1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод и нов брак

Дискусија во 'Брак' започната од snejk35, 25 февруари 2013.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    snejk35 па ти си бил кукавица :x
    Дојде на форумов со надеж дека сите ќе те "разберат" и "поддржат", дека ти си жртвата од еден пропаднат брак и сите ќе те сожалуваат и ќе ти речат ајде, само напред, разведи се и ожени ја швалерката. Но наиде на пречки, ладен туш кој не сакаш да го примиш. Ти не си доволно способен за ништо како што ми изгледа и од твоите постови. Не си бил способен да ја усреќиш жена ти уште од свадбата, си ја оженил без да ја засакаш (себично), на првите пречки во животот ти се пијанчиш(од што си неспособен дури ни саглам пијаница не си станал), потоа си изигравал Казанова (ама не си бил ни способен да фатиш швалерка како што треба, туку си се вратил на своја пријателка, која патем не е ништо подобра од твојата сопруга, бидејќи уште кога си и кажал дека ти треба пауза да се средиш, таа се разгневила. Ако те сакала навистина, ќе те разберела и ќе ти оставела простор, дури и ќе ти помогнела. Така да, ти ниту со швалерката нема да имаш убава иднина, тука си пресечен уште пред да почнеш), не си способен ниту да и признаеш на сопругата што те мачи, а уште понеспособен (себичен) си да ја прашаш нејзе што ја мачи, за твојата жртва во бракот секогаш изговор ти се децата (и тука си неспособен да ги тргнеш децата на страна од твојата себична пропаст). Цело време спомнуваш дека жена ти има голем успех во кариерата, што значи ти и завидуваш што е успешна и излезот го бараш во нејзино омаловажување (дебела и сл.)
    Ахх, да, а од целата оваа ситуација ти си ослабнал и срцето ти ослабнало. Си ослабнал од трчање по швалерки и неприсутност во домот на семејните ручеци а срцето те боли од грижа на совест (всушност, тоа е научна фантастика за тебе, совест, ха).
    Сума сумарум, ти одговори бараш на погрешно место, бидејќи за да прашуваш тука, најпрво си требал да разговараш со твојата жена, со која имаш деца, имаш живот. Но, доцна е веќе за да поправиш нешто со разговор, кој си требал да го направиш многу одамна. Неверство, особено такво кое континуирано трае, е неопростиво. Освен ако има работи за кои треба да си простите обострано, па да го залечите бракот барем површински и да се обидете да заборавите на своите грешки за да продолжите.
    Зошто не се обидете да ја пронајдете љубовта меѓу вас, исфрлајќи ја себичноста.
    Ти се зезна уште од старт кога пиша дека на свадба си се чувствувал како на досаден филм на кој си сакал да смениш канал. Плукам на ова твое напишано. Неспособен пред свадба да расчисти со желбите и себичноста.
    Не знаеме ние каква е жена ти, не знаеме колку ја повредувало твоето однесување и дали и таа се однесувала како тебе, дали и таа го барала истиот излез како твојот за проблемите. Не можеме да и судиме нејзе, бидејќи ти еднострано го изнесе проблемот и сам себеси се направи демек жртва. Но, не можам а да не те нападнам, тоа си е мое лично мислење,презирам такви мажи, себични и неспособни на проблемот да му пријдат со храброст и способност за решение, кое нема да се состои само во прашањето-ајде да имаме секс, ајде да трчаме(редно е да ослабеш), туку во љубов и нежност, внимание и почит, разбирање и трпение.
     
    На MacenceEna, AIT и tessie им се допаѓа ова.
  2. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Нели уште на почеток си се нашол како у кафез пиши му пропало на таков брак-без разлика каква е жената и каква мотивација да ти дава!!!
    не се малтретирај ни себе ни фамилијата заврши побрзо со ова,разведи се и олесни им на сите!
    очигледно тука нема љубов па нормално и да се забележуваат сите мани :!:
     
  3. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Искрено...незнам дали да продолжам воопшто било каква конверзација.....благодарам на тие што ми испратија приватни пораки и кои навистина се нашле во слична ситуација...нивните мислења се разликуваат од поголемиот дел од вашите...затоа што и тие биле жртви...( дали јас сум жртва воопшто не навлегувам - за танго се потребни двајца ) но ... нивните пораки беа во насока на подршка и соосеќање...секако и осуда зашто не сум го направил тоа претходно.....

