Очигледно си многу незрела личност,си ја гледаш само својата страна и своите потреби. Си размислил ли зошто твојата жена се претворила во таква личност. Си и направил две деца,трча на работа, дома сигурно целиот товар е врз неа бидејки ти сигурно не чистиш купатила, не переш,пеглаш и не чуваш болни деца. Го имам дома таков сличен на тебе само што уште не сум дознала дека швалерисува ама нема да ме изненади тоа. И јас се здебелив и зошто на работа цел ден на столче, дома од кујна во дневна и тоа не е движење.Порано како девојка секоја недела идев на Водно, на фитнес, трчав со другарка ми по кеј и бев 52 кила а сега сум 30 плус. Ама ние жените сме криви остави децата на мажот и одиси со другарките на кафе,на шетање па да осетите и вие како е во женска кожа. Искрено и ти мислиш дека изгледаш како 20 год. дечко, го приметуваш само изгледот на женати а не и твојот. Маж ми е цел остарен, обеле во главата и он како тебе си замислува дека е дечко од 20 год. Јас би ти рекла разведисе,ке и направиш услуга на женати а и децата ке растат во поздрава средина отколку мегу двајца родители кои мрчат еден на друг. Ме нервира што ги префрлате сите обврски на жените,деца, кука ,работа и после цел ден турбо навечер едвај чекам да си легнам,а не да му исполнувам секс желби. А некој кој цел ден си го прчи и само на тоа мисли нормално ке биде одморен за секс. Ти си брат само за во рудник, цел ден да рмбаш и навечер да немаш сила да мислиш а не па да правиш нешто друго.
јас ќе се обидам да бидам непристрасна кон проблемот.снајк,како маж мора да ја сакаш сопругата каква што е,лесно е во неа да гледаш слаба кукла монтирана за секс по цели ноќи ,но тешко е да ја согледаш реалноста дека таа пред се е жената која ти родила две дечиња,те сакала и се омажила со тебе,а ти негодуваш зошто жената се здебелила и се посветила на домот ?а како би било да држи линија за тебе,да не се грижи за семејството,да има секс со тебе редовно,тогаш ќе бидеш исполнет?немој да мислиш дека те критикувам,но мислам дека во тој брак мора двајцата да седнете да разговарате,да подобрите нешто,да функционирате нормално.не е решението да се разведеш,и да се венчаш со другата,зашто ако во жена бараш само страст,тоа не е нити љубов нити така се одржува брак и семејство. бидејќи не ја знаеме правата причина на жена ти како и зошто те одбегнува,а и целта не е да нагаѓаме кој е виновен,туку да ти дадеме совет.ако сакаш да го задржиш семејството и да ги подобриш односите со сопругата седни и отворено кажи и се,што ти смета ,што сакаш од неа како сопруга и таа верувај ми ќе те сослуша,ама да знаеш волшебни решенија нема,животот е тежок,се состои од обврски,проблеми,затоа велиме тешко е да си возрасен,нели ? твое е решението,дали отворено ќе му пристапиш на проблемот или ќе молчиш до последен момент
Драга Калина.... Цел ден иако сум оптоварен со многу работа.....значи ги читам вашите одговори ....да секоја работа има повеќе страни...затоа и ги читам по цел ден.... Значи....не си ги пратела сите постови... дома ниту готви...ниту чисти....нниту пегла....е да се грижиме и двајцата кога децата се болни....и јас стално ги разнесувам сегде децата.....и немам проблем дома и што и да е да направам...бидејќи типот на работата ми е целодневна од 08 до 20 ..но имам можност да излезам во било кое време....а тоа деке не можеш на водно да одиш е само екскјузз.....значи јас мојата сум ја молел да одиме сто пати....и сум добил одговор одете вие со децата...јас дома ќе останам....навечер неможам од телевизор да ја мрднам со пустите турски серии....ако некој зборне во тоа време ..одма почнува да вика..како мир немала од мене и децата...адека сум остарен...па имам некое бело влакно....но бар сега изгледам подобро ( надворашно ) од пред 5 години.... затоа што активно вежбам....не треба да имаш 2 саати слободни за да вежбаш...и купив орбитрек - кој впрочем повеќе служи како закачалка ...и сто пати и кажав 15 минути...додека гледаш некоја серија дневно чуда прават...нема ни да осетиш дека си застанала...а на кафиња оди со некои свои пријателки од кои можеби се некои тука на фоумов...кои имаат страшно феминистички погледи на светот...дека доста они жените трпеле мажи....една по една сите се разведуваат.... и за крај ....