Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    15 315
     
    На WildMk, tina2018 и Meckicja им се допаѓа ова.
  2. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Здраво. Имам пишувано и прашувано во темава и таа за Семејно Насилство, некои членови го знаат мојот случај. Сега пак пишувам за да прашам и добијам совет како да постапам. Јас, брат ми и мајка ми скоро 1 месец сме кај родителите на мајка ми, постапката за развод сеуште не е започната, поради документи во банка и такви некои работи сакаме да смениме Лични карти&возачки заради промена на адреса за да можат тука да стигаат документи и слично, дали е можно такво нешто пред да се разведат? Која е процедурата знае ли некој? Што е најпаметно да направам? Фала ви многу
     
  3. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    9.236
    Прашај во МВР за поточно, ама процедурата е се поднесува барање за промена на адреса и причина за тоа.
    Родителите на твојата мајка со документ за сопственост ќе дадат изјава во МВР дека ќе живеете со нив. Ќе дојде
     
    На maaraa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки...
    Влегов на темава зашто во последно време имам да кажам имам да кажам недоразбирање, напната ситуација, несогласување со партнерот...не знам како да кажам како едноставно човекот да се промени, особено во последните две години. Во овие последни 2 до 3 години имавме некои пресрвти во семејството, почина свекор ми (да бидам искрена тој е голема загуба за мене, затоа што ми беше силна поддршка и потпора), за разлика од маж ми кој е скржав на убави зборови, пофалба, потпора, ајде така да го наречам... во меѓувреме ни се роди и дете, кое е прекрасно и тој да бидам искрена одлично се грижи за него како татко. Малово има 2,5 години, ама некако откако тоа дојде и тој се промени. Некако се врза за детево, мене ме турна у ќош, не е важно моето мисење, моите постапки, да кажам се чувстувам отфрлено. Постојано ме критикува, наоаѓа влако у јајце што се вели, јас сум дежурниот кривец и за детето и за обврските околу дома. Навистина ми е прелеана чашата да се трудам ајде условно речено „да се докажам дека сум и добра мајка и сопруга“, а да не успевам во тоа. Дури детево го користи да ме напаѓа, а чудна е работава како повеќе ме напаѓа, така повеќе ми се случуваат непријатни ситуации или малово во мое присуство ќе плаче, ќе захтева од мене невозможни работи, ендоставно како и тоа да ја осеќа таа моја немоќ...Јас не сум тип на жена што плаче и глуми жртва , дури овие работи гледав некако да ги занемарувам и да не ги ставам на срце. Ама едноставно , се осеќам како да не припаѓам таму... Развод како опција ми доаѓал, ама некако си имам ветено на себе дека ќе се трудам детето да израсне со двајцата родители (не Знам тоа и како животна мисија). И имаше уште една околност ,имав пред и пост породилен период лош, имав и депресија, ама тоа веројатно од спелетот на околностите во кои се најдов , кажав загуба на свекор ми, раѓање на дете, све измешано. а дури имам и чувство дека од таа депресија не сум ниту излезена...Со нас живее и севкрва ми и золва ми во еден стан. Не би можела да кажам дека тие се пречката, ок се, дури нашите носагласувања и напнатноста и тие ги трпат, што на некој начин и не е фер. Инаку, мажот ми не е насилник, не ме малтретира,не ме удрил до сега, фала богу, држи до ниво, ама нападите и кртиките се неиздржливи. На нападите знам и да возвратам , ама после уште понервозна излегувам од сето тоа...Кога бев у таа пост породилната депресија, на неколку пати ми идеше да му напишам ливче у сред ноќ да му го оставам на креветот, у стилот,„ Јас отидов, грижи се за детето , знам дека ти тоа го можеш, не ме барак повеќе“, толку и да испарам. Ама немав храброст сепак...
    Да додадам дека за равод немам никаква поддршка ниту од моите родители , ниту од свекрва ми, тоа е нешто страшно и одвратно за нив. Така што и ако прекипи чашата кај мене скроз, јас ќе бидат таа „кривата“ која го растурила семејството. Ете една шах мат позиција. За ова разговарав и со социјелен работник, ама сама, не добив некаква потпора, таа дојде до заклучок дека е криза во бракот и дека требало да се стиснат заби. Дали некоја од вас имала слична ситација? Не сум свесна дали трпам голема жртва, дали е криза, не знам? НЕ можам да проценам, правам се да биде најдобро, ама едноставно не оди. Инаку и одам на работа и трчам дома и на сите страни, ама некако тоа не се брои као плус, едноставно мојот труд се маргинализира...Во обид за раговор, за решавање на проблемот, наидувам на ѕид- одговор добивам, прилагоди се на ситацијата, промени се , до тебе е , не е до мене и толку. Едноставно човекот е тврд, не флексибилен, праи како што зацртал , нема ни лево , ни десно гледање и плус скржав е за пари , тоа додатно. Оставам пола плата дома, плус купување се и сешто за дете, ама ништо...Дури и за пари што оставам толку дома , а за мене не останува нит за цигари, почнува да ми смета.Ете јас се исповедав, извинете за долгиот пост. Кој има мислење и искуство нека сподели, јас едноставно сум уморна и збунета!
     