    Од сите тие коментари погоре и од бројот на прочитани пати на темата...само можам да заклучам дека многу луге се заинтересирани за истиот проблем ....т.е. го имаат или размислуваат во таа насока....

    А за коментарите полни со емоции....несакам да помислам дека можеби сите тие госпоги веке имаат проблем и овака ги искажаа своите фрустрации.....кога тие со својот став ќе видат дека можеби и тие имаат проблем. Кога мажот ќе ви влезе со сканија во дневна и наместо да го прашате зашто влегол со сканијата, вие му викате дека ви го извалкал тепихот ?!?!?!?

    И....многу други коментари...НЕ САКАМ воопшто да се правдам....немам намера...крив сум подеднакво....но замислете да видите на улица пар кај кој жената е многу покрупна од мажот ... што прво ви паднува на памет...кај ја најде ( тие што ќе речат не - само се неискрени ) ....замислете ја мојата фрустрација кога сум видел преубав фустан во излог во скап бутик.... и кога ќе ви кажат извинете немаме толкав број...или моментот кога ќе и купиш скапи чизми со одговашарчи број и кои остануваат необлечени..затоа што не може да ги облече.... или моментот кога на плажа ќе се соблече по купачи....да јас сум крив ...сигурен сум и затоа...колку пати ми доагало во зземја да пропаднам...а да не зборувам кога ќе видам еден куп значи жени во тие години 30 + кои изгледаат одлично.... или да се криеме зад муабетот ..ете родив деца...што сакаш..ми се упропасти телото.... значи сум ја молел да и уплатам во салоните за убавина...каде релативно добро тоа се средува.... но неможела да се тегне по такви третмани......

    фрустрациите растат...со денови и со години ....на почеток се нервирач малце ...па повеќе ...па ти е сеедно ... и на крај веќе не ти е гајле.... тоа е процесот за кој сите треба да размислат.....

    Јас на почетокот и кажував дека треба малце да припази.... па вртев разно разни политики...па на здравје и слично.... за да на крај и отворено и кажам дека тоа многу ми смета...во повеќе наврати... и никогаш не сум наишол на разбирање.....

    и аб...се случи доста време пред јас да почнам да барам решение на погрешно место....

    треба само да излезете некоја вечер да видите колку жени пијат претерано... за да заборават се.... и колку многу мажени жени имаат секс бади за да не го растураат бракот.... очигледно не сте свесни....
    имам пријателка која исто има с.б. ...и таа се мачеше со нејзиниот сопруг ...кој впрочем има оклу 115 кг... и струк од 130-140 цм... каков секс може таа жена да има ..... ќе се сложам , сексот е мал дел од врската ...но тоа е зачинот .... никогаш не е неважен... доколку го немаш во потребната форма и количина станува генерален проблем.... и да се вратам на мојата пријателка....она навистина добро функционира сега во тој брак.... караниците се сведени на минимум..... скоро и да ги нема.... но од време на време во текот на работниот ден ...мора да побара “излез“ од ситуацијата.....како што таа вика стави си наочари и терај.....

    сигурно има уште многу работи на кои би се навратил.....но немочам во моментов...

    поздрав до сите
     
    На zalosna, Filiposka и stetoskop им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Потполно се сложувам со напишаното.
    Човекот си има мака-затоа и бара совет тука.
     
  5. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    имаш право да го живееш животот онака како тебе ти е убаво.Децата ќе си пораснат и ќе си имат свој живот.Ти треба твојот да го живееш убаво и со човек односно жена која те прави среќна.Немој да бидеш во брак кој не те исполнува.Толку од мене.Поздрав и со среќа
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    а како и било на жена ти кога гледала парови на улица гушнати и со деца,а ти пијан ?
     
    На lunicka и tessie им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    За тоа и правам муабет. Јас, јас и јас! Така брак не се одржува. И господине, ние што те осудивме не сме исфрустрирани ниту пак имаме такви слични проблеми (мене лично така некој маж да ми се понаша, има да го избришам од мојот живот и ќе се чудам кај ми бил паметот), туку почитуваме брак и семејство како светиња, така не` имаат воспитано. А ако тебе ти е важно што ќе речат, помислат другите кога ќе те видат излезен со неа, не ни треба воопшто повторно да влегуваш во брак. Во бракот нема место за такви површности.