јас сум веројатно исто толку уморен колку и таа на крајот на денот.... мегутоа никогаш тоа не ме спречило за ништо.... сум правел милион ситуации...децата кај мајка ми...дома вечера...свеќи ,винце ....и што да ми извиниш ...зема става во тањирот и иде на каучот и го пали телевизорот за д ане ја пропушти серијата...многу од вас жени сте нашле и сте зашле.....навистина се вознемирив од тоталната некултура во некои постови....значи луге .....тркалото се врти ...секој од вас може да дојде еден ден во ситуација кога се ќе му се деси... мојот свет е во парчиња....и јас само се двоумам што понатаму.... советите од моите пријатели - беа од пријателки...кои ја гледаат ситуацијата со години...совет од машко е во три збора = што и ебеш матер ( се извинувам на изразувањето ) пред да нападнете сите ...погледнете си во вашиот двор ...и во вашиот двор не расте само трева ... и колку и да не сакате да признаете нема да можете да ја истрпите вистината за тоа...и длабоко ќе негирате за се .... Поздрав
Пред да напаѓаш ти овде запрашај се ЗОШТО не сака она да има со тебе интимност? ЗОШТО не сака ни вино да пие со тебе? ЗОШТО не сака да оди со тебе никаде?? ЗАтоа што брате мили знае дека си ја варал со секоја втора и и се гадиш. Ете, сакаше отворено да ти кажеме?? И се гадиш!! Не те гледа како сексуаелн објект туку како мебел, како предмет, и зашто да се труди да биде убава за курвар?? Извини ама не можев да го облажам ова! Овие совети си требалда ги бараш ПРЕД да одиш по К**и пред да се пијанчиш. Откако си ја заебал работата сега сакаш она да те гледа како БОЖСТВО??? Ајде бе те молам. Не велам дека е и она светица, ама ти си ја зезнал работата мноооогу порано, а за тоа само светица од спанска серија може да ти прости. Искрено не знам зашто е она со тебе во брак, јас одамна би те оставила.
Никој не ти го негира сето тоа што си го правел и го правиш. Работиш, спортуваш, деца гледаш, деца разнесуваш на школо и родендени, купуваш обувки за сопругата, купуваш или имаш желба да купиш фустани за неа, расположен си за активности со неа во слободно време, приредуваш романтики со свеќи и винце, осет за култура и некултура...Скоро совршен Епа како оваа личност си дозволи да се пијанчи и труе пред очите на сопругата и децата. Како оваа личност се швалерисува со икс личности. Како оваа личност потајно знае што се одвива во животите на фаминките тука Не е дека во сите други дворови има трева. Туку за нивото (т.с неговото непостоење) со кое си се справил со целата оваа ситуација.
јас не разбирам велете он требало да разговара со жена му а она што не разговара со него? нека му рече свиња си ваков си те мразам ова она ама нека комуницира и она бе а не да гледа серии зошто и она да не се потруди малку? калина извини ама стварно живци ми вадат жени како тебе , ако твојот маж е стока не значи и дека другите се исти. внимавајте на речникот и не осудувајте некој врз основа на вашиот живот или искуства туку погледнете ја ситуацијата на човекот што побарал совет
Снејк многу се препознавам во жена ти во однос на дебелината и сличните работи.За разлика од нејзе јас сум многу посветена на семејството,домот, децата и мм. Кај мене проблемот е од хормонска причина со дебелината.Пробав многу работи за слабеење и не оди,а знаеш како тоа фрустрира?Не не знаеш!Знаеш колку боли секој поглед на мм,немора да каже,знам што мисли,но ти не знаеш,ти си од другата страна.Разговарај,можеби ќе најдеш ранета жена со огромна болка во душата.
^ Хормони се тоа, знам јас. Жена да не си има маки со нив. Па јас какви проблеми имав, пубертетот ме сруши, а колку внимавав, колку време посветував на физички активности, колку бев упорна, дури имав 2-3 повреди, не бре, не сакаше да мрдне стрелката на вагата и не сакаше и крај (ова со години ми се дешаваше). Дури кога бев при крај со средно се среди и досега ме нема пак задесено да чукнам во дрво.Значи не е нешто што секогаш може да се контролира. И лесно ви е на вас мажите да кажете може да се среди после бременост. Абе на некои не им се ни познава. Снаа ми е иста, истата ИСТАТА и пред и за време на бременост (само стомакот што и` се познаваше) и сега. Абе иста! Ни е нешто по спортот, ни пази на храна. За тоа маж може да дојде до заклучок кога ќе забремени, ќе роди и ќе се врати во нормала, што е никогаш.
