Не се нормални ама воопшто.... вчера стасаа 2 фактури и кај нас, едната на името на татко ми (што си доаѓа редовно) а другата на мое име . Како и да е, планирам во понеделник да одам во УЈП и да поднесам жалба. П.С кај ме најдоа мене, од сите во семејството јас ама ИЧ не гледам телевизија
1 - Катастрофално е што ги имаат и нашите матични броеви, од каде, кој им ги дал нашите приватни податоци...?????? 2 - Поради извршителот банката може да ви ги земе парите и да ви ја блокира сметката без да знаете. Ќе пазарите во маркет и кога ќе сакате да платите со картичката ќе се чудите кога ќе ви речат: блокирана ви е. Зошто банките или извршителите, кои се опрани од дрпање пари од народов, барем во најмала рака не ве информираат претходно дека ќе ви земат пари? Туку ве прават будала пред сите.
Епа најновото е дека треба да отидеш во ујп и да поднесеш барање незнам какво така слушнав и со тоа да не плаќаш за сите членови во фамилија
Во случај на Двојно задолжување со РД такса на едно семејно домаќинство, потребно е да се пополни Барање и во прилог да се достават: • Фотокопии од двете решенијa за РД такса издадени од УЈП; • Фотокопија од двете сметки за електрична енергија; - за ова не сум сигурна затоа што во Барањето пак не пишува дека треба сметки • Фотокопија од лична карта - од двајцата Еве повелете и линк од Барањето што треба да се пополни и да се достави во Македонска телевизија http://www.mtv.com.mk/upload/Dokumenti/Baranje_RDT.pdf Јас денеска го пополнувам и планирам утре да им отидам Поздрав,
Мене ме интересира што ако не се поднесе ова барање, а стигнати се сметки за се живо и неживо по дома? Нема сами да си ја поправат грешката, ќе те дадат на извршител или што? Гледам дека во барањево постои точка и за починати, па да им носиш доказ дека се починати итн...замарање и малтретирање до бескрај!
Доообро осмислена пљачка, БРАВО! Немам коментар, освен сигурна причина за тужба, бидејќи не знам по кој основ праќаат сметки за луѓе кои одамна се починати (a и двојни, тројни итн сметки за исто домаќинство) и никогаш порано не ни биле носители за плаќање на таксава. Не знаев дека и таму горе гледаат телевизија, па уште и македонската да ти била. Е да, во тој случај сите треба да си платат... Извинете за црниов хумор, ама стварно е иритантно сето ова.
Од која година се воведе радиодифузната такса за задолжителна, мислам од кога ја направија 130 ден, 2010 чинам беше или порано?
Денес татко ми беше до УЈП, завршил одма работа. Таму вработените сами пополнувале некаков формулар и толку.
ова е врвот на мизеријата. Па кога веќе на секој посебно ни носат сметки за радиодифузна такса, нека ни купат и на сите по еден телевизор. А за мене има 2 сметки за плаќање, едната е стигата кај што живеам со мм а адругата кај мајка ми и татко ми
Ние за три години немаме воопшто платено радиодифузна такса, не знам ни каде се сметките. Може ли во пошта или банка сеедно да се наплатат сите сметки за една година на една уплатница, зошто нема шанса да ги соберам сите 36 сметки за трите години. Има некој вака плаќано?
Можеш врз основа на интерна шифра под која се водиш кај нив. На сметка си стои таа интерна шифра а ако немаш ниедна сметка тогаш ќе мораш да појдеш до нив за да ја дознаеш и на таа основа уплатиш за да го раскнижат долгот
Фала многу на одговорите Славица, јас имам сметки, не дека немам ниту една од оваа години и ми се плаќани туку проблемот беше за претходните години зошто ги нема, сигурно се забаталени некаде.Значи јас може да отидам во банка и врз основа на пример на последната сметка да речам да ми ги наплатат сите сметки за 2011 година, бидејќи од таа сметка може да се виде интерната шифра.
Да дефинитивно било "грешка" ова. Треба да се пријавиш и толку. Дечко ми вика дека било финта да се ажурираат податоци за матични, кој каде живее, кој е починат и слично. Не направија попис па сеа луѓево сами се пријавуваат. Јака фора. Многу мала грешка направиле. само околу 2 милиони писма по грешка. Нема врска шо
Не знам за ова како и зошто, ама два милиони да се каже е претерано. Јас на пример не познавам луѓе на кои им стигнала повеќе од една сметка. Тогаш едино на форумов што прочитав.
Нека се и еден милион писма/сметки по грешка. Малку ли се? Еден милион пликоа х 1 денар = 1.000.000 денари Еден милион пликоа х 16 денари поштарина = 16.000.000 денари (барем јас толку плаќам кога праќам) Еден милион листови х 1 денар = 1.000.000 денари ( лист, тонер ) сума сумарум 18.000.000 денари или 292.683 евра ПО ГРЕШКА А чии пари? НАШИ п.с. во пресметката не е рачунато дека некој ќе земе плата за тоа што штампал, праќал итн. Друга работа, ако некој по грешка потрошил 18.000.000 денари државни пари, не ли треба да сноси одговорност? Трета работа. Јас се јавив во УЈП и ми рекоа (пред два дена) - ќе одите Мтв, прв спрат, соба број ...заборавив Е арно. Денес 100 души нека отидат со кола и нека паркираат пред мтв и нека имаат луда среќа да завршат работа за еден час, ќе платат само 25 денари. (100 х 25 = 2500 во џепчето на државата). Уште толку нека отидат со автобус (100 х 35 = 3500 ) Грешка жими га*ов.