Развод во нашето општество

Дискусија во 'Брак' започната од anina, 16 февруари 2012.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    Ако ја има темава слободно избриште ја! Имам пријателка која е пред развод. Буквално и таа и нејзиниот сопруг знаат дека бракот веќе не им оди и на секоја кавга го спомнуваат разводот но се трпат едниот со другиот само поради тоа што мислат дека во „нашето општество не бил добро прифатен разводот“ па не се разделуваат за да не се брукале пред луѓето. Имаат син 10 год. и 6 годишна ќеркичка. Децата гледаат се и трпат трауми само за да не се смее народов. Јас тоа не го оправдувам и не гледам на разводот како на нешто толку многу лошо, така и викам и на пријателката а таа ми вели дека децата ќе бидат исмејувани на училиште заради тоа што се деца на разведени родители. И јас сум мажена и многу си го сакам мажот но доколку дојде, недај Боже, до неподнослив брак и до развод би потпишала без размислување за народот. Баш ме интересира што мислите вие? Дали и во овај 21-ви век во Македонија разводот е сеуште табу тема?
     
  2. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    трпење на пеколен брак за тоа што би мислеле другите :puke: банално

    мисламдека не е ништо срамно,па уште помалку што ке мислат другите луге :!:
     
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    И јас така мислам ама ипак сакв да ве прашам сите вас, да не можеби јас грешам па ја убедувам пријателката дека не е ништо страшно
     
  4. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    56
    И јас мислам дека разводот не е добро прифатен тука кај нас. Јас сум за да се задржи бракот и да се најди начин да се поправат работите пример со помош на брачна терапија од страна на психијатар но кај нас тоа не се применува за жал,но доколку неможи да се најди заеднички јазик сум за развод.Повекето остануваат во брак покрај се баш заради децата но не се свесни дека на тој начин ке израсни трауматизирано и искомплексирано дете.Немам назадни свакања,никој не би осудила не само за развод туку за секоја постапка..
     
  5. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    за тоа прифакање е вистина банално да се пише и коментира,зависи на кое место,ако е некоја си провинција нормално никад ,а повекето скоро сите никој не се изненадува ако додје до тоа зашо се повеке се разведуваат и не е ништо срамно и страшно

    за тоа психијатаари и тн не се согласувам зашо ако ним им иде ке иде и без тоа ,ако не нема
     
  6. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    291
    море нека се разведат под итно...а како прифака општеството? Хмм па ете јас сум срекно разведена и ни на момент не помислив на народот...ме збореа две три недели и толку КРАЈ! Потоа во мало некој ке прдне и ке заборават на другаркати пошо ке имат нов трач...кажи и ич да не и чуе за народот нека оди со кренета глава и нека им објасни се на децава убаво....народот секако зборува дали за добро дали за лошо битно секогаш се има тема...
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Ако живеат за тоа како и што ќе помисли општеството за нив далеку ќе стигнат!
    Нека си гледаат за себе,како што им е убаво така и нека си прават
     
