1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Радиодифузна такса на МТВ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од UbavkaBube, 27 јули 2010.

  1. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    не знам дали веќе постои ваква тема на форумов, се надевам ако постои нема да ми се налутите што ја отворам и тука ама не најдов никаде ништо на оваа тема. е сега, низ муабети со луѓе, а два дена од време на време вклучувам и мтв телевизија - слушам и читам дека таксата е задолжителна. знам дека изнесува 130 ден месечно за физички лица, ама немам идеа од кога /месец, година/ истата требало да се плаќа. и дали на некого воопшто на домашна адреса му дошло решение за наплата на истата, а ако не има ли некој поим каде се подигаат истите?
     
  2. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    РДТ на МТВ, значи мислам декае нее од сега и одсекогаш се плаќа.
    Се плаќа ради тоа што МТВ имаат големи апетити, па мораат да јадат од нас(читај меѓу редови ).
     
  3. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    да. се плаќало од секогаш. ама едно време се заташкала работата, па за да се ,,вивнат во облаците,, со содржини и што ти не, нели, овај, управниот одбор на MRTVдонел одлука дека мора да се плаќа. значи за сите физџички и правни лица, последните три месеци од 2009-та и од 2010 навака нормално по дифолт редовно и секогаш. ама сега фрката е ако не ја плаќаш ќе ти земаат пари од трансакциска, па ај што ќе ти земат 130 денари месечно, туку ќе си платиш и тоа таксата за извршителот.....ради процедурата....а таа е некаде 6.ооо денари ....па на здравје нека ни е :@ :@ :emo:
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.397
    На многу луѓе им нема стигнато, веројатно не е лошо човек да се распраша во МТВ.
     
  5. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Ова владиштево, што ги отвори трансакциските!!! Ух.....никогаш нема да чувам пари во банка или во штедилница! Тогаш ќе биде исто како да ги немам!
     
  6. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    никогаш никаде ни нема стигнато нешо такво ни дома и у фирма,ако ситгнело нешо дека треба да се плати нормално дека ке платиме нема да бидеме ни сиромашни ни побогати за 130 ден али тие идиотите комотно можам да кажам така од банка ни земале,ни повлекле 7500 денари :devil: :devil: заради тоа шо сме немале платено ,мислам со кој памет :devil: :devil: :@ ,и не сме ние првите шо така ни повлекле пари има уше многу луге кој така ги по*бале..

    СРАМОТА!!!!
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Кај нас дома стигна и плативме. Ама проблемот е што не доаѓа редовно. Да доаѓа редовно - ќе си плаќаме (130 денари не се многу месечно). Ама татко ми вика, ако дојде наеднаш за 12 месеци - не плаќам, па што сака нека биде.
     
  8. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Нас ни стигнаа решенија, но не ги плаќаме одеднаш. Зависи, како кога имам пари, плаќам најмногу по три месеци одеднаш.
     
  9. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Девојки фала ви на одговорите. Кај нас се` уште нема стигнато решенија и кај да е ќе одам до MTB да си ги земам јас. Тоа кај да е ќе биде кога времево малку ќе залади :@
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Радиодуфузна такса на МТВ

    И еве сега дома по пошта стигнуваат сметките за симболични 130 ден. Па уште и преку УЈП и ако не платиш, тааап извршители на врата.
    Не е работата за 130 ден. туку начинот и причината зошто да плаќаме. Е сега уште да им текне и за радио да ни наплатат и евентуално за антена или сателитска антена кој има по дома. :x
     
  11. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Радиодуфузна такса на МТВ

    Сакале или не пошто е државна мора да се плаќа како данокот на пример, ај за плаќање ќе плаќаме-мора, туку дај некој нека ми каже за што плаќаме? Кој и што гледате на таа телевизија жити се ако има такви...
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Радиодуфузна такса на МТВ

    Ќе плаќаме за да гледаме неспособен кадар таму. И снимки од четрсдруга година. Имбецили, вршат терор низ народот. Ако се веќе државна телевизија барем нека понудат квалитет како ХРТ на пример, а овие ем седат по цел ден и НИШТО не прават. И да, МТВ треба нас да ни плаќа за да ја гледаме. Нека ми дојдат извршители да ми го соберат отпадот од по дома, и така има многу работи во подрум за фрлање. Ни па сакам вмровски кампањи да гледам, како државна ТВ треба да е најобјективна, а не од каде дува ветерот од таму газот да го врти. Уште да ме известат кога серел Грујо ебате.
     
  13. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Радиодуфузна такса на МТВ

    Според мене програмава треба да биде укинета и да биде направена нова и подобра со добар пренос и без технички грешки.

    Програмава е направена за пензионери изгледа (дедо ми ја гледа) се има за нивните потреби: вести,иселенички џубокс, фолк емисиите, политичките емисии, емисии од нивното време, и дечиња кај што пеат од нивното време кои можеби сега им се пријател(к)и.

    Исто така немаат ништо ново се истите работи ги даваат, ниту некој филм асален да дадат само некои стари кои веќе се бидени на некои од подобрите програми од пред 5 години. А овде ги кажувата како хит нов филм не знам што... Апсолутно програмава не вреди па глупаво е и да се плаќа ама ајде...

    Исто така тие што зборуваат што пренесуваат од нешто во живо од некој настан наместо да ни го направат позабавен и поинтересен наместо да ги задржат гледачите, наместо еднаш барем да не задржат кога бараме по програмите на оваа програма наместо како наша државна програма да понудат толку многу тие се катастрофални! Како што кажа Офспринг хрватската треба да им биде за пример. Се има и вести, и забавни програми, и политички, и за младите и филмови и серии комплетна програма,а не како нашиве.
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Радиодуфузна такса на МТВ

    Јас се каам што и за минатата година платив,и сега плаќам последователно,од пусти страв од извршители,само не ми е јасно што се плаќа,многу неквалитет сувопарност,обоено со политика..
    Така е тоа, што се вика дури има овци за стрижење ке има и волна :emo:
     
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Радиодуфузна такса на МТВ

    Не се секирај, сега пред избори не им је во корист да праќаат извршители... :lol:
     
  16. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Радиодуфузна такса на МТВ

    Не гледам МРТВ, не знам ни на кој канал ми е, ако воопшто
    ја имам најдено програмата :^) , сметка ми нема стигнато
    имам слушнато само дека работата е таква ко што сте ја опишале
    нејсе, јас не плаќам, па што сака нека биде. ]:)
     
  17. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Радиодуфузна такса на МТВ

    Ама ќе дојдат да ти го земат телевизорот
    :rofl: :lol: :D :rofl: :rofl: :P
     
  18. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Радиодуфузна такса на МТВ

    Нека го носат, комотно :rock:
    само за компјутерот очи вадам :)
     
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Радиодуфузна такса на МТВ

    Стигнала сметка на име куќен совет. Како може куќен совет да плаќа за МТВ , која логика, да не има телевизор во лифт, па гледаме Иселенички џубокс ? Страшна работа, па куќниот совет располага со скалите , лифтот и пумпите, нема свои простории.
    Значи не се нормални .
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Радиодуфузна такса на МТВ

    Таксава од 130ден. ќе поскапела на 190ден.
    Така најавија. :|