    И со ова се согласувам. Мене всушност многу и ми беше чуден начинот на кој збори за жена му, ни малку нежност, љубов, ниту почит почувствував во неговите зборови. Само некоја огорченост, омраза, бес.
    А човек без маана нема. Сигурно не си ни ти некој Аполо, ако сака некој да ти најде маани, ќе ти најде триста. Ама тоа е. Ти сакаш да ги гледаш нејзините маани, да ја понижуваш со тоа што и` предлагаш третмани, не си се ни потрудил да го најдеш убавото во неа.

    И уште се нарекуваш жртва. 35 години наполнил, две деца и уште си мисли на фак бади. Ццц
     
    На Abeja и AIT им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш прави како што ти е полесно....стави си наочари и терај....затвори ги очите пред проблемот и вистината и терај едноставно, не се врти....најди некоја манекенка и од време на време барај "излез" или "влез" во неа.
    Ти го сакаш полесниот начин, очигледно така и си воспитуван, затворај очи пред проблемот, прави се дека го нема. Сигурно и на свадбата си ставил наочари и си истерал до крај ради реда. А можеби твојата сопруга, тогаш тазе невеста, ги приметила твоите наочари па уште од старт се разочарала од тебе. Не си слушнал за абортус,не си можел да разговараш со жена ти на време, пред да ја обврзеш и нејзе? Ти и тогаш не си бил способен за сериозен разговор а не па сега.
    Затоа, стави наочари и терај понатаму, за друго ти не се ни интересираш. Но со таков карактер и со такво затворање на очите пред проблеми, ти никаде нема да стигнеш, само ќе тераш и понатаму и секогаш нешто ќе ти фали, никогаш ништо нема да те исполнува, зашто ќе бидеш немоќен, односно неспособен да си ја направиш среќата комплетна.
    Среќата ја наоѓаме во малите нешта а таквите "излети" со кои бараш излез никогаш нема да те задоволат. Тоа ќе бидат само мали парчиња кои и да би ги составил во една целина, ќе бидат толку безвредни и никогаш нема да те усреќат. Дури и твојата секс љубовница нема да биде совршена за тебе, но барем нема да се изненадите еден со друг кога ќе скршнете секој на друга страна, зашто нели сте го искусиле тоа веќе.
    Но биди барем маж за крај, не мора сопруг, но само маж, и признај и на својата жена зошто не ја сакаш, зошто ти е одбивна и дека не те привлекувала па така си почнал да гледаш на страна без да и кажеш, можеби ќе се изненадиш од повратниот одговор, можеби ќе те погодат нејзините зборови толку силно што нема да посакаш да правиш уште еден "излет" и ќе се скршат наочарите со кои се сокриваше од светот. Тогаш ниту два животи нема да ти бидат доволни за да ги поправиш твоите грешки.
    А можеби и ќе го потврдиш она кое ни го кажуваш тука и ќе не убедиш дека си направил СЕ за бракот. Но вака, криејќи се зад наочарите, тешко дека некој може да ти поверува за се.
    Секако дека сите заслужуваме среќа, но не треба да бидеме себични и да бараме среќа оставајќи ги нашите најблиски тажни.
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.994
    Допаѓања:
    279.279
    Се си кажа самиот.
    Опседнат со самиот себе и своите потреби и на секој можен начин бараш некаков вид на оправдување и виртуелна поддршка за своите постапки со вртењето на нејзината дебелина, незаинтересираност, ниво на асексуалност како главна вина.

    За дебелината не навлегувам дали е од здравствени причини или други фактори се пресудни.
    Но треба да се запрашаш за останатите работи. Можеби она приметила како ја гледаш, како ја третираш и сите твои вонбрачни сексуални излети па нема желба да биде допрена од тебе???

    Може е самоориентирана, себична, депресивна....и е невозможно да живее човек со неа.
    Не е работата за тоа колку си ти мачен и си жртва,може си може не.
    Но начинот на кој се справуваш со целата таа ситуација е најдолното и најмизерното нешто.

    Тоа што си ти е многу полошо.
     
    На Li0ness, AIT, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ретко кој може ова да го сфати, посебно не очекувај дека ќе те сфатат членки на форум каде просечна возраст е 20, може и помалце.

    Криви сте и двајцата, нормално. Тоа е круг кој кога ќе почне да се врти - тешко се запира....за да излезеш ти треба огромна сила и желба (како сега со другата жена), затоа и ти пропаднале сите тие (неоправдани) обиди за заборавање со алкохол и други жени.

