Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод во нашето општество

Дискусија во 'Брак' започната од anina, 16 февруари 2012.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Поопуштени се ставовите во секој случај околу ова сега, отколку што биле години наназад, а тоа може да се види и по честите разводи денес кои биле незамисливи порано. Сепак од постарите генерации уште не можеме да очекуваме некој нормален, ноншалантен однос околу ова прашање...
    Не само муабети од старите баби комшивки, туку и слаба подршка од родителите од кои сеуште можеш да слушнеш коментари -Остави го нека лудува, со тек на време ќе се смири или Каде ќе одиш со деца, нема да можеш пак да се омажиш, па Што ќе каже народот, ќе мислат ти си крива...
    Ова во помалите градови од постарите генерации секако го има, а Вас Скопјанишча не ве знам, вие ко помодерни ми стоите :D
    За новите генерации веќе е нормално и прифатливо тоа што некој решил да се тргне од нездрава (за него) средина и да си продолжи по нов пат...
     
    На encimenci, eli25 и slavica999 им се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    [/i]

    Да, на некој начин почнува да станува помодарство затоа што од помладата генерација веќе никој и никого не трпи а жените се повеќе се самостални.
    Нормален резултат доколку не функционира еден брак а и двајцата се независни и осамосталени.
     
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    За мене разводот е нормална работа во денешно време,и онака има претерано многу разводи сега,а една од честите причини е фејсбукот.
    Едноставно мислат дека се сакаат,ќе се земат и дури после една година од брак да речеме,се разведуваат зошто сфаќаат дека не биле еден за друг.Јасно ми е тоа...затоа сум повеќе за т.н. пробно живеење една година без брак доколку се има можност.
    Дури и моите се чудат како толку лесно го сфаќам разводот,но подобро среќен развод одколку тежок брак.
    И мене да ми се случи не би се чудела и не би ми било срам.
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    непобедлив факт е дека во државава владее МАЛОГРАГАНШТИНА-што ке кажат лугето смајли што се крсти
    наместо секој да си гледа пред себе, гледа што му се случува во дворот на соседот
    а највеке ме нервира кога ке слушнам од мажи(а сум имала прилика да слушнам)-види ја РАЗВЕДЕНА е, ко демек гревче кутричка жена или не дај боже болна е од некоја неизлечива болест :fubar: бог да чува и да брани

    за мене бракот е нешто навистина свето, и подобро да се обидат партнерите да се обидат да живеат ПРЕД бракот отколку да има вакви испади-точно е дека доага до кризи во бракот ама постојат и стручни лица(психијатри, психолози, брачни советувалишта) и ако навистина ништо од ова не помогне следува развод, па ако сакаат нека ме озборуваат со години-не ми е галје-позади добриот коњ прашина се крева :lol:
     
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    За разводот во нашето општество може е најреално да зборувам од аспект на моите родители. Значи, колку сум јас слободоумна во тој поглед, толку се тие во пештерско време. За други работи и ќе се разбереш некако, ама за тоа... нема шанси. Мислам дека дамла ги мава ако речам дека би се развела ако веќе нема спас за бракот. Ама буквално! Жално е, ама вистинито е дека (според мене), повеќе би сакале да сум несреќна и во брак, отколку среќна и разведена. Тие ме убедуваат дека не е така, дека за мое добро така мислеле, ама ги гледам како реагираат на разводите во околината. Мојата другарка од детството се разведе и кога спомнав кај моите, леле, мајка ми цела пребледе и вика „Зошто? Толку не можела семејството да го спаси?“ Да не зборам коментарите после, прво од моите „Ете, таа сега ќе трпи цел живот, а ТОЈ пак ерген ќе си биде“ или мајка ми „Требала децата да му ги остави, да види после како ќе ја бара“ (?!). не можам да ви кажам колку се разочарав. Имаат шетано по светот, не е дека не мрднале од Македонија, ама ете... На друга другарка која се разведе мајка и имаше мозочен удар и моите одма „ете, од што се разведе ќерка и се разболе жената, не сфаќате вие што правите“. Еден комшија имаше инфаркт повторно затоа што ќерка му им рекла дека ќе се разведува (е не се разведе, ама ете, заради неа било)... Да не набројувам, се нервирам. И сигурно има и други како моиве. Моиве јавно не зборуваат и не озборуваат, прилично повлечени луѓе се, ама вака по дома кога ќе ги слушам, ми се темни. И пак ќе речам, за други работи современи се, прошетани, начитани, секој ден се на интернет, далеку од тоа да се неписмени. А што останува тогаш за некои други, во други средини кај нас, страв ми е и да помислам.
     
