Ако мажот ја мрази жената од самиот почеток на бракот - нормално е дека жената ќе се запостави, нема да работи на себе, ниту ќе и биде дојдено до тоа да го спасува бракот. Мене ова ми личи на тоа - жената се фокусирала на работата, не е мотивирана да се одржува и негува затоа што знае дека ќе му се подава на човек што ја мрази од дното на душата поради тоа што ете, се случило да остане бремена, и мажот морал да ја земе поради она стандардното - што ќе речат комшиите. Ете, затоа пропаѓа бракот. Уште од сам старт е осуден на пропаст, имало деца или не. Нејзината дебелина нема врска со омразата, човеков си ја мразел жената уште пред да ја земе, затоа што не си го проживеал животот пред бракот како што треба. А дебелината, запуштеноста, фокусираноста на работата, запоставувањето на децата (што баш и не верувам дека е до тој степен) се само изговори, банални изговори од некој што не е доволно храбар да пресече и да каже „доста е!“ Искрено, снејк, се надевам дека ќе се решите да се разведете - не за друго, за доброто на сите. Ако останете заедно само заради децата, уште повеќе ќе ја мразиш, ќе трчаш по други, уште повеќе ќе пиеш... да не речам, ќе пропаѓаш. Децата ќе пораснат, ќе си заминат, полни со трауми од вашата меѓусебна омраза и непочитување, а вие двајца ќе останете сами, и што тогаш? Затоа, разводот е единствено решение во вашиот случај. Кој што понатаму ќе прави во животот е негова работа, ама немојте барем децата да ги унесреќувате. Ако ги сакаш како што велиш, ќе ги поштедиш од детство со трауми.
Кога девер ми за прв пат дојде во МК откако се породив (2 месеца мислам имаше малата), првиот коментар кога ме виде му беше: „Браво снајче, се гледа дека си пазела на себе, баш ми е мило“ Мажот ми само рече (за прв и последен пат ЕВЕР) - ДА, стварно пази, за тоа нема компромис кај неа. Површни се? Можеби, ама тие се само МАЖИ, визуелни суштества се, не можат против тоа! Мм никогаш не ја коментирал мојата тежина, секогаш се зафркавал дека е подобро да љуља отколку да жуља кога сум била во плус , а секогаш ми се восхитувал кога сум била во минус Тоа е тоа, толку е просто. Е сега, проблемот кај мачеников ваш е што тој НЕ ЈА САКА ЖЕНА МУ никако, ни слаба ни дебела, а тоа сите го констатиравме, и тие што не` „измами“ и тие што го „прочитаа“ предвреме
И ова, додека жената бара решение како да го спаси или врати бракот во некоја нормала ... по цена и да е крајно не исполнета, мажот себично размислува како истиот да го заврши и да си ја врати слободата. Луѓе, не сме криви што сме различно скроени. Ние жените сме емпатични, комплексни додека мажите се себични и си ја ценат пред се својата слобода и својот свет.
Гледам си размислувал како да го решиш проблемот со децата,ќе им дадеш соба кај твоите.Но што ќе правиш ти и твојата швалерка-идна жена ,и вие ќе живеете таму? Мислиш дека твоите би прифатиле? Или мислиш дека твојата идна жена ќе се жртвува и ќе живее во една соба и ќе чува уште една за твоите деца?Или пак ти ќе живееш на друго место ,а децата кога ќе сакаат да бидат со тебе ќе одат кај баба и дедо?
извинете ама според мене само маж кој изгледа вака може да очекува жена му да е со тело ТОП. а не некој кој денот го поминува на форум и продава памет (кој очигледно го нема ) !! Толку од мене.
