Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод и нов брак

Дискусија во 'Брак' започната од snejk35, 25 февруари 2013.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Само ме чуди склопов на карактерни особини.
    Интелектуалец, тиранин, кариера ориентирана,професионалец...од една страна и слабак, флека, мрза...од друга.

    Не ми одат една со друга.

    Едит:
    Сега сваќам како човеков толку многу швалерки вртел. Картата маченик и жртва очигледно пали.

    Сите почнуваат од тоа дека не оправдуваат швалерај, НО...бла бла бла приказната е толку трогателна па ќе се премине преку тоа. Оти нели, ''СЕКОЈ'' ќе постапел така во негова кожа.
    Ниу Теси, ниту другите што си дадоа став кој беше окаректеризан како феминистички не кажаа ништо лошо.
    Само мало нагласување на фактите кои он сам си ги кажа. Дека двајцата се подеднакво виновни и дека ниту едниот ниту другиот е цвеќе.

    А ова е форум. Секој сам одлучува дали ќе го изнесе сопствениот нечист веш и мора да се очекува нешто више од само такпање по рамо.
     
    На nena2010, AIT, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.350
    Допаѓања:
    249.512
    Леле Теси што му толку запна на човекот :^) .
    Очигледно е дека бараш секаква можност да го нападнеш.
    Јас од оваа што го читам гледам само еден маж кој се трудел да си го одржи бракот по секоја цена, а жена му е една тромава теткица која е тотално незаинтересирана.
    Мажот се трудел, ама за возврат не добил ништо.
    И што мислите ќе седи и ќе ја чека жена му да стане од пред телевизорот. Не, ќе си бара кај друга.
    Далеку од тоа дека го оправдувам швалерајот, ама секогаш постои причина. Еве ја, еве ви пример. Потклекнал на алкохолот, не го оправдувам, но можам да го сфатам. Не секогаш знаеме како да постапиме во ваква или слична ситуација, особено ако има и деца.

    Колку и да ви стои изговорот глупав и клише дека мислат на децата, на мене ми е сосема на место и пред се искрен. На нив и треба да се мисли. Не се кријат зад тоа, туку едноставно се плашат за нив.
    И сите вие кои го нападнавте дека се крие зад тој изговор сеуште немате деца и не знаете кој товар го има родителот во однос на грижата за своите деца.

    Дебелината, а општо и целиот изглед многу ми значи кај партнерот. Не барам тој да личи на некој манекен, ама сакам да внимава на себе. Што ве погодува тоа се прашувам.
    Мажот значи на секој можен начин пробал да ја натера да се грижи за себе и да покаже малце внимание и таа за бракот. Ама не, на нејзе и е поубаво вака. Со тоа само ја потврдува тезата дека се омажила колку да има маж. За жал.

    Снејк, од друга страна, пак, тебе те обвинувам што знаеш дека постои проблем, дека не ја сакаш, а упорно не преземаш ништо. Или спасувај го бракот, ако воопшто може да се спаси, или пакувај куферите и оди си.
    Сепак размисли убаво.
    Очигледно е дека вака не си среќен, но факт е и дека ти се битни децата.
    Но одлуката е само твоја, колку и да е тешка.
     