    Искрено, јас не гледам проблем во нејзината тежина, неприсуство, немање секс...проблемот е еден - ти неа повеќе НЕ ЈА САКАШ, а и изгледа никогаш не си ја ни сакал, туку ете, младост, бременост, склоп на околности, па животот во таа насока ви заминал...не е страшно да се разведеш, искрена да бидам, подобро тоа да го направите отколку да се уништувате и двајцата. Најстрашно е што мислите дека децата не осеќаат дека родителите, иако под ист покрив, се однесуваат полошо и од цимери.

    Ти секогаш ќе им останеш Татко на тие деца, само биди спремен дека може и да те отфрлат откако ќе дознаат дека си ја оставил мајка им за друга жена....ќе треба да помине многу време (а можеби и никогаш нема да ти простат), да созреат доволно, за да сфатат дека тоа си го направил од љубов и дека не значи оти тие не ти се повеќе се` на светов.

    Им посакувам на твоите деца најбезболно (ако воопшто е тоа можно) решение на ситуацијава...за вас искрено и не размислувам многу, возрасни сте, си знаете :)
     
    На girl1985, JuLleE, lolyta777 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Нема врска Моира. Како што можеш да забележиш, баш најголемиот дел што го советуваме сме во 20/30тите, жени со брачно искуство, како и ти.

    Само се надевам дека децата никогаш нема да се почувствуваат запоставени од татко им поради неговото ново семејство (за што реално, шансите се многу мали).

    Иако јас топло му препорачувам, да си продолжи со ергенски, необавезен стил на живот. Со вакво однесување во брак само ќе ги повредува оние околу себе, вака барем сите кои се со него ќе знаат на што се.
     
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ѕnejk35, најпрво од се ја почитувам твојата искреност што на многу места ја видов во твојот прв пост. Малку себељубиво, но искрено и од срце до детали, го опиша она што го чуваш во себе. Тоа навистина го ценам :) .

