мое мислење е дека меѓу вас веќе нема ништо освен омраза , нетолеранција и инает............ ... е ова е најверојатно затоа што ни таа неможе да те гледа ни трпи повеќе........како што ти зборуваш најлошо за неа ,сигурно исто се чувствува и таа, дај те молам пушти ја женава да живее па може кога ќе излезе од овој ќорсокак ќе биде среќна........очигледно не сте еден за друг...секоја акција има и своа реакција,така да замисли се зошто таа се однесува вака со тебе и тоа дека била дебела , ти најверојатно си лепотан Инаку пробав да ја игнорирам темава,ама да се немало срам бе
Не видов тука никој да го брани човекот, некои само беа поблаги во коментарите. Фамилијата му останува нефункционална, тој ќе продолжи да се швалерисува, жена му ќе продолжи со игнорирање, а децата ќе растат мислејќи дека е тоа нормално. КОЈ извојува победа тука?
Кога човек ќе помисли дека се си кажа човекот, тоа имало уште. И јас тој впечаток го добивав, колку повеќе уста отвара и ја црни неа, уствари самиот себе се црни. Оти нели, тоа што е кажано за неа може, но не мора да е вистинито, посебно поради аголот на перцепирање на нештата а и сваќањата и интелектот на толкувачот. Така да колку и да беше/е прикажана она како најдолно створење јас сум сеуште со резерва бидејќи се слуша само една страна. Страна на целосно нестабилна личност со длабоки комплекси, плитки и ограничени сваќања, двоен морал и стандарди. Јас пак ќе речам дека склопов на карактерни особини кои очигелдно ги поседува он и како си се прикажа се целосно нелогични, исто како и оние на начинот на кој ја опиша и нејзе. Веднаш помислив на нешто у стилот волк во овчја кожаи како со сето ова кукање и во гаќите на твоите многубројни швалерки се пикаш. Колку ли пати само ја ја раскажал, прераскажал, накитил и разубавил твојата тажна животна приказна? Оти очигледно дека целта не ти е да се бара решение, само некоја симпатија, потврда, оправдување...илиможеби нова швалерка. Колку повеќе си изнесуваш од сопствениот веш повеќе смрди.
Тајната на вистинската љубов, откриена од Бред Пит: Жена ми се разболе. Таа беше постојано нервозна поради проблеми во работата, приватноста, нејзините неуспеси, проблемите со децата. Таа загуби 15 килограми и тежината и беше околу 40, а е само 35 години. Таа се стопи, постојано плачеше и беше разочарана од се и од сите. Ништо не ја радуваше, постојано ја болеше главата, срцето, нервите во 'рбетот и ребрата. Спиеше лошо, не можеше да спие по цели ноќи и на утро беше уморна. Врската ни беше на работ. Убавината и се губеше, и се појавија ќеси под очите, таа престана да се грижи за себе. Таа одбиваше да снима филмови и воопшто сите други улоги. Јас изгубив надеж и мислев дека наскоро ќе се разделиме ... Но потоа решив да дејствувам и да превземам нешто. Ја имам најубавата жена во светот. Таа е идеал на повеќе од половина жени и мажи на земјата, а мене ми дозволила да спијам до неа и да ја прегрнувам. Почнав да ја засипувам со цвеќе, бакнежи и комплименти. Правев изненадувања и и се радував секоја минута. Правев и подароци и живеев заради неа. Зборував на луѓето само за неа. Сите теми се сведуваа на нејзина страна. Ја фалев пред моите и нашите заеднички пријатели. Нема да поверувате - таа повторно расцвета. Стана поубава отколку што беше порано. Додаде тежина, престана да се нервира и ме бакнуваше посилно отколку порано. Јас дури и не знаев дека таа може ТАКА да бакнува. И сфатив едно: Жената е одраз на мажот и ако ја сакаш до безумие, таа ќе ти одговори со истото! Случајно го најдов !Искрено Снејк не мислам дека и ти би го направил истово,па дури и да се работи за Џоли
Е ајде де??? И после тие деца ќе станат како нивните родиели бидејќи нели, тоа е нормално опкружување во кое се пораснати, и за некоја година тука некој/некоја истото ќе го пишува. Нема смисла. Ако ги бирам децата, тогаш ќе одберам тоа што е најдобро за нив, а не за мене... Катастрофа невидена сте пријателе, и ти и жена ти. Ти кажав и во претходниот пост. Ако тука бараше оправдување за бркање женски на страна, си се заебал, на женски форум нема да го најдеш. Ако мислеше дека ќе ја окривиме одма сите до еден жена ти, и тука си се зезнал, скоро сите сме жени и знаеме со што се бориме. Во вашиот брак има само две жртви - децата. Тие страдаат од вашите проблеми и од вшиот кукавичлук!
