Развод и нов брак

Дискусија во 'Брак' започната од snejk35, 25 февруари 2013.

  1. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.481
    За да се реши тоа треба да САКАШ а не да викаш ке кутиш и ке трпиш. И ти не знаеш шо сакаш искрено.
     
  2. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Iskreno...mir i tisina..da izbegam i da ne se vratam...no toa bi bilo veke pederski...a decata nikogas nema da gi ostavam....ke ziveat so nea...no ni vo eden moment ...nema da bidam daleku ili zafaten za niv
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.128
    Допаѓања:
    282.327
    Нема потреба да се осудуваш на мизерен живот само бидејќи неколку мислења тука не се совпаѓаат со твоето, и бидејќи јас сум те нарекла безрбетник :tmi: .

    Најискрен и најтопол совет разговарај со сопругата.
    Кажи и како се чуствуваш и како размислуваш, нагласи ја неопходноста од терапија и советувалиште.

    Но не почнувај со тој разговор или со терапија со умислата дека ќе продолжиш да живееш во мизерија.
    Бори се за компромис во кои обостраните желби и потреби ќе бидат задоволени, не само оние нејзините или за децата.
    Дади шанса на бракот ако веќе си решил, но вистинска.
    Како што кажа барем за чиста совест и атер за годините поминати заедно. Ако не успее ќе спиеш многу подобро и ќе имаш помирна совест знаејќи дека си постапил како човек.
    Никој не ти го негира правото да бидеш среќен и при евентуален неуспех на бракот да бараш среќа со некој друг. Но веруј дека ќе живееш многу подобро со сам себе, а потоа и со другиот доколку сето тоа е сторнео на правилен начин.

    Ти посакувам среќа.
     
    На srcekrsacka и AIT им се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    Маченик. Уште од старт.
    На сопствената свадба бил несреќен. Во бракот бил несреќен. Сега има шанса за среќа.
    Приушти си ја, зошто цел живот така да го гураш? Или сакаш да умреш како маченик, само и само да твојата жена продолжи да живее во "идила"?

    Немој да плукаш по жена ти. Не е таа причина за твојата несреќа, колку и да се трудиш да не убедиш. Кажи машки-не ја сакам веќе, и крај. Те дебела, те не сака да вежба те ова те она.
    Нема ништо лошо во развод, само немој да ја обременуваш твојата жена со вина за истиот кога ти уште на свадбата си бил со мисли за друго место. Разведи се, биди среќен, само биди човек и превземи одговорност за своите чувства и постапки.
     
    На tessie, zalosna, Ilinaaa и 20 други им се допаѓа ова.
  5. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    624
    Прво да се извинам за пецатните грески. Пробав да ги следам правилата каде се наогјаат некои букви, ама тастатурата не ми е на англиски и не мозам да ги најдам.

    Според писуваното многу си несрекјен. Мој совет е да дадес втора санса на сопругата, но само доколку тоа го сакас. Ако си залјубен во новата девојка, мислам дека е векје касно. Коjа би била поентата да се трудис да променис несто во бракот, ако срцето ти казува несто друго. Во тој слуцај нисто не би се променило. Децата како и да ке осекјаат дека несто не е во ред. Едноставно не мозе да сакас некого со сила.
    Ако сеусте имас цувства за зенати, во тој слуцај седни ја кога ке заспијат децата и кази и дека си несрекјен во бракот. Кази и сто ти фали. Не поцнувај одма со сексот, грозно звуци. Наместо секс, кази дека ти треба блискост, топлина, дека сакас да поминувате време заедно и да имате заедницки активности. Ке видис каква е реакцијата нејзина. Ако поцне со расправија...тогас мислам дека треба да и казес дека сакас да се разделите.

    Во слуцај да не ја сакас векје, освен развод не гледам друг излез.

    Навистина не го оправудам тоа сто си имал други зени. Проблем не се ресава така. Да, мозеби ти било теско, ама ако векје долго време си бил несрекјен си требал да разговарас и ако не мозе да се смени нисто развод, па после бркај други зени. Навистина е многу мизерно и ниско таквото понасанје на мазите. Тоа е тоа, стетата е векје направена.

