Развод и нов брак

Дискусија во 'Брак' започната од snejk35, 25 февруари 2013.

  1. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Тука веројатно има највеќе жени на едно место....јас долго време покушавам да најдам одговор и...можеби бев кукавица....а можеби немав доволно добра причина....


    Значи ..во брак сум 14 години... Искрено со жена ми се зедовме многу набрзина ..затоа што после некој месец во врска остана бремена..... Кога се случи тоа бев многу среќен ..но како доагаше датумот..почнав да се осеќам како во замка.... на крај сите се радуваа...а јас на сред свадба се осетив ко на сред досаден филм - моментот кога сакаш да го смениш каналот.....

    ...нема врска...дојдоа прво дете ..се разви некаква љубов ...значи поголема од онаа првичната...и поштување и се...кога се роди и второто дете - после неколку години ..т.е. моментот кога се врати на работа....малку по малку се се смени.....заладени односи ...незаинтересираност... , почна и од моја страна истото...почна всушност патешествието......после испадна дека била бремена повторно...и без да ми каже си абортирала и така натака.....и нели се поправи ..да кажам 50% од оригиналната тежина...д ане наведувам бројки....ама страшно...понатаму бидејќи нејќеше да се дружи со никој ги изгубивме сите пријатели..и сега ниту негде одиме...ниту некој ни доага..... :(

    и....моментот.... значи....јас како маж се одадов на работата...притоа работејќи повеќе него нормално за да не се враќам дома...мегутоа ситуацијата дома почна да ме удира во мозок...па прво почнав да подпивнувам..... па почнав и да пијам....за на крај да почнам да се оставам.....зборувам временски интервал од неколку години.....и да при тоа за затрув неколку пати..и завршив на инфузија...со што престанав со целата работа...... после некое време почнав поактивно на спорт....мегутоа секој пат кога ќе ме видеше на врата ..коментари цела вреќа...кога ќе ја повикав да дојде...тоа нормално не доагаше во предвид...она да се потела.... ...и така дојде до следната фаза..... да почнам да гледам по други девојки.... кое почна страшно да ме фрустрира..... и пробував да кажам да се швалерисувам.... и тоа воопшто не ми одеше од рака...бидејќи на сите им кажував дека сум женет...крај ..уште повеќе фрустрации..... па почнав да не кажувам ( ете го одговорот - зашто мажите кријат дека се во брак ) .... мегутоа лесно ме откриваа... можеби зашто не им се нафрлав на првиот состанок... и тогаш уште еден момент.... кога .... така наречени другарки ...почнаа да ми местат свои другарки за частење..... одпрвин добиваш секс кој толку многу ти фалел ( зборам за добар секс - тој таканаречениот сеуште го имавме со интервал 4-5 пати месчно на мое инситирање )..... и после година дена на таков секс ....почнував да се осеќам безврска до највисоки можни граници.... затоа што нема никаква топлина...него вршите работа.... сега гледам како на многу гаден момент на тоа..... и сега доагам до скоро крајот на приказната.... кога пред неколку месеци влегов во како ли да ја наречам тајна врска со жена која случајно ја знам повеќе години....која е немажена ....и која ми го обои светот во вистинската боја ...со која се сакаме и се така натака... и со која навистина си поминувам одлично ...и муабет и секс и се ...да можам би бил со неа 24 часа на ден.....

    СЕ досега многу пати ( ова е многу скромно кажано ) сум размислувал на развод ....но заради децата ...и сите моменти со нив ...никогаш тоа него ставив на табла...иако со години и години се гушев.... Сега осеќам дека имам право и дека е тоа правата работа ..за да се разведам.... бидејќи сакам да направам семејство повторно со некого кој го сакам ...прв пат во последните 20 години....и да му дадам среќа радост и дечиња.... Но ...ми е страв за моите сегашни деца ...како тие ќе живеат без мене ....