    На Hipster, kate21, DeMelo и 3 други им се допаѓа ова.
  3. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    Jas можеби и ке се разликувам со мислењето од другите ,но сепак ова е мое мислење. Колку што успев да прочитам од се ова човеков колку толку се има потрудено да направи нешто за спас на бракот,ама не ја гледам жртвата или пак нешто направено од неа како спас за бракот...Повекето би осудиле алкохол и швалерисување ,да точно за осуда и е ,мегутоа и до тоа да стигне човек треба причина и безизлезна ситуација.И ке си речеме сега која е таа ситуација кога е само криза во бракот,ама не е така Снејк веке и пробал да се поправи себе со откажувањето од пиење,пробал со вечера... И сл.со цел заради децата да не пропадне бракот ,но пак ништо женичката си отишла пред тв. Наредно е со муабет кој завршива со жестока кавга и пак ништо. Па ако на Снејк му се важни децата и се трудел,зошто она не реагира на ништо,мене ми изгледа како да и е сеедно дали за децата ,дали за сопругот!Сите реагираме на тоа дека и префрлил за тежината ,ок рекол можеби не требало ама не е и пресудно.И кога веке се нашол на дното ,каде од сите акции нема ама баш никаква реакцијa оп уште една да речам грешка па и до таа грешка го има однесено постојаниот игнор од неа!!! Како и да е ... мое мислење е подобро да се разведеш ,кога веке гледаш дека е безизлезно и се е пробано да ја вратиш. Децата ... хмм ... болна тема и тоа многу!!!! Снејк види вака зарем мислиш дека они не осекаат дека нешто не е ок,осекаат и тоа како .... неможе да се сокрие напнатоста колку и да сакате! Подобро е да сте разведени и кога ке бидете со децата да сте расположени и да им понидите дел од денот да се насмеани и весели,отколку да живеете заедно,не се трпите мегусебе,не сте расположени ,децата да гледаат секој ден кавг и и напнатости. Ова е мое мислење па сега можете и да ме критикувате ама тоа е ...
     
    На DeMelo, stetoskop и snejk35 им се допаѓа ова.
  4. femma

    femma Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    толку многу ме изреволтира темава сто морав да се најавам за да можам да коментирам :devil: остави ја сопргата, така можеби и услуга ке и направиш, немој да мислиш дека таа не помислувала на развод, напротив многу оддамна сакала да стави крај на се но и било жал за тебе. како сто собра храброст да ја бламираш, навредуваш, оцрнуваш и обвинуваш за се мајката на твоите деца, собери храброст и по прв пат во твојот беден и мизерен живот биди маж и кажи и го сето ова нејзе а не овде! :devil: :devil: :devil:
     
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Гледам сите паднавте на вечерата која и ја направил,на чизмите кои и ги купил,на фустанот кој сакал да и го купи,но немало број....Дали некој забележа каква омраза има во човеков кон неговата жена ??? мајката на неговите деца??? Жената која тој ја венчал ??? Ах,Снејк вечера се прави кога работите се изгладени,кога партнерите седнале и разговарале и си ги кажале маките .И јас би направила исто како жена ти доколку знам дека имаме проблем кој без разговор треба да го решиме со романтична вечера.Според мене проблемите се решаваат само и само со разговор ,па потоа може да следи вечера. Чизмите кои си и ги купил ,си ги купил за некој друг,а не за жена ти ,затоа што доколку биле за нејзе ќе си знаел дека таа не може да ги облече.Ова твоево било повеќе навреда отколку добра намера. Ќе те прашам како воопшто очекуваш и си очекувал твојата жена да излезе со тебе и да прошета или спортува кога ти имаш таква одбивност и омраза кон нејзе,па дури и се срамиш? Зарем мислиш дека таа тоа не го чувствува?
    Фино си кажа ДЕКА ТИ СИ КРИВ ЗА СЕ и навистина е така.Ти сево ова си требал да го спречиш уште во самиот почеток,но зошто не си го направил самиот си знаеш! Можеби си немал доволно храброст :^)Доколку си знаел во почетокот што и како сакаш воопшто немало да дојде до ова денес.И искрено навистина не го разбирам потенцирањето на тоа дека не е од Скопје :x
    Што се однесува до швалерката ,навистина вчера и се јави и и рече да паузирате малку??? Зошто??? Затоа што те искаравме или затоа што повторно се однесуваш како мало дете кое не знае што сака ??? Ако не си свесен повторно ја правиш истата грешка!!!
     
    На Ethrnity, baby-star, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    а за “жените се од марс....а мажите од плутон или така нешто...“-да не беше мажите од Марс, жените од Венера книгата
     
  7. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    Човеков згрешил уште кога се оженил .Жално колку такви бракови ради бременост постојат,па после години се случува ова
     
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Исчитав многу постови од дикусијава, и едно нешто останува многу да ми е нејасно: Сопругата е претставена како краен негативец по карактер/изглед/однесување/сфаќање, и дома и на работа и во околината, што малтене станува гротеска - ама ниту една реченица немаше нешто позитивно кажано. Малтене како да е лошата вештерка од приказните, може затоа и целово ова на приказна ми личи.
    Зошто некој ако мисли дека партнерот (или цимерот) му е толку никаков (и со секој пост уште нови и нови карактеризации следат, и секоја поцрна од претходната, како да се прави обид сите што не сфатиле колку е таа одвратна да мораат на спуштат глава) воопшто би пробувал нешто да спаси? Не ќе да се работите баш такви, животот не е црно-бел.
    Во кој филм снејк живее не знам, ама кога толку ја мрзи сопствената жена, нека ја ослободи, каква и да е. За двајцата поубаво.
     
