Многу е себично да пишуваме знаејќи ја само едната страна од паричката, но според ова што го пишуваш и да е вистината таа, ти брат треба орден да добиеш за издржливост. Ако е вака ко што кажуваш бори се за детето со сите сили, оти тоа е твое колку и нејзино, а ако нејзиното однесување е навистина вакво и таа сама нема да сака да се грижи за детето. Направи снимки од домот, слики обични, направи видео, нешто што ќе му докаже на судијата дека е твоето вистина. Немој да мислиш дека тоа кај нас не функционира, функционира итекако. Познаници мои кога се разведуваа мажот го направи ова за да ги добие децата, си поставил камера дома по собите и цело видео на судијата му го пуштиле, излезе дека мајката, нажалост, не само што го запоставувала домот, правела и многу погадни работи. Таткото го доби старателството без проблем, не значи дека ако е мало ќе го доделат на мајката. Моја колешка е со татко и од нејзини 4 месеци, ја доделиле на таткото, мајката била психички непресметлива и до ден денешен вика добро што ме дале на татко ми. Само ти дали си спремен да одгледуваш сам дете од бебе што се вика, не е ова зезање, ќе ти треба да одиш на спорт ќе треба да изменаџираш се. Не дека е тоа битно, но самохран родител не е зезање Ако сакаш некој совет пиши ми слободно
@gray wolf Сметам дека сеуште можеби би нашол некое чаре за да си го спасиш бракот и семејството. Ти се изјасни дека сакаш да си го спасиш бракот сеуште, да така можеби треба да почекекаш уште малку и да се обидеш да најдеш стручна помош за твојата жена да го решите проблемот, пред да се одлучиш за развод и камери. По ова што го пиша верувам дека твојата сопруга има психички проблем помешан со пост породилна депресија и не и е воопшто лесно штом секогаш вика се нервира и се расправа по дома. Обиди се уште еднаш штом сакаш да си го спасиш бракот, обиди се да поразговараш на мирен фин и културен начин, прашај ја дали навистина на неа и е лесно дали и е сеедно во целава ситуација, можеби жената навистина си има некоја психичка мака и е затворена сама со себе. Пробај да ја прашаш во што навистина е изворот на овој проблем, не верувам дека таа глумела лудило 9 години за да на крај си го покаже своето лице, најлесно е да се осуди но тешко е навистина да се потрудиме да го согледаме проблемот. Помогни и на жената ако треба и појди со неа кај стручно лице можеби навистина има маки и проблеми и незнае како да се справи со нив, најлесно е да викаш по дома, седни разговарај на мирен начин и помогнете си и двајцата. Не ме свакај погрешно, не ја бранам женати и сметам дека нејзиното однесување е крајно неодговорно, но ситуацијата е доста чудна па сметам според пишаново дека навистина има некој здраствен проблем и крајно незнае да се справи со нејзиното однесување, потребна и е помош дефинитивно.
@gray wolf За твојот проблем имам три опции: 1. Да ги повикаш нејзините родители. 2. Да земеш помошничка во домот / бебиситерка. 3. Да имаш уште едно дете. Образложение 1. Во првата опција кога ке ги повикаш / земеш ненајавено од дома ,,демек,, за да ја изненадиш неа. Нејзините да видат, конкретно мајка и, што направила од домот, дека го претворила во хаос. Тогаш и ти да видиш, дали ја брани или напаѓа неа. Дали ако и се разведете ке ја прими назад или нема да го дозволи тоа , дали сака внукот/внуката да биде дете на разведени родители. 2. Во втората опција не за ја изневериш, далеку од тоа ако го помисли,ниту за да се заљубиш. Не! Него кога ќе ја види неа, ке и биде конкуренција, нема да и биде сеедно. Може ке се опамети, се е можно. Таа помошничката да биде атрактивана,згодна,убава, привлечна.Таа која ќе исчисти, среди, ке направи ручек, воедно ќе го погледне и детето. Таа ќе го чува,гледа во стил на бебиситерка и помошничка. Таа нека биде личност која добро ќе изглуми, помогне и во стил да те заведе/освои. Ти како личност да ја посакаш, таква да биде твојата жена. Таа да почувствува љубомора, нервоза, завист и да почне да го суредува домот, да чисти, да прави ручек и да го гледа детето.