    .... повеќето пријатели ме убедуваат дека имам право да и јас живеам..бидејќи децата ќе пораснат ....а јас ќе останам несреќен.... и понатаму.... значи во моментов мислам дека мојата сопруга живее во идила.... додека јас незнам вратата кај да ја најдам.... тотално не ме привлекува....заедно кога сме седиме во тишина... ништо не правиме....заеднички.....дури почнуваме да се расправаме за разно разни глупости ....... и за да дообјаснам... значи многу пати сум ја убедувал за секакви активности...за нејзината тежина.... па дури и за промени и ново нешто од 2 стандардни пози во сексот....... но секогаш одговорот бил не ..на се

    ги молам тие што не се доволно компетентни или феминистички настроени да не пишуваат коментари или советуваат....

    благодарам за читањето
    благодарам на сите други...
     
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.457
    Развод и нов брак...малце помош

    Очигледно со зголемувањето на тежината твојата сопруга изгубила премногу на самодоверба. Исто така очигледно-ти повеќе не ја мотивираш. Кога мојот партнер не би ми бил доволна мотивација да сум подобра и кога сеедно би ми било дали моето НЕ на секоја негова желба го фрустрира-значи нема чуства. Така да...подобро е да се разделите. Не се секирај за тоа како ќе живеат децата. Ти пак ќе си ги гледаш. Но утре тие ќе пораснат и ќе си основаат живот. Прашање е тогаш ТИ што ќе правиш со личност со која немате никакви взаемни чуства?!?
     
    На rak4estip му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.691
    Допаѓања:
    103.424
    Развод и нов брак...малце помош

    Никој на фемина не го има правото да ти рече - разведи се... Ама ти не ни дојде по тоа,ти го знаеш тоа, тука дојде по поддршка и ревизија на идејата.
    Да,на прав пат си. На крајот од денот не мора да е се трагично, можеш да останеш драг пријател со неа во името на децата.
    Женава остава впечаток на апатичен и депресивен живот,кој е пасивен и непрогресивен што доведува до лудило. Секој има право да биде среќен. Секако дека децата не биле среќни со таткој кој подпивнува и родители кои немаат нормален однос. Ако им се обрнува вистинското внимание и по разводот... мислам дека штетата би била минимална.

    Не можеме да согледаме каде е твојот недостаток,зошто секогаш мора да има две страни, но според прикажаното... правилно размислуваш.

    И како не ја мотивира? Кога кажува дека и викал да излезе со него да спортува? Кога покажува иницијатива да имаат секс? Кога и зборувал и за тежината? Што да и направи? Она нема желба за ништо, прашањето е што и ја убива?
     
    На ljubam, Filiposka, femina90 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.457
    Развод и нов брак...малце помош

    Тој ја мотивира-ама таа не го прифаќа тоа како мотивација. Сакав да кажам-не реагира повеќе на неа, но не по негова вина. Таа така решила.
     
    На anmari му/ѝ се допаѓа ова.
  5. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Развод и нов брак...малце помош

    Ke pisuvam na latinica bidejki namam kirila tuka ...se izvinuvam odnapred.....edinstveno sto ja motivira e nejzinata kariera.....za ovie gidini otide i te kako naped vo firmata kade raboti...i pritoa sekogas dobivala bezrezervna podrska......
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.592
    Допаѓања:
    232.434
    Развод и нов брак...малце помош

    Никоја сопруга не заслужува само на хартија да има сопруг кој е постојано во бољи живот додека целиот товар поврзан со куќата и децата е на нејзин грб.
    Никоја сопруга не заслужува сопруг кој во моментите кога и требало поддршка он почнал да пие и да се труе.
    Никоја сопруга не заслужува сопруг кој после многу не/успешни обиди за швалерисување конечно си нашол љубов на друго место.

    Да, си бил неспремен, несозреан и недораснат за улогата на сопруг.
    Си се обидел да се вклупиш вооваа улога, но при првите проблеми си почнал да бараш изговори и да трчаш по се со послаб морал.
    Претпоставувам дека дошло до намалување на самодовербата кај сопругата поради тежината па се повлекла во безбедна зона, дома. Не верувам дека абортирањето од нејзина страна е причина за ваквиот вид на однесување од твоја страна, само повод. А причините кои она ги имала може биле од финансиска природа, веќе отежнатиот однос...уште еднаш презела на свој терет и по цена на своите нерви таква одлука која очигледно имала и последици по нејзиното здравје.
    Не е нерешлив проблем, само треба многу трпение, љубов и поддршка за да се врати на празата стаза.