    На tessie, Bozica1980, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    значи...упатството за мажи и тоа проширеното дваеспетто издание со сите додатоци е на 20 страници со голем проред......а упатството за жени во скратено џепно издание е на 4000 страници . значи сватете дека мажите не размислуваат како вас.... и дека од друг агол ги гледаат сите работи..... не дека сум ја оцрнувал...или дека нема добри особини.... само сум пишал што ме прашале...секој има добри особини...да добра е со децата...некогаш им помага да учат некои лекции физика .... некогаш на моменти знае да направи некој добар ручек....исто како што знае во недела да стави на маса макараони со сирење...кое искрено од такт ме вади...или пак ќе речете кукам кога во недела ќе оди од мекдоналдс да им донесе на децата јадење за ручек....а стопати сме зборувале колку е штетна таа храна......

    и да свакам дека е уморна...КОЈ НЕ Е ДЕНЕСКА ??????

    и еве од такт ме вади кога ќе се закачи на одмор на тоа лежалките со муабетот ,јас сум на одмор.....ок...ама и во алл инклузив децата не можеш само да ги оставиш....


    мислам давам само глупи примери......веројатно таму се сведуваат сите работи во денешно време ..да секој станува себичен...и да многу размислувам што понатаму сеуште......затоа што со мене делумно ќе си отидат и моите....и ќе испарат топлите јадења секој ден......луге можете само да плукате ...ама врска немате вие од живот и што се носи тој.....и како лугето со времето се менуваат ...во позитивна или негативна смисла........ и бидејќи до 6 сабјле заглавив на сајтот...како само давате женска помош и совет со сосема друга конотација.....

    има една книга се вика уметност на војувањето.....која е стар 1100 години..... за да можеш да го победиш непријателот мора да знаеш како дише , оди , спие ( немојте да ги искривувате одма зборовите мои дека некој е непријател во дадениот случај ) ...само сакам да кажам дека сите ние ни на почеток ни понатаму не се знаеме..... многу пати слушам реченици од типот што било претходно не е важно, сега да е вака....лугето не се менуваат во основата само во виријацијата...ако биле претходно такви...и понатаму ќе бидат....

    ќе пишам пак нешто попосле....

    поздрав

    ...уште еднаш благодарам за многуте нависитна корисни приватни пораки...од луге со конкретни слични проблеми ...тоа навистина го ценам од вас....
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    ^^ Да собереше храброст, трпение и сила и да поразговараше со жена ти што ве мачи и тебе и нејзе и на каде ќе оди вашиот брак, како што се распиша на форумов и филозофирајќи се жалиш за се и сешто околу жена ти, двајцата ќе успеевте да ги решите проблемите.
    Ти овде на секого му враќаш, се браниш, па напаѓаш и пак одново.
    Да потрошеше толку зборови во разговор со жена ти (наместо да пишуваш овде за неа по сто пати, иако го знаеш веќе мислењето на членовите на форумов, иако е поделено, сепак мислење е) ќе го пронајдеше одговорот.
    Но мене ми изгледа дека ти воопшто не сакаш разврска на вашиот проблем, туку сакаш само да му покажеш на светот колку тебе ти е тешко, колку никој не те сфаќа, бла бла...
    Епа биди МАЖ, разговарај со сопругата и реши го конечно она што те мачи, пронајди ги одговорите САМ, ти најдобро ја знаеш вашата брачна состојба.
    И врати се на форумов откако самиот ќе се потрудиш да ги средиш работите со сопругата, седни ја и разговарајте, не се навраќај на темава ако не го превземеш тој основен чекор, зашто залуден ќе биде секој твој нареден пост овде.
    Ако си гневен на нејзе, пишувај си во темата-што би му/и рекле, испукај се итн...