    Не сакам да коментирам многу за зена ти, затоа сто ја знаеме само твојата страна на сторијата. Иако ми изгледа за многу незаинтересирана и пасивна.

    Тоа би бил мојот совет. Разговарај ако сакас несто да променис, и само ако ја сакас!
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anmari

    anmari Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    neznam zosto vie mazite sekogas mislite deka ste vo pravo mozebi ti si ..top.. vo red ama zoto ednostavno gi stavas decata vo sredina i sega dmek zaradi niv ke trpis ..pa ti be brat.. voopsto ne si trpel ...ti ako si imal pocit si ogromna ljubov sprema decata i ne bi ja izneveril soprugata prvin ..maski ..bi se razvel od nea za decata da ne oseta deka ete imas druga a posle uzivaj kolku sakas ...i sea ne taa 2 pozi drugi ne saka de ti uzivas so ljubovnica ustei brak i decinja ''' se toa si mozel da go postignes bez da se ...zrtvuvas...14 godini.... pozdrav.
     
  7. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Мислам дека за брачно советувалиште, ви е премногу доцна.
    Според мене, советувалиште е полезно кога постои проблем, но љубовта се уште не исчезнала и кога и двајцата имаат желба и мотив врската да ја поправат.
    Кај вас повеќе нема ни љубов,ни почитување,ни внимание, ни толеранција...
    Вие сте тотално отуѓени.Двајца странци кои живеат под ист покрив.
    И јас сум жена.По дифолт, ние жените меѓусебно се разбираме...
    Но, твојава ниту ја разбирам, ниту ја бранам.
    Можам само да констатирам дека одамна кренала раце од тебе.
    Жена на која успехот на својот брак и фамилија и е најважен, дефинитивно не реагира вака.
    А, ти...Не се премислувај!
    На правиот пат си.
    Седни, разговарај со неа и обиди се да го завршиш тој брак на најбезболен можен начин (ако, такво нешто постои во тие ситуации).Колку што приметив, финансиите не ви се проблем, а тоа е и те како важно во вакви моменти.
    Децата секако ќе си ги гледаш и ќе учествуваш во нивниот живот.Верувам дека твојата љубов и грижа нема да им недостасува.Во случајов, тоа ти е најважната цел.
    А, ти ќе си ја пробаш својата втора шанса за подобар живот.
    Нема потреба од грижа на совест.На крајот на краиштата, сите ние имаме само еден живот.
     
    На DeMelo и Filiposka им се допаѓа ова.
  8. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Разведи се, и спаси ја жена ти од тебе
    Уствари таа што веќе кренала раце од тебе, имало зошто. Да вредело, ке се борела за тебе

    Најде каде да бараш "мислење", т.е. поддршка
     
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.411
    Допаѓања:
    171.732
    Многу жени откако ќе се омажат мислат дека е се завршено-едноставно се напуштаат,се дебелат,одат растресени,никакви.Јас сум женско,па правo да ви кажам несакам ниту да бидам во близина на ваков тип на жени,а не пак да сум машко и да треба....
    Што се однесува до сексот,ми звучи егоистично и од двете страни-она свршува,се врти и заспива,ти -бараш спас кај други.Кој е виновен повеќе?Не е битно,не е добро што вака се практикува.
    Многу од нас,било машки или женски забораваат дека пред се треба да се мајки и сопруги,а кариерата...па многу девојки останале немажени (барем фер биле кон партнерот)токму поради таа кариера.
    Абортусот (трето дете)кажа дека самата отишла,без да знаеш,и завршила работа.Голем прашалник,несакам да ти правам уште повеќе нервоза.
    Си почнал да пиеш велиш,нормално,мислиш дека кога ќе се отрезниш,се ќе е како порано.Грешка во старт,си правиш лошо самиот на себе и на децата твои.Колку што разбрав сопругата твоја е незаинересирана за ништо.Тешко е со такви луѓе,можам да те сфатам.Некои се вечно млади,некои остаруваат предвреме.
    Не му ја мисли многу,децата се тие кои треба да ти бидат мотив во животот и обиди се барем малку да си го направиш животот посреден за да можеш на одговориш на татковските задачи.На децата им треба и татко,не само мајка,ама не и алкохоличар.
    Уште еднаш,не те обвинувам -едноставно во некои ситуации човек не знае како да се постави-тогаш луѓето се пропиваат,одат со други и сл.што не е за пофалба.
    Како и да е ,во вас двајцата се наоѓаат и ножот и јаболкото-разговарајте и договорете се.
     
