Најголема грешка е после една,две кавги во бракот одма развод.Ни еден брак не е идеален ,секаде има кавги па ако сите се разведуваат одма свршивме работа.Секој човек си има нервози и проблеми не велам не,добро е што и ти си ја признаваш грешката.Како што те посоветуваа и некои други вас ви треба време само за вас двајца,без деца,без работа,без никој.Доколку сте во можност отидете неколку дена некаде сами,разговарајте,воочете каде се грешките и на двајцата и обидете се да го решите тоа.Тој е разочаран моментално претпоставувам и неразумно размислува.Тоа што ти рекол дека ако се разведете 15 дена ќе се кај тебе децата 15 кај него нема шанси бидејќи ниту еден судија не би донесол таква одлука при случај на развод.Доколку не дај боже дојде до развод најдобро е меѓу вас да се договорите кај кого ќе останат децата без да ги прашувате нив бидејќи така ќе биде уште полошо.ЗА тоа дека има друга не те наведувам на такво мислење бидејќи гледам дека ти не се сомневаш во тоа и ја знаеш која е причината па тука според мене нема место за сомнеж.Лесно е да кажеме ние од страна ако сака развод значи има друга,не мора да значи дека афера е единствената причина за развод,може да има 101 причина.Ти најдобро го познаваш својот сопруг и сигурна сум дека можеш да процениш дали има или нема друга.Јас од моја гледна точка можам да ти кажам што мислам,но никако не можам да ти кажам што да правиш.Сепак одлуката е твоја,а сигурна сум дека ќе одлучиш правилно за себе и своето семејство.
Ако мислиш дека си пробала се, тогаш можеби е подобро да се повлечеш. Не знам како е, имаш 2 деца..тоа е уште потешко, но сум имала 5,5 годишна врска и знам дека што повеќе притискаш, тоа е полошо и ќе има контраефект. Можеш ли да одиш кај мајка ти? Едноставно земи ги децата и оди кај неа на неколку дена или недела. Не да се преселиш, туку земи тоа што ти е потребно и едноставно отиди кај неа. Без расправии без ништо. Најубаво додека он не е дома. Остави му порака: дека направи се што можеше, ама за љубов се потребни двајца. И ќе видиш како ќе реагира. Можеби доколку види дека те губи, ќе сфати дека не може да продолжи без вас. Не знам дали е најдобар совет ова. Само кажувам како јас би постапила..ама секој е различен, секоја ситуација е различна. Ете нека кажат и другите девојки што мислат. Искрено и мене ме боли кога читам вакви работи, но од искуство имам научено дека човек не можеш да го натераш на ништо со сила. Некогаш ни треба време да бидеме сами за да сфатиме некои работи.
Види понатака сама е тешко, но проаѓа и тоа..И ти ќе си се најдеш себе си и ќе продолжиш .Животот оди понатака, а ти богами има и за што да живееш. Но мислам дека нема да дојде до тоа ..Убедена сум дека е длабоко разочаран и дека секојдневните расправии и немање време еден со друг придонеле работата да стигне до ова...Ајде пробај, воопшто ништо да не му спомнуваш.Дозволи да помисли дека и он те загубил тебе (бар накратко)...Мислам советов е малку за тинејџерска љубов, но некад и тоа многу често палело(во минатото).Не му покажувај очај.Биди малку до себе, ама никако не инсистирај на развод, ниту пак да го молиш да се смирите.Он што ќе ти збори, ти ќути си.Малку смени го однесувањето.Нека увиди дека има промена кај тебе... Може навистина му пукнал филмот и не сака сега за сега да прифати друга опција...Они многу не размислуваат како нас..ако е сигурен 100% дека сака развод, не би го криел тоа...Пробај и така..