Таа лисност да биде премногу провокативна, да знае да одглуми , за да успее планот.Таа личност може да виде некоја што студирала драмски факултет или пак некоја која има дарба за тоа. 3. Во оваа опција , ако имаш уште едно дете може нема повеќе, да и текне вака да прави со домот.Тогаш кога ке има повеќе играчки на сите страни расфрлани,може ке и текне да се заигра со детето, и да посреди, за да не ги згази на нозе играчките, ниту пак да оди на третмани и да глуми лудило. p.s. Во врска со тоа дека таа е во депресија, дека и треба психијатар, терапија, таа нема да оди на работа ниту пак да биде способна да ја работи својата работа, што и да работи, во таква состојба, не е до тоа. Бар на мене не ми изгледа така. Да беше така, немаше да и текне да оди на третмани,козметичари,салони за наградба на нокти, за убавина итн...Таа ќе го чуваше детето,ќе внимаваше на него, а не вака да прави. Таа за тоа не е во депресија,не е болна, апсолутно ништо не и е , а за домот, за детето и за мажот е .Ми изгледа дека така и одговара затоа вака прави. Се надевам немаш некој порок скриен, не ја малтретираш, вршиш семејно насилство, иако самиот кажа дека немаш пороци, ама на неа само тоа и треба... иако сум против тоа, попрво и подобро развод ... Така ти кажа дека немаш пороци, освен што и пречи дека одиш на спорт. Мислам дека има друг, по се изгледа, во целата ситуација, поради тоа што не и пречи да се разведете, бидејќи и е сеедно, а и воедно и тоа средување толку многу за себе само не е. Мислам новиот лик е многу повеќе ситуиран од тебе За личност која сака мирен дом, спокорј вака не прави. Таа самата на себе си пречи ,по сето тоа така изгледа.Таа при сите нешта што ги има вака да прави, не оди, не бива.. Тука бар на форумот се изначитавме сите, колку им пречат другите членови во домот, сакаат самостојно ама немаат можност, услови и среќа за тоа. Таа тука ги има повеќето нешта што другите би ги посакале, но ете ги немаат , сопствен дом сами со мажот и семејството. Таа тоа не го цени, нити го гледа тоа, и одговара вака да прави и да глуми демек не може да ги извршува обрските, да глуми лудило дека и е тешко, а за да се средува ништо не и е ништо, глуми лик жртва и одговара така. Таа додека и била девојка, мајка и одела се по неа, сега и фали тоа. Но сега пак е жена а не девојка, различно е тоа. Различост во апект дека има дете, семејство кое треба да внимава да не го изгуби а на неа тоа не и пречи , за жал и да го изгуби. Таа во тебе гледа, мирен, добар, убаво заработува ми одговара, па ај ќе си играм со него,ке го мафтам во мој стил како кога бев девојка, и одговара така, така прави. Замисли да викеш некој колега од работа, да дојде на кафе од работа ненајвено. Тебе срам ке те изеде, ке се црвенееш кога ќе го види сето ова.На него ќе му биде непријатно, а и на тебе,. Ти треба да измислуваш лаги, за да не дојде некој кај тебе на кафе. Ниту пак да дојде некој колега на гости со жена му кај вас на кафе... На никој нема да му биде сеедно. Вакви ликови како неа познавам, во хороскоп се вага. Не ги напаѓам сега вагите тука членките што се, зборувам за ликови кои ми се познати, а слични на неговата сопруга. Сега не знам таа што е во хороскоп, а и ти што си оваа што го трпиш. Тие ликови вака правеа, не станува збор за една беа повеќе, беа нечисти. Во домот кај нив вака расфрлено на сите страни, хаос, ѓубре колку сакаш, ама сега се сменија и се е во ред. Причината за таа промена, ако се фратат назад во домот од кај биле девојки нема да ги примаат назад. Ти кога си одлучила да бидеш во брак, да имаш маж , дете тоа ти следи, не си веке девојка, жена си, и невработени беа ... но и некои од нив живеат во заедница, некои сами. Така им беше кажано на нив , но ниту пак тие имаа некој друг. Едноставно беа такви, ги мразеше да чистат, не секој ден ама и онака општо, за детето и себе, да кренат маса од појадокот, одиш појадокот на маса стои, но се промени сетоа тоа, и таа може. Таа може ако сака, ако не сака тоа е друго.