Снејк, ти ја мразиш жена ти од дното на душата затоа што те „врзала“ уште млад и неизживеан со тоа што останала бремена. Уште од првиот твој пост е тоа јасно и таа ти е главен виновник. Не ја знам нејзината страна на приказната, ама ќе ти дадам совет - што побрзо излезете и двајцата од пеколот. Само не ми е јасно - ти стави некој нож под грло да ја земеш затоа што била бремена? И кој го направи тоа кутро дете? Од воздух ли се зачна?
Си реков некое време да не пишувам на темава, да не ми се појави форумската полиција со веднаш-последователна осуда (не зборам за модераторите), но и јас и нена и даничап ви кажавме од самиот старт...ВИ КАЖАВМЕ. А вие ни` се нафрливте чиниш косите да ни` се гледаа, ќе ни` ги соскубевте. Како не му ја почувствувавте омразата кон жена му уште при првиот пост? Не го кажав ова досега, но првиот пост ме трогна до солзи мислејќи си како и` е на таа жена која живее покрај маж што волку ја мрази и му се гади. И после ќе пробувала пози во кревет...молам? Мислиш таа не те чувствува како со гадење ја перципираш поради нејзината тежина? Ти би легнал со некого на кого му се гадиш? И после она кога ќе била задоволна прекинувала. Па ќе прекине, затоа што и мене не би ми било гајле за задоволството на маж кој така ме гледа. Јас не би фрлила мрсул на човек со вакво мислење за мене, не па да спијам. Тек па кога ќе осетам дека ме вара... Таа веќе одамна кренала раце од овој брак, а седи заради децата. Можеби седи и за инает на мажот. Можеби седи од жал за децата некоја вчерашна др***чка да не им го лапне и тоа што им останало створено од овој брак. Има многу можеби, но дека мажот е за жалење, не е. Уште калории и` броиш, времето што го поминува пред телевизор гледајќи турски серии...таа ти го мери ли тебе времето што го поминуваш пред компјутер? А не е лошо некогаш и ти да погледнеш некоја од тие серии. Повеќето се стварно глупи, но има и такви кои учат на семејни вредности и воопшто не се за потценување, за тоа колку штета правиш со исполнување на себични хирови. Искрено мене ми се поглупи американските шаблонирани и прешаблонирани комедии со еден надарен црнец, една глупа плавуша, многу секс, дрога и пијанчење и цело стадо нискоинтелигентни суштества. Убаво ти велев, не си за брак ти. Не си. Ако килограмите на жената ти менуваат перцепција за се`, ти си навистина преплиток човек за сериозна врска, не па брак. Сликата што ја постираа не е одвратна, ти си плиток и површен. Жената повеќе ја жалам. Жена со толку потенцијали, напредна во кариерата да се осуди на ваков несреќен живот. Разведи се, јас и горенаведените членки те молиме да го направиш истото. Пружи и` шанса за среќа на оваа жена, што и да мислиш дека ти има згрешено, доволно платила. И не мисли само на себе, како мама и тато ќе те караат, ослободи се и себе и жена ти и тие недолжни деца од непотребно страдање. И да, подобро е човек да се дави во сало отколку во комплекси. Затоа што првото со труд и упорност можеш да го санираш, а второво...малку потешко.