    На okcenzi и Filiposka им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Word.

    Mногу егоистично си поставен и максимално сексуално и физички ориентиран во врска со браков. Само збориш за секс, за пози, за килажата на жена ти, за ова, за она, за нејзината работа која тебе те лишува од секс...ТИ, ТИ, ТИ...аман! Не си загрижен затоа што работи напорно да не и` се одрази на здравјето, или како телесната тежина ќе и` се одрази на здравјето. Не, она здрава е, јас имам проблеми со срце и притисоци. Е ти си избра да почнеш со локање и швалерисување, за здравствените проблеми ти е најмалце крива жена ти.

    Ја обвинуваш зашто абортирала...Мислиш дека е глупава? Мислиш дека не почнала да чувствува што е работата? Тие работи ли се оправдување за твоето однесување? Вака ли се грижиш за своите деца, со пијанчење, паѓање у депресии и швалерисување?Таа не живее во идила, таа се бори да преживее за да обезбеди иднина за своите деца. И таа има маж кој не е задоволен во ниту еден поглед од неа. Шо не земала да пие и да се к*рва да ми простиш? Којзнае колку ја имаш убиено у поим и разочарано шо си и` ја убил така желбата да работи на себе и единствено нешто кое и` преостанало од самодовербата да ја држи на нозе е кариерата. У идила живеела...кутрата жена, баш идила.

    Да не треба да ти плаче, да ти каже дека ја боли што си толку суров и егоистичен? Да ти се понижи ко шо си ја понижил и избламирал јавно пред твоето “добродушно“ друштво и пред таа др**а (пошо извини, ама колку и да е прекрасна, штом се вмешала во едно семејство, не е ништо повеќе од тоа)?

    Велиш никогаш ништо нема да им недостига на твоите деца, а велиш дека сакаш семејство ново со друга личност. Јас мислам дека како што си слаб карактер (а си, делата го говорат тоа), таа друга личност ќе успее со три муабети да те хипнотизира и да те натера да заборавиш на нив. Веќе одамна и имаш заборавено на нив на некој начин. Дал ќе останеш во браков или ќе се разведеш, децата ќе ти трпат у секој случај ради тој твој карактер. И не го потенцирај по стопати тоа давање пари за нив. Ќе даваш, ами како. После се`, уште материјално да не ги обезбедиш...

    Edit
    Се извинувам шо сум вака изреволтирана, ама имаше еден ваков случај во моја близина и отприлика имам видено и осетено како тоа изгледа. И тој кутричкиот маченик, “мизеруваше“ покрај жена која беше добра мајка, вреден работник и жена со беспрекорен углед, не дозволила со ништо ниту таа ниту децата да бидат избламирани. Коа типов донесе втора жена, имитација на Плејбој зајачица, ми стана јасно дека и физичкиот изглед на женава имал удел (беше малку запуштена после бременоста). После ли? Виде што е мизерен живот покрај жена во вистинска смисла на зборот. Првава жена е премажена за странец, ерген кој и` гo има прифатено и детето и сега супер живее, а и подобро изгледа (покрај таков прекрасен маж има и мотив за тоа). А мажов, се залива и заборава по кафани, не престанувајќи со самосожалувачката елегија.

    Edit 2
    Да беше сексот единствена работа која го држи бракот, сите ќе се разведуваа кога ќе му клекне г*от на другиот. Ама староста во самотија е тешка. Затоа, кога ќе стапуваш повторно во брак, гледај да ја развиваш и емотивната страна на односот.
     
