Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разведени со деца

Дискусија во 'Брак' започната од mama32, 29 ноември 2012.

  1. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    мама32 продолжи само стабилно и цврсто...Ако децата ти се први и пред се во животот, сигурна сум дека за неколку години ќе ги видиш резултатите од твојата посветеност... Јас израснав така... Се заљуби и си отиде, не остави нас и мајка ми...Од нигде никаде...И него му оставија да не гледа кога сака...Па никогаш не се јави...Алиментација даваше само ако побаравме...Поминавме се и сешто...Односно мајка ми помина се и сешто...И секогаш знаевме дека секој нареден ден мора и ќе биде посреќен ден...Јас и сестра ми израснавме во културно воспитани девојки, факултетски образовани и прошетани девојки (низ Европа)... За сето време имавме безрезервна подршка од баба ми, дедо ми, тетка ми... Секаков вид на подршка... Јас работам од 16 години... Не зошто многу ми се работеше... Зошто сакав да и помогнам на мајка ми... И за сите овие години научив дека семејството е најбитно во животот... Да не се држевме ние заедно...Мајка ми да немаше семејство кое ќе и помогнеше... Можеби и немаше да успееме...
    Јас и сестра ми и ден денес правиме работи за да ја направиме горда нашата мајка... И ниту еднаш не ми недостигаше тој што ме направил... Мајка ми не дозволуваше ништо да ни недостига, па ни тој. И не знам колку може некој од страна да верува, меѓутоа и јас и сестра ми сме навистина среќни..во секаква смисла...
    Посакувам и ти мама32, и сите мајки кои се наоѓаат во таа ситуација, да си ги израснете дечињата онака како што вие сметате дека е правилно, и да им се радувате на сите успеси...Зошто пред се тоа ќе бидат ВАШИ успеси!!!
     
    На bubic.k, Rose96, danichap и 5 други им се допаѓа ова.
  2. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    mama32 што се случи сега? како се децта,дали татко им ги гледа редовно ? ќе можеш да пишеш? го читав ова и многу ми беше жал....
     
  3. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Јас сум разведена со дете. Не жалам за ништо. Нејзиниот татко го нема видено детето цели 5 години. После разводот поминав многу тежок период, се направив 40 кг. Личев на бостанско страшило. Луѓето околу мене мислеа дека не дај Боже имам рак или нешто слично а јас само цигари и кафе. Седев на тераса со часови и се обвинував себе си. Барав каде сум погрешила, се додека не сфатив дека никаде не сум погрешила. Барав причина зошто сум оставена а не сфаќав дека кај СРЕЌНОТО СЕМЕЈСТВО И ДОМАТИ РАСТАТ НА ДРВО. Ми требаше премногу долго време за да го разберам тоа. Одев секаде со детево и кога ќе ги видев татковците околу своите деца се затворав во себе и паѓав во уште поголема депресија. Но сфатив дека со сила убавина не бива. После толку долго време ми требаше да сфатам дека морам да продолжам со животот. И продолжив понатаму. Но како продолжив, никако. Постојано ме мачеше мислата дека немам доверба во никого. Зарем ако едно ѓубре ме повредило, сите ли ќе ме повредуваат во животот. Не така, но како некој да биде со свое достоинство со крената глава кога некој од нигде никаде го излажал и побеганл. Побегнал и не само што те оставил туку го оставил и детето.
    После доаѓа уште потешкиот момент во животот. Доаѓа потешкиот дел каде што спремен си сам да одгледуваш дете, да се бориш во животот. Каде што колку и да размислуваме поинаку ние сме уште балканци па и така размислваме. Се развела сигурно нешто и фалело или била ваква или онаква. Да била како што треба ќе била со маж и. И најтешкиот дел е што се разболело детето трчаш сам како глув, немаш со кого да споделиш како глув дремеш во собата, сама славиш родендени, славиш успех и се прашуваш што си му згрешила на Бог за да ти се случи тоа. После тоа размислуваш и ремногу за иднината. Размислуваш дека толку многу вложуваш во детето а тоа еден ден може да ти го сврти грбот. Но и да го стори тоа повторно ќе застанеш на нозе и ќе си речеш дека тоа е твоето дете. Дете не се одгледува сам. Ако било така тогаш немало да постојат разводи. И не ги разбирам мажите што заради некоја празноглава ќе го остават своето семејство. А семејство е многу. Посветување, разбирање, меѓусебна соработка, посветеност... ;( ;( ;(
     
