1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод и нов брак

Дискусија во 'Брак' започната од snejk35, 25 февруари 2013.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Да, треба да се разведеш и како и секој човек така и ти заслужуваш да бидеш среќен, животот е еден.
    Ако е вака како што велиш ти, жена ти исто така не е заинтересирана за да се средат односите штом на целата ситуација ниту еднаш не ти рекла дај да разговараме и средиме...

    И те како има жени што психички ги малтретираат мажите, па дури жал ми паѓа од некои примери...секојдневно мрчење, одбивање на било каква активност, кукумачење, жалење. Сега ќе ми речете, па нормално дека ќе е таква, маж и пијан доаѓал дома, ама чекај малку, ако она решила да не се разведува тогаш мора да помине преку тоа и да заборави ако сака нормален брак, не може цел живот фрустрации да лечи врз него. Ако не и чинело, можела да побара развод, а ако решила да го доигра орото тогаш нека научи и да игра. Сега веројатно ќе речете, па кутрата заради децата трпела и тогаш ќе ве прашам, ако тоа е саглам изговор зашто за истиот го напаѓате мажот?!
    Штом брка кариера, значи финансиски не е зависна, не знам зашто не се потрудила некако да го реши проблемот, дали со муабет, дали со развод, сепак да не се лажеме жената е столб на семејството.

    Од оваа страна на приказната, јас ти се дивам што и воопшто волку време си издржал, женава баш нашла, па зашла, иако секогаш има две страни нели :)
    Да ти предложам тебе да разговараш, не знам искрено би имало ли некаков ефект после толку години фрустрации, плус се работи за брак во кој љубов баш и немало уште од почетокот. Затоа направи си услуга себе, а реално и на неа и кога она веќе не била решителна, биди ти и пресечи.
     
    На evangelina.ina, JuLleE, ph.orhideja и 4 други им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас да си кажам мое мислење на темата.
    Снејк. Како прво, нема да те напаѓам нити тебе нити сопругата. Двајцата сте склепале бебе на луди години и не сте први кои трчале на свадба. За жал, едни сте од оние кај кои овој вид на стапување во брак, shotgun wedding, не испадна со саканиот ефект. Проблемот не ви е од вчера, туку од почеток, а после тоа многу вода поминала под тој мост.

    Идејата да се разведеш, па да ја мажиш новата девојка, уште сега да и ставиш рачна кочница, да не се најдеш на уште една свадба како на досаден филм. Најдобронамерно. Ти другар ако се разведуваш, разведи се, ама треба да си дадеш време сам за себе, да ја смириш таа лутина во себе, да поминеш период на жалење за што било и што не било како што треба. Тоа ќе ти биде најпаметниот чекор за сега. Па кога еден ден ќе престанеш да се самосожалуваш сам себе, да можеш да почнеш трезвено да размислиш дали стварно сакаш втор брак со некоја друга, оти ја сакаш, почитуваш и затоа сакаш брак со неа, оти моментално може ја посакуваш само идејата за оној идиличен брак кој ти се чини сите околу тебе непоканети ти го сервираат дека го имаат, а само ти немаш таков благослов со сегашната сопруга.
     
    На DeMelo, Trnche, evangelina.ina и 7 други им се допаѓа ова.
  3. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Ова станува се потешко.....

    Нена 2010 ...има толку многу теми на страницава.....првата работа што ја побарав на крај на текстот ..сите што се феминистички настроени да не прават дополнителни импликации...мислам страницава ми е позната од многу порано...и сум имал можност како гостин да прочитам многу размислувања.... поготво во периодот пред неколку години кога сфатив дека жените се од марс...или како и да беше......бидејќи да во моите швалерски походи веќе тоа не беа девојчиња од 18 години...туку жени од 30 или 30+ кои останале немажени,разведени, во потрага по нешто и слични....така да ...да се вратам ..навистина се нереални многу коментари ...каде девојки или жени имаат искривена слика за работите - во тотално феминистичка насока ..... кога американците во понов време ја класифицираа дебелината за болест...верувам и феминизмот ќе се класифицира наскоро...за да моше да добијат одредени личности помош под државна капа.....