    P.s. сега ти го видов потписот, и таму ли се покажуваш како
    плачипичка
    :lol: , ако за танго се потребни двајца, а вие сте тројца, тогаш мора едниот да ја напушти играта, нели?
     
    На tessie и danichap им се допаѓа ова.
  11. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Со ова потполно се согласувам! Еден мора да ја напушти играта, а кој? - тоа самиот ќе си одлучиш. Само гледај да биде што побезболно за децата.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    Што има да разговара со дотичната жена кога оваа без да го праша извршила абортус...ццц па ја да сум маж парталите собирање и очи нема да ми види никад више.Башка човеков јасно си кажа дека има врска со девојка со која се сакаат ама му е страв да се разведе ради децата.Најголема невидена глупост.
    Пријателе на децата ке им нап0раиш најлошо ако останеш со нивната мајка која не ја сакаш,давајќи им пример за што? За тоа дека и ако они не сакаат некого мора да останат со него по секоја цена?? Поубав пример ќе им дадеш ако се разведеш како што им доликува на двајца возррасни луѓе кои веќе не се сакаат ,отколку да трпиш во брак кој не ваља,притоа да се карате,да спиете одделно а децата тоа да го гледаат.
    Не е срамота да се разведеш и повторно да почнеш нов живот со особа која те исполнува,страшно е да останеш со некој со кого нема никаква хемија.
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Немам можност да ги прочитам сите коментари, можеби и ќе се повторам. Од првите мислења ми се создаде слика за брак кој започнал без љубов и продолжил во огромно измачување на двајцата. Колку подолго си присилен да останеш со некој кој не го сакаш (а верувам стварно дека тука нема љубов), толку повеќе ќе ти станува одвратен и тој, а и самиот ти. Верувам дека двајцата не сте среќни во бракот и искрено не гледам причина зошто истиот би продолжил. Чекорите што ги правиш со алкохол и љубовници, негативните коментари за нејзиниот изглед и однесување, само се уништуваш повеќе како личност. Двосмерно верувам дека е, затоа што сигурно и таа одамна ги изгубила чувствата кон тебе штом не се труди да ти покаже љубов или да го реши проблемот.
    Колку повеќе остануваш на темава и наидуваш на осуда, толку повеќе ќе го вадиш прљавиот веш на жена ти, наместо својот, за да се оправдаш. Па еден совет, затоа што лично нит почит имам нит разбирање за луѓе што грдо ги илустрираат своите блиски за да се покажат или докажат во подобро светло, стани од пред компјутер, биди маж и донеси сам одлука. Од мое лично гледиште, овој брак нема добра иднина.
     