    Мојот скромен совет кон твојот проблем е да поработиш на себе, да го спасиш својот 14 годишен брак. Си паднал во очајание, си погрешил, но секоја грешка и се поправа. Затоа постои и покајанието, простувањето и новиот почеток.
    Не да ме сфатиш дека сум феминистички настроена, но го кажувам она што реално го гледам. Моето мислење на повлекувањето на твојата сопруга е бидејќи таа изгубила доверба во тебе. Таа видела се’ и сфатила дека нејзиниот сопруг, наместо да се бори, тој паѓа во очајание. Таа ја изгубила својата самодоверба, својата љубов која требало да се умножува во бракот, но на овој начин таа згаснувала од ден во ден. Сепак мислам дека твојата сопруга сеуште те сака. Зашто, ако таа не чувствувала ништо кон тебе, таа одамна ќе те напуштела. Денес, во ова наше секојдневие кое е динамично, никој го нема тоа трпение и смирение. Секој се гледа самиот себе, а пак за некој друг и да не зборуваме. Во вашиот случај можеби тука се децата, но таа верувај дека останала во брак со надеж дека нејзиниот сопруг ќе се поправи.
    Самиот кажа дека односите ви се подобриле кога пристигнале на свет вашите деца. Значи постоел период кога вашата љубов цветала. Зошто вие не се обидете тоа да го вратите?
    Таа денес се крие зад таа маска, зад својата дебелина, зад маската на работата и кариерата. Потруди се да допреш до нејзиното срце. Верувај дека таа тоа и го очекува во тебе. И таа во себе, во своите гради не носи камен, туку срце. И таа сака да љуби, да има свој среќен живот, сопруг кој безрезервно ја сака, човек со кој би делела се. Но таа се плаши од тебе. Таа се плаши од твојот поранешен пад, од твоето прибегнување и барање на утеха во алкохолот, жените, но не и во грижата и во нејзината прегратка. Верувај дека таа само тоа го очекува од тебе, но ништо друго. Да побараш помош од неа.
    Кога ти би се променил, кога ти би побарал најискрено и од срце простување за некои нешта што си и ги направил, кога би се посветил на неа, таа од грдото пајче би се претворила во прекрасен лебед :) . Љубовта трансформира, создава, воздигнува, промемнува се. Можеби таа малку е дебела (како што кажуваш ти), но таа кога ќе го слушне тоа од тебе, дека нејзината дебелина не е никаков фактор за вашиот брак, дека ја сакаш онаква каква што и е самата, верувај таа од љубовта кон тебе, од тоа што ќе сака да те усреќи и задоволи во се, таа ќе започне да работи на себе. Тука ги вклучувам и сопружничките односи. Ти само покажи и дека ја сакаш и поправи се што порано си рушел. Изгради нешто што ќе биде и остане засекогаш. За вас двајцата, а потоа за вашите деца. Зашто децата како деца ќе пораснат, утре ќе создадат семејства, но вие ќе останете раздвоени и осамени. Животот е пред вас, иднината.
    Од друга страна би сакала да покоментирам и за твојата сегашна врска и за она што го чувствуваш со неа. Верувај дека тоа е само заљубеност и тоа само физичка. Сега имате за што да разговарате зашто сеуште не се знаете, се ви е ново и возбудливо. Но што правиме кога возбудата ќе помине? Ти повторно ќе се најдеш на средината и повторно ќе сакаш да заминеш. И таа утре ќе роди дете, па и таа утре ќе има проблеми со дебелината, зашто тоа е нормално по породувањето. Што ако и таа нема да успее да се среди и што ако и таа стане и повеќе од твојата сегашна сопруга?! Тоа се должи на хормоните.
    Знам дека не постои жена која сака да биде дебела, не постои. Верувам дека така е и со твојата жена. И таа сигурно се обидувала, но ете не и одело, зашто пред се немала мотивација. Но ти биди тој што ќе и ја подари, твоето покајание и желбата да се живее заедно, онака како што било на почеток, со возбуда, со топлина...
    За почеток нека биде еден убав голем букет на цвеќиња, твое рачно напишано писмо во него. Се она што си чувствувал, мислел, посакувал од двајцата во бракот. Посочи го своето покајание, својот пад, но во никој случај не ја обвунувај неа. Побарај простување, дај и до знаење дека ќе се бориш за вашиот брак, дека ќе бидеш нов човек. Дека ја сакаш онаква каква што и е денес, дека само таа ти е важна. Не форсирај, туку остави работите да течат по свој тек.
    Подоцна изненади со вечера, патување, вие двајца сами, побарај и подари и нешто што многу го сака, помогни и онаму каде што и е најтешко, што скоро секогаш таа го работела тоа, а сега ќе и помагаш и ти... Така полека и таа ќе ја стекне и ќе ја врати довербата во тебе. Ќе ја врати својата самодоверба и верувај дека ќе се промени во се.
    Ќе се земам самата за пример. Кога нешто сопругот ми рече, јас и колку да имам работа одам да го направам прво тоа. Не да ме сфатиш (или сфатите) дека сум му робинка, не, туку тоа го правам од љубов кон него. Се ставам на последно место, а него на прво место. Но, има нешта кои воопшто не ги сакам да ги правам, но сепак за него ги правам. Дали се работело за некои секојдневни обврски, дали за нешто друго. Сакам да кажам, дека и твојата жена понатаму би се жртвувала, би правела се со радост, само да ја види твојата насмевка на лицето.
    Верувај, не е ништо тешко. Ако си упорен, ќе постигнеш и многу повеќе. Но во никој случај не размислувај со главата, туку со срцето :) .
     
    На vinozito1, ilipili, Ethrnity и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Се однесуваше на цитираниот дел теси. Исто како што јас не можам да коментирам (пример) кај свекрвите, зошто реално никогаш не сум осетила таков проблем, така и мислам дека и децата кои не се во брак (а има такви многу кои искоментираа) и кои не го осетиле ова (или нешто слично) не можат да бидат реални.
     
    На lolyta777, MacenceEna, stetoskop и 2 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Meне искрено Серафима ме трогна со нејзиниот поглед на работите и со нејзиниот совет. Се надевам дека може да допре до него и дека има волја за да го направи тоа. А мислам можно е, доколку барем некогаш имало љубов...И јас мислам дека жена му се`уште чувствува нешто за него, во спротивно одамна би си заминала.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    За разлика од многуте турски серии кои се изиграа на темата брак во последните недели, ова ми изгледа на еден искрен повик за помош, и за бреинсорминг кој некако на овој човек би му олеснил барем еден дел од заебаното секојдневие. Колку е он себичен, незаинтересиран, крив, грешен или незнам што, сметам дека воопшто не е наша работа да судиме и напаѓаме, можеме само да нафрлиме мислење. Да не е лесно макар и на анонимен форум да седнеш и да напишеш тоа што те мачи и ти лежи на душа? Без разлика на се, тешко е. И човеков седнал, напишал тука се што напишал, и ајдеееее, удрете жени на судење. Полека малку, со убаво, со полека. Може само да се одмогне на овој начин, неможе да се помогне.