    Добивам впечаток дека наместо да го добие тоа, то во тој момент си почнал со фазите на пиење и швалерисување кои само дополнително и ја влошиле ситуацијата.
    Претпоставувам дека е работник, мора да се грижи за домаќинството, мајка...па не е лесно сето тоа да се постигне. И мене не би ми било дојдено до трчање ако едвај чекам креветот да го фанам.


    Сакаш да се разведеш уствари.
    Разведи се, ете ти сакаш, сите пријатели те советуваат...доста ја бламираш нејзе и себе си.
    Остај се и прв пат после толку години биди маж а не безрбетник и преварант.
     
    На MilaP, do-re-mi, katerince.27 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    Развод и нов брак...малце помош

    а зошто ти и сегашната сопруга не пробате да посетите брачно советувалиште-сите проблеми кои се во бракот се решаваат заеднички, па така ке можеш да дознаеш која е причината зошто така таа реагира за промена на сексуалните пози, секојдневни кавги за глупости и сл.
    според ова што ти го кажуваш неа нешто ја мачи но не е доволно храбра да ти го признае тебе
     
    На Abeja и friendy им се допаѓа ова.
  8. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Развод и нов брак...малце помош

    Moram pak doobjasnuvanje da dadam....mojata sopuga ne e doma sekoj den ..minimum do 18 casot....decata najveke gi gledaat moite roditeli iskreno...jas gi nosam i zama od uciliste...kako i na angliski...rodendeni i se sto proizleguva...jas pazaram...doaga zena da pegla..cisti...koga bea mali decata imavme zeni da gi cuvaat ...pomagaat.i slicno...da verojatno ne sum od pomos....
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    5.883
    Развод и нов брак...малце помош

    Тотално се сложувам со Danichap.
    За каков брак и брачен живот зборуваш?
    Многу си егоистички настроен и си го гледаш само твоето его,твоите потреби и интереси.
    Не те оправдувам...
    Тежината не е воопшто причина за пиење,швалерисвање и развод.Тоа ти е оправдување за твоите постапки,бидејќи не можеш да најдеш друго.

    Тука проблемот има други димензии и не,немој да се криеш зад жена ти и да даваш објаснување за твоите постапки.
    Тука роблемот е што ти всушност не ни знаеш што сакаш.
    Подобро разведете се.
    Ем ти на раат ќе се швалерисваш без да имаш потреба некому да објаснуваш,ем на твојата жена ќе и падне голем товар од маж како тебе.

    И да искрено...многу ми се гади од вакви мажи.
    Кои ако не се способни за брак не знам зошто влегуваат во истиот,за да потоа причина за развод увек да е жената.
    Многу се слаби ваквите мажи,суштински слаби кои никогаш не ни знаече што точно сакаат.
    А што ако и таа другата,твојата пријателка по x години прекумерно се здебели?
    Тогаш и таа нема да ти чини така?
    Тогаш други мани ќе наоѓаш.
    Ако веќе се претсавуваш како маж,тогаш биди маж и во вистинската смисла на зборот и јасно и гласно кажи дека причина за разводот е твоето однесување,а не напредувањето на твојата жена во кариерата.
    Затоа што жената освен што е мајка,таа напредува и во кариерата,патем има еден маж кои се вртка по други жени,а сето тоа да биде поголемо и поболно ја обвинуваш неа за твоите валкани постапки.

    Размисли...
     