    На Moira, Madonna, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ама ја одржува темава напатениов, одличен драматург ќе е :) . Или си везе приказни, или си прави своја верзија на приказната. Другата страна не ја знаеме и затоа ова не ми е се онака, баш, за верување.
    Од мене совет, „мажиште“, штом толку сака жена ти да седи на компјутер (покрај да гледа телевизија) ако веќе машкоста си ја изгубил (а некако ми личи како и да си ја немал никогаш), и ако не си способен да и го кажеш се ова, седни ја нека прочита што се тука си напишал за неа. Ете ти ги најкусиот пат до разводот за кој плачеш тука. Не се секирај, ќе те плукне и ќе те заборави, таман ќе си бидеш слободен, зашто како што се испофали, еден куп жени си вртел додека си во брак, барем нема да мора да лажеш веќе дали си женет.
    Ја одржуваш добро динамиката и тензијата на темава, тоа мора да ти признам, те бива за приказни, ама навикнат си на вакви шупливи, површни муабети кои ти палеле кај некои недоквакани кокошки. Дебела е, не ја бива за ништо, незаинтересирана, само гледа ТВ, ни децата не ја интересираат, се срамам од неа... А можам да те замислам ти како изгледаш :D . Плус, чисто информативно, Пирс Броснан го знаеш? Си видел каква жена има? Може да ја има СЕКОЈА, типот е баш Маж (нарочно со големо М), и место да плука по жена му, ја бакнува на плажа од ЉУБОВ!
    [​IMG]
    [​IMG]
    Сликиве се колку да престанеш да тупиш дебела е, дебела е... Не викам јас дали е или не е, викам дека маж кој ја сака жената ќе ја сака и покрај тоа.
    И малку не ми оди муабетов, жена кариерист која брка кариера, а не знае подалеку од турски серии?! Напредува на секое поле, освен дома?! Ако е точно, веројатно дома е проблемот.
    И аман веќе од мажи-НЕМАЖИ... и од онаа обратна психологија што пробуваш да ја истераш, со патетиките „Јас сум крив што сум толку добар со неа, добро, ОК; за се јас сум крив...“ и сега некоја гуска треба да рипне и да те теши „Не бе, не си, таа е крива...“ оф мори мајко |(
    Мене ми личиш на слабак кој дозволува настаните да го водат низ животот, премногу немаж да преземе нешто, премногу незрел да преземе одговорност за било што, способен најмногу за патетика... Да си сакал до сега ќе си можел човечен разговор да направиш со жена ти, туку и тебе ти чини да глумиш жртва (да, познато е ова во психологијата, не си прв). Да си ја тинтрал жена ти како тие гуските кај кои ти поминувале празниве муабети, не ќе дошла до тука работата. Ама поарно ти било да се докажуваш колкав маж си на страна. Зашто проблемите од ДОМА се решаваат ДОМА, не со бркање секакви сомнителни примероци. И јас отворено кажувам дека ич не те жалам ниту те сожалувам, што си барал-тоа си добил. А дека жена ти е толкава вештерка, тоа па не да не можеш да го продадеш...
     
    На maca78, AIT, tessie и 7 други им се допаѓа ова.
  15. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    Луѓе многу го отупевте човекот.Разбирате дека никој не е крив.Престанале да се сакаат ,човеков сака некоја друга ,затоа постои развод и крај готово.Навикнете се дека тоа е дел од секојдневието.
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Еве и јас ќе се вмешам :D Не сум во брак ама да си дадам мислење.

    Како прво зборувате како не абортирала тогаш , ти ги кажуваш причините зошто сте се зеле те дека не си ја сакал и на свадбата си го заклучил тоа . Ама сега глупаво е да мислиш што би било кад би било т.е ако не сте се зеле , па дури и сурово па од тој брак излегле 2 дечиња кои велиш дека премногу ги сакаш . Знам жена која е разведена и многу маки претрпе од маж и ама секогаш вели да го вратам времето назад истото ќе го направам бидејки децата и се најголемо богатство . Така требало да биде од нешто лошо има и добро. Не си бил среќен во бракот но имаш 2 дечиња , а жена ти барем почитувај ја како мајка на твоите деца .
    Јас искрено не можам да кажам каква е жена ти бидејки секоја приказна има 2 страни и вака да осудувам не можам . Ти ја изнесе твојата страна сакаш лути се сакаш не ама си погрешил со швалерајот и со постапките си требал да пресечеш многу пред тоа . Но едно е јасно дека НЕ ЈА САКАШ , во твоите зборови не видов ни малку чувства спрема неа .
    Ти тоа го знаеш , кога и се променил физичкиот изглед уште толку ти станала одбивна . Натаму се тргнало по удолнина , жена ти сигурно знае дека не е сакана и за твоите авантури може кренала раце од бракот и само формално се однесува дека е во брак ништо друго и таа тука греши .

    И јас мислам дека треба да се разведеш бидејки не ја сакаш ,не можеш делиш живот со човек за кој немаш чувства тоа е грешката и не може да се бара кривица кај овој или оној . Не си се развел порано од страв да не останеш сам , сега имаш некој и ти е полесно . Но совет не рипај веднаш во нов брак :!: за да по 10 години не го велиш истото бидејки не видов ни некоја си љубов и кон другата туку само ти е фина од практична гледна точка и ти дава што ти фали во бракот а не го носи со тебе товарот кој го има во секој брак а на 2-3 саата лесно е да бидеш фин .