    На Leeona_ и N.Kety им се допаѓа ова.
  4. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    69
    BunnyGirl, секоја чест за постот и за поддршката која и ја даваш на мама32... Се наежив додека го читав твоето искуство и храброста со која зрачиш ти а верувам и твоето семејство. Семејство се блиските кои те сакаат, кои се жртвуваат, се радуваат и тагуваат на нашите падови и воздигнувања... Немам искуство со развод ниту пак сум дете на разведени родители, но од твојот пост сфатив колку е важно да имаш некој што квалитетно ќе те воспита, ќе те поддржи и ќе ти даде правец во животот... Секоја чест на мајка ти што не дозволила да почуствувате празнина, туку напротив да се оформите во здрави личности кои цврсто ќе газат во животот. Почит!
     
    На BunnyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Доста мрчите не се само мажите виновни и јас сум разведена, бракот не чинел и што сега ајде ќе си играме семејство. Браво за зборовите калаштура, ороспија, курва што растура семејство кое нема ни С од семејство ај, глејте си работа и снаоѓајте се као што јас се сноѓам веќе 15 години.Алиметација должи 14000 евра од каде да ги даде, ако пријавам само затор ќе леши и что ќерка ми ќе ме обвини. Не се срамам од чесна работа иако сум интелектуалка, чистам станови, влезови, канцеларии, да ми простите уште газовите што не им ги лижам на „Газдариците“ кои се во среќно семејство. Луѓе умират и што ќе ја обвиниме калаштурата!? Абе ајде секој со својот кс‘мет.
     
    На toogood, Twins2007, Priroden и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    76.226
    Пол:
    Женски
    Моите родители се разведоа кога бевме помали и дека кривицата беше на мајка ми, ние останавме со татко ми :) Две женски со татко, го збеснавме може малце, но искрено само со него кога останавме ни беше многу поубаво, немаше карање, трескање врати, фрлање предмети... И многу сум горда на татко ми што покрај тешкотиите што ги имавме од мене и сестра ми направи цврсти, стабилни личности :)
     