    На artemis му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Премногу заостанати мислења има во поглед на оваа тема..
    Да се надоврзам на постот пред мене, фала Богу со мајка ми сум разговарала и она вели дека за мене и сестра ми секогаш ќе ни биде отворена вратата и ако не сакам да останам во таа заедница да си заминам... Многу ми е мило што имам поддршка од мајка ми за се.. Не знам како тато размислува но секако, доколку јас не сакам да останам во брак со некоја личност нема сила што ќе ме натера да продолжам..

    Постарите или барем повеќето од нив, се шокираат ако им се спомне развод а не дај Боже нивно дете да се разведе.. Штета е да се уништи живот покрај некој со кој не можеш да се замислиш, а да мораш да бидеш поради околината..

    Јас сум за развод поради разумни причини.. Живеам само еднаш, нема да слушам други да ми кажуваат што да правам и дали е тоа срамота или не...
     
  7. feminagirl25

    feminagirl25 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    i jas pred skoro 2 godini se razvedov,pa sto? :) kaj nas vo Makedonija,odnoso balkanot razvodot e "strasna rabota" :o koga resiv da se razvedam,podrska dobiv samo od majkami,a tatkomi ne ni zboruvase za toa iako mu gi kazav site moi problemi.vo brak bev 2 godini.za tie dve godini od stres i probemi dobiv bakterija na zeludnik i stanav kako "baba roga",ne si posvetuvav vnimanie na sebe,totalno se zapostaviv,se zdebeliv 10 kila,bev vo depresija koja i den denes ja imam itn.koga se vrativ kaj moite,komsiite odma pocnaa da zboruvaat zosto sum se razvela i eden kup gluposti.znaete,za razvedenata devojka ja imenuvaat kako "kurva"toa ne mi precese mene,a na tatkomi mnogu.sega veke se se zaboravi,veke i komsiite prestanaa da se zanimavaat so moite problem.sega veke se pomina i se zaboraviv ali samo edno zapamtiv:ako i den denes bev vo brak radi komsiite so ke kazat i deka tatkomi se sprotivstavuvase,jas denes najverojatno nemase da pisam vo forumot na femina i da pijam kafence,tuku ke bev vo nekoja dusevna bolnica.zatoa devojki noj sovet:zivejgo zivotot kako sto mislis deka treba oti eden e !!!! ;)
     
    На bibush, encimenci, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.017
    Пол:
    Женски
    Устата на луѓето никогаш не може да им ја затвориш.
    Но за децата подобро е да живеат во здрава средина со еден родител,отколку во нездрава со двајца родители.
    Мислам дека разводот во последно време, не е воопшто табу тема.Луѓето кои се разведени не се осудувани,а уште помалку отфрлени од средината.
     
  9. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Мајками и таткоми се разведени па затоа знам за што збориш. Многу е тешко сам човек да се бори и одгледува деца па уште и оговарањето. Знаете таа е оставена а тој демек оставачот жента е секогаш крива.
     
  10. Aleksandra1977

    Aleksandra1977 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    112
    Батали го мнението кое владее во нашево општество и онака никаква ќар немаш од багра, малограѓанштина и бљувотина. Барај ја Вистината и таа ќе ти подари мир во душата.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    На нас па што ни' чини?Само од нешто да се извлекуваат поводи за оговарање, попаметна работа и си немаме. Не дека сме заостанати де, ама ете патиме од она „на комшијата нека му умре козата“. Иначе за нас сме си современи, абе запад.
    Пред некој ден наслушнав додека чекав автобус еден муабет:
    - „Туу па таа распуштеница, што можеш од таква да очекуваш. Мене ми е чудно како уште се дружите.“
    - „Де бе Х, па и ќерка ти е разведена, па треба ли да не и' правам муабет кога ќе ти дојдам на гости?“
    - „Ааа девојчето не ми го земај за пример. Ќе ти се налутам да знаеш.“
    Не го дослушав убаво остатокот од муабетот, ама овој извадок е сосем доволен да знам шо луѓе чекаа автобус.

    Во нашево општество разводот е тешка појава од друг аспект повеќе. Самохраните родители што остануваат после разводот не се доволно заштитени според мене. Со алиментацијата може триста комбинации да се прават да се избегне, а и таа не е доволна за сите. Треба ептен да имаш среќа и поддршка да успееш.