    На Annath, AIT, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.592
    Допаѓања:
    232.434
    Развод и нов брак...малце помош

    Како што кажа, работи активно на својата кариера, што во никој случај не ја прави помала мајка од оние кои дома седат.
    Добро е што напредува и може да си дозволи да има платена помош во домаќинството и финансиски да придонесува во домашниот буџет.
    Добивам впечаток дека поделбата на обврските одлично функционира, што е добро.
    Но не можеш да очекуваш од било која жена дека нема да примети како губиш интерес за нејзе и се понашаш целосно несоодветно за возраста и улогата на сопруг и татко.
    Дека тоа твое шеткање, пиење, изневерување нема никаква врска со вашата благо кажана депресивна ситуација дома е илузија.
    Многу жени многу полошо би реагирале, наместо да се оддадат на работа и да му дадат простор на партнерот и понатаму да обавува вонбрачни активности. Би му го загорчиле животот во секоја смисл на зборот.

    И јас се венчав на 25, што за мене е ралтивно млада. Еве 29 сум сега, па пишувам од гледиште не само на жена туку и на сопруга.

    Нема изговор од твоја страна што ќе биде оправдување за твоето несоодветно однесување.
    Ако не ти чини партнерот, пак ќе речам не прави будала од него и себе.
    Срцекршачка имаше право во врска со терапијата. Бракот е света работа, посебно кога и децата се донесени на свет. При проблеми со кои партнерите не можат да се справат прв обид е лично соочување и наговестување на евентуалниот краен негативен ефект од истите.
    Посочување дека се енма иднина, и дека советувалиште е последната шанса за евентиално спасување на љубовта или врската.
    Но не со мување и швалерисување со пола град додека сопругата живеела во идила.
     
    На Ma4icaaaa, Annath, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    20.660
    Пол:
    Женски
    Развод и нов брак...малце помош

    Ќе пишам искрено мое размислување.
    За моменталната ситуација во вашиот брак двајцата сте подеднакво виновни. Немој нејзе да и префрлаш. Можеби и нејзината љубов кон тебе одамна е згаснат, исто како тебе кон неа, па и таа е човек. После сите проблеми, твоите пијанства и швалерисувања можеби и нејзе и е преку глава па исто како тебе се посветина на нешто друго, кај нејзе тоа е работата. Немој да се залажуваш дека она појма нема дека ти си имаш швалерка, има и те како, ако ништо друго се сомнева и тоа долева масло на огнот.
    И сега што е тука е, пробајте да го спасите бракот, но ако не оди спасувањето тогаш разведувањето е неминовно.
    Само едно ќе ти посочам, ако си решил да се разведеш и да си почнеш нов живот со новата жена, а притоа велиш дечињата ти се најбитни несакаш да ги повредиш тогаш немој ни под разно нив да им правиш турбуленции да се селат, менуваат средина и училиште. Ако си прав маж ќе си излезеш ти од домот со куферот во рака, а не они да се пакуваат. Имам пример во друштвото фраерот фати швалерка и ќе се разведува (каков бил бракот, среќен не среќен не навлегувам нивно си е), и сега досегашната жена и девојчето се спакуваа и се одселија прво под кирија, па после кај бабата. А господинот во нивниот дотогашен дом си ја всели трудната швалерка. И сега што мислиш ќерка му од првиот брак (веќе е средно училиште) го почитува, не не он ја одсели од дома, а во нејзината соба има ново дете.
    Значи ако си доволно маж, оди си, не ги бркај нив од нивниот дом.
    Ова е само пример, немој да се пронајдеш, несакам да навредам
     
    На midnight.flower, anmari, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Развод и нов брак...малце помош

    Znaci voopsto ne se pravdam.....i voopsto ne sum sreken sto go doprev dnoto ...poveke pati.....mozebi trebase da se razvedam mnogu porano.....a vo vrska so toa sto me obvinuvate...kako ke se osekate vie koga vasiot partner ke bide na sluzbeni patuvanja po cela nedela ...bar ednas mesecno...i kako ke se osekatekoga stalno ke si zaspiva ...ili ja bilo glava ili sto i da e drugo .... ili ve ostava mnogu pati na sred sex ..zatoa sto taa e gotova...mislam...zatoa pisav gore ako moze bez feministicki pogledi.....na celata situacija.....ne sakam nikogo da navreduvam...samo vase mislenje na se....

