Малку чудно ова дека не им треба дозвола. Доколку едниот го има старателството, другиот не е исклучен. Прв пат слушам за вакви нешто. По процедури, мора согласност од другиот родител или ако не дава, ЦСР дава во интерес на детето.
А што има кираџии што се пријавени на адреса на станот што го продаваш, дали и тие треба согласност да дадат?? Значи јас не зборам на памет, прочитај закон и ќе видиш во кои случаеви.
Кираџиите треба да имаат договор во кој е наведено на која дата треба да заминат. Брачен партнер и кираџија не е исто
Исто е бе за него. И кираџијата и брачниот партнер се исто товар, кој го трпиш заради некои твои потреби (пари од кирија/куќна помошничка што ќе ти раѓа деца)
За едната не знам како била приказната, за другата знам дека уште на рочиштата околу старателство и алиментација е тоа утврдено. Не ме држи за збор, затоа што не беше мирен развод и договор, мислам дека му одземаа право он да одлучува, пошто го рачунаа за насилен кон новороденче. Ама дефинитивно ниту го гледа, ниту одлучува за детето, детево е 4+ веќе, буквално 2 недели од како се роди се познаваа со татко му. Смее да го гледа само со надзор, ама не го гледа.
Малку касно гледам. Дали татко ти имаше наследно решение? Обично доколку со решение не можат да докажат како е стекнат имотот се бара согласност од брачен другар. Работев кај Нотар и ваква беше праксата.
Здраво, моментално сум пред развод. Колку време трае и како теч постапката и што документи се потребни. Имаме 3 годишно дете и колку би го гледал он тоа дете?
Он може да сака што сака, дете он да чува никад не би му дала. И не верувам дека би можел да ми ја земе, вработена сум и стамбено сум средена.
Нивни избор. Некој заради документи да не менува да не се замара, некоја за исто презиме да има со детето и така.
По развод на родителите, откако мајката ќе смени презиме и документи дали може и децата(полнолетни) да го земат нејзиното моминско презиме?
Не мора да чекаш, зашто нема никаква врска тоа. Можеш во било кое време да отпочнеш процедура за менување на презимето. (Исто како што може да се смени име, така може и презиме да се смени). Без разлика дали ќе сакаш да го имаш моминското презиме на мајка ти или сосема некое друго.
По која основа оди тоа кога би ме прашале? Би го земала презимето на баба ми и дедо ми од на мајка ми страната. Одам во МВР и барам дозвола за менување на лични податоци или? Со таа дозвола после можам да сменам извод, државјанство, л. карта, пасош?
Еве ти тука имаш објаснето https://mvr.gov.mk/upravni-rab/21 Кога ќе го отвориш линков, ќе најдеш и еден формулар кој ќе го симнеш, испринташ и пополниш. Да не се збуниш, под лично име се подразбира името и презимето заедно. А имаш право или името или презимето да го промениш. Еве ти и од законот извадок
Zdravo dali nekoj znae dobar advokat za razvod od skopje kolku i da cini zenata kje si plati samo da gi zeme decata bidejki mazot i mnogu ja maltretira i nea i decata. I dali nekoja go znae brojot na centarot za semejno nasilstvo sto se naoga karsi gradska bolnica vo skopje. Fala odnapred