќа ја исорават грешката, и ај сеа. за секој случај пбратете се на броевиве, за најсигурно, да е плуакте по мене после, зашто неќам да ве зафркнам.
Неможам да редактирам,ама најдов нешто што можеби и може да ви помогне, зашто читам на друг форум не им кревала од МРТВ на телефон Spoiler Еве еден начин за да го решите овај хаос со РДТ Пополнете го ова барање и испратете го на нивната адреса препорачано. Ставете и опомена пред тужба составена од адвокат за нарушување на грајѓанско право .... знае адвокат што иде за вакви малверзации и заедно со барањето препорачано до нив на нивна адреса . Се разбира не морате ова второво али е препорачливо. Од извор на невладини организации добив информација дека може да се прати заедничко писмо до двете слузби, на УЈП и на МРТВ . Кога и дали ќе се реализира ова од нивна страна незнам, но сигурно нема да седат со скрстени раце, иницијативата е испратена и се чека мислење . Еве коко изгледа документот - Б А Р А Њ Е Име и презиме _____________________________________________________________ Живеалиште и адреса ________________________________________________________ ____________________________________________________________________________ Барам од насловот да изврши исправка во регистерот на Обврзници за РДТ поради следните причини (да се заокружат причините): 1. Промена на адресни податоци; 2. Двојно задолжување на исто семејно домаќинство; 3. Ослободување од плаќање на РДТ,согласно со член 146, став 3, од Законот за радиодифузна дејност ,(оштетен вид или слух ); 4. Физички лица обврзници за РД такса кои досега не се регистрирани; 5. Починати лица илиникој не живее (празен стан) ; 6. Починат член на семејното домаќинство; Образложение: ____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________ ЗАБЕЛЕШКА: __________________ _________________________ (Mесто и датум) Барател линк за преземање на документот - БАРАЊЕ ДО СЕКТОР ЗА РАДИОДИФУЗНА ТАКСА
Aбе тие мислат даваат Госпип грл, и треба да им плаќам 190 денара Ма, немој молим те, а филмовите со индијанци и каубојци од 60тите?
Значи овие не се нормални, сега пред малку ја видов сметката што стигнала денес и тоа на име на дедо ми стигнуваше, а тој цели 6 год. е починат,а сега на име на баба која исто така е почината и покрај тоа и на името на мајка ми и татко ми, значи доџе ми да вриснем е работава со ова,а ама се надевам дека се работи за некоја грешка, затоа што никој нормален нема да им ги плати сметките.
јас се одлучив да не одам во ујп и да не се малтертирам нели се по*рале нека си се избришат сами во спротивно тузбата не им бега