    Се имам изјаснето за изневерувањето, значи тука лек нема... Тоа е по мене непростлив грев, сметам дека водењето љубов, бакнежжите, допирите, прегратките треба да припаѓаат на еден човек/жена, и толку. Без исклучок. Главниот проблем во сите врски според мене е недостигот на комуникација. Како што човеков рече, пробал на сите можни и неможни начини да разговара со неа, и добил ручки од тупани за возврат, епа извини сестро. Дека решение е пијанчење и швалерисување ни од блиску, ама постои развод. Децата не се свесни што се случува??? И те како се свесни. Подобро да растат со разведени родители отколку со мајка шприцер ладна и татко швалерџија.

    Јас се поправив повеќе од 20 кг за многу кратко време, поради Х причини. Успеав да симнам дел од нив, дел не. Сум разговарала со вереникот на таа тема, и он ми признал дека можеби ако не го "компензирам" вишокот со провокативна облека само за негови очи, елегантна пристојна облека која покрива што не чини а открива што чини и ред други работи, би му пречел повеќе. Башка што знае дека се трудам да ги симнам, не седам ко мисир и да чекам сами да си отидат. И он има вишок, кој што и те како знае да си го носи, мене воопшто не ми пречи, затоа што е секогаш беспрекорно облечен и скоцкан. Ама ние сме разговарале и сме се разбрале колку е саат.

    Нема крив и прав во оваа ваша ситуација мил мој Снејк, според мене сите возови ви се заминати. Ти патиш од комплекс на превисока вредност, жена ти пати од комплекс на прениска вредност, и кога ќе на направиш таа раенка, нема ниту една непозната. Се е јасно. Децата си се деца, ќе си пораснат. Ако жената која ќе ти го заебе овој брак е таа што мислиш дека вистински е најдоброто нешто, тогаш изволте оди кај неа. Само те молам прво раскрсти си со венчаната сопруга, за атер на годините кои ги поминала со тебе, како и за децата кои толку ги споменуваш. Не е фер да се плеткариш со никоја, па златна нека е, кога имаш толкави опашки позади тебе... А жена ти нека си стави прст на глава. Знам дека за ова ќе добијам едно чудо осудувања од другите феминки, ама ич не ми е гајле! Јас сум исто така кариеристка, бркам милион работи, и не откажував ниедна работа, и сето тоа ми го наруши менталното здравје. Кога приметив дека ме нема од дома по пола месец секој месец, си ги приграв парталите и почнав да се бунам за да си ги зачувам сите работи кои се со вистинска вредност - фамилијата! На работа почнаа повеќе да ме ценат, а за вереникот да не правиме муабет. Ни деца ни ништо, сватив кое време го губам далеку од него. Секс... Како може бе некој да е до тој степен незаинтересиран за секс!? Не ли ви е тоа бе издувен вентил ако ништо друго, не ли се полните со позитивна енергија, не ли осеќате љубов, внимание, потреба, и ај да не набројувам? Јас без оваа движечка горенаведена сила неможам да живеам. Никако. така да, колку што е крив едниот, исто толку е крив и другиот. Прстот на чело, разговор еден здрав, и решение одма. Затоа што никој не е роден за да страда!
     