  8. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    411
    Се согласувам дека ако бракот не функционира , брачните другари треба да се разделат па макар имале и десет деца. Кажувањето дека се во брак само ради децата е ужасно нешто, заради тоа што децата и вака и така ќе имаат двајца родители, но дали е хумано и паметно да се остане покрај двајцата родители а всушност да имаат трауми од нивната неподносливост и кавги???
    Е сега пошто децата се на возраст кога ќе можат да ја разберат ситуацијата, најдобро е да се седне со двајцата и да им се објасни сликовито дека повеќе не се може на исто место сите четворица да функционираат. А за тоа дека кај нас не е прифатено, ТОЧНО Е. Јас не сум разведена но моја блиска е, со две деца, живее под кирија зошто кај мајка и нема место и супер се снаоѓа. Е сега можеби ќе бидам малце оф топик, ама морам да напоменам дека и сам не се живее. Не треба млад човек да остане сам со своите две деца. Кај нас е многу тешко да се најде партнер после разводот. Или те сметаат како крпа (само за задоволување на сексуалните потреби, без обврска зошто нели имаш и две деца) или па се плашат што ќе речат луѓето за тоа некој неженет да има врска со разведена и децата. Затоа мисам дека доколку не иде нешто , стави му крај, ама периодот што следува е тежок додека сите да се навикнат на новонастаната ситуација.
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.757
    Кај нас најобичното раскинување помеѓу двајца партнери во долгогодишна врска е табу тема, а не па разводот. :^)
    Секогаш ќе останиш етикетирана како `оставена, `разведена`... |(
    Луѓето долго потоа ќе прераскажуваат кои биле причините за разделбата и ќе слушаш милион измислени приказни. :fubar:
    Наместо да заздравуваш, да се опоравиш од ситуацијата, нервите ќе ти бидат потребни за слушање `добродушни` комшии и роднини, со нивните `златни` совети, а и тие кои ни здраво не ви велеле по пат, ќе ве застанат за да дознаат од прва рака зошто сте се разделиле. :tmi:
    Ама со главата напред, терање по свое, ставање граница на луѓето да не се мешаат, ќе си се средат работите. :)

    Конкретно за другарка ти, треба да и` дадеш до знаење дека си тука за неа во било која ситуација, но не да и` влијаеш на нејзината одлука (да ја убедуваш во нешто), затоа што тоа е нивни брак, и тие решаваат за него. Денес и` мислиш најдобро, ама утре можеш да испадниш најголемиот виновник.
    Во такви работи не смее да има мешање, па макар и сестра да и` бидеш! Нејзе и` е потребна само твојата подршка како другарка! ;)
     
    На georgnicos, danichap и imelda им се допаѓа ова.
  10. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Ме зачудува другарка ти како дозволува децата да и растат во стресна средина , не помислува колку им штетат и ги повредуваат и децата со атмосферата која ја создаваат во домот.. Децата многу разбираат и ја чувствуваат нетрпеливоста меѓу партнерите но да растат во толку нарушени односи( претпоставувам дека многу е лошо, штом почесто се спомнува зборот развод) во таков брак ( семејство) децата се тие кои се најголеми жртви , затоа што родителите се караат, си се издувуваат со тоа можеби а децата ја акумулираат сета таа негативна енергија :( ..
    Затоа би рекла дека за добро на децата е да се разделат тие родители, освен ако има расположеност меѓу двете страни за да се потрудат и да дојде до некои измени во нивните навики, однесување и комуникација..
    Се надевам дека љубовта и разбирањето ќе бидат поголеми од себичноста во нивниот однос, па ќе се измени нешто, а ако не , себично е децата да живеат во такви услови...

    Како и да е , girl 23 е во право дека ти не треба на ништо да ја убедуваш , одлуката е нивна сами нека дојдат до неа, да не испаднеш ти одговорна за нешто.
     
  11. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Подобро мир во куќа да има и да биде разведена,него ли да се секира што ќе кажат останатите,секое чудо за три дена!
     