    Муабетите не се битни. Ако имаш самодоверба и си се сакаш самиот себеси и си ја знаеш сопствената вредност, ќе се најде и тој некој кој не преку еден, преку 10 разводи ќе премине за да биде со тебе и ќе ги победи сите предрасуди и овој наш каковтаковимаиполош менталитет.
     
    На Katerinceee, vinozito1, encimenci и 7 други им се допаѓа ова.
  12. mama32

    mama32 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    Да, кај нас после развод жената е распуштеница, а мажот си е пак ерген.
    А додека таа ги гледа децата и куќата , он си брка сојки,ужива во животот,си прави ќејфови...
    Народот секогаш ќе збори, ама будали се тие што се замараат со тоа кој што ќе рече. Јас си го гледам мојот пат, а на некој ако му смета нек си се тргне. Па јас живеам за себе, не за нив.
     
    На tessie, Aleksandra1977, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Секое чудо за три дена....дека оние што немаат попаметна работа ќе оговараат ќе оговараат,устата на народот не можеш да му ја затнеш...таков ни е менталитетот,секогаш прво да се гледало што се случува во дворот на комшијата и никако ова да се искорени.Ама караванот врви а кучињата си лаат...
    ,За жал разводиве во нашево секојдневие станаа се почеста појава.Бракот како свето нешто повеќе нема такво значење.Порано ретко која жена би се одлучила за развод,во состојба биле да поднесат се, ќе трпеле мажи кои ги малтретираат,пијаници,коцкари,изневерувања....се само за да не се разведат,атер за тоа што ќе речел народот.Разводот бил реткост,најчесто во случај на неверство и тоа од страна на некоја жена.Затоа овие коментари кои и денес може да ги слушнеме дека секоја разведена жена е распуштеница не се ништо друго туку еден заостанат рецидив од минатото.
    Денес ситуацијата е дијаметрално спротивна,жените се повеќе свесни па така ни бракот ни разводите не се она што порано биле.
     
    На encimenci, Annath и Aleksandra1977 им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.159
    Допаѓања:
    112.906
    Пол:
    Женски
    Моите се разведоа после 30 години брак, ако можеше да се нарече тоа брак. Трпење од страна на мајка ми , за нејзините, за околината , за петко за трајко.
    Епилог: баба ми и дедо ми починаа, бог да ги прости, мајка ми си навлече 300 болести, татко ми мува не го лази, живее втора младост, јас извлеков подебел крај. Имам страв од брак, да не биде ист како на моите!!! Камо среќа да не ги гледав тие караници дома, камо среќа да не се осеќав виновна дека мите се во брак само заради мене ,нели во карање слуашаш Да не беа децата одамна ќе те оставев, камо среќа...

    Затоа еден совет од мене, до сите оние кои се мислат за развод, разведете се додека децата се помали, ВЕРУВАЈТЕ не им правите никаква услуга со тоа што растат во нефункционален барк. Не е семејство само ако дома се шатаат мама и тато како туѓинци, децата осеќаат!!
     
    На anggell, artemidis, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Еве и друг пример за ова.

    Комшиче ми е девојчето, се дружиме од деца. На нејзините родители не им одеше бракот и се разведоа додека уште таа беше основно. Лелее што направија комшиите од тоа. Жената крива, природно. Абе јадно девојче све се изнаслуша и за неа и за мајка и`, демек две жени сами ова она...можете само да замислите комшиската фантазија до каде може да тера.

    Девојчето си порасна во средина во која имаше мир. Беше во депресија, но со поддршка од мајка и` од истата излезе. Сега си е свој човек со кариера, заврши факс за релативно кратко време (факултет кој баш па и не е нешто многу едноставен за завршување) и мајка и` си е жива и здрава, а тие исти комшии им се улизуваат за лична корист, ама тие не се улави. Дa се прашувам јас, дури и порано би се развела.
    Убаво ви вика нена, додека е помало детето е подобро, затоа што одма почнува да разбира, па иде пубертет, па чекај матурант е, да не му правиме пред студирање вака, после еј чекај да заврши да не го шокираме, после еј ќе се жени/мажи да не се разочара и после се знае, никогаш не е добро време, но може да се собере храброст и да се избере она време кое ќе донесе најмалку последици.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ќе излезат сеа едно по друго мислењата, ама не можев да издржам. Вчера мислев ќе пукнам.

    Значи имам некои роднини со сфаќања ... не постои придавка со која би можела да ги опишам моите чувства и ставови кон тие сфаќања...