Јас барем го сваќам. Ако е се така како што вели (оти нели само една страна слушаме) јас одма усвет би фатила. Изговорот атер за деца е толку излитен и и во пракса докажан како неточен, што секако не држи вода бидејќи на тие деца им требаа мир , хармонија и смирени родители кои ќе им пружат љубов. На жалост не секогаш тие лица се сеуште во брак. Љубов секако нема, ниту разбирање и комуникација. Прашањето е зошто останал во тој брак? Но да не очекувате виртуелен аплауз бидејќи со години он си ги задоволува своите сексуални потреби кај ќе најде. Ако некој ти ти одговара стави крај и продолжи со дигната глава понатаму во животот. Ова беше дискутабилната точка. Зошто да си симнува од вредност со такво понашање наместо да биде човекот кој он тука ни се прикажува. Бракот се заснова на многу повеќе од само љубов. Кога сето тоа ќе исчезне биди барем ЧОВЕК на крај и стори ја правата ствар. А сето ова криење зад некои изговори јас ова правев, она правев...а она она она. Па ете му се сакало на човекот, ај простено е се. Може е она најдолна на свет, но после сето она што он го пиша со пијанчење, труење и швалерисување не го гледам нешто подобар за да очекува и бара толку симпатии.
Сите само претпоставуваме како и е на жена му, зашто е таква итн итн. Но има илјадници претпоставки кои може да ја оправдаат жена му или пак да не ја оправдаат за тоа што не сака да водат љубов, за тоа што е дебела и абортусот. Мислам дека ако мене некој така ми се понаша, всушност ако гледам дека сам донесува решенија за такви огромни одлуки (како што е дали да се има дете или не), јас со првиот лет ќе му ја киднам и ќе се разведам. Секако ќе направам и муабет со личноста за да увидам што тој мисли и зашто така постапува. Но затоа нели донекаде самите сме криви бидејќи кога стапуваме во брак не си дозволуваме самите да размислиме трезвено за тоа со каков човек планираме да ја создаваме иднината. Значи за секој чекор во животот единствено ние сме одговорни! Остајте го општеството на страна и што тоа очекува од нас да правиме. Доколку сме во долга врска сите наоколу очекуваат да правиме свадба. Но зашто побогу да ја правиме ако не се љубиме повеќе?! Или дали незнаете (мажи и жени) како се внимава за да не се дојде до бременост?! Пазете бременоста не треба да претставува притисок да се земете со партнерот, ама секако и неможете партнерот да го оставите на цедило. Затоа размислувајте со кого имате секс, внимавајте аман! Човеков кој бараше мислење незнам на што се надевал дека може да добие во бракот. Убаво кажува, на почеток немало љубов, па успеале да се заљубат, успеале да дојдат до некоја почит и ии... Проблемот настанува кога таа се породила, се здебелила (дури после првото дете или и претходно била?) и ја изгубила желбата за секс! А зашто не се обидела со разговор да му ги пренесе таа нејзините депресии и проблеми по бременоста? Тука е грешката. Таа наместо тоа се затрупала со обврски, на работа и дома. И уште толку се зголемил јазот помеѓу нив. Дебелината не е проблем, доколку искрено се сака некој. Изневерувањето и пијанчењето е идиотски и детски начин по кој се посегнува за да заборавиш на проблемите. Грешките сте ги направиле и двајцата. Дали има заедничка надеж за вас? Јас мислам не, малку сурово. Ама мене таа ми изгледа како жена која се откажала од сопствените уживања во животот и живее само за децата. А искрено тоа не е живот. Многу македонски жени се исфрустрирани баш поради ова. Бидејќи сметаат дека така треба да живеат. Си го ставаат својот живот во пропаст. Да децата се светост ама потрудете се да направите тие плус самите вие да живеете хармонично! За тебе снејк35- мислам дека треба малку да си по внимателен кога се решаваш за такви големи одлуки кои целосно влијаат врз твојот живот. Мора да си заљубен или пак да ја сакаш или да имш огромна почит кон жената која ја земаш за сопруга. Убаво би било и да си заљубен во неа и да ја сакаш и почитуваш, ама ако не си можност за сето тоа барем едното од трите постигни го. Изневерувањето е најмизерниот чин кој си го правиш пред се себеси, а пота на децата и сопругата. И самиот кажуваш дека совеста те мачела на почетокот кога си барал швалерка. Секое добро и бидете поубави (почовечни луѓе)!