    На MilaP, bubic.k, Mrs.Bass и 9 други им се допаѓа ова.
  7. gray wolf

    gray wolf Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Веќе извесно време ве следам, па решив мојот проблем кој на жалост го имам да го споделам со вас. Можеби не ги знам правилата но не ми замерувајте ова е мојата прва објава, како и на тоа што сум машко на женски форум. : ) Во брак сум скоро две години имам златно детенце кое има една годинка и кое го сакам повеќе од се на светов, но мојот брак и живот се претворија во пекол. Жал ми е што морам така да се изјаснам. Со дотичната особа го поминав поголемиот дел, и нај убавиот дел од мојот живот врскат ни беше преубава исоплнета со разбирање, радост, смеа, шетање, многу многу љубов и секс, но животот ми се измени стана онаков каков што никогаш не замислував да го живеам. После повеќе од некои седум години во врска стапивме во брак нормално од голема љубов без никави непредвитени ситуации, за жал уште почетокот на првата година од бракот како што старите викаат тоа е времето на сркање од медот, мене медот ми се претвори во сра...е. Живееме сами во нов скрцкан стан без ниеден недостаток ги имаме сите услови за убав и квалитетен живот, но како што одминуваа деновите дотичната од ден на ден, од минута во минута почнуваше да наоѓа-измислува мани и проблеми во врска со нас како и за се околу нас. Нај прво почна околу уредувањето на станот и околу триста други тешки глупости кои не се ни битни за и во општествово и итн. за да понатака се закачи стрикно околу нашиот брачен однос. Најпрво почнавме да се расправаме околу нејзината неподнослива неуредност која дотогаш незнам како не сум ја заприметил, веројатно сум бил ослепен од љубов, расфрлањето на гардероба и штикли по целиот стан добро ајде, расфрлање на храна која никад не ја правеше, трошки и тањири немиени на сите страни главата ми чури зимам и раскревам. Но повеќе не! Почна со глупи селски препукувања твоите волку дале моите толку, и тука почнува со одвратен тон да држи малограѓански говор и да навредува се што познава и што не познава. Почна периодот на бременост, ја закачив мојата толеранција на ѕид у дневна,и и ја пружив мојата максимална подршка во месеците на бременоста но како што одминуваа месеците полека размишљав да си ја симнам толеранцијава од ѕидот но си викам ајде у такво стање е и продолжив натака. Следеа месеци на вреѓање, пцуење и разни гнасни работи од нејзина страна. Моите денови започнуваа оди на работа врати се дома, купи за јадење спреми земи зачисти нешто и легни си, додека дотичната лежи ужива куца на вибер со другарките и ја боли онаа ствар, но ајде бремена е мора да се чува жена. Се породи ! Го добив нај слаткото нешто во мојот живот без кое неможам да го замислам животот понатаму ! Почнаа подготовките за мекици, и нормално јас спремам се додека е она на клиника. Почна бебешкиот плач и почнаа нервозите колку и да се обидував да ја смирам не успевав во тоа но си викам трпение и само трпение ќе помине, поминуваше времето но караниците станаа не подносливи. Почна да се дере и да ме обвинува дека сум дебил, дека сум ѓубре и дека не сум бил способен и не сум ги организирал мекиците како што она замислувала, трчав околу се што и беше потребно и нејзе и на бебето но во ниеден момент не го исопчитува тоа од нејзе слушав само навреди кон мене. Еве денес после една година ужасот кој го трпам не престанува. Почна секојдневно да ме навредува и омаловажува со коекакви погрдни зборови, она е нон стоп уморна, она е како нон стоп со детето она немала време за ништо. Значи она спие поише време отколку детето, она има време за се дури и за третмани по козметичарки и кога ке и го кажам тоа одма со напади кон мене,како ја сум бил ваков онаков, како не сум го чувал детето, а уствари времето кога не сум на работа детето го поминува цело со мене за она да може да спие, за да иде на третмани пошо нели немала време и била нон стоп уморна. Во станот ми е хаос значи хаос!!! Алишта расфрлани на сите страни освен моите зашто почнав у задње време да ги диплам само моите,кои инаку од старт сам си ги перам и ги пружам да се сушат. Јадења и тањири на сите страни, wc-то е хорор филм уште не прикажан у јавност. И се тоа кога ке ја седнам и кога ќе и кажам ми враќа со одговор ме боли онаа ствар што не земеш ти да исчистиш ако ти смета. Јас чистев и чистев но повеќе реков не !!!!!! Наместо времето кое го троши на куцање на вибер и излежавање по спална додека детето е на гости кај баба и дедо да земе и да се потруди да потсреди да го направи својот дом поубав. Искрено не сум сретнал ваков човек до сега кој што нема мерак својот дом да го направи свое мало царство и да ужива во него. Љубител сум на спорт, па почнав и јас ко нејзе да одвојувам по еден саат во денот откако ке заспие детето да спортувам, но тука почињаат драмите штом излезам од врата звони тел и кај си ѓубре мислис дека јас ке ти го чувам детето дојди да си го земеш со тебе кај и да идеш. Не идам по кафани, несум мераклија на коцка ниту на простицуција АЛООО идам да спортувам. Но нејзе и тоа и смета. Единствено што не и смета е тоа да ме гледа као банкомат и во секоја комуникација со мене освен ѓубре,идиоту,дебилу,да умреш,итн идат и загарантирано зборовите дај ми пари. Инаку и она работи само што незнам на што ги троши и никад демек немала сите ги потрошила. Почнав веќе да не давам , тоа што е потребно за детето го снабдувам, но нејзе веке не ! Проблемот станува поголем и поголем, мене почна да не ми се иде дома и од тој еден саат мој за рекреација станаа три. Милион пати сме разговарале сме се обиделе на сите можни начини да ги победиме проблемите со кои неќам многу да давам бидејки се глупости но не успеваме. Сексот заборавив како изгледа го заборавив чуството на уживање, таа особа кој беше моја најголема љубов моја најголема страст не постои повеќе , ја нема ни мојата љубов кон нејзе. Чуствувам како светот ми е срушен, можам да ја почуствувам само горчината во моите гради. И кажав дека неможам повеке да живеам со нејзе, дека веке после се моите чуства кон нејзе веке се чуства на омраза, ејјјј после толку години и љубов моите чуства направи да се горчливи! На тоа добив одговор дека и она не сака да живее со мене и дека сака да се разведе. Бев кај адвокат се консултирав и незнам што понатака. Како моето дете ке расте со таква особа, во каква личност ке израсне. Свесен сум дека судот ке и го додели детето, незнам како ке го поминувам периодов од животот што следи, а да не го гледам моето дете ради некоја што не знае што сака во животот која незнае да ужива во тоа што го има. Фала му на бога заработувам пристојно можам да му пружам се на детето но како да му ја пружам онаа топлина која ја носи веселиот дом двајцата родители еден покрај друг, душата ми плаче кога мислам на тоа, а неможам да не мислам. Ја губам концентарцијата. Се надевам дека ова некогаш ке можам да го пребродам и повторно да го вратам духот во себе но без онаа личност која ми го упропасти животот.
     