    ЗА ХОРМОНИТЕ...сите имаме нарушени некакви хормони после триесеттата година....значи бидејќи ми беше сугериарано на тоа пред неколку години.....успеав некако да ја убедам жена ми да отиде на испитување....зборам на комплетно приватно од незнам 12-13 000 денари, штитна жлезда и се друго....значи до утре да пишувам малку ќе биде.... проблемот е што кога ќе седне ..нестанува...значи бидејќи навистина бев влезен одреден момент во ситуацијата имав симнато во кујната цели табели за која храна и количин колкава енергетска вредност има.... просечна жена на 25 години ие потребно максимум 2000 КЦа дневно...на 35 веќе 1600 КЦа... мегутоа кога некој ќе изеде 2000 и кусур на еден оброк....и потоа ликерче - чашка = 300 - 400 КЦа...чоколадце , грицкалки и слично ...дополнителни ...= 1000 Кца.... епа ете го проблемот...треба навистина да си многу физички оптоварен и пак е малку...за да го потрошиш.....



    и....цело време читам ..жртва ...самосожалување....ништо од тоа ...многу трезвено размислувам веќе.....

    за разлика од порано......

    а како лесно почнуваш да пиеш...уфф.... невозможно...сите ти се пријатели...таму....додека да се свестиш сите ти помогнале на еден начин.....да стигнеш до дното..... исто и со швалерајот....епа не бев сам со себе....значи па еден куп жени ми помагаа во тоа....и тие се беа девојки кои изгледаа како манакенка од телевизија....кои кога ќе ги погледнеш крвта ќе ти се заледи......и сите тие знаеја дека сум женет..и на никоја не и сметаше...... разликата во масата беше апсурдна ..........се извинувам што толку сликовито објаснувам- не ви давам нова тема за плукање .... пробајте со дебел маж да уживате ...невозможно е ....и се извинувам сексот не е 5 минути...сексот со предигра треба да трае 2 - 3 часа....секс од 5 минути е празнење...или како и да се нарече..и прави десет пати повеќе фрустрации.......а сегашната ..ако може да се нарече девојка воопшто не е мисс универс...и таа исто така многу се противеше на било што на почетокот....иако ме знаеше повеќе години.....и со неа едноставно имам теми за разговор..... имам некој што ќе ми посака добра ноќ.....колку и да на вас тоа бедно ви звучи.....моментот кога некој ќе ти каже дека те сака......


    .....а на жена ми.... сум и испрачал и цвеќиња ...секогаш добивала одлични поклони за сите овие години....за родендени, валентини, годишници, и за се друго..... не се жалам сега ..но 2 пати ми има заборавено на роденденот.... неколку пати ми рекла ...леле извини немав време еве ти пари купи си нешто од мене.....па мене пари ли ми требаат во тој момент......тоа е понижување .....

    а времето кога почнав да се пијанчам...па тоа обично се случување во време кога децата ќе си легнат...и таа ќе се заглави на телевизорот..или лаптопот...и еднсотавно излегуваш до малската кафана и тоа почнува...но децата никогаш не ме виделе пијан...и никогаш не сум правел скандали по дома.......а......да додадам....на инфузија никогаш не ме однела жена ми , туку пријатели или колеги од работа....и секогаш сум се вратил дома за се што требало.....


    и еве многу размислувам од вчера,,,да сеуште ја сакам - некако ...но незнам дали имам желба и живци да поминувам низ сето тоа........

    а советот да останам на страна извесно време без .... врски го прифаќам ...и мислам дека е многу добар


    Поздрав
     
    На DeMelo и Filiposka им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Па сега во име на тие 14 години кои ти ги посветила, двете дечиња кои ти ги дала и љубовта која велиш дека се`уште постои, заслужила да имаш и живци и желба да се избориш за повторна благосостојба во бракот.

    Доколку не, подобро не се ни обидувај, а доколку се`уште продолжиш со вакви размислувања, јас ти препорачувам да не влегуваш во брак да не дочекаш уште еден колапс во којшто сега имаш и багаж кој ќе ги трпи последиците заедно со тебе. И да, ретки се жените кои ќе ти дозволат да им пружаш се` на твоите деца од првиот брак како порано. Многу се ретки, не се залажувај со предбрачни ветувања. Особено жени кои се плеткаат со женети мажи со деца. Е зборот од таквите, мој совет ти е, да го примаш со огромна резерва и претпазливост.