  12. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    226
    Искрено, среќна сум, што сме дете кое живеат во нормално семејство, со мајка и татко, кое е реткост на денешно време. Некако дури како модерно да е на стари години да се разведуваат луѓето. Ама секој си знае каква му е ситуацијата дома.
    Многу пријатели и познаници имам на кои им се разведени родителите, па никому ништо. Зашто да се оди со глава во ѕид, кога не иде-не иде и крај. Нема што децата да ми страдаат заради муабетот на комшијата.
    Кога би се нашла во таква ситуација, без размислување би се развела, ако ме боли уво за муабетите на луѓето до сега тепач ке станев :D
    Имам блиски роднини, на кои не им иде баш најдобро, чичко ми е коњ, кој не го тангира ама баш ништо, додека тетка ми е таа која го "спасува" и одржува во живот семејството. Децата им се големи, братучед ми е веќе женет, ама она несака ни да слушне за развод, не ни помислува. Се нервира и само плаче, незнае за ништо друго. Типот психички ја малтретира жената, постојано и пререкува, ја навредува, се кара со нејзе, она сирота на мравка не гази само ќути и голта се.
    Искрено премногу ми е жал за нејзе, има кај да се врати, ама ете го муабетот срамота било, што ќе речел народот.
    Неможам да и помогнам кога несака, со мајка ми сум зборела да и рече, да и збори да го остави, да ја охрабри колку толку, само проблеми сама на себе си прави, не дај Боже ќе се разболи од нервози и секирации... ама она не не и не.
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.652
    Допаѓања:
    9.682
    Пол:
    Женски
    Мене ми е смешно да ви кажам, што некои луѓе уште го етикетираат разводот како табу тема.
    Можеби пред 20 години било чудно и не толку често, па затоа некои луѓе имале предрасуди.
    Ама во денешно време да слушнам како некој не одобрува или критикува развод ?! Можеби по селата само, уште е срам голем да си разведена жена со две деца, ама во градовите тоа го нема.
    Дури ми се чини дека самохраните мајки имаат и некои бенифиции по работните места, што укажува на фактот дека општеството не ги третира како чудаци, и не се гледа на тоа како недостаток.

    Излишно е да се зборува колку се децата погодени од атмосферата во домот. Што повеќе децата гледааат несогаласување и слушаат кавги, толку повеќе впиваат, градат слика и став, кои не мора во раните години, ама покасно сигурно ќе се појават.
    Затоа е подобро да се стави крај на нешто што не оди, отколку да се живее во простор во кој нема хармонија.
    И секако, тоа е одлука на родителите, иако некогаш и децата индиректно знаат да бидат иницијатори.

    Апсолутно нема потреба, било која жена, да ја жртвува својата и среќата на своите деца, за лош брак.
     
    На JuLleE, Annath и sweet25 им се допаѓа ова.
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.618
    Колку и да бил животот пекол додека си бил во брак, разводот е уште потежок филтер од кој би требало да излезеш слободен и да останеш само на тие трауми кои веќе си ги имал. Па одозгора фалат и бабите со стомните на рамења да отворат устите. Абе луѓе, секако ќе зборат па ако сакаш пресади и нов мозок и дај и малку повеќе култура и разбирање, самиот чин никогаш нема да помине без шепотење зад грб. Ама дека е табу тема, далеку тоа.

    Ма поарно нека ме гледаат под око и нека ме прскаат со светена вода оти демек не сум мислела на децата отколку да ме сожалуваат и јас да патам. Моите најблиски другари се деца на разведени родители и секогаш кога ќе дојдат на таа тема со некој кој не ги познава, се прават жални фаци и фрчат извинувања пошо нели, тие не знаеле, а нема потреба.
     
  15. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    wooww боже ,,,,,
    на секој како му е најдобро така ке си прави,шо сеа ке мисли шо ке кажеле комшиите,па они и те како би збореле и да не се разведат,боже господе....

    братучеда моја исто и една пријателка ,2 те се разведени...
    братучетками има 25 год и си иде со неоженет тип
    пријателката има бебенце и се зима со неоженет

    што има везе ,,вистина банално ми е да коментирам за тоа навистина глупо размислување и просто

    што би рекол народот ? :?: wtf?
     
  16. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Хехех, точно така.. И јас кога ќе кажам на некој дека сум се развела најчесто ми се извинуваат и ми кажуваат дека не знаеле и одма ме гледаат со една жална фаца :^) бидејки никој не знаел како ми е дома, па морам да им објаснувам дека сум сакала и дека ми е добро, да не ме жалат :muscle:
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.024
    Страшна работа ти е разводот во Македонија. Уште пострашна да посакаш брак со некој/а разведен.
    КАТАСТРОФА
    Живееме во едно толку ограничено општество, во кое практично квалитетно се самоуништуваме. Значи уште колку години треба да поминат за да изумрат генерациите од 50тите па до 70тите години па да кажеме дека ќе се живее по други правила и морални норми, далеку поопуштени од денешниве.
    За мене се тешки будали сите оние кои трпат несреќен брак поради општеството, околината.
    Јас живеам за мене и никој друг, ако мене ми е убаво да сум во брак, ќе бидам, ако не ми е нема. Ако јас сакам некој разведен нема што гз да го боли другиот јас со кој сум и што сум, оти ниту ќе живее со мене, ниту пак ќе ми купува леб секој ден.