    И фер е искрено да разговараш со жена ти , и да се разделите ко луѓе ради децата .
     
  17. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Само уште ова ќе кажам и ќе се обидам да се воздржам од идно коментирање (не за друго, туку ми се чини дека веќе се‘ е кажано: и поддршка и осуда):

    Кога рече дека ти би се развел и би заминал, но со тоа ќе ги нема и твоите (претпоставувам дека мислеше на твоите родители - во заедница живеете?) и ќе нема повеќе топол оброк за децата. Што мислеше со оваа реченица не ми е јасно, ако може да појасниш. Кој готви кај вас дома? Од тој текст јас разбрав дека само ти се грижиш за децата да се хранат и живеат здраво, а на сопругата и е полесно да порачува готова храна.
    Ако е така, зошто ти не спомна ваква опција: ти, децата и новата девојка да живеете заедно, туку рече дека сакаш нов живот со новата девојка, со која сакаш ново семејство, а децата и мајка им нема да ги бркаш од дома и плус ќе им плаќаш се‘ што треба за децата? Ако нивната мајка е толку лоша, што тие не би имале топол оброк покрај неа, зошто не си замисли едно такво сценарио: ти да не се делиш од децата, туку само од сопругата?

    Не ми замерувајте, јас навистина немам искуство во вакви работи, но едно сигурно знам: доколку јас сметам дека партнерот мој не се грижи за децата како што треба- нема шанси да ги оставам да живеат со него, а јас да си заминам во подобар живот! И зошто секогаш децата да останат со мајката? Зарем не треба да останат со оној родител кој подобро ќе се грижи за нив? Судот не решава така? Навистина не знам. Простете.
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  18. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    извини...јас мојот прљав веш го стаив на прва страна...ама ај...никој ништо не глуми тука....


    да мислев на родителите...живеат во другиот влез.....и ако сакам да ги земам децата..за кое многу сум размислувал ..ќе настане општ колеж..и тек тогаш се ќе излезе од контрола .........а во секој случај во другиот стан децата ќе имаат своја соба . а судот од тоа што се распрашував или ги дели ..или 90 % ги остава кај мајката.... делењето е најлоша опција... ( освен ако мајката си заминала или е алкохоличар - што не е случај тука )
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    112.941
    Пол:
    Женски
    Морав да се навратам на првиот пост од "напатенава" душа и ми падна ова во очи

    Со оглед на тоа дека понатаму и тоа како се покажа кои се твоите ставови во всрка со местото на жената во општеството ( феминизам=болест која треба да се лечи) и те молам престани да се извинуваш, туку размилси малку пред да напишеш, јасно е дека човеков е тип кој не поднесува некој да е супериорен во однос на него. Дека него не му смета дебелината на жената, туку тоа почнало од кога она се вратила на работа, кога она напредувала, а он?? Што постигнал он во животот?? Очигледно помалку од неа, а бидејки е научен да биде на пиедестал и сите во него да гледаат БОЖЕСТВО, тоа го побарал во жени со лесен морал, со пјиначење.

    И те молам престани да глумиш жртва. Воопшто не привлекуваат мажи кои цвилат како мачиња а се прават дека се лавови. Ако имаш храброст разведи се, ама очигледно немаш, зашто имаш притисок и од твоите да не се разведеш, сам ги спомна. Ти братче си се оженил заради твоите, па ај едно дете си и направил ама ВТОРО??? Останала бремена! Како бе останала бремена превземи си оговорност и речи НАПРАВИВМЕ УШТЕ ЕДНО ДЕТЕ!!!
     
    На tessie и danichap им се допаѓа ова.
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Мислам дека темава отиде во една насока каде нема потреба да се оди. Ако остане отклучена, има да се полни со навреди, и навреди, и навреди до бесконечност. Прво го нападнавме него, па после ја нападнавме неа, па ги нападнавме двајцата, па почнавме сами едни со други да се напаѓаме, ама ајде ве молам... Сите си го кажавте мислењето, стварно веќе заличи на темата Испукај се...

    Извинете за офтопик, ама стверно не му се реши проблемот на човекот, ниту пак нашите се решија... :^)
     
    На Moira и ell им се допаѓа ова.