Премногу далеку отишле работите во погрешен правец и сега кога пробуваш “рикверц“ да се вратиш не е лесно.Тој е повреден и лут и што и да правиш за да му се приближиш негу му доаѓа изсилено.Исто како кога после долга расправија на некој му бараш да ти се извини и на крај кога ќе ти рече е добро де извини тоа извини не го постигнува ефектот зашто е изнудено. Но, доколку ТИ сеуште имаш искрени чувства за твојот маж, не затоа што сте во брак и што ќе речат луѓето, не заради стравот што ќе правиш сама, туку навистина и покрај сите груби зборови (верувам ги кажал па макар и во афект!) и покрај неговото сегашно ладно однесување вистински го сакаш, тогаш побарај од него да се одделите извесен период, да не избрзувате со постапка за развод.Тој период нека не биде стриктно врзан за денови или месеци, нека тече спонтано, за да вие двајцата се преиспитате себе си што и како понатаму и за да можат и децата да се привикнат на новонастанатата состојба.Отиди кај твоите со децата но не само пасивно да седиш и чекаш.Јавувај му се на телефон чисто да го прашаш како е и да го известиш за децата , но не претерувај и со тоа.Предложи му да излезете на кафе каде ќе ви биде забрането да зборите за проблемите од порано туку ќе водите неформален разговор па макар и за најновите трачеви од Скандал.И тие излегувања нека бидат 2-пати неделно и нека траат по саат-два.Во сабота/недела тој сам нека се прошета со едното дете пошто другово е бебче нели, било во зоолошка било дома кај неговите.Нека импровизира, нека се снаоѓа да види што го чека.А исто и ти ќе се припремаш психички како би изгледало доколку се разведете. Сепак треба да бидеш подготвена да прифатиш дека со сила неможеш да натераш некој да те сака.Тој еднаш те сакал но тоа не е гаранција дека вторпат ќе се повтори.Сепак се десиле работи кои ве смениле и двајцата. Можеш да пробаш да ја вратиш приближно “магијата“ од првиот пат но биди спремна и дека можеш да изгубиш. А за тоа како понатаму сама?Прво не си сама ги имаш децата, а другото со борба од ден за ден.Кога се раѓаме не ни даваат упатство како понатаму во животот.Се е импровизација.Некогаш од некој паталец или гаталец ќе чуеме совет како, што и некогаш ќе ископираме нешто ама некогаш и сами на сопствена кожа мораме да осетиме па да пренесеме понатаму. Животот е тркало и се дур се тркала добро е.
Знае што МаМа едно ке ти кажам ја поминувам сеуште таа фаза, веке се чеак само писмено да се разведеме.Јас долго време пред да дссе уверувам дека се мота уште со бившата, нње видов директно но одоколку по постапките понатака почанв да се уверувам и се ми стана јасно, но пред да се уверам јас потсвесно се сомневама почан во сексот највеке да се мена тука најпрво ,и пак бев во заблуда си векав ај може ке му пројде период му е , жими мајка си продолжуваше после извесно време пак истаста ситуација, понатак почна да бриша телефонски повици, све он нешто имал работа па се вадеше требал да оди негде, што да ти кажувам и мене почна да ми се отвараат очите и сама да се уварувам дека тој за разлика од мене ни најмалце не е за мене, почнав да оладувам према него можеби несум го сакала колку жто сум мислела, и решив да се го оставам.Значти ставив црта, све што било поминало, и несакам да се вратри, фаламу на господ што сме немале деца, тука највеќе сум имала срека.Е сега што ми е муабетов за тебе. Убаво отвориси ги очите проверувај му скришно телефон и следново, следи го негде обавезно ако ти каже дека ке оди, дали со такси небитно.О тоа нјвеке ти зависи сутуацвија, ако си дала се од себе овој период за да се поправите види го неговиот однос значи не форсирај могу за не бидес досадна, мажите несакат да ги молиш, биди малце погорда. Аковидиш мал позитивен знак од негова страна дајте си шанса, ако НЕ гледаш никакво подобробање, отидиси кај твоите со децата и биди таму некое време, и остави го да те моли ако му значиш ке те побара.Ајде срекно па да пишеш види кој реферат ти напишав.Позз.
Во никој случај немој да го напушташ сопствениот дом.тоа ќе ти биде катастрофална грешка.Ако заминеш ќе биде уште полошо,сеуште ништо не е изгубено.Напротив смогни сили и започни да се бориш за да го сочуваш бракот. Како што гледам ти не се сложуваш да се разведете,значи не е се завршено...концентрирај се кон тоа да ја вратиш топлината и ведрината во домот,пред се поради твоите две мали ангелчиња.Минувате низ тешка криза и верувај разводот не е решение.Ако сопругот не може да го увиди тоа барем ти остани присебна и смирена...остави работите да течат спонтано со помалку кавги и нервози,ќе видиш наскоро се ќе си дојде на свое место само не очајувај.Не го притискај туку со дела и од твоето однесување нека увиди дека знаеш каде си згрешила и дека работиш на тоа да се промениш. Не ги вмешувајте во ова ниту твоите ниту неговите родители.Така може да настане само уште поголем хаос кој повеќе ке ви наштети на двајцата отколку што ќе ви помогне.Најубаво е сами да си го решите ова.