Па тој само сакаше да ги „заузда“ навредите, затоа рече „Што се случува во Вашиот двор“ и навистина, никој не знае како би реагирал во ваква ситуација....ептен го отеравме човекот во пеколот, а по сите муабети ниту жена му не ми изгледа нешто многу светица. Жоел е во право - ЗОШТО таа не го избрка? Зошто таа не му рече „Не ми одговара ова, не ми се свиѓа начинот на кој ме третираш“??? Или и` одговара, или жената има тежок психички проблем. Ама дома друг да ти средува се` и маж ти да трча за децата, а ти да не сакаш ништо освен ТВ - па и тоа не чини, ех? И човекот најискрено си кажа дека одел со други жени. Тој лесно можел да го „заборави“ тој дел, анонимни сме сите тука, никој не е обврзан на искреност. Сепак, тој одлучи да го каже и тоа, што мене лично многу ми значи - значи дека и другите описи за ситуациите и жена му се колку-толку реални и искрени, барем како тој ги доживува. И Калина, твојата ситуација ни одблиску не е иста со неговата. Додека ти сама трчаш за се`, жена му има помош дома, што за чистење, што за деца гледање, така да нема потреба од споредби и етикети, секоја ситуација е различна и уникатна. Спојлер Оффф ма данице, знаеш и самата дека не е се` така црно и бело во животот...и дека најчесто луѓето кои се во вакви ситуации се изгубени во простор, во себе, со другите. Не знаат која насока да ја фатат, тргаат на една - гледаат дека не е во ред, па одат во друга - и таму не чини, па креваат раце, и на крај, после сите перипетии, носат каква-таква одлука. Некои остануваат со фамилијата, некои не. Ама апсолутно не е се` така едноставно, воопшто....
Значи она се здебелила, не е веќе како девојка кога била и него му е оправдано да се швалерисува, он е јунак, тооо брате бујрум. А ако беше обратно, да беше импотентен, да не ја задоволуваше и она да побараше кај некој друг/и утеха како ќе ја наречевте?? К***ва, ваква таква, расипикуќа...
E за ова имам јас еден пример. Спојлер Брачен пар. Се` супер. Мажот после една незгода останува...неспособен да и` овозможи целосно уживање на жената од една страна, а станува и нејзин терет од друга страна. Решава дека не сака да го изневерува, си го зема детето и си заминува. Значи НЕМА КОЈ не ја нарече „к**ва/не мисли на детето/пачавра/себична/растурикуќа“... А да беше обратна ситуацијата дали така ќе збореа се прашувам...ќе го жалеа кутриот. Мада тоа не се споредува со ова затоа што таа не сакала да го изневери и спречила пред да има потреба да лечи. Му понуди и парична помош за негувателка. Пак лоша. Еее оваа моја чудесна земја. А и такви работи се случуваат. Затоа и постојат брачните другари, да се поддржуваат во такви моменти. Дали значи ако имаш ти незгода и жт седи со тебе за атер на децата, ама и си го прави ќефот на страна. Како ќе ти биде? Ќе имаш воља да се опоравиш? Ја еве искрено си кажувам не би. А и нејзиниот проблем со килажата доколку е хормонски, може да се смета за еден вид незгода во која ти не и` даваш поддршка, елан и воља да се опорави со твоите постапки. Не сега тоа што го правиш со свеќите. Откако си се пропил и си почнал да трчаш по други и виното и се` и` преседнало.
ама проблемот не е само во дебелината нена тоа го наведе човекот како еден од основните проблеми но сметам дека пасивноста и нејзината незаинтересираност за ништо го води човекот кон бездна не е тој бездушен ете се здебелила и не ја сакам повеќе. ете се грижи се обидува да и помогне, не му ги искривувајте зборовите на човекот ве молам не е фер...
По се‘ што прочитав, можам да заклучам само дека ВАЖЕН РАЗГОВОР одамна е пропуштен. Одамна требало сопружнициве да седнат на маса и да разговараат со отворени карти. Сега навистина е доцна. Ниту таа го сака него (по се‘ што тој опиша), ниту пак тој ја сака нејзе. Во тој брак и двајцата се „заради децата“. Доцна е да се бара виновникот (и двајцата се виновни), доцна е да се поправи било што (неверство не се простува, а јас ни абортус без консултација не би простила). Ред е да се стави крај, на што е можен почовечки, посмирен и побезболен начин, овојпат, навистина, заради децата.