    На susi, Twins2007, Priroden и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    324.735
    Пол:
    Женски
    Прати и социјална служба додека си ти на работат за да видат во какви НЕ услови она го чува детето.
    Немора да значи дека автоматски детето припага на мајката.Во глобала да,но во случај како вашиот може и тебе да ти биде доделено ако докажеш дека е несовесен родител и не внимава воопшто на детето.Зар она правилно ке го храни,облекува,чува?По ова што кажуваш -не верувам.
     
    На littleflower, Edie.S, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  9. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    да не ти е човек во кожа @gray wolf .....
    штета што Законот кај нас речиси секогаш е на страната на женскиот родител, и ретко ги земаат предвид фактите кои ти ги набројуваш а го докажуваат нејзиното неодговорно однесување.
    Дека такво суштество не заслужува да помине ни ден повеќе со тебе воопшто не е спорно, дури не е ни за коментирање...ама за малото вреди да се бориш...и да се бориш...и да не попушташ, по никоја цена
     
    На okcenzi и joy1 им се допаѓа ова.
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    @gray wolf жал ми е за ситуацијата во која се наоѓаш но подобро е да се заврши бракот со развод кога веќе ниту разговор ниту ништо не помогнало да се среди ситуацијата.
    Не е во ред да трпиш и страдаш ниту ти ниту детенцето.
    За среќно детство и убав живот се потребни двајца родители но ако и меѓу самите нив има љубов и почит но во случајов нема нешто такво.
    Биди храбар и разведи се.
    Нема да си ниту прв ниту последен кој сам ќе го одгледува своето дете и самостојно ќе го изведе на правилен пат.
    Мој колега од рана младост е разведен, судот децата нему му ги доверил (така што не е невозможно и тебе да ти до доделат на чување,воспитување, а нејзе да и одобрат контакти). Тој сега е горд татко кој израснал прекрасни тинејџери, успешни во своето образование и тие се горди и благодарни што тој сам ги одгледал. Така да во случајов ти си посовесен и грижлив родител и тоа може да се докаже на суд , верувам дека сам подобро би го воспитувал детето.
    Причина зошто се променила твојата сопруга не би сакала да наведувам но и самиот пиша дека таа во тебе гледа само банкомат! Што значи си бил млад, заљубен , но таа може си гледала во тебе добра прилика за мажачка и мислела ќе можеш цел живот да ја трпиш.
    Подобро крај со болка во случајов развод отколку болка без крај за тебе и твоето дете.
    Ако таа не те цени и сака тебе ниту се грижи за детенцето таа не заслужува да ве има и плус сметам дека подобар живот ќе имате без неа отколку со неа.
    Поздрав и и ти посакувам се најдобро.
     
    На littleflower, vitamina, marlonbrando69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.161
    Допаѓања:
    112.920
    Пол:
    Женски
    @gray wolf како не си знаел за овие одлики на твојата жена пред да се земете а сте оделе 7 години!! Зар не сте живееле прво заедно пред брак? И ако била таква зошто си правел дете со неа??
     
    На NightBreaker, sesilija и tessie им се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Има пишано човекот дека не знаел дека е таква или не приметил дека бил заљубен. Тоа може да значи дека и таа добро знаела да одглуми. Бог да чува какви жени има.
     
    На vitamina, Dust и joy1 им се допаѓа ова.
  13. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Читам и се чудам :?: едноставно некои личности од презадоволени збеснуваат.На таква љубов претходно ова однесување нејзино е екстремно ај тебе престанала да те сака да речиме ама детето што и згрешило да не го рецка а дел од неа е.А да не и го свртил паметот некој друг да си испиташ и тоа?Ако веќе дошло до развод работата мој совет да ја снимаш колку е одговорна мајка а детето повеќе ќе страда ако сте заедно а гледа дека не се мирисате воопшто или ако остани со неа а неа и е побитно ноктите да и се средени од да му посвети внимание него
     
    На samovila.red. и okcenzi им се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Бидејки со закон НЕ Е КАЗНИВО во сопствен дом да си ставиш камери, тогаш пробај со тоа. Кога ке дојде времето за да се покаже кој е родител и домакин а кој олош, ке можеш без сведоци и нервози да го решиш тоа. Иако сум жена и веке 5 месеци бремена, не би поодржала ваква “мајка“ .
     