    На ilipili, maca78, najubava2010 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.296
    Допаѓања:
    101.384
    Пол:
    Женски
    Мислев да не коментирам на темава, пошто нели сум немажена, но си зедов за раво зашто како што имам пишувано во други теми сум производ и колатерална штета на брак каков твојот кој заврши според мене многу касно. За коментарите на изгледот на жената можам само да ти плукнам во лице и да ти речам дека си најдолно суштество кое оди на светов и по светов. Добра ти беше додека не и направи дете?? Каде ти беше паметот додека и го направи детето? Кај беше тогаш да бидеш толку прсоветлен да ставиш кондом и да не и го уништиш животот на жената?? Таа останала бремена!! Кажи дека ТИ и направи дете, превземи одговорност за тоа. Ја ожени , и направи две деца алал да ти е, аферим, ашколсун, ГОЛЕМ маж си бил бе!!! А еден брак што и даде?? Идила, милина!!! Мислиш дека таа не осетила дека ти си незадоволен во бракот? Се здебелила, не била убава во купачи, не носела фустани! Дај стави слика овде од тебе па да видиме каков си и дали изгледаш како модел машки или како турскине глумци по кои слинат жените!! Разведи се, јас ТЕ МОЛАМ да се разведеш и да ја спасиш и неа и децата од тебе. И да, немој после некое време да се зачудиш, кога таа дебела крава, ќе прошета покрај тебе како витка и грациозна газела. Затоа што психички ќе процвета од тебе, од твоето пијанчење ( а инаку кој те однесе на блнница кога се затру?? Швалерката или дебелата крава? ). Засрами се што се кажуваш жртва. Жртви се жена ти ( која и да има на страна некој не ја окривувам!!) и тие две деца кои не барале да се родат. А за третото?? Со тебе да има некоја жена трето дете е рамно на самоубиство!!! Гарантирам дека и второто е родено да се спаси бракот. Која си ти кукавица и ништожник.
     
    На Li0ness, drugarka, Tomcia и 5 други им се допаѓа ова.
  17. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    Снајк ти посакувам се најдобро ,се надевам дека ќе се договорите и ке се разведете и ќе иозградите нови животи во кои и двајцата ќе бидете посреќни.Веројатно и тоа е проблемот со 80 посто од жените,ќе се омажат ,и се запоставуваат,се дебелеат,не се дотеруваат...жално,жално ама вистинито.Да не се лажеме секој сака да има средена жена или сопруг,и по 20 години брак.Секој паѓа на убав изглед и грижа за сам себе,поготово мажите.
     
    На snejk35 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    A за кого да пишува,ако не за себе.Пишува во прво лице еднина,не може да пишува за жена му.Човекот овде се отворил,бара некаква насока,размислувања на жени,кои за жал, повеќето се непријателски настроени.И не се секогаш жените жртви,има и мажи кои трпат многу повеќе од жените.

    Има многу жени кои имаат родено деца,па не се запуштаат.Ако јас на моиве 32 год,имам родено две деца,не значи дека треба да не внимавам на изгледот .Баш напротив повеќе сме од 15год.заедно,многу внимавам,иако сум растргната на работа,дома,секакви воншколски активности околу децата.И убаво му е на маж ми кога се вртат по мене.За се може да се најде време ,само ако има желба за тоа.

    Но овде не се работи за изгледот,под тој изглед лежи нешто подлабоко.Вашата нетрпеливост,апатија,далечина,се тоа допринело за ова сега.
    Не те оправдувам што спас си барал во алкохол и во прегратки на други жени,како ни жена ти што спас бара во работата и во чистите теписи.Сте направиле грешки,ти знаеш дали може да се спаси нешто ако сеуште постои.

    Ако не секој на своја страна.Не вреди да се измачувате,прво децата а после и вие.
     
    На DeMelo, evangelina.ina, lolyta777 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Сите го гледаме од различни перспективи истиот случај. Некои се за, некои против.

    Она што го напишав во минатиот пост, го гледам тоа од онаа страна каде сите барем еднаш во нешто сме погрешиле во животот. Сите потоа сме се покаиле за стореното и сите сме го поправиле истото, па сме започнале од почеток. Можеби во овој случај се работи за неверство и ред други причини, но сепак човекот, ако сака, може да поправи се. Значи ти тоа го можеш, ама само ако сакаш :) .
    И ти заслужуваш да бидеш среќен и исполнет, но и таа тоа го заслужува. За таа среќа се потребни двајца, затоа сте стапиле во брак, за да се надополнувате и двајцата.

    Порано пред да се омажам имав една врска каде момчето ме изневеруваше. Го сакав, имаше и тој чувства кон мене, му простив. Остана нешто во мене кое ме боцкаше секогаш. Сеуште не бевме зближени телесно ( и така останавме до крај, бидејќи ми беше сомнителен во се), но и понекогаш кога бевме заедно нешто ме потиснуваше длабоко во мене. Во еден миг, додека бев во негова прегратка, нешто ме оддалечуваше од него. Инстиктивно се оддалечував и ми беше тешко. Посебно помислата дека можеби тогаш во тој миг бил со неа.
    Ова не сакав да го напоменам, затоа го оставив. Сепак го кажав, за да ти дадам еден одговор, зошто твојата сопруга бега од тебе? Зошто кога сте заедно и имате односи се оддалечува од тебе?
    Ете затоа. Бидејќи нејзиниот ум и срце работат забрзано, мислата ја прогонува. Таа знае се. Знае дека ја изневеруваш, па затоа помислата и вели дека можеби баш тогаш си пристигнал од нечија друга прегратка, а кон неа немаш никакви чувства. Ти не гледаш, но таа се бори со самата себе. Сака да прости, но се плаши од тебе.