Za zal potpisavme dokumenti za razvod.. Se sto bese do mene napraviv, ama nego mu bilo kasno...on se odseli od doma,jas i decata sme si doma i tuka i ke si ostaneme,srekni i nasmeani,a nego ako mu e ubavo bez semejstvoto togas nema da mu stojam na patot. So sila ubavina ne biva... Veke se naviknav, on doaga da donese se sto treba i da go seta pogolemoto i normalno komunicirame za decata,bitno oni da ne patat i da imaat dvajca roditeli sto gi sakaat, a jas moram da bidam sekogas nasmeana za niv...pa taka glavata gore i zivotot odi ponatamu...ke vidime sto ke ni donese vremeto... svativ deka nisto vo zivotov ne odi po plan
Добро е барем што ти и децата сте си останале дома а тој се одселил.Вака барем децата полесно ќе го поминат овој момент одколку да се селат и се да им е понакво. Само храбро понатаму
Многу ми е жал мама32,се надевам ќе му дојде умот и ќе се пишмани по со време.Само храбро со тебе сме
Според мене подобро е да не се врати, зошто секогаш ќе ви остане оваа ситуација, и доколку се врати ќе имате моменти ког аќе се сетите на ова. Штом човекот тргнал да си оди, подобро пушти го, заборави го и почни си нов живот. Едноставно не бил за тебе. Фала му на Бога за преубавите два најголеми дарови кои ти ги подарил во животот. Мислам дека и подобро ќе биде што побрзо да го прифатиш фактот дека веќе не сте заедно, дека сега поголем дел од обврските и времето со децата ќе биде само МАМА. Без разлика на тоа што тој доаѓа , помага , и сл. не го сфаќај тоа лично и нека не ти биде надеж дека пак ќе биде се по старо. Овој совет го давам со цел да не ти дојде како шок ако дојдат до тебе информации дека тој веќе продолжил со животот(има девојка, сака да се жени.....). Можеби малку сурово звучи мојот пост, но мислам дека е доста реален. Сите можеме да делиме совети за тешење, за храбрење, да ти викаме дека ќе се врати... но, треба да се погледне реално и од една друга страна. Затоа биди храбра, гушкај ги дечињата, радувај им се и најважно ПРОДОЛЖИ СО ЖИВОТОТ. Млада си и заслужуваш втора, подобра шанса, а и можеш да ја имаш. Пушти нека помине време, да се стабилизираш, да ги средиш своите мисли , па кога ќе се осетиш спремна излези и уживај во животот. Неможе никој маж на светот да биде главен во нашиот живот(освен синот, за оние кои го имаат ) и од него да ни зависи, среќата, радоста... Ти посакувам убав, ма најубав живот во иднина и многу среќа, а најважно секогаш да си исполнета со љубов.
podobro e da se razvedes,zemi gi decata so tebe toj neka tera kako saka,,ako ti treba neso pomos bilo so jas ke ti pomognam Gospod e golem Onoj ke mu se odmazdi
Ви благодарам на сите за поддршката и понудената помош. Во поголемиот дел од времето сме ок, има тешки моменти ама мора да се издржи..... Господинот веќе и јавно си се шета со новата жена која ја има од пред 2 месеца и таа на цела нејзина фамилија се фали дека ќе се мажи....така да испадна вистина тоа дека маж не растура семејство освен ако не е заљубен во друга жена..... Највеќе ме боли тоа што никаква почит нема према жената што му дала СЕ во животот! Го молам Господ децата да не патат...ги родив за да имаат убав живот, не да бидат растргнати....никогаш не ни помислував дека може ова да се случи....
Главата горе и продолжи напред со самоуверен чекор,таква лишка не ти треба Дечињата се со тебе,биди силна и храбра заради нив и заради себе...него бриши го од животот како да не постоел.Не вреди како човек кој заради едно курвиче си го растурил семејството и домот. Знам ќе речеш лесно е за друг да се кажува но,знај така е...времето е лек за сите рани. А господ гледа,само не е мачка па да драсни....еден ден се ќе му биде наплатено и тоа со камата!!!!