    На vitamina, samovila.red., Daleron и 2 други им се допаѓа ова.
  15. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    @gray wolf ако сакаш можам да ти закажам состанок со добар социјален работник(од МТСП) и да те посоветува како да постапиш најдобро. Секако доколку сакаш детето да го земеш со тебе. Колку што прочитав се немаш изјаснето...
     
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @gray wolf, мене од напишаново ми звучи како твојата сопруга да има психички проблеми.

    Разбирам јас и размазено и “принцезесто“ однесување ама ова нејзиново ги има поминато сите граници на нормала. Штом за време од 7 години врска не си приметил ништо од нејзиното сегашно однесување, мене ми е многу веројатно дека сопругата се разболела. Пред да донесеш некоја сериозна одлука, јас би ти препорачала да се видиш со некој добар психијатар и да му ја објасниш целата ситација, можеби на жената итно и е потребна стручна помош и лекување.
     
    На anina и vitamina им се допаѓа ова.
  17. gray wolf

    gray wolf Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Би сакал да го сочувам бракот но како !? За возврат не добивам ни трунка почит, барем малку од она за кое што се трудам да ми биде возвратено би се вложил дупло повеќе. Се чуствувам толку бедно и осамено, веќе немам енергија ни воља за да се обидувам да го решавам проблемот. Се прашувам за една прегратка, насмевка или еден убав збор дали се потребни мускули, толку ли се тешки тие за да неможе да ми ги пружи.
    Можеби после толку години поминати заедно сум и здосадил па ова се е резултат на тоа, но после се што поминавме и покрај златно детенце да се однесува вака ми е несфатливо. Би бил среќен кога на обична семејна прошетка во парк или било каде би слушнал убав збор, би добил прегратка и искрена насмевка. Тоа го нема ! И незнам ако е ова само период, и ако продолжам понатака дали воопшто ќе ја има таа искрена насмевка. Да пробам но што да пробам!? Имам дваесет и седум години и имам сопруга од која немам почитување, со која немам разирање, со која не водам љубов, со која неможам да споделам и еден убав момент. Криво ми е, би сакал да издржам се заради моето дете кое најмногу го сакам, собирам и собирам сили вртам нови страници па можеби и мене сонце ќе ме огрее:D
     
  18. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    @gray wolf во животот сум била сведок на ваков ист ист случај.Женати незначи дека ти е неверна.Дали можеби ти кажа се што треба да кажиш?Да не изостави нешто важно?Во случајот на пријателите исто она вака се понашаше , ама пред тоа да се случи имаа еден куп проблеми како нерешено станбено прашање,често селење итн итн.Во никој случај не ја оправдувам никој да не ти е во кожата ,ке се реши се истрпи
     
    На vitamina и Nausicaa им се допаѓа ова.
  19. gray wolf

    gray wolf Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки

    Искрено сум помислил и на тоа дека забегала, но као што одминува време ни најдобриот психијатар нема да може да и помогне. Не е тоа таа особа која јас ја познавав скоро една деценија. Или пак што е многу веројатно има правено МНОГУУУУУ јака маска сите овие години, и нејзе и го имам кажано ова. Поздрав:)
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @gray wolf, никој не е толку добар глумец да одржува една иста фасада 7 години. Неколку месеци, да, но толку долго-нема шанси! Или ти не си сакал да видиш некој грди аспекти од твојата сакана или ова е нешто ново.
    Знам случај каде девојка од нигде никаде* имаше „епизода“, многу полоша од таа на твојата сопруга но, со вистинска терапија успеа да се избори и сега си е старата позитивна и весела девојка, каква што била пред да се разболи. Не се откажувај од твојата сопруга, понуди и помош, биди покрај неа. Пак ќе кажам, мене ова нејзиното ми личи на психичко пореметување.

    *вистина во нејзиниот живот немало некој голем трауматски настан кој би ја предизвикал таа „епизода“ но девојката седеше дома без работа, а претходно била амбициозен и успешен студент, пари јок, притисок од дома да најде доброплатена работа и да придонесува за домашниот буџет, разочарување на љубовен план итн и веројатно во еден момент „пукнала“
     
    На vitamina и LUCERKA им се допаѓа ова.