значи АИТ....своја соба во друг стан...побогу нема д аживаем со моите на 35 години....затоа има станови со повеќе соби.... а драга Нена 2010....немам тетоважа сеуште и имам црна коса ..но баш така изгледам за воља на вистината..... стомакот ми е рамен како даска....во последниве 2-3 години многу пријателки ми рекле дека изгледам подобро него на 20 .....значи не вежбам во теретена ..бидејќи тоа е место за искомплексирани мажи...но можам во моментов 200 скекови да направам..... ...и дајте глупиот муабет дека сакам некоја тука да најдам......јас сум нашол тоа што требало.... и таа изгледа екстра ....и сум и кажал дека трреба секогаш така да изгледа за себе.....а дали вечно ќе останам со неа...па баб ванга почина ..навистина незнам каде да се обратам сега за гледање.... Поздрав.....и јас сум на компјутерот и на работа....а навистина овие 3 дена поминав многу време тука...но овакви искуства како тука се непроценливи...... јазот меги машките и женските
Да ти кажам искрено, да ми дојде сега Бред Пит и да ми каже дека сум му животна желба - нема ни со прст да мрднам! Не го менувам јас мојот сопруг ни за Бред Пит ни за никој на свет! Никој до сега не ме гледал со толку љубов во очите како што ме гледа мојот сопруг, а тоа не се менува за никаков six pack. Да не зборам за некаква минлива авантура која доживотно би ми го одзела тоа што го имам во моментов: љубов! Но од каде да знаеш ти, или твојата кутра жена (ја жалам искрено), вие никогаш не сте имале љубов, само неколку моменти на страст, проследени со долги години очај. И не се согласувам со сликава на Нена. Се‘ е тоа минливо. Она што останува е тоа што носиме во душата. Еден ден сите ќе остареме, и на еден или на друг начин сите физички ќе се промениме (а сигурно нема да бидеме поубави). Она што ќе им го пружиме денес на нашите партнери и тоа што тие нам ни го даваат е тоа што ќе остане во душата и на стари години. Доколку пружиме/примаме горчина денес, тоа ќе остане во душата за навек.
Е тука те чекав. ПА што се жалиш бе братче. Иди разведи се , живеј си живот што кукаш!!!! Што сакаш уствари?
Ти бе Снејк како толку сексапилен маж,како што се претставуваш,па како си можел толку да загазиш на 20 и на некоја да и направиш бебе? Значи изгледот ни кај тебе не бил пресуден,кога карактерот и интелегенцијата ти вртеле на 0!!! А таа другата и тие дргите драги пријателки кои го фалат твоето божествено тело,нели гледаш дека мајтап ти играат? Како можеш да паѓаш толку ниско и со такви ниски глупави удари да возвраќаш на твојата жена? Мене едно ме интересира?Дали и твојот татко истото го размислувал за твојата мајка кога ете некогаш имала некој килограм плус?
Некако не ми јасно,што бара жена ти со тебе.Од една страна кариеристка,со феминистички определби,добра мајка...Не ли и текнало на нејзе да стави крај на овој брак,кога ти си скроз поразличен од неа.Самобендисан,згоден,домаќинка изигруваш по дома,жртвено јагне... Многу се нејасни работиве,како повеќе пишуваш,се повеќе и повеќе бараш оправдување за тоа што си го наумил.Добиваше до некаде подршка,ама ја претера малку.Сакаш да се разведеш-разведи се.Само немој пребрзо да влетуваш во нов брак,прво убаво ,,изнаживеј"се, па после со ладна глава,откако ќе си ги увидиш грешките од првиот,создавај нов брак. И не очекувај дека и оваа новава што си ја таксал , кога ќе роди,после неколку години треба да изгледа како и сега.Внимавање на изглед -да,но се во граници,да не премине тоа во опсесија(како што е случајов со тебе и со твоите плочки на стомакот).
Не мора разговор меѓу нив двајца. Ние на темава го направивме тоа. Само треба жената да си седне и да го прочита сево ова. После, не знам колку нема да сака да се разведе.
Yep,јасни се работите....има еден колумнист што многу го сакам,и во вакви пригодни ситуации ја употребува фразата-DTMFA или ти Dump The MotherFucker Already...и ова важи и за тебе и за сопругата ти...аир од овој брак никој нема..само омраза фрустрации и досада...не знам какви ви се финансиите,ама ако е тоа ок,терајте си свој живот секој посебно,се разбира поштедувајки ги децата од непотребни трауми..