    На okcenzi, CuteEva, drugarka и 9 други им се допаѓа ова.
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Нема да зафаќам ни една страна,јас ќе зборувам од општи аспект.
    Никој не ти вели да останиш сам или пак да се разведеш.Односно ти веќе си решил да се разведеш и ние овде што и да кажеме не знам дали ќе влијаеме на твојата одлука.Според мене најубаво е да си седниш и да се обидеш убаво да разговараш со својата сопруга,да и кажеш како се чувствуваш и ако има можност и желба и кај двајцата да се обидете да го решите тоа на најсоодветен начин и за двајцата, а најмногу верувај за децата.Тие најмногу страдаат во ваквите ситуации.Не е добро за нив да живеат во дисфункционален брак бидејќи по твоите кажувања твоето е токму такво.Не наоѓај оправдувања во тоа дека се здебелила,па работела многу,едноставно како што ти кажаа и погоре твоите чувства и љубов кон неа веќе ги нема,а со нејзините постапки уште повеќе те оттргнала од себеси.Вашиот брак за тебе е навика,а богами по кажувањата изгледа и за неа. Секој има право на свој живот во кој што ќе се чувствува среќен,исполнет а не празен во душата.Не оправдувам тоа што си нашол утеха во други,во алкохолот.Пред да почнеш да пропаѓаш требало да се обидеш да го решиш проблемот.Но,тоа е веќе минато џабе се враќам назад.Сега ти преостанува како што кажав да разговараш со неа и на најбезболен начин да го решите проблемот. Работата е или џа или бу,треба и двајцата да сте среќни,но пред се мислете на децата.По твоите кажувања гледам дека ти значат многу што е и добро.
    На крај краева подобро да се разведете и да се договорите околу децата отколку тие секој ден да живеат во сртав и да гледаат сцени во кои што се караат нивните родители.И тоа е болно за нив ,не велам дека не е ,всушност овде не е ништо лесно за нив,но од двете зла гледајте да го одберите помалото за доброто на сите.
    Ситуацијата е нож со две острици е сега која страна ќе ја одберите зависи од вас.
     
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Снејк мене ме интересира кога абортираше твoјата жена?Дали кога ти имаше проблеми со алкохолот или пред/после тоа?
    Искрено многу ми смета твоето потенцирање -за децата,за децата! Јас ќе те прашам дали ти воопшто мислеше на истите тие деца кога се пијанчеше? Дали мислеше на нив кога се швалерисуваше?
    Според мене за се си крив ти ,уште од самиот старт,од денот на свадбата,кога не си имал храброст да кажеш не! Твојата жена е само колатерална штета на твојот кукавичлук и слаб карактер! Секоја чест за твојата жена која го истрпела цело твое однесување,па згора на се и деца гледа и работи и напредува во работата!
     
    На MilaP, vinozito1, anmari и 3 други им се допаѓа ова.
  13. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    snejk35 многу добри совети и коментари имаш добиено овде. Ако ги одземеш емоциите од сите овие коментари, се‘ се сведува на едно исто: разведи се, не ја лажи повеќе жена си, биди среќен, но во прв план да биде среќата на вашите деца (доколку е возможно).

    Јас сум помлада, и со далеку помало брачно искуство од твоето, но моето мислење е дека вашиот брак одамна пропаднал. Ни брачно советувалиште, ни магично стапче не помага тука. Единствено ако имаш временска машина, да го вратиш времето назад, да ги поправиш, пред се‘, своите грешки.

    Доколку на мојот сопруг еден ден му текне дека не е среќен во нашиот брак, најискрено сакам (колку и да боли тоа) прво да РАЗГОВАРА со мене на таа тема. Ако проблемите се нерешливи и тој и понатаму е несреќен, подобро е да се разведеме, отколку да почне да пие, да се коцка, да се швалерисува, па дури и да се заљуби во друга - а сеуште да спие во ист кревет со мене.