Apsolutno pogresno me razbravte....ili ne....koja zena sto drzi do sebe...ke se napravi 90-100 kila...sto sakate da kazeye deka e normalno.....da sedite i da jadete po cel den.....da neka im e lekcija na site devojki sto sakaat da se mazat.....toa sto ke se omazis...ne znaci deka treba sega da ne obrakas vnimanie na sebe...i da stanes pivtija.....probajte site da se setite kako vi izgledal sexot so nekoj sreden i kolku tolku stegnat...i sega so momentalniot maz...sto nosi 54...56...58,dsj ve molam.....site zeni psgate na six pack tipovi ko...bred pit...i slicno....ne e fer sjto do krajni granici ste nerealni......neznam koja so koja se lazete..jas sve sto kazuvam mislam.....nisto ni sum smenil...ni sum skril...da kazam deka mi e krivo sto sum legnal so devojki ko od playboy....boze sacuvaj....sigurno i vie ne bi.....i ne mi zboruvajte i za vernost...mnogu sto tuka plukaa.neka si procitaat sto pisale na drugi temi......dva arsina li imate...ili deset....evropska unija...ti moze...ama za tebe eve uste sto raboti.... i da mnogui olesna od muabetot so mngu od vas za da si go svatam problemot so taa doma....i za da i gi svatam nejzinite postapki......a zalno e ovakvo od pocetok panadanje i kopiranje na spanska inkvizicija...na forum koj sto e pred se za komunikacija i pomos.....mislev deka moderatorite se tuka za kolku tolku da prgglaaat...a ne za da gledaat seir od strana Srdecen pozdrav do site vas!!!
Се согласувам во целост со тебе за делот дека темава треба да им служи како лекција на девојчињата кои се пред мажење. Најискрено.
Аман те молам, РАЗВЕДИ СЕ!! Тогаш жена ти ќе процвета, и ќе ослабе и ќе се разубави. ТИ и ја уништуваш секоја желба убаво да изгледа!!!!! Како Господ, Алах, Буда и сте светци од сите религии те молам разведи се , остави ја жената да жиевее и иссели се некаде да не го труеш воздухов во државава.
Аман бе дечко се фати за тој ручек и готвење ко слеп за стап. Па крај краева КАДЕ ПИШУВА ДЕКА ЖЕНАТА Е ТАА КОЈА ТРЕБА ДА ГОТВИ ?!?Ако до толку ти се јаде домашна манџа научи да готвиш па наппрај ти дома ручек место да пиеш ракија у кафана и да се ебаваш со швалерки. Боже , боже. Секогаш ке се праиме напредни,ама секогаш ке има некој ваков пример кој ке покаже дека кај македонското маже сеуште живее идејата за патријахат и потчинетост на жената. Извадила макарони и сиреше во недела .Па што ? Им фали нешто на макароните?!? Или тебе треба да ти се праи свинско на ражен за да бидеш задоволен и најаден ?!? Велиш од такт те вади на одмор на лежалка коа ке се закачи.Па одморот за што е ?!? За нива орање ?!? Јас кога сум на одмор жива сила не ме мрда од лежалките се додека не се препечам на сонце па да морам да станам да се избањам во вода пошто у спротивно ке ме удри дамла. Одмор за ОДМАРАЊЕ е ,затоа и се вика одмор. Се фати за оброците што ви ги пракаат твоите.Не ти е срам возрасен маж со фамилија од мајка му да бара ручек да му прака секој ден? Па јас да сум мажена ,и свекрвата моја вака да ми прака дома ручеци од ИНАЕТ јајца нема да спржам и маргарин на леб да намачкам а не па да го удостојам да му зготвам ручек. Срамота. После се чудиш зашто невестата нејке да готви и купува од Mекдоналдс. Е па што ке готви коа тебе мамичка секој петок ти прака грав за ручек. Не си ни заслужил да ти спржи јајце а не па да ти зготви топол оброк. Не дека те сожалував или кој знае што,бидејки се уште стојам на мојот став за обрнување минимум внимание за физичкиот изглед,ама кај тебе не е проблемот дебелината на невестичето. Во тебе е проблемот. Во твојата неизживеана младост, во стапувањето во брак на млади години. Цитираш тука книги и поезии ,а не го ни сфакаш нивното значење. Срам и арам за тебе ! Толку !
Ај вака пошто нели да бараше совет од некој што е компетентен, а јас на тема брак не сум,(но си ставив ѕвездички каде што се согласувам) ќе пробам да сум во улога дете. Замисли ќе ти пораснат утре децата. Хипотетички... Побогу, јас да сум ти дете, да дознаам дека ти, заради нејзината тежина и ја нарекуваш неа со триста погадни зборови, погоди на чива страна ќе сум И да дознаам дека бркаш швлакерки, ма колку и да сака едниот родител да е дебел и мрзлив, пак погоди на чива страна ќе сум. Ма не само страна, јас тебе не би сакал очи да ти видам. Јас ќе бидам таа што ќе те избркам или ќе си одам само да не ти ги слушам закржлавените муабети. Спојлер Секако ако не сум припроста на тебе.. Спојлер Далеку од тоа дека ја оправдувам дебелината, зошто таа најмногу удира по здравјето првенствено, но подршката не се искажува со броење калории и со омаловажување. Поготово не со ебавање на страна...