Искрено мене зборот да го спасиш бракот ми изгледа премногу смешно. Може да се спаси мачка и куче од давење но бракот треба да се негува. Кога еден ден ќе пукне тиквата верувајте сите напори да се спаси се залудни. Ако веќе се трудиш да го спасиш треба да ги прифатиш сите услови на другата страна а кога еднаш ќе попуштиш и направиш отстапка другата страна кога знае дека те има во шака постојано ќе те уценува дека ако не направиш како што таа- тој сака ќе ве остави а тоа веќе не е брак. Некој спомна родители што е исто така огромна грешка за мешање на родителите во бракот, затоа што голем број бракови се распаѓаат токму поради родителите. Значи зборувам општо, кога бракот ќе пукне независно дали имате или не деца подобро е веднаш да се разведете отколку да изгубите месеци и години мислејќи дека сте ја закрпиле дупката а всушност на првиот бран да сфатите дека всушност не сте направиле ништо. Според мене ,,жртвувањето" за доброто на децата е всушност жртвување на децата. Јас би ве прашала што е подобро,да живее детето со едниот родитрл и да има нормален живот,или да ги има двата родители и нон стоп да слуша кавги расправии и наелектризирана атмосвера? Јас од искуство ви кажувам дека е подобро да живее со едниот родител. Јас живеев со татко алкохоличар кој постојано пиеше и постојано слушавме караници и викотници помеѓу него и мајка ми дури сега откако почина пред година и нешто од мозочен удар затоа што постојано пиеше и не водеше ред за здравјето конечно дома имаме семејна атмосвера без карање викање живееме скромно но мирно. Кој сега мене на 23 години ќе ми го врати изгубеното детство? Да, го сметам моето детство за изгубено затоа што живеев постојано во страв од тие караници, викотници иаки физичко насилство врз нас немало но доволно е постојано да ја слушаш таа атмосвера за да се чувствуваш ужасно. Нефункционалните бракови се дирекна причина за да утре децата поради претрпените трауми застранат, дали во полето на наркоманијата, алкохолизмот, проституцијата или промискуитетност токму поради револт и отпор кон родителите. Иако некои ја изедначуваат проституцијата и промискуитетноста јас не би се сложила со нив затоа што има битна разлика помеѓу тие 2 работи но тоа во некоја друга тема.
Strumka22 Родителите што ги споменав ,ги земав за опција, не за го доведат бракот во развод. Родителите се земени како опција: Да ја посетат ненајвено сопствента ќерка во хаосот, не за да го распаднат бракот, него спасат. Мислам дека можат да и помогнат на сопствена ќерка.Тие ја знаат ќерка им подобро од било кој друг тука. Како тоа, личноста што сака да го спаси/задржи бракот ти изгледа смешно? Браво за тебе! Тебе ти е смешно, дали и на другите тука... Дали и за сопствениот брак смешно ќе ти е во иднина? Зарем нејзината мајка сака да го види внуката /внукот (детето) што го дочекале, да биде дете на разведени родители? Ти значи, сметаш така, но тоа не значи и нејзините такa мислат. Кога ќе се појават, ќе направат огромна грешка и тие ќе го распаднот бракот? Во овој проблем се земени родителите на неа, а не на него... Тие во проблемот кој е посочен, не пишува дека имаат таква желба, не е наведено. Секое семејства е приказна за себе, не е истото семејство... тие други имаат причини, и се различни. Семејства две се исто имаат, како и оваа тука, за исти ли луѓе станува збор, исто живеат, исто заработуваат, исти причини имаат,нема разлика ...Се е исто! Да, така е сигурно .Ако на нив им е крај,тоа е друго семејство. Според тебе овие родители на нејзе ке и одмогат/ направат штета , наместо да и помогнат, да ја види сопствената грешка кај греши? Едвај чекаат да се случи крајот, а не спасот, кој и самиот gray wolf гледа да го спаси / задржи, а не за да се распадне бракот. Тој доколку сметал дека нема никаков спас, немал тука да го напише проблемот... Како и да е, секој со своето размислување. Но, ете подобро да има некоја опција, некоја шанса, надеж, а не крај. Среќно семејство и топол дом, тој и самиот го сака тоа... Најтешко е за детето, при семејство да не биде со него! Не е исто да е дете на родители, и дете на разведени родители. Себично е да мислиш на себе, при сопствено дете. Себично е! Најлесно е крај , развод, општо зборување при конкретен проблем , и сопствен живот при нечиј друг сосема различен проблем. Најтешко е борбата,силата за да се издржи до крај.