    А за подароците. Па зависи. Не е важно што и колку скапо си и` купувал, туку како си ја третирал другите денови. Ако си 360 дена лош со некого, не му влеваш ни трунка надеж, тинејџерски бараш нешто друго (пример само) и сеа тие 5 дена у годината направиш бал, некои дури и се лутат за тоа. Пример јас. Да ме третира толку лошо да ме фрли во толкава депресија и незаинтересираност, па тие поклони ќе му ги удрам од фаца. Алал да ми е ако само 4-5 дена у годината сум му драга некому. Ова е само пример, причината може да ја знаеш само ти.

    Ти знаеш кога почнала да станува незаинтересирана и само ти знаеш кога почнало тоа однесување и какво твое однесување/постапка претходело на тоа. Одговорот е во тебе. Посакај да го побараш и ќе го најдеш.

    Edit
    Батали ги маските, вечерите, свеќите, не се фативте вчера. Седни и замоли ја да те сослуша. Кажи и` дека сакаш да бидете подобри. Биди отворен. Како би можел да ја вратиш нејзината доверба ако не започнеш со искрен разговор. Доколку искрено се каеш за постапките, речи и` го тоа. Раскини му на егото за момент и посочи каде ТИ си згрешил, а не цело време нејзе да и` даваш инструкции што да прави. Покажи воља за повторен обид (ова доколку ја имаш). Таа е до тебе, отсекогаш била, покрај вашите деца. Биди покрај неа. Покажи и` дека ти значи, покажи и` дека ти е убава за промена, не само дека е дебела. Покажи желба повторно да ја спознаеш и запознаеш. И не очекувај аплауз, очекувај претање на почетокот, отпор, не дека со постапките не си го заслужил, прими го и ќе видиш и таа ќе почне да ти се отвора и ќе и` дадеш воља да ги побара нејзините грешки во целава ваша ситуација. Обиди се, но само ако сакаш. Ако не сакаш, пушти ја жената. Дај и` шанса да биде среќна.
     
    На lepadama, imelda и nena2010 им се допаѓа ова.
  5. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Читам повеќе пати го нагласуваш феминизмот во твоиве постови...тука значи лежи зајакот :!:
    Некако со женави како да сте ги замениле улогиве...таа се однесува типично машки и доминантно додека ти имаш подредена улога,типичен продукт на феминизмот ти си тој што цело време се труди а неа мува не ја лази(ова го прифаќам со една доза на резерва,сепак не е присутна и другата страна да го искаже своето мислење но,не значи дека не постојат такви примери и во реалноста).И искрено да ти кажам те разбирам...не ти е лесно но,не ги оправдувам некои твои постапки,пред се мислам на изневерувањето.
    Сега си во целосна конфузија и се преиспитуваш,не си сигурен во ништо но,се ближи денот кога ќе треба да одлучиш.Со пролонгирање на одлуката ќе си нанесеш само штета,се надевам овојпат ќе одлучиш правилно.
    Ако сакаш да си го сочуваш бракот ќе треба да собереш храброст и да бидеш искрен и во вистинскиот живот пред женати.Да си ги признаеш грешките и да бараш да ти прости.Колку што е можно да го избришете минатото и со нови сили да продолжите напред.Треба само да го одбереш вистинскиот пат и вистинските одлуки.
    Лесно е да се осуди некој и грешките да му се ставаат пред нос.Тешко е човек да го разбереш,ако можеш помогни му ако не не осудувај.Нема никој на земјава што може да суди!!!!
     