    Најголема грешка твоја е што си чекал емотивно да се обезбедиш (си нашол љубов со друга) па да се охрабриш на следниот чекор: развод. До тогаш беше „жртва заради децата“, а сега децата не се важни? Ќе си ги обезбедил финансиски, ќе си им плаќал и повеќе од половина...приказни за мали деца. Штом во равенството ќе влезе новата жена, сегашна љубовница и идна сопруга, ни „П“ од пари нема да видат твоите деца надвор од она што судот ќе го определи како задолжително. Штом сакаш ново семејство со таа жена, тоа ќе ти биде приоритет. Твоите деца не верувам дека многу ќе те сакаат. Особено ако нивната мајка тешко го поднесе разводот. Од целиот муабет што го прочитав, никаде не прочитав дека веќе сте разговарале со сопругата на таа тема. Никаде не прочитав дека си и‘ навестил дека размислуваш за развод, што значи тоа може ќе и‘ дојде како шок и нејзе, и на децата.

    Едно е сигурно (според мене): нема назад за вашиот брак. Единствено решение е развод. Многу полошо е да живееш со жена и швалерка (за сите е полошо), иако ни напиша дека си и побарал „пауза“ на швалерката.
    Многу голема грешка е што не си се развел на време, или не си побарал совет за спас на бракот навреме. Сега е доцна, многу доцна.

    А, да, уште нешто: да немаше швалерка („за озбилно“) и да не си се швалерисувал и претходно, можеби ќе имаше поголема поддршка овде на форумов. Многу природно, бидејќи ниту една жена овде не би сакала да е во кожата на твојата сопруга. Ниту ти би сакал сопругата да ти набива рогови.
     
    На friendy и tessie им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Тоа и ја крепи АИТ. Тоа и ја држи на нозе без да се сруши и заплаче. Многу и` е убав животот, сите едвај чекаат од работа да си одат дома, а таа се преоптеретува со работа за да не мисли колку ја понижил тој кому се` му дала во животот. Живот во идила, нема што. Oчигледно е конструктивна жена и мисли за доброто на своите деца. Сака да успее, да створи нешто и за нив, а па и за себе. После 14 години добра сопруга, мајка и вреден работник го заслужила тоа. Едноставно, некои мажи не заслужуваат добри жени покрај себе. Едноставно ги возбудува да бидат извисени, да мислат во секој момент дека може да ги остави дотичната...Некои мажи имаат видено мака од жена во вистинска смисла на зборот и молат Бога во животот да им се појави некоја како што тој ја опиша жена му.

    За работа на себе треба да имаш и мотивација. Не од типот на „ајде да трчаме заедно“ (така може само тренер да мотивира спортист, а не маж жена), туку со комплименти, убави моменти, да покажуваш дека ти значи. Тогаш не ни треба поголема мотивација на жена за да изгледа поубаво. Откако сум во брак искрено, увидов дека никогаш порано толку не сум се грижела за изгледот. Едноставно ми е мерак таков мил човек кој ме крева на пиедестал до небото да го изненадам со нова фризура, со одржување на линија, грижа за изгледот...a oчигледно и јас имам таков ефект врз него ко шо во последно време се` мене ме консултира шо да купи, како ќе му стои...немало потреба да си рушиме самодоверба еден на друг со инсинуации дека едниов се поправил или другиов на ништо не личи. Маани е најлесно да се најдат.

    И мм исто подолг период имаше напорна работа. Работеше најмалку 10 часа во денот, работеше саботите и доаѓаше толку изморен што едвај имаше душа да ми направи три реда муабет и да заспие. И мене ми недостигаше и мене не ми беше лесно, но не сум си дозволила да ПОМИСЛАМ да направам некоја глупост. Тој прекрасен човек се мачи за нас, а јас толку ниско да го удрам и подло да му вратам. Па шо ќе ми го животов после, секое утро да се будам со мисла за тоа што сум го испоганила за момент себично задоволство...
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    мене искрено не ми е јасно што го нападнавте човекот ... според мене немаше потреба од толку навреди спрема него ептен феминистички испадна форумов као жениве цвет за мирисање а маживе не ги бива.