До кој крај?Дур не полуди?Дур не почне настрана и тој љубов да бара,во туѓ кревет? Тоа дете еден ке порасне и ке основа семејство а они и понатаму ке се мразат меѓу себе бидејки им пропаднале толку мн год од животот. Ете така бидете жртви на децата и трпете секакви морони до вас.Нека ве вреѓат,варат,тепат..битно е детето да нема епитет дете на разведени.Тоа што ке расте во дисфункционално семејство не е битно ич.
Малку ќе бидам оф топик Можеби некои жени и остануваат во мизерен брак навистина само поради децата но верувам дека повеќето тоа го прават поради тоа што го сакаат дотичниот, не можат без него и спремни се буквално преку се да поминат (неверство, непочит, зависности, психичко и физичко насилство итн) само за да бидат со него. Муабетот „абе јас останувам со него поради детето, да не расте без татко“ им е оправдување за во јавност, за кога на работа ќе се појават со помодрено око...
@Nausicaa и @joy1 редно беше некој ова да го плесне во лице. Се согласувам. Ги разбирам само оние кои навистина немаат каде да одат и кои не трпат тортури, за останатите, децата се само изговор, со надеж дека еден ден избраниците нивни ке се сменат. Најжално е кога ке слушнам жена( имам пишувано за моја братучедка) кога ке рече “ зар јас да се разведам“ “ јас бев фаца -сите трчаа по мене“ е арно ама на времето си била дигната во облаци и животот те удрил од земја. Дај прибери си го детето и почни одново, не заглавувај повеке. Нема везе што детето не е погледнато и што уште на 6 год возраст има толкав бес во себе. Ама нели битно е да е до тато и мама. И битно да не се смее градот ( пошто градот те прашува како ти е и ти го рани детето нели)
you1 Проблем има мажот не жената. Тука тој има проблем не таа. Проблем од машка страна, не женска. За некои жени и нивни проблеми и нечии роднини,не станува збор во текстот. Тие се нивни проблеми, нивен живот и нивен маж. Тие што ги посочуваш се некои/ општи си некои ликови, при конкретен проблем. Тоа се општо / некои ликови, што не се споменати во проблемот. Тоа што можеш да и плеснеш во лице на таа жена, и твоја роднина, твој проблем.Тоа, што сакаш да лечиш комплекс и фустрација на нејзин живот лечи си, ако ти дозволи. Тоа дали таа се оправува со детето нејзино (нивно) или не нејзин проблем. Тоа што таа си доживува и доживуваат заедно, таа си знае, нејзино е. Тука тој посочува проблем. Тој бара помош .Станува збор да му помогнеш, а не одмогнеш. Стави се на негово место ти си мажот, тебе ти се случува тоа.Стави се во негова кожа или тешко е да се ставиш? Тебе тоа нема да ти се случи...Тоа не е твој проблем, него тој што го напишал негов си е. Ти си жена, не маж. Значи најдобриот одговор во дадениот проблем е дисфункционално семејство, разводи, нема решение. Него, ај негов е проблемот, не е ваш,, тоа е одговор.Овие одговори се решение, при даден проблем кој е поедноставен, во споредба од некои жени/ нечии роднини што имаат проблем што ги посочивте.