За првиот дел разбирам, за вториот дел од мислењево ќе си кажам личен пример. Спојлер Имав дечко кој беше доста потежок од мене, имав тогаш едвај 45кг и верувај, активноста во спалната не може воопшто да се спореди со еден друг мој дечко што беше така згоден и слаб (стално ми велеше дека ќе се убие ако се здебели ). Епа овој вториов на малото прсте на ногата може да му се фати на првиот, покрупниот, во тој дел. Не се сите плитки како тебе. И патем, не пробувај да се извадиш, убаво си напиша дека сите жени со поголема тежина ти се одвратни. Епа на сите паметни, културни и фини девојки Ти си им одвратен.
се моралисти бреј .. живеете во идила од 21 век затоа не не ни бидува . 21 век да ама .. прошетајте низ светот ке видите што знаци 21 век не гледјате турски серии , шпански сапуници или американски филмови розови очила... кога го нема пламенот во бракот што сакас прави .. дефинитвно нити го таа сака ,нити тој. што треба сега да се гушат ццц. ех бре критики колку сакаш.. а секој дома со ножеви ццц. и да можеби разводот ке биде добар и за нејзе да се разбуди од мечкиниот сон.. не се знае никогаш..
малку офф топик: пред неколку години кога бевме на одмор во др држава се запознавме сое ден пар помлад од нас од македонија исто девојчево нормално а дечкото беше свиња во правата смисла на зборот. беше дебел од јадење не од нешто друго кога ќе седнеше на маса не знаеше што попрво да касни. мене искрено ми се гадеше. тогаш му реков на мм ако еден ден се направиш ваков сигурно ќе те оставам незнам како би можела да легнам со тебе и тој не се налути ни навреди оти разбра ... можете да плукате и по мене колку сакате ама јас сакам нормален маж и мојот има малку стомак но не е свиња. и јас сакам да имам нормалем и колку толку убав маж бидејќи ниту сум била со мн други ниту ќе бидам. а пирс кој знае што веќе не легнал па на 50 год и не му е толку битно. мене ми е битно сега ми е битно сакам барем на малди години да уживам во убавината што мажот може да ја понуди а не да се мачам со него и да се фрустрирам. а на тие што не им пречи тогаш секоја чест вие сте подобра личност од мене без збор.
Не да се гушат и со ножеви да се бркаат таман работа, да се разведат . 21 век не значи дека треба сите морални вредности да се убијат и дури и да е така, лицемерно е да седиш во заедница брак со такви размислувања. Биди си модерен, не влегувај во брак (нели и тоа е модерно и у дух на 21 век и земјите од ЕУ), не мачи невини луѓе. И не, не мислам дека носиме розови очила. Од вакви работи, одамна се скршени.
Кај што има жени биди спремен на критики и осуда, кај што има мажи има само поддршка. Тоа е таа различна психологија. Како и да е, повеќе од очигледно е дека во овој брак главната состојка за да тој некако функционира ја нема, тоа е хемијата. Целокупната поврзаност, привлечност, енергија на спојување, на комуникација итн. кај нив некаде се изгубиле. Според мене и двајцата имаат кривица поради истото. Решението има две верзии, или голем труд и волја ако ја има од двете страни да се врати оној жар ако е можно и да продолжи бракот ... или прифатлив развод. Ваквите бракови кои висат на конец имаат две страни кои придонесуваат за таа дисфункционалност. Не секогаш само мажот е кривецот и не секогаш е само жената. Искрено иако е што викаме мултитаскинг жената дефинитивно се запоставила себе, а со тоа ги запоставила и мажот и децата. Веројатно ја зафатил период на безволност, период кога се преиспитува и таа зошто е во брак, може е во некоја депресивност која резултирала од немањето блискост со него ... Кај него си кажа човекот побарал спас во пиењето и швалерките. Што кај 99% мажи е така кога се на игнор. Пријателе, според мене дај уште една шанса за разговор и тоа со вадење картите на маса, ако нема никаков напредок тогаш разводот не бега. Човек кој не е исполнет во било каква заедница подобро да биде сам со својата слобода.