    Znaci eve i za ova odgovor....znaci vo nikoj slucaj ne sakam nisto od tamu....ja sum toj sto ke si bara resenie....a vo sekoj slucaj ke prodolzam da plakam kako i za se dosega ...za hrana....kursevi...obleka....tie mi se SE.....NIKOGAS OD NISTO NEMA DA GI SKRATAM... i sega skoro cela obleka im ja kupuvam.....
     
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    20.660
    Пол:
    Женски
    Развод и нов брак...малце помош

    Во ред е snejk35 не обвинувам. Овде даваме коментари, форумов е да се чујат различни мислења, може од некое ќе имаш фајде. Туку ајде да бидеме прагматични, јас сум таков човек по природа. Викаш развод, кажуваш дома, ајде како ќе го изведеш тоа кој каде? И мене партнерот утре да ме остави, кога ќе помине првиот налет на емоции ќе кажам и сега како, кој каде, како се делиме, а децава да не ми ги чепкаш, а кога ќе ги гледаш и ред други работи. Ајде кажи до кај си со тие прашања, кај ќе одиш ти, каде она, каде децата, имот, швалерката ќе ја земаш одма или како???
     
  14. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.642
    Развод и нов брак...малце помош

    Искрено само до негде ви ги опрадувам "нападите и осудите" и воопшто коментарите за тежината која сите ја фативте на пик. Човекот спомна многу други делови и моменти кои укажуваат дека нивниот брак не е ништо повеќе отколку дисфункционална средина која и на двајцата не им пружа никаква сатисфакција. Каков е тој брак ниту најбананалните работи не функционираат, дали ако тоа што ете направил грешка во младост треба да плаќа цел живот, и никогаш повеќе да не биде среќен.
    Алкохолот е порок на кој човек многу лесно се навлекува, многу луѓе бараат среќа и утеха на дното на чашата, но заматениот ум од испиеното не сфаќа колку тоа е погрешно.
    Не опрадувам, ниту осудувам само се осмелувам да речам дека ги сфаќам таквите постапки, зошто како што реков жално е заради поединечни грешки некој целиот живот да го помине во сивило, несреќа и празнина.

    Не е нормално, морално ниту прифатливо швалерисувањето, но зошто со сила човек евнух да се прави, зошто да моли за внимание, секс, било каква иницијатива и акција која некоја друга ќе ја пружи затоа што сака, а не заради обврзаност и молби.

    Нормално паричката е со две страни, и можеби приказната на жената е полошо живеена, но како и да е јасно е дека бракот ни најмалце не е како што треба и за двајцата партнери.
    А во таква ситуација разводот е најпрактично решение, за грижа окулу децата со правилен баланс, договор и компромис може да се направи тампон зона во која тие би биле заштитени и што е можно помалку да бидат повредени.
     
    На Ilinaaa, ljubam, DeMelo и 9 други им се допаѓа ова.
  15. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    5.883
    Јас мислам дека бракот за тоа и постои,да се има почитување меѓу брачните партнери,а не при првото неисполнување на сексуалната желба,веднаш да се посегне по оној болен алтернативен пат и задоволување на сексуалните потреби на друго место.

    Тогаш ти зошто си влегол во инситуцијата брак? Заради секојдневно исполнување на сите сексуални фантазии и желби?
    Зарем бракот се потпира само на секс и ништо друго?

    За тоа и служи бракот,за формирање на семејство каде ќе се покаже обострана почит и тогаш кога другиот партнер не е емоциоално или физички одморен за секс истото да се почитува.
    Зарем тебе не ти се случило некогаш да те боли глава или ете едноставно да не ти е до секс.

    Пак ќе кажам дека јас тука гледам само егоистичко размислување и гледање да се исполнат само твоите желби.

    Верувај дека не е ни малку лесно една жена истовремено да биде и мајка и готвачка,учителка, и сопруга.
    Затоа си требало повеќе да ја почитуваш сопругата,а еквивалентно на тоа и нејзините желби.
    Многу често и во многу примери мажите се оправдуваат или се кријат зад сексот и тежината кај жената,како да мажот е совршен во секој поглед,па предимство си дава на сопственото его,а туѓото сосема го злоупотребува.
     