за почеток јоу не пиша ништо за нејзина братучедка, туку пишав јас. Секој си има мислење и решение за проблемов и секој си го изнесува. Ти самовило исполни некоја желба те молам и смени му го од корен животот на овој маж. Ние веке сме му дале совети од наше искуство, ако имаш ти подобар пиши го, ако не немој нас да ни кажуваш што смееме а што несмееме да помислуваме и размилуваме. Аман си испишала 20 реда, а совет никаде. И да тоа што го пиша јоу се однесува и на двта пола. Има и мажи кои подобро се ке трпат, само да не бидат тие покажани со прст или да не останат сами. Тешко се излегува од „безбедносна зона„ а луѓето тешко прифакаат промени. Се треба храброст и решителност за тоа, сигурна сум дека јоу е таква и нема да го доживее ова. Еве далерон е разведена зверка, која сама изгледала од девојче до зрела и нормална девојка, сама се изборила за сопствено живеалиште, вложувалаа и успеала да има мир и спокој, наместо да трпи неизживеано говедо коие ке шврља на страна и ке се пијанчи. Да нејзиното дете не е гневно, зошто таа пресекла со време и цел товар го ставила на сопствен грб, без еден денар туѓа ( татковска) помош) Фала многу пријатно
Врти сучи за чистењето е проблемот изгледа. Една жена да напишеше дека маж и е неуреден и не фаќа по дома, ќе речевте добро де ништо страшно. Ја така да се насмеам малку де, ама се гледа дека брачните другари немаат слога и разбирање. Јас сепак би рекла да се даде шанса ако имало толку љубов како што опишува. Бебенце, обврски, нов начин на живот. А невестата малку повеќе галена. Поделете ги обврските, покажи воља да ја обновите врската. Ама искрено разговарај кажи и дека сакаш да пробате во име на љубовта и детенцето. Имам ја многу другарки што вака расфрлаат по дома и чистењето вц е научна фантастика, ама верувам дека и за тоа ќе се најде чаре со тек на време. Пробај ништо не губиш, отвори и ја душата искрено но без обвинување ти вака правиш јас онака.Може те напаѓа ако ти ја напаѓаш дека е неуредна па она се брани со навреди. Тазе сте во брак и со мало дете, може ви е потребно прилагодување и воља од двете страни...Ако не бива тогаш се знае.
okcenzi Моето мислење како совет е напишано, дадено како опција. За проблемот пишав, едноставен е во споредба со некои, што имаат проблеми кои вие ги нагласивте. Мислењето не е 20 реда, тоа е твоето. Мислењето мое е напишано, ете и твоето. Ти гледаш поинаку, и јас. Според мене тој има проблем не таа, различно е. Но според тебе и спомената јоу 1, се однесувало на двата пола, исто е , и имате исто мислење. Во ред, ваше си е тоа. Зборот во ..безбедносна зона,, во посочен проблем, да излезе од проблемот нели, кога може да најде компромис. Него ете. може ќе излезе таа, ако оди според твоето мисење, но подоцна да не и криво, и да не го моли назад. Можеби и таа таму скока со исто мислење, како твоето. Тоа е, при се што има, маж, дете, сами живеат ( без неговите родители, золви, девери),не цени, не почитува, за жал.Тоа си е нејзин живот, така и одговара, нејзино право. Во врска со членката daleron од форумот, што ја зема за пример неа, јас ке земам друг пример. Кај неа, тоа си е нејзин живот, нејзини одлуки, тоа е таа. Дали и ти истото ќе го направеше како неа, ако тебе истото ти се случеше како на daleron ? Но daleron e едно, а ти си друго. Твојот живот и на daleron ист не е или е. Можеби и ти како daleron ке постапиш. Можеби и ти можеш тоа да го направиш тоа . Да излезеш од безбедносна зона, при едноставен проблем како на gray wolf , лесно, едноставно. Но, причината за раводот на далерон и проблемот не е ист, Проблемот нејзин и овој не е ист, но е сличен, има разликата. Далерон ја имам читано, иако ме гледаш како нов член, ве имам читано години наназад...Далерон живееше во заедница со свекрва и золва, тие беа нечисти, а не таа. Таа на почетокот работеше, но тие не. Тие имале други принципи не требало да се чисти, а не таа. Таа не можела да издржи си заминала. Можеби да живеела самостојно, немало да дојде до развод. Но добро, во ред. Тоа е нејзин живот, нејзина одлука,која се случила пред 20 год и повеќе одприлика. Како пример од тука од форумот еве ја земам tessie , се извинувам за тоа. Извини теси, се надевам нема да се лутиш. Како што ja имам читано одамна неа , ми остана во сеќавање нејзиниот проблем тогаш. Тогаш таа имаше проблем во бракот, пишуваше тука на форумот. Но таа издржа, успеа и се избори, да не дојде до тоа , буквата р (развод). Таа најде решение за нејзиниот проблем, успеа. Еве јавно теси мило и драго ми е за тебе , како го реши сопствениот проблем. Ми се допаѓаа нејзините размислувања, тогаш во врска со проблемот нејзин, и извини што те земав ја пример , се надевам не ти пречи. Еве и неа не и било лесно тогаш, но со разбирање, љубов, посит, се може се, ако се сака. Еве не ја знам лично, не си пишуваме пораки, но ја знам како форумски лик. Во претходните мои постоиви споменав дека ликовите што ги знам во хороскоп се ваги, беа такави како во посочениот проблем, но сега е се во ред, Со текот на бракот се променија. Ете и таа е во исти знак, но тоа не значи за неа, тука за ликовите што ги знам. Како и да е, секое семејство е приказна за себе.Секој проблем е различен, не е ист но можеби е сличен во нешто. Два изрази за крај: 1. Мрзата ја затвoра вратата, не ја отвара. 2. Сложен брак помеѓу маж и жена, можат со игла бунар да ископаат.