Ги читав твоите постови претходно и многу ми е жал за прочитаново. Не можам да верувам какви луѓе постојат. Како може една жена да му е побитна од сопствената жена и деца? Сепак, штом е ваков, не ти е ни потребен во животот. Знам дека ти е многу тешко и ниедни зборови не можат да те утешат, но мора да бидеш храбра и цврста пред се заради своето здравје, потребна си им на децата, но и за децата да ги изведиш на вистинскиот пат.
MAMA,само ќе кажам каде е суштината на проблемот.господинот нема храброст да се соочи со реалноста,со вистинскиот живот,не е пожртвуван родител и го фатил најлесниот пат.не му е проблемот за тебе како жена,туку со оваа другата е на почеток,знаеш секој кога купува нешто ново многу му се радува,нели го кажувам како пример,но откако ќе се ожени со неа и ќе заживеат заедно,па и да остане бремена и неа ќе ја напушти.затоа што е кукавица што и да речам нема да те утешам,но знај сите сме со тебе,чувај си ги дечињата тие ти се највредни на свет,а мажи има колку што сакаш.тој човек ќе биде омразен од вашите деца,ќе пораснат,ќе разбираат и ќе го отфрлат зашто заминал со друга.е тогаш ќе се сети што направил и ќе го боли,но ќе биде доцна.
Уф...колку лоша ситуација-бессрамник... Најбитни сте ти и дечињата ваши,кои не се виновни за ништо,тие ќе ти даваат храброст и поттик за што понатаму,а нека се филма дотичнот дека 15 дена ќе бидат со него-15 со тебе... Децата си одат со мајката...колку ќе му дозволи судот толку ќе ги гледа,а секако според ситуацијава се е во твоја корист...тој те напушта заради друга жена... Да животот ти е срушен,со тек на време мораш да научиш да го градиш...Ќе си изградиш добар нов живот за тебе и твоите две сонциња... Вакав идиот (извини) не ти е потребен во животот...Можеби понатаму...многу понатаму,сега ни на памет не ти е... ќе најдеш некој кој ќе те цени и ќе заслужи да му дадеш се во животот Запомни ти си силна жена!!!!Мајка на две дечиња тие се најбитни во животот а ние мајките се правиме за нашите чеда...ТИ ПОСАКУВАМ СЕ НАЈУБАВО....
Фала ви за поддршката. Денес бевме во социјално, да се потврди дека децата ќе живеат со мене а он ќе може непречено да ги гледа....е колку често ќе ги гледа останува на неговата совест. Битно со таа калаштура нема да си играат фамилија со мојте деца....може да ги гледа сам и само нека проба да ми го погази зборот. А и сам ќе си види за некое време за каква личност си го растури семејството. Ќе си осети на своја кожа , пошто никој не научил ништо од туѓите грешки. Мора да се изгориш за да знаеш што е врело. Не ми се верува во каква бура ми се претвори животот. Тоа е, ние жените никогаш не би им го растуриле семејството на децата, зашто тоа им е основа, потпора во животот. Сега тоа им е срушено.... Само мајка може да осети колку боли детето да ти пати. А мажите, мајка му одсекогаш велеше: маж со тоа што прави со тоа сака. Не и верував на жената и велев он е поинаков.... На никој не му се верува од каков човек во каков се претвори.....дури сите околу се осеќаат баш разочарани во машкиот род од овој шок....
Зошто е таа калаштура де, кога ти во првите постови велеше дека нема друга? Што е таа виновна што мажот твој престанал да те сака и што сама си свесна за вашите грешки? Јас да сум како тебе баш ќе ги оставам децата со нив, зошто тој сепак им е татко а таа негова избраничка. После читаме во други теми како децата од првата,не ја прифаќаат втората. Па нормално нема кога некој им ја полни главата. Нема потреба од ваакви работи, дека со тоа само ќе придонесеш да таткото се оддалечи од децата. А што кога втората ќе роди? Тоа нема да биде братче или сестриче на твоите деца? Него нема да смеат да го сакаат? Така подоцна твоите деца ќе бидат љубоморни на него и ке израснат во гневни личности, наместо во нормални и здрави особи. Како ќе ти биде утре ти да сакаш да се премажиш за некој друг и да вложиш се за да успеете а неговите деца тоа тебе да ти го прават? Не е убаво не. Ако вторава е лоша или на било кој начин лошо влијае на децата твои, тогаш те разбирам, но вака не.