Комуникацијава тука одамна не е случај, а ова е по вина од двете страни. Тоа е голем проблем на кој мора да се работи. Кога имавме проблеми (заеднички, не меѓу себе) на почетокот мм држеше во себе (така беше научен), се мачеше. Му викам „Абе викни, издери се, навреди ме ако треба, нека ти излезе маката. Сакам да ти помогнам а не знам што ти е. Викни, урлај скрши некој тањир, големата работа, извади го црвот од тебе.“ И таа работа на нашата комуникација има многу придонесено за нашето функционирање и луѓе ни` се чудат колку убаво си комуницираме, а навистина да не` види човек, дијаметрално различни карактери сме. Некогаш е избувлив и јас во моментот се лутам, но кога ќе размислам подобро така да се извади лутината отколку да се полни лончето и да ескалира утре во нешто што ќе ме шокира. Toj ќе викне, јас ќе викнам, ќе се смири бурата, ќе расчистиме што било работата и готово. Тоа е рецептот. Комуникација и давање. Давање од срце со љубов пред да почнеш да очекуваш да примиш нешто. И да нема љубов и блискост, така ќе се развие. Во брак љубовта не е доволна и пресудна доколку не се присутни овие елементи со кои истата се негува.
Кога се започнува со градење на нова куќа секогаш најголемо внимание се посветува на поставувањето на темелите.Не е ништо поразлично ни кога ќе се започне со градење на една институција како што е бракот.Вие уште од самиот старт накриво сте ги поставиле темелите со тоа што сте стапиле во брак без љубов(уште на самиот ден од свадбата тебе ти било јасно тоа) поради непланираната бременост и сте се осудиле и двајцата на пропаст.Е сега незнам можеби и женати исто не го посакувала тој брак можеме само да нагаѓаме но, веројатноста е голема со оглед на нејзините понатамошни постапки.Вие сте стапиле во брак само поради детето но ,тоа не е доволно кога нема,љубов,разбирање и толеранција,мир и хармонија.Наједноставно кажано не сте компатибилни еден со друг.Спротивни карактери сте таа е амбициозна ладна кариеристка која освен кариерата не ја интересира ништо друго а ти сакаш нежност и внимание но површно гледаш на некои работи,не можеме сите да бидеме маникенки и да имаме секс како порно глумици.Нејзината грешка е што воопшто не се потрудила,себично од нејзина страна,доволно било само да знаеш дека се труди. Тоа не се решило ниту со раѓањето на второто дете,а тоа немало да се постигни за жал ни со третото.(за кое не смеела сама да одлучува дали да абортира или не). Така грешките почнале да се нижат една по една и како една топка со снег која тркалајќи се станува се поголема и поголема сте стигнале до крајот од патот.Тое е реалноста.А ти наместо да се соочиш со неа и да играш со отворени карти и правиш валкани работи зад грб,живеејќи во лажна идила,само немој да мислиш дека таа незнае што се случува,не било едно неверство па тоа да пројде незабележано.Таа најверојатно знае се и чека твоја реакција,чека ти прв да ја отвориш пандорината кутија на вашиот брак и еднаш засекогаш да заврши агонијата затоа е и толку нервозна и исфрустрирана и се расправа за секоја ситница со тебе. На крај краева не е ни битно кој и колку е виновен...и двајцата сте виновни поради својата себичност и само бендисаност децата ќе бидат оние кои ќе го извлечат подебелиот крај без разлика дали ќе останете во брак или не. Во врска со љубовницата би те советувала да внимаваш со неа.Јас лично не би ценела човек кој се плетка со женет и на еден начин допринесува за растурање на едно семејство.Како и да е вие сепак сте едно семејство а таа нема никакво право да се меша,тое е човек без морални вредности.
Јас уште само ова ќе го кажам: Снејк35, ти пишав и во ПП, ама ова ќе го кажам јавно - мислам дека во основа ти НЕ СИ СИГУРЕН во врската со љубовницата, не си сигурен во таа со која сакаш да го смениш текот на животот, зошто ако беше, ти сега немаше да бидеш тука, барајќи поддршка за да се разведеш и да бидеш со неа... Кога нешто не` мачи - тогаш бараме потврда од други. Кога сме сигурни - ниту една осуда, клевета и контра мислење не не` предомислува! Размисли за ова ПРЕД да превземиш било каков чекор.