Зошто ме нарекуваш фрустрирана и искомплексирана? Имаш ли ти бар малце памет што зборуваш? Исфрустрирани се оние кои немаат храброст да напуштат брак во кој не се среќни.Дали ти разбираш дека со сила убавина не бидува.Зошто би трпел некој навреди,понижувања,ќотек? Нема врска маж или жена..кога не оди -не оди и тоа ти е.Кризи од понизок степен сите преживуваме во бракот.И горе доле ги надминуваме.Но да дозволам да ме малтретира,изневерува и да ќутам а неее фала.И јас и моите деца имаме доволно достоинство да не трпиме таква тортура. Блазе тебе кога си за останување во брак по СЕКОЈА ЦЕНА. И не туку ме спомнувај во сите постови.
Самовилке, последната реченица од твојот пост е: 2. Сложен брак помеѓу маж и жена, можат со игла бунар да ископаат. Фокусирај се на болдот СЛОЖЕН. Е сега слжен брак и фрустриран брак се вода и зејтин. Кај членов наш е второто. За сложен брак сите ние знаеме Проблемот е што некој има врема да седи на тел со пријателки, а нема време прашина да избрише. Има време за скајп, а нема време за ручек. Има време да се излежава и да оди по фризери, а нема време играчки да растргне. За да се има слога треба да се двацата нормални и да постои компромис де. Овде тоа го нема. Моли куми не иде. Тоа е. КОга некому му даваш прст ти јазема цела рака Види сите луѓе ( бракови ) се срекни на ист начин, а несрекни на различен. За тоа некој и пишал проблем и бара помош и поддршка. Е сега ако ние како жени се лигавиме , дека неговата сопруга ова она нез што, тогаш пиши попало, пошто мажите одма знаеме да ги осудиме, а исто и свекрвите нели И да браво за теси, ама сите не се теси и сите немаат проблем како теси. Пошто нели нејзе никој не ја нарекол кучка, безобразница ... и други погрдни зборови, ниту фрлал со предмети по неа. Сигурно и таа би ги спакувала куферите тогаш. Јас би заминала. Не би останала после такви навреди и апади, па колку и човек да се смени, тоа секогаш боли и не се заборава.
you1 Зошто не сфаќаш, дека проблемот е едноставен? Зошто одма развод, одма дисфункционално семејство, а не помош? Почеток на брак, а не се во години во брак. Различно е не е исто. Ти си поминала некои години, тој ни година. Таа не е малтретирана, нема ќотек, нема тортура. Таа, кризата не ја надминала. Имам памет,а и ти имаш. Проблемот може да реши според мене, нека проба. Нека има компромис, едниот ќе попушти, потоа другиот, а не одма не бива, разведи се, одма негативно. Изразот ,,За судење има кој да суди, но нема кој капа да купи,, . На смирен начин нека се реши. Таа кога спие, тој го чува детето арно е, мирно е. Неа и треба разговор за ги согледа нештата дека е жена ,не девојка. Проблемот е од машка страна, не е исто. Ако за тебе е исто, за мене не е исто. Тука не станува збор за твој брак, ај бар се искажа , нo заборави ти беше во заедница, излезе од неа по 9 години и остана во брак по СЕКОЈА ЦЕНА. Но ќе речеш немаше такви проблеми, ама си замина/ излезе, не се разведе. Тие кои живеат во заедница, се гледа како си поминуваат и затоа темата брои над 400 страни.Тоа е твојот живот, не е мој. Во текстот не е споменто дека, има изнаверување дека јаде ќотек, такво нешто нема во текстот. Во текстот ,ете има препукувања. Kој што купил? Кој што дал, која страна повеќе/ која помалку. Сега ,секој разично реагира во состојба на ефект во даден момент. До карактер е. Некој со исто, некој си молчи, некој си заминаува, некој останува итн. Па ете секој човек греши, или па сите се безгрешни? Може ликот да се кае тоа што го кажува, но ете не го искажува подоцна, а можеби и не таков е ликот. А тоа, дали сум за останување во брак по секоја цена / и дали сум во брак, тебе нема потреба да те засега. Што ти е битно? Моите мислења ако не ти се допаднаа игнорирај ги, не почна да ме цитираш. Твоето мислење е твое, и за тие што мислат како тебе. Моето мислење ако не се совпаѓа со тебе, нема потреба. Зошто би требало? Ти не ме цитирај, а јас нема да те споменувам.