    јас од она што го прочитав сватив дека женава сака да е у брак ама само тоа маж не и треба... како може да аго прекине на сред секс оти она завршила мислам тоа не ви е показател за себичност? па кој жив човек нема да фати швалерка при таков однос?

    да имаш дебела и незаинтересирана жена на 35 години да си ја гледа само кариерата? а што она не го мотивира него? што само он да ја мотивира зошто и она не се потруди малце нели сегде во темите ги советувате жените да облечат секси облека незнам што ? нормално дека постои и друга страна на приказнава ама сега ја гледаме само едната..

    од кај заклучивте дека женава е светица? може и она си има швалер па задоволна е ем маж и работи носи дома ем и она е задоволна у кревет од некој друг сите ја задоволуваат. може детето што го абортирала не било негово? која разумна жена ќе абортира дете од својот сопруг без да му каже ?

    вас тоа ви личи на стабилна жена? мене не...
     
    На DeMelo, Trnche, Filiposka и 4 други им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    E и да е така, нека побара развод, а нека не се крие зад “грижата за децата“, кои сигурно не му паѓаат на памет додека си фантазира за бракот со новата и семејството кое треба да го оформи со неа.
    Самиот си кажа дека од самиот старт не го сакал тој брак и негова вина е што не ја раскинал веридбата. Некој сега му е крив што не видел многу од животот и се оженил на 21 година.
     
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Не знам дали го прочита почетокот ,каде Снејк вика дека на самата свадба се покајал затоа што се венчал,а истото не и го кажал. Зарем ова ветувало среќа за жената и убав живот? Не мислиш дека тој од самиот почеток го терал бракот во пропаст?
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    А шо се тиче детето и јас би се размислила двапати дали да го родам во такви услови, дали би осудила уште едно невино суштество на таков живот. Апсолутно не мора да значи дека не е негово. А според кажаново воопшто не ми изгледа дека женава го изневерува.
     
  19. mama32

    mama32 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    И подобро што побрзо да се разведеш,затоа што на жената не и треба маж што не ја почитува и си има веќе друга жена, доста ја понижуваш,таа заслужува човек кој ќе ја почитува и сака.

    А дека ќе се грижиш за децата....дај Боже да е така ама тешко....кога ќе осетиш еднаш слобода веќе забораваш на се. Така и на мојот бивши маж многу му беше битно Јас да не му забранувам децата да ги гледа....а сега пошто ништо не му е забрането го гледа детето неделно по еден саат,а малото 5 мин .... што да прави нема време од работа и задоволување на другата жена.....еееее и тоа е човек на кого најбитно во животот му беше семејството и 24ч сакаше да биде со детето! А сега не се ни јавува да праша дали му се живи децата,па ни кога се болни...... Жалосно е тоа што може еден татко да им го направи на децата. Мажот и жената се заменливи, ама на децата никој не може да им ги замени родителите и светот им се руши кога ќе се сруши семејството!
     
    На girl1985 и tessie им се допаѓа ова.
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    да го прочитав но не обрнав внимание бидејќи минимум 50% од мажите тоа го мислат на свадба бидејќи во денешно време голем дел се женат/мажат заради бременост ( да бидеме реални ) . но потоа истиот кажа дека се родила љубов и почит и разбирање така да немало проблем. се потрудил човекот. а тоа што го чуствува е многу човечки и не е за осудување. човек не треба да ги крие вистинските чуства барем на форум колки и монструозни да се тие. се сеќавам на книгата ана каренина во еден дел каде што на еден од ликовите му се раѓа дете и толстој не паѓа на она клише леле дете прекрасно е го обожавам туку ги опишува вистинските чуства на еден маж. бебето е валкано гадно прекриено со крв и изгледа како вонземјанин. тоа ме шокираше тогаш но сватив дека човечките чуства се многу подлабоки од стандардните клишеа што ги слушаме.
     
    На DeMelo, Trnche, Filiposka и 2 други им се допаѓа ова.