    Болно е тоа што разводот е повеќе осудуван од криминалот во оваа државата. До каде се застанати гледиштата и сфаќањата на народот... :x :x
     
    На daddys.princess, blond, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Мислењето на другите не ми е толку важно за да ја диктира мојата сегашност и иднина и никому не треба да биде.
    Ако сум во нефункционален брак, сум се обидела ама не иде и ако знам дека ќе сум посреќна како разведена отколку мажена, око нема да ми трепне за тоа што ќе мисли баба Петра. Ако нема попаметна работа нека биде креативна и нека смислува сценарија за тоа што се случило и каква ќе ми е иднината.
    Баба Петра нема утре да ме утеши, да ме направи среќна и да ми ги реши проблемите, затоа кој ја шиша :D
     
    На JuLleE и Annath им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.401
    Пол:
    Женски
    Неможам да кажам дека разводот не почнува да е прифатен во нашата земја кога вушност почнува да биде прифатен. Еве јас како разделена единствено што сум била во непријатни коментари се од постарите личносто кои живеат во годините наназад. Додека од моите пријатели и сите нови познаници немаат порблем со тоа. Развод како развод е сосема непријатен особено поради децата, ама пре би се дистанцирала од нехармоничен живот, понижувања и несогласувања кои би оставиле траума на моето дете, и не почитувам бракови кои остануваат само поради своите дечња, а сопружниците немаат никаква комуникаија меѓусебе и има толку голема омраза. Секој си ја заслужува својата среќа, а при разделба ние како родители треба да се путрудиме дечињата да им објасниме и да им ја направиме прифатлива ситуација. Сепак создаваме брак поради нас, и го скратуваме поради нас, затоа ги игнорорам коментарите од личностите кои се занимаваат со туѓи животи, кои воопшто не знаат зошто и како, но не сум ни некоја која ќе земе да се правда, им оставам да си фантазираат за причини и последици. Сепак како и да е мислам дека новите генерации имаат разбирање и не е нешто ново, што би се гледало како трагедија.
     
    На encimenci, nesa, daddys.princess и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.683
    Како е прифатен? Лошо.Ептен лошо, особено од постарите генерации (да не се повторувам, многу го имаат напишано тоа).

    Еве конкретно како мене општеството ме прифати како девојка што е во врска со разведен, а потоа и во брак со разведен.

    Прашања од мојата околина:
    -Малку слободни мажи има, па ти со разведен?
    -Има деца? Ако нема деца, добро е, а ако има, бегај подалеку од него.
    -А зошто се развел? Сигурно многу шетал |(
    -Тој еднаш ја оставил жената, пак ќе го направи тоа |(

    Од негова страна за време на разводот:
    -Зошто се разведувате? Толку не можете да се погодете? Леле сега што ќе каже народот, еве се земаа ни една цела година не се во брак, а се разведуваат? Џабе потрошивте пари за свадба правење.
    -А кој е крив? Ја фати со швалер? Или таа тебе те фати? :fubar:
    -Ај не се разведувајте де, направете си дете и ќе се средат работите :fubar: , зошто после сите да те покажуваат со прст еве го овој разведениот?
    ____________________________________________________________________________________________


    Си имавме прекрасна врска. Направивме убава свадба. Имаме прекрасно синче, плод на нашата љубов. А бракот? Да ни потрае уште 50-60 години :lol: зошто ни е супер!



    П.С Не заборавајте, кучињата лаат, караванот си врви ;)
     
    На glorijaMKD, encimenci, Markusa2 и 11 други им се допаѓа ова.