Очигледно од еден пост извади заклучок. Да ме читаше целосно ќе ја разбереше причината за мојот развод. Камо причината да беа горе споменатите немаше да дојде до развод (текстот беше напишан за мајтап). Нејсе темава не е „Развод“. Друг пат не вади заклучоци од само еден пост.
Самовилке гледај добро што пишал човекот. Ова никој не би го трпел. ЈАС НЕ! Ајде самовилке дај го твоето решение. Да заборави каков дебил, идот е, да заборави дека некој ти вика да умреш. Ете и таа сака развод. Јас не гледам овде што може да се СПАСУВА.
Далерон, да точно постот е изваден од еден пост. Тука не станува збор за тебе, нити помалку за твојот развод за да извадам пост. Тука проблем има друг член. Тоа што е извадено е постот за хигена, и што ти бил постот за мајтап, твоето мислење, тоа е твое. Но ете ти беше посочена од друга, не од мене, од мене е постот. Различно е тоа, а тоа што зема да ме цитираш, намерно ли е? Во врска со твој претходен брак, дали тоа имало префлување и физичко насилство на претходниот сопруг и што и да се случило тогаш, твое си е. Секој брак е различен. Тоа било од страна на него, не од твоја страна. Тој бил, не ти.Тоа е твоја одлука пред 20 год, а оваа е сега. Тука сопругот има проблем, не таа. Како и да е,твојата одлука е донесена многу одамна. Но, не знам што потребата да го напаѓаш, понатаму и ти па дури и други членови, него тука. На тебе тој ти бил маж, не и на нив, па уште ако имаш и дете од него. Дали и другите истото, би го дозволе којзнае. Како и да е, до карактер е, и секој има различен .
Добро светице, не убеди сите дека треба да се бориме да сочуваме нешто кое што не може да се сочува. Човекот побара совет, а сите ние од различни искуства или мислење споделивме со него, а ти сите не разубедуваш дека треба да се бори да го сочува бракот кој што постои само на хартија, барем тој така опиша. Ние пишуваме врз основа на неговото излагање, а не дека сме му дома па знаеме како му е. Од мене толку, поздрав. Уште нешто. Многу си убедена дека ти ќе успееш да тегнеш секаков терет само за да не излезеш поразена од шарадата (кај некои само) така наречена брак.
Tоа што ти не си го сочувала бракот, твој проблем, твој живот. И зошто си против? Зар, сите треба како ти? Тоа е твој живот, твое право. Секој има различен живот. Секој има различно мислење, не мора да ти се допаѓа. Значи само изагањата со негативна основа се во ред, и ти како што мислиш. Што мора како сите, некој да мисли? Ете, различно е излагањето.Тоа е мое мислење. Но, ете никој не му е дома, не знаеме како му е дома, тоа е негов живот. Што направил е негови живот, негово право, негово мислење. Дали тој и дал шанса некоја или е крај , тоа си е негово.Тоа е тој. Моето мислење е мое. Но, што мора да ти се допаѓа? Или битно е да ме цитираш и контраш. Како и да е, не е за тебе мислењето, не е твој проблемот, туку ако не ти се допаѓа твој проблем.Ти со твоето мислење, јас со своето. За мене тука не станува збор, во текстот. Секој со своите сфаќања.