    Иако неверството е непростилив грев, сепак се простува. Само е потребна волја и сила.
    Ако ти и дадеш до знаење, дека неа ја сакаш; ако целото време со неа го поминуваш; ако секој ден и го правиш различен од претходниот и не даваш ни еден миг за таа тоа да го почувствува, да знаеш дека таа ќе ти прости се.
    Во мојот случај со претходното момче, јас тоа го немав, па затоа и се оддалечив. Тој на секој миг ми го покажуваше спротивното, ми се закануваше дека повторно ќе ме изневери, ако тој нешто не добиел од мене. Додека денес, можеби сопругот имал девојки пред мене, тој си знае како поминувал со нив, но денес сум исполнета. Неговата љубов која секој ден ми ја покажува на различни начини, во мене не остава ни најмал простор за сомнеж или пак за размислување, како она претходното.

    Сопружничките односи, иако се само „зачин“ како што би кажал ти ( и се согласувам потполно со тебе ;) ), но тие не се ништо во споредба со љубовта. Тие во текот на денот, неделата, месецот, траат само 5, 10, 15, па и повеќе минути, значи се ограничени со време. Додека љубовта е нешто повеќе и над се тоа. Што правиме со другото преостанато време?
    Вас ви е потребна взаемна љубов. Но сепак првиот чекор е потребно да го направиш ти. Зашто ти си тој кој паднал, ама сепак покажи и’ дека знаеш и умееш да станеш и да бидеш подобар човек.
    Но да знаеш дека секој друг обид за нова врска и почеток со друга личност ќе биде уште полоша од оваа. Се мора да започнеш од почеток.

    Значи од тебе зависи се. Не губиш ништо да пробаш да си го зачуваш бракот, туку можеш само да добиеш нешто многу повеќе. Можеш да ја добиеш Љубовта која секогаш ти недостасувала :) . Зашто зад маската на твојата сопруга се крие прекрасен лебед, кој секој миг го очекува моментот кога би излегол на виделина. Ама тоа зависи само од тебе. Најпрво прифаќањето на твојата сопруга онаква каква што и е, а потоа сите работи би се средиле на свое место. Мораш да се анализираш самиот себе, ти си заглавен во својот лавиринт и не знаеш каде да одиш и да бараш излез.
    Се надевам дека ќе го одбереш добриот пат!
    Ти посакувам среќа и разумно да постапиш во својата одлука. Заслужувате и двајцата да бидете среќни. Заслужувате да бидете сакани и искрено од срце љубени еден од друг :) .
     
    На ilipili, evangelina.ina, lilybeth и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Жена му го абортирала третото дете, ама не и првото, иако во рани 20ти го направиле....дали можеби станува збор за (тогаш) тип на девојка за која многу пати, и многу од вас овде, е пишувано и коментирано?
    „На 20 сака само да се омажи, за да се осигура за цел живот. Побрзала да го „фати“ дечкото со бебе после само неколку месеци, мислејќи си го средила животот за навек со тоа“

    Можно е нели?
    Е па така, не ја знаеме другата страна, нормално дека само оваа ќе ја коментираме. Претпоставки секогаш ќе има, дури и кај нив самите, а не пак кај нас, читачи на приказнава :) Луѓето се менуваат низ текот на годините, самите ситуации ги менуваат, на ова и да сакаш не можеш да се спротивставуваш.
    Можеби таа со текот на годините увидела дека тој И НЕ БИЛ БАШ човекот на нејзиниот живот, па си се помирила со фактот дека НЕМА ИЗЛЕЗ, тоа е тоа, сама си го направи изборот, сега може само да се фрли на работата и да си ги гледа децата, а тој нека прави што сака.

    Зошто, реално луѓе, која жена што вистински САКА седи така мртва ладна настрана, додека 99% сум сигурна знае за неговите „излети“??? Па треба НАВИСТИНА да не го сака и да не му е гајле за него....
     
    На Hipster, DeMelo, Trnche и 7 други им се допаѓа ова.