    Како бе може луѓето да се толку ограничени да ги ставаат жените во посебен кош САМО затоа што имале брак зад нив? Затоа што имале дечко за озбилно (кој нема пред брак денешно време?) со кој се потпишале на некој лист таму... глупости.

    Јас сум за тоа дека бракот е тешко да се сочува а лесно да се растури, jас сум за тоа при првата криза да не се летне низ врата со куферот туку да се проба да се најде решение, јас сум за тоа да се негува љубовта во бракот затоа што тогаш најчесто ги развива своите најубави страни и особини, ама кога нема разбирачка бе луѓе? Кога нема разбирачка, што? Кога очекувањата и реалноста излегле дека не се исти, што? Да трпи? За него се родила? Не разбирам.

    Глупости, па уште и распуштеници ги викаат. За маж кој е разведен не сум слушнала да викаат дека е распуштен.

    На една роднина ќерка и` се разведува. Мислам стварно. И се собраа фамилијарно да ја потечат жената од глупости зборење. Таа па, будалата се расплака. Ја тргнав настрана и и` реков: „Да трпи ќерка ти малтретирање, тепање, неверство, да плаче по цели ноќи затворена во 4 ѕида и упорно да не бара развод само за да не зборат комшиите. Е тоа е повод за плачење, а тоа што решила да се спаси не е. А ќе си ја најде среќата. Со тој што ќе ја заслужува. Што ќе и` е некој што ќе и` префрла за тоа цел живот?“

    Е истите тие луѓе пред две години бранеа една друга нивна роднина која си правела екскурзии во бракот, ама еј таа нејќела да се разведе, а маж и` сакал. И тоа ја прави подомаќинка од другава ... немам коментар, немам навистина.
     
    На tinan, Bozica1980, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.463
    Пол:
    Женски
    Тоа е проблемот со нашето општество Теси, нашиот менталитет. Поважно е што ќе речат комшиите, отколку среќата на сопственото чедо.
    Имам јас пријателка, се омажи одамна, после долга врска, се разведоа после неколку месеци брак, среќа немаа деца. Тој се ожени тука, таа замина во странство и таму се омажи, за наше момче. И двајцата се сега посреќни, отколку ако останеа заедно само заради тоа што ќе речат луѓето. Јас бев една од ретките што ја поддржуваа да се разведе, бидејќи навистина не беше среќна во тој брак. Зарем на млади години да и се распаѓа животот покрај некого со кого не може да најде заеднички јазик? И врската не им беше нај нај, тие се обидоа со бракот за да се средат работите меѓу нив, ама не им успеа. И дали требаше и двајцата да се измачуваат или да си ја побараат среќата на друго место? Луѓето грешат, и подобро е тие грешки, доколку е можно, да се поправат со време. А не, згрешила, па ќе трпи, демек жена е, нема избор, никој нема да ја земе ако е разведена.
    Тој страв е всаден кај нашите жени, верувајте, фрапантна е бројката на оние жени што се решаваат да останат во несреќен брак, само затоа што се плашат дека ќе останат засекогаш сами ако се разведат. Се плашат да ризикуваат, па играат на сигурно, нема човек кој не се плаши од самотија. Ама одржување на неуспешен брак е уште полошо, барем според мене.
     
    На tinan, Ethrnity, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Работава „да се молам да не ме oднејќе мажот.“ :D Смеи невидени.
     
  19. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Мене моите роднини не ми збореа цела година после разводот. Као у наша фамилија никој до тогаш не се развел. Ај да не разглабам кој крив кој прав но неколкумина ми имаа кажано „ај што ти фали. сега си дечко, прај си што си сакаш“.
    Само не е така. На никого не посакувам да дознае. Многу се летаат и на првиот мал проблем одма развод а после сите им се криви само они не се.
    Ма почнаа и по втор пат да се разведуваат. Баш вчера дознав за еден другар дека и втората жена го напуштила. Бреееееееееее
     
    На Ilinaaa и tessie им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    И јас сум против разводи за ситници, од шо им текнало, со тоа веќе сосема се извитоперува значењето на брак како институција (не ни требало луѓе со такви размислувања да се одлучат на брак), како да е во тренд, ама кога не оди - не оди. Никој не треба да трпи тортура, понижувања и ниски удари. Овој ден ни` е даден еднаш, не се враќа.
     
    На Annath, Ilinaaa и tinan им се допаѓа ова.