    На Ana_zvezda86, crazylady, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ana_zvezda86

    Ana_zvezda86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Ah Zeno napatena. Sto i da ti kazeme dzabe e. Moj sovet ti e da si go gledas zdravjeto pred se. Na toa dete mu treba zdrava majka. A zdrava majka e srekna majka. Stavi se ti na prvo mesto i sama odluci do koj stepen mozes a i do koj stepen toj tvojot doma zasluzil da go toleriras. Nikoj ne moz3 striktno da ti kaze razvedi se ili ne, samo ti si znaes toa. Ako gledas deka samo tones i deka ne si srekna sto fajde od toa.koga togas ke se reflektira toa na deteto. Razmisli dobro dali vredi da trpis. Baknezi i ne se otkazuvaj od sama sebe nikogas. :l:
     
    На cresa-jagoda и Angel_G им се допаѓа ова.
  6. Ivaphkare

    Ivaphkare Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Мислам дека животот ти дава ситуации за кој си спремен да ги надминеш. Секогаш е лесно да се откажиш. Сум имала потешка ситуација... Но сега се е преубаво како на почеток.
    Пробај прво со психолошка подршка да разговарате двата. Јас би ти ја предложила Бојана (мој психолог) https://www.facebook.com/profile.php?id=100013067880384

    Тргни од себе, промени го денот, прави работи во кој се осеќаш среќна, излези шетај си со детето, прави ручек ако ти се прави, купи си нешто за себе од плата.
    Направи едноставно да го заприметат твоето отсуство, направи да знаат колку значи твојот разговор не да штрајкуваш со инает, туку не прави се за останатите едноставно остави простор да недостига твојата енергија.
    Незнам како да ти помогнам ова е од моја перспектива.
    Никогаш не заборавај дека секој ја гледа приказната од своја точка. Најубаво е компромис без его да се седни и отворено да се кажат работите кои пречат.
     
    На Milobebence, tina2018 и Angel_G им се допаѓа ова.
  7. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Пишував и во другата тема. Ептен сум во хаос. Година време трпам се, се смеам и кога душата ми плаче, мудро молчев пред сите, добро глумев дека ми е океј.
    Време е да пркинам се. Доста трпевме јас и моите од него и неговите.
    Само се плашам за детенцето, многу е мало. Ми се заканува дека ке ми го земе, доста тоа трпело и јас сум го уништила животот. Како? Што од кога е родено, јас го гледам и купувам за детето и го шетам и се.
    Единстевно што се плашам е тоа дане ми го земе, што се ли може да направе да го одделе детето од мене?
    Вработена сум, имам кај да живеам. Подршка од мојте во се. Финансиски и материјално се успешни. Ги имат сите можни услови да ни ги дадат на мене и детенцето.
    Само се плашам многу данбе ми го земе. Партал ми е душата.
     
  8. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Во неколку наврати ти пишавме дека не може да ти го одземе детето, ниту да го оддели од тебе. Мислам дека е најпаметно да се посоветуваш со адвокат за малку да си се смириш, ќе ти ги објасни убаво работите што те интересираат за последиците од разводот. Знам дека не ти е лесно, низ истото и полошо поминав (минувам), но мора да си присебна и силна баш поради детето.
     
    На Ana_zvezda86 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Ana_zvezda86

    Ana_zvezda86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Ima li vo grupava nekoe strucno lice, psiholog, socijalen rabotnik, da mi objasni sto e so mazive vo drzavava. Citam i pogore edne kup primeri na mazi sto posle dobivanje na dete se pretvaraat vo nasilnici, bez nikakva pocit prema zena dete, bez nikakva odgovornost, fizicko psihicko nasilstvo na sekoj cekor. Ocekuvaat zenata da ne prigovara nisto, da dreme doma da raga da gleda deca, a malce ako pokaze samostalnost ili nekoe baranje odma pocnuvaat kavgi i doaga do razvodi. Sto se slucuva, me interesira koe bi bilo strucno mislenje.