    На Moira и friendy им се допаѓа ова.
  6. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Ги исчитав сите девет страни и искрено очи ми испопаднаа..........ама не мислев дека толку феминистички ќе се постават најголемиот дел што му дале совет на човекот.
    Зошто сите сте се запнале на пиењето и швалерајот........да не се разбереме погрешно јас воопшто не подржувам швалери или швалерки,тоа е најодвратното нешто што може да му се случи на маж или жена.И јас која цел живот тоа го мислам и секогаш го напоменувам дека ако не ти оди со врска или брак подобро остави се па потоа наоѓај др жени/мажи не можам искрено да го нападнам човекот за тоа што го направил и ако не го оправдувам, ама пак нема ни да го нападнам,па ова не е ЖЕНА што тој го има по дома,по сите објаснувања кои ги даде повеќе личи на цимерка,најискрено.
    На сите тие работи направени за неа,на сето внимание посветено на неа и она пак како некој КОЊ(ова го кажувам не за НАВРЕДА туку за да објаснам тоа што коњите го гледаат тоа што им е пред себе не се вртат ни лево ни десно) сначи и она гледа само право нема лево,нема десно,нема назад.
    Значи јас како жена вакво створење не би трепела ама ич,АЛАЛ ДА МУ е на човекот што толку време ја трпел и пак ја тинтрел за колк што може да спаси нешто,ама во случајов очигледно е дека само тој сака да спаси нешто,а тоа е погрешно.
    Мој совет пријателе ти е да се РАЗВЕДЕШ,затоа што тоа е најдобро решение пред се за децата(подобро со разведени родители од колку во дисфункционално семејство),за ТЕБЕ(затоа што на секој му е потребана љубов во животот и ако ете може да дојде и покасно) а и верувај тоа ќе и биде и од корист на жена ти затоа што јас верувам дека со тоа би симнала еден терет од грбот што по мое мислење таа го носи на себе,а само таа може да каже зошто до сега не поскала да се разведе па да си го симне товаротт од грб.
    И малку офф ќе бидам........не се согласувам со тебе дека сексот со дебел маж не може да задоволи........мојот маж е ДЕБЕЛ и итекако знае како да задоволи во кревет :lol: ........ама тоа најмногу зависи од личноста,секако.
    Поздрав до тебе и што побрзо да си го решиш проблемот и да можеш или можете сите раат да подишите......многу среќа!
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.248
    Пол:
    Женски
    Снејк, подолго време сум на форумов активна и знаат девојките/жените дека не се карам со никого. Многу пати за да не се испокарам не ни возвраќам на коментари, но овој пат морав атоа што ти и тоа како ги навредуваш сите кои не се на твоја бранова должина. Жена ти не ја знам, не ја ни познавам, ти велам разведи се. Во тој барк нема љубов, нема иднина. Но не се прави жртва. Ти од старт не ја сакаш жена ти. Признај си пред себе во огледало, признај и на жената, ( заслужила отворено да разговараш), и тргни напред. Убаво рече Теси, 5 дена нежност не поправаат 360 дена ужас. Признај си дека да си и наприв дете не би си ја земал за жена, признај си дека си ја венча зашто така требало, принај си се пред себе. Најголемата грешка твоја и која кај мене раѓа револт е тоа што си отишол во алкохол и во швалерај. Верувај, да сте се развеле тогаш, да сте седнеле да разговарате немало да дојдете до ова дереџе. А жена која знае дека е изневерена има одбивност кон мажот. Тоа е за неа веќе нешто валкано, нешто страно туѓо. Затоа е таа толку рамнодушна, можам да кажам и депресивна. Со тоа што во кревет е таква со тебе, тоа верувај дека ти се свети, сака преку тоа да ти покаже Те гледам само за да се задоволам себе си моментално и ништо друго, за тебе не ми е гајле си имаш кој да те задоволи. Мислиш не намирисала парфем на тебе, не видела кармин на кошула, не видела смс на телефон? Не се лажи, таа останала заради децата во бракот. Тебе не те регистрира од гордост. А за мене извини, секој кој оди со други жени а има семејство е курвар, и си стојам на тоа. Очиглено е затворен тип на жена, јас да бев имаше саксии да летаат по тебе.

    Седнете некаде сами, децата да не се со вас, разговарајте и ти оди си во хотел или стан или што имаш. Остави ја да размисли, разделете се. Ништо нагло, заради децата кои се во најосетлливите години. Зашто колку и да не ја поднесуаш, децата ве врзуваат.

    И да Феминизмот не е болест па да ја лечиме. А дебелината на секој може да му се случи.
     
    На lepadama, friendy и tessie им се допаѓа ова.
  8. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    snejk35, дали ќе се разведеш или не, само ти и сопругата одлучувате (јас да сум на твое место - ќе побарав развод уште многу одамна). Само уште нешто сакав за неверството да ти посочам. Има овде една тема: Брачни неверства. Оди ѕирни како девојчиња пишуваат дека го фатиле татко им (барем се сомнневаат) како ја изневерува мајка им. Прочитај како тие се чувствуваат. Зарем сакаш и твоите деца низ исто да поминат? Подобро да знам дека мама и тато се развеле бидејќи имаат несогласувања (бидејќи се караат по дома, не им оди) отколку да знам дека татко ми ја напуштил мајка ми поради друга жена (и обратно: мајка ми да го напушти татко ми заради друг маж).

