Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод и нов брак

Дискусија во 'Брак' започната од snejk35, 25 февруари 2013.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    (зборам за 2-та пола )
    кога не ти оди со едниот, а со другиот ти се насмеала среќата зошто да не...ако те прифати онаков каков што си ок...па сам цел живот не бива на човека му е потребно пријател и сопатник и во стари години
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Да де, на убијците не им се суди со смртна казна, ќе речеш и тие заслужуваат втора шанса, не пак разведените луѓе. Сум против подли работи како неверство, ама штом веќе си сам и си нашол некој, зошто да не? E сега можеби ќе наидеш на осуда од овој наш менталитет ко шо ги мериме со двоен аршин работите (бетер него у Викторијанска Англија), но „секое чудо за три дена“, ќе мора да најдат друга тема за оговарање затоа што нема да се интересни во друштвото. И онака користат само озборување да го задржат, па барем да биде разновидно. :D
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Зошто да не? Кај мене во фамилија има ваков пример. Моја прва братучетка е во втор брак. Со првиот маж немаше деца, а се разведе после скоро година и пол. После 7 години се омажи по втор пат. Со сегашниот сопруг има 2 деца. Секој заслужува втора шанса. Ако некому не му оди во првиот брак, после разводот нека ја бара среќата кај друг.
     
  4. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    56
    Snejk35
    Лично јас не сум против втор брак кога не оди,но мислам дека по толку години ти треба време да решиш што ќе правиш понатаму во животот и имаш стварно сериозен проблем а ова не е место каде што би нашол решение тоа треба да се осети на своја кожа за да ние коментираме. На една од темите нагласив дека децата не се пречка за развод тие повеќе страдаат во несреќен брак ако веќе си со неа поради нив. Брачен советник добро би ти дошол за разговор и ќе ти ги разјасни дилемите во твојата глава. Ти посакувам се најубаво и се надевам дека нема да згрешиш ќе направиш добар избор ;)
     
  5. Male4kaE

    Male4kaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Имате право и двајцата да бидете среќни! Можеби и твојата сопруга е заробена во таа монотонија па нема мотивација да промени ништо кај себе! Пробајте прво со разговор да се средите, во име на децата и годините наназад :) ако не успеете, тогаш не вреди да останувате повеќе во таков брак! Не е здраво ни за вас двајца, а ни за децата :(
     
  6. katerince.27

    katerince.27 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    вака феминки молам да споделите некое искуство слицно на моето или пак некој совет верувам дека на сајтов има и правницки па ке наидам на некој совет.Sе разведов од мазот во 2009 година по 4 години брак,прицината за тоа бесе тоа сто тој некако полека полека поцна да пие бидеики имасе нерасцистени односи со својот татко а бидеики зивеевме заедно во иста кука и усте пак на село тој посна да пие и гневот да гго вади на мене .Zнаци прицината за неговите пијанства не бев јас,цестопати ке дојдесе дома веке искаран со татко му и пијан ко земја и ме малтретирасе понекогас и тепасе.Iмавме син ,немозев повеке да поднесам се позалив на родителите и тие дојдоа и ме зедоа.Sе разведовме согласно тој доби алиментација и средби со синот и се функционирасе соврсено.неодамна потоцно пред една година јас запознав лицност со налик иста судбина како јас само сто тој зивее и работи во свајцарија повеке од дваесет години и тој долги години е разведен и има син,по убедуванјето на мојата мајка дека сам не се зивее и дека за се трба другар сопатник во зивотот па и за старост ресив да запоцнам врска,бев и во свајцарија три месеци седев па три се вракав во македониа се во согласност со социјалното а синот ми го цуваа родителите сега во моментот сум во свајцарија и ви писам одовде .Kога се се спремиза венцанје и мој втор брак мојот бивси сопруг кој неодамна дозна од други за моите намери да се мазам се зени и сега ме гони кривицно за тоа сто сум оставила малолетно дете и отисла во странство.бидеики детето е кај него за време на летниот распуст јас дојдов овде знаци средбите татко син не се занемарени нити прекинати.страв ми е да помислам се сто ке слуснам кога за три дена ке се вратам дома а пак кога ке помислам дека тоа дете во ција бременост во 7 месец потписав во болницата да го спасат него кога бев оперисана од воспаление на слепото црево, тоа дете за кое денонокно не спиев кога бесе болно мозе да ми го земи некој кој сеусте зивее на село и во кое село наставата се одвива така сто една уцителка уци истовремено две одделениа ,косата ми се крева ми се цини пес да појдам за македониа.а веке прасав се сто ми треба да си го земам тука со мене новиот партнер ми го прифака се е така розево а црно молам за помос..........
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Секако, јас сум за втор брак
    Тоа не е ништо лошо
    Не е изневерување или сл.
    Со тоа си правиш нешто за себе
    Сам не се живее, секој сака топлина, љубов, прегратки
    И ако не успеало со првиот, можеби и не бил за тебе затоа вреди да си ја бараш среќата со друг, животот продолжува, но се старее, затоа усреќете се додека можете
     
    На Male4kaE му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Прво браво што си имала храброст да направиш ваков чекор за развод на бракот каде што си била малтретирана. :clap: Ретко која девојка ќе го направи тоа, зашто нели побитно е комшиите што ќе кажат. |(
    Друго, секако дека сам не се живее, доколку човекот со кој планираш иднина и е во Швајцарија е ок човек тогаш зошто да не се земете, доколку го прифаќа твоето дете супер. Секој си заслужува втора шанса, па зарем сама цел живот да останеш. Ете и он имал слична животна приказна затоа и многу повеќе би те разбрал од некој што е сам или не бил женет. Во секој случај ситуацијата е добра. Мислам дека не би имале никакви проблеми. :)

    Е сега што се однесува до овој првиов, мислам според мене колку што јас се разбирам од правото дека нема шасни него да му го доделат детето. Прво и основно причината заради која сте се развеле е малтретирањето од негова страна, второ е условите во кои детето би требало да живее и учи доколку му го доделат нему.
    За да тебе ти го одземат мислам дека треба да поднесат незнам колку голема и астрономска причина за тоа. И мислам дека тоа премногу ретко се случува. Незнам детенцето колкаво ти е ама може и тоа да се изјасни со кого сака да живее доколку ги исполнува годините според законот.

    Така што мој совет ти е, кога ќе се вратиш овде одма да си најдеш некој адвокат или па истиот што те застапувал кога сте се разведувале затоа што добро ја знае твојата ситуација. И ќе ти објасни се како треба да направите и кои се можните сценарија. Адвокатот мислам дека би средил без проблем. Ова е сопред мое мислење колку што знам нешто во врска со правото, сепак нека се изјаснат поискусниве правници овде на форумов. :)
     
    На tessie и katerince.27 им се допаѓа ова.