Слободен сум во моментов...и баш ми е драга комуникацијава......искрено Нена...неможеш само да пресечеш....да во овие 3 дена по многу размислување ..уште ми е почиста визијата...а веќе сега и совеста..... нема да влезам во брак една година бар.....и не очекувам да изгледа исто....сакам да се грижи за себе...од мене секоја можна помош ќе ја добие .... а опсесијата ...настанува кога еден ден кога ќе го допреш дното со пијанчењето...и ќе најдеш сила и вера ....неколку прријатели и пријателќи навистина стоирија многу за да ме извадат од “таму“...тие кои се беа тргнале на страна ...кога почнаа да добиваат невкусни коментари во мојот дом од мојата сопруга.....која јас во тоа време ја бранев...и се замерив со нив ..на еден начин....и колку повеќе тука со вас пишувам .... се полесно ми станува се....немојте ве молам пак да ме плукате и напагате..... сепак сте направиле едно добро дело !!!! Поздрав
Убаво шо ти е чиста совеста. Нејсе, работата е што мора да се пресече за жал. Навистина ја повредуваш и нормално дека жената има доволно гордост да не ти го признае тоа. Спасете се и ти и таа. А за следен брак не би ти препорачала многу да брзаш (како што и самиот рече) и гледај повеќе комуницирај со партнерката отколку со било кој друг. Кога ќе има проблеми, прво со неа дискутирај ги. И те молам пред да се жениш пак, осигурај се дека и двајцата имате исти ставови за брак за врска и за работи кои се вреднуваат во истата. Не е потребна уште една невина жртва. И не брзајте со деца (мене ако ме прашуваш). A зошто пак мораш да се жениш воопшто? Нели 21век сме, биди си во отворена врска, живеј со некого, не мора одма пред матичар. И најважно, не давај ветувања кои не можеш да ги исполниш.
Читам (и сама си се чудам зошто ги читам и коментариве од мажево) и сфаќам, освен тоа дека е болно површен, типов има душевна длабочина ко вирче од дожд, ми светнува дека освен што е опсесивен во врска со телото (и не му верувам дека има WOW тело, некако сум убедена дека овде се претставува како она што би сакал да биде, не она што е), и да си кажам, ми светнува дека типов е едноставно attention whore. Него му годи внимание па макар и да се плука по него. Секакви не има по светот . п.с. И моја молба до змијава (и ников му е само за чичко Фројд ) аман заврши некоја реченица со точка! Овие три точки за да се покаже душата напатена и недоречена заморуваат.
Колку не ми се допадна воведниот текст на оваа тема... 14 години во брак? Некој здебелен... седеле во тишина и не знаеле што да прават со себе си... 14 години стискале заби и сега кога детето ќе влегува во првите сериозни искуства во животот, му текнало на едниот родител како „не може поеќе“ и ќе го „живее животот“? Брату има да можеш и да прашуваш уште дали има за можење! Седнете и поправете ги работите бидејќи ништо не е направено од ваша страна за да се зацврсти темелот, а без силен темел, колку и да се оди високо, ќе падне се - дури и од вакви твои размисли. Абе какви се овие муабети јас не знам... Не се сакале, многу брзо во брак... не ми е привлечна. Па што не си прекинал се пред 14 години? Си бил кукавица или си мислел ќе се смени нешто? Онака ти си замина на свадба, како кај пријател нели? Да ти местиме некоја од 24 години, стегната, скоро вработена... ? Ти имаш криза човеку, реши си ја. Но не со жртвување на семејството, ами со твоја жртва. Твоја пот... Не е ни жена ти нешто сјајна (штом криела абортус од тебе - но жените читаат добро на лице кога некој ги љуби а кога не, па можеби затоа и криела од тебе), но ќе и простиме. Јас те советувам да седнеш и да си направиш муабет со себе си, стави ги тука не само параметрите кои тебе ти одговараат,ами поеќе користи ги параметрите кои ти задаваат проблеми. Така ќе решиш многу подобро и без повредување на другите. П.С. те советуваат пријателите да се разведеш и дека децата растат а ти пустиот ќе си останеш несреќен. Да, децата растат но со кои трауми и кои комплекси без родител или потребата „семејство“ да го гледаат како расцепкана слика!!! Тие твои пријатели изгледа или многу се разведувале или немаат некој сериозен во нивната врска! Ме изнервира целава тема... ах, секој денес се дрзнува да бидува БОГ и да создава живот! ШТЕТА!
Хммм..имам и во кујна, на терасите, во гаражите....во ходникот.....и во купатило да....ех тие плочки... лионесс.полна си и ти со горчина во тебе.колку само плукаш секаде.јас барам внимание.оф ВТФ. а за мојот изглед ич да не се сомневаш...а оди и поработи на твојот... се извинувам навистина ...ама ова пародија почнува да станува..... како на пријателски фудбалски натпревар сум....пријателски е...не се бодува...но што се би ми направиле ..аууууууу а навистина бев збунет прет 3 дена...