    Се согласувам со предлогот, ако решиш да се разведеш од сопругата, дај си малку време пред да продолжиш со „девојката“, немој да ги повредиш децата.
     
    На DeMelo, Moira, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Edit
    Уште со цел памет некому викаш дека не се однесува нормално и дека неговото треба да биде прогласено за болест и да добие терапија. Seriously? You of all people? Ќе ти кажев нешто штом почна за Америка за што има таму, ама aj да не мавам со ниски удари. Феминизмот треба да се прогласи како болест. :D ХА! Ќе те замолам да прочиташ малце што е феминизмот и зошто настанал за утре да објасниш ако евентуално детенцето те праша, а не да трчаш по туѓи сукњи и да се расправаш на форуми, а не да се криеш зад феминизмот кога некој нема да ти каже „Браво алал да ти е! Шо све си претрпел ;(
     
    На midnight.flower, friendy, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
  10. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    погрешно!!! од каде тврдењето дека другата девојка нема да му дозволи да им пружи се на децата? имам многу7 примери каде баш втората сопруга функционира многу подобро од првата.Штом оваа неговата нема никаква воља тогаш дефинитивно друга заслужува да ја направи среќен
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Има, реков мнооогу се ретки. А ретко која мајка нема да лобира нејзините деца да се на прво место. Резултат? Дотогашниот примат и внимание за тие деца опаѓа и децата го чувствуваат тоа и патат за нивните родители да се изнаживеат под изговорот „Еден ден ќе бидете свои луѓе, ние ќе останеме сами“...а во какви луѓе ќе се претворат после се` е дискутабилно и често на родителите за тоа баш не им е ни гајле :( . Секоја мајка го сака најдоброто за своите деца. А жена која растура семејство не е жена во која треба да имаш доверба да започнеш ново.
     
    На Mama25, Moira, midnight.flower и 3 други им се допаѓа ова.
  12. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    во случајов не гледам дека девојка растура семејство,туку самиот маж сака да се раздели.Не е ништо ново и чудно,многу ми се смешни изјавите као демек она му растурила семејство.Како бе може мене некој да ми растури нешто ако е тоа доволно цврсто и јако? Значи не било.А штом не било подобро развод отколку цел живот децата да гледаат родители кои не се сакаат
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    И јас да сум машко и да имам таква жена како твојата ќе тргнам во швалерај и пијанчење...
    Си и купувал поклони, си ја терал да и плаќаш третмани, да оди да спортува со тебе, дома си и обезбедил се, ниту да пегла, ниту да цисти, ниту д апере...Еј, па знаеш ли ти колку жени сакаат така..У ствари сите жени сакаат така...
    Па за сите тие угодности што си и ги овозможил, таа треба да те обожува, а не да не сака да легне со тебе...
    Па и маж да имам таков како твојата жена исто ќе тргнам по швалерај...
    Не барај совет тука, барај го во себе...Искрено многу коментари прочитав за тоа како и е на твојата жена...За тоа да се коментира треба лично она да си го изнесе својот проблем...Затоа треба секоја жена да тргне од себе....Јас би се навредила мене маж ми така да ми кажува, ,,ослаби,,, заличи на човек, еве ти пари оди на третмани за слабеење...Но исто така не би го ни дозволила тоа...Пред се за себе, па после за него...Ме запознал, слаба, дотерана , нашминкана и нормално е таква да ме сака и понатака...Ок, тоа по дома не е ни можно постојано, но запуштањето на жена која ќе влезе во брак не го оправдувам ама воопшто...И не требаат многу пари за жена да изгледа средено...Има и поефтина и убава гардероба, и поефтина и добра шминка..Кој сака може...
    Те разбирам и подржувам целосно и ќе те предупредам побрзо да донесеш одлука..Покрај самиот што се повредуваш, ги повредуваш и сопругата и жената со која имаш врска...
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    anaantonina човекот е се`уште во брак и збунет, таа е со него. И 2+2 е 4. Како му е дома е најмалку битно. Фактот е тој и` допушта на таа некоја да се меша.
     
  15. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    Како му е дома е најмногу битно.Ако јас едвај чекам да заминам некаде само да не сум дома со сопругот или сопругата во овој случај тоа доволно кажува каков брак е тој
     
    На DeMelo и Moira им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Затоа си постои развод. Ако не ти е убаво, чао! Не бламирај и маж/жена и деца и сам/а себе. Се` додека си по закон дел од тоа семејство, имаш и одредени обврски и одговорности кон истото.
     