    На thelittle17, midnight.flower, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Aligator

    Aligator Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    Развод и нов брак...малце помош

    А како тоа сопругата ништо не забележува и живее во идила? Нешто тука не ми е јасно...
     
  17. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Развод и нов брак...малце помош

    Zivee vo idila..zatoa sto se nekoj drug srabotuva....zasto site zelbi i se zadovoleni i site baranja za sto i da e....zasto nikogas ne slusa koga jas i zboruvam za bilo sto...tuku pocnuva raspravija so kontraprasnja ai zasto za se dobiva moe da za da ne mora da se raspravam so nea ili debatiram.......i nesakam nikakov imot ...ni stan...ni kola...ni raboti.....za se sum spremen da plakam i poveke od pola.....i dodeka taa e so perfektno zdravje...jas oslabev bar dvaeset kilogrami...i imam problemi so srce ...pritisok...i red drugi raboti....
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.691
    Допаѓања:
    103.424
    Јас сум сведок на еден ваков брак,престанав да одам кај нив,зошто секој пат ги слушав овие разговори те од едната,те од другата страна... И баш беше вака. Жената вика мене не ми е јасно што му е, па сеа не можам цел живот да бидам манекенка,а има 30 години... неа и е добро,ама фрустрирана од себе и се он нешто и е крив,а дечково е баш лика и прилика на ова...дали има други на страна не знам,ама он е..на последни нерви. Има две страни,да,ама едната секогаш е повиновна.

    Извинете,ама ај замислете си да вашиот маж се запушти, си брка работа, у кревет нема интерес за вас, си завршува работа и си се врти на другата страна да си спие, да биде асоцијален и тромав? Не звучи симпатично,а ни привлечно...

    Она не сака да соработува...зошто ја мрзи и зошто и е сеедно. Дечко,ти треба да си отвориш здрава тема по дома,а не сам да си го решаваш проблемот. Безобразно е да се швалерисуваш и да живееш со тој факт,а уште побезобразно е да си размислуваш за проблемов и да си го решаваш без да го кажеш таму каде што треба и да сослушаш.

    За почеток, легни ги децата на спиење и отвори си ја темава која е пандорина кутија по секако... ама мора некад да се деси темата,отколку да ја шокираш,јас сакам развод решив... Не знам дали некад со мудата кои ги имаш да бркаш швалерки си ги имал да и кажеш дека бракот не ви функционира,дека ти си несреќен и дека размислуваш МОЖЕБИ за развод.
     
    На Diksi 85, Ilinaaa, ljubam и 10 други им се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    26.406
    Пол:
    Женски
    И мојот сопруг работи 24/7, јас сум дома и мајка и татко, па никогаш не сум помислила да го оставам, се поправи 40 кг. откако се зедовме, па сеуште си го сакам затоа што е душичка, можам да кажам дека дебелината ми смета само заради неговото здравје, ништо повеќе. И тој доаѓа изморен и понекогаш заспива на каучот во дневна и не му се лутам ако не се вклопува во моите планови. Самиот е свесен за сите недостатоци и надополнува штом се јави прилика, знае да врати за трпение и разбирање.
    Сите сакаат убав брак, а го имаат само оние кои знаат да дадат и да не чекаат ништо за возврат.
     
    На srcekrsacka, Abeja и tessie им се допаѓа ова.
  20. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Eve pak povtorno...da ne ispadne deka sum bezrbetnik...i se javiv na vtorata.....i i kazav deka mi treba pauza...od se....na sto taa burno reagirase....znaci ke odam po site sovetuvaliste...i ...ke prodolzam da zivam vo mizerija....no samo poradi decata...i ke kutam i se ...ako se resi bar nesto vo nekoe vreme ....nema da odam nikade...no ako ne se resi...ke ostanam sam...togas....bidejki vtorata ja osetiv deka nema da saka vtor obid.....ke mi bide sovesta cista...malku sam....celosno ni kogas.....