    На Mama25, midnight.flower и danichap им се допаѓа ова.
  17. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Драги пријателки...може не е најсодветен термин.....

    СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА ФЕМИНИЗМОТ И ЛЕЧЕЊЕТО.....

    ...но тоа е уште еден пример како вие ...жените..општо правите притисок...во одреден момент....ќутиш,,, ќутиш...и на крај кажуваш нешто од инат.... мислам тоа е моментот кога се расправам за банална работа по дома....ти покушаваш да не се распрраваш...она упорно мења брзини......и на крај доага моментот...до мајка и шајка....и излегуваш од дома...бидејќи е поедноставно од да се расправаш без правец и вистинска причина....зашто ова...зашто она.....како по однапред спремно сценарио......и рафална стрелба......

    незнам некој дали се нашол во таква ситуација..од едната или од другата страна.... верувам да ...


    Поздрав
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ние сме ти криви што ни` рече да се лечиме, жена ти ти е крива што се пропи и ја извара и качи притисок од водење младалачки рокенрол живот на 35г...има ли потреба за коментар...? Се` е јасно.

    Безгрешниот во свет во кој никој не чини.
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Немој така, вие жените вакви, од марс и онакви. Ќе искараш кавга. :lol:
    Треба ли јас да ги речам сите мажи шовинисти ако мојот дома инсистира дека жената треба да му ги мие стапалата на мажот? Ако си и лут на твојата не истурај на нас. Види ние макар некои те караме, други советуваме, ама ти дадовме внимание, сите те ислушавме за разлика од сопругата од која се ожали дека нема волја да одвои време лека ноќ да ти каже. Дај ни малку кредит. :!: :angel:
     
    На Moira, midnight.flower, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Снејк џабе овде се оправдуваш за твоите постапки,кога јасно се гледа твоето ниво на култура и комуникација.
    Прво овде на форум ти јавно не напаѓаш сите ние кои не мислиме како тебе и кои не те бодриме и храбриме во твоите валкани игри.
    Верувај дека феминизмот ама воопшто не е болест, и дај не туку се држи за дебелината како изговор на твојата НЕчовечност.

    А што ако ти беше тој кој накачил 30 кг +?
    Муабетот ми е дека се понашаш како мало дете,биди МАЖ како што глумиш МАЖ со твојата пријателка и јасно кажи и на жена ти дека не ја сакаш.

    Прво кој и да го прочита насловот од оваа тема,без ниту да ги чита останатите мислења отприлика знае за каков маж би можело да се работи.
    Еј бе чоек ти не си уште ниту разведен,ниту знаеш што точно сакаш,а веќе размилсуваш за друг деца со твојата пријателка?

    И те се класифицираш како одговорен маж и татко?
    Ма дај не заебавај,можеш до утре да се лутиш на сите оние кои мислат и пишуваат поразлично од тебе,но реалноста е таква каква што е,а најголемиот виновник си ти.

    Мислам дека мешаш баби и жаби.
    Секој муабет и реченица ти почнува со ЈАС.

    Зарем ти стварно си мислиш дека на твојата жена и остана нешто да зборува со тебе?
    На крај краева дали знаеш колку ПОНИЖУВАЧКИ е мене некој да ми рече иди ослаби ???
    Зарем ти си со такво манекенско тело?
    Па зарем сето тоа не го помисли кога и правеше дете?
    Или тек сега почнаа да ти сметаат разликите,кога совети почна да добиваш од твоите драги пријателки-истомисленички како тебе.??

    Значи си со толку слаб и лесен карактер да слушаш мислења од пропалици,раведени и испустени жени?

    И да зарем треба сите после напорниот ден да бараме издувни вентили за да ни се полни организмот со позитивна енергија.?
    Ма срамота со вакви глупави оправдувања кога ни самиот немаш и не даваш конкретност за изворот на твоите проблеми и секогаш зад тоа стои твојата жена,која патем накачила 30кг+ и ја направила најкастрофалната грешка што те земала тебе.

    На крајот ти ќе бидеш тој што ќе пати,кога и сопствените деца ќе ти го свртат грбот и ќе се гадат од тебе.
     
    На lepadama, friendy и tessie им се допаѓа ова.