    Najprvo smiri se, ne mu pokazuvaj deka ti e strav. Naprotiv na sledna zakana deka ke g9 zeme kazi mu deka veke si kontaktirala advokat i deka preku advokat ke resite se. Ako ne saka spogodbeno togas preku sud. Veruvaj nema shansi da go zeme, ne znam kolkavo e ama pretp. Deka e malecko ni edna sudija nedodeluva malo dete na tatko. Samo ne se plasi i bidi so pogolema samodoverba
     
    Последна измена од модератор: 3 февруари 2021
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Не се сите такви, ама повеќето кај нас се заробени во 15ти век, кога жената слугувала на мажот, сакаат да бидат слободни дома, да си легачат и одмараат, а жената да оди и на работа, и да носи пари, и дома да е се скоцкано, и детето да го чува, епа така нема, од камен да се жениве со вакви ликови, ќе попуштат кога тогаш. Многу за право им се дало, мислам дека.
     
  11. Ana_zvezda86

    Ana_zvezda86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Ama od kade tolkavo nepocituvanje i izzivuvanje ne razbiram. Sto e so mazive..
     
  12. Sinolicka.

    Sinolicka. Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    401
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Ме интересира при развод на 2 родители кому би припаднало бебето од 2 месеци?? Кои фактори играат улога.. може некој да ми објасни.. дали е можно судот да го додели на мајката?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Па во 99 посто од случаите малолетни деца се доделуваат на мајката. За бебе од 2 месеци па и да не праиме муабет, 100 посто судот го доделува на мајката, освен ако не е наркоманка, алкохоличарка, со некое душевно растројство и слични такви ствари. Мислење за тоа на кого да се додели малолетно дете дава Центарот за социјални работи, кои ги гледа потребите на детето. Судската пракса во нашата држава покажува дека досега скоро секогаш малолетноте деца се доделуваат на мајката, со тоа што таткото има право да го гледа.
     
    На thelittle17, fana, evangelina.ina и 7 други им се допаѓа ова.
  14. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Тебе ќе ти припадне, познавајќи ти ја ситуацијата, без грижи. Пиши ми приватна порака што и да те интересира.
     
    На cresa-jagoda, thelittle17, Brpbrp и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Здраво, постапката за развод веке ни е почната. сеуште не сме стигнале до судот но ке биде и тоа. Како што кажав предходно најмногу се плашам за детето, премногу е мало. Добив утеха од сите дека нема шансида ми го земе. Имам неколку прашања.
    - доколку и двајцата се согласиме дека сакаме да се разведиме. КОј е следен чекор?
    Видов имаше пишувано дека во сосијалната устанува поднесувам и кажувам дека сакам детето да остане со мене и ги наедувам сите причини.
    Каде и дали можам да наведам што се има правено (неправено) тој за детето од кога е родено?
    Дека на прсти се брое колку време до сега го видел(од негови причини ти не го даваше) небитно, оди па докажи на тој ум.
    Колку алиментација би плакал он?
    Дали можам јас да одлучам кога и колку време би го гледал он детето пос развод, или тоа е судска одлука?
    Дали можам да кажам дека дозволувам да го гледам еднаш месечно со надзор?
     
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.340
    Допаѓања:
    113.046
    Пол:
    Женски
    не
    не

    Ништо не дозволуваш ти за нешто заедничко. Затоа и одите на суд за судот да одреди бидејќи вие не можете да се договорите нели?
    За другите прашања не би знаела да ти одговорам.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски


    незнам што да кажам... Јас не би издржала да секој викенд детето е кај него. Преку недела сигурно нема да го земе,градинка,школо и сл. Но сигурно би барал за викенд. Јас нема да поднесам да секој викенд детето е кај него. Јас викенд не работам и мислам дека би се шекнала без детето.

    Како се одлучува кои денови и колку месечно ке е кај него. Сигурно не би било кога он би посакал. Што ако он посака секој ден или преку ден ?
     
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.279
    Пол:
    Женски
    Јас најдобронамерно би те замолила, во интерес на детето не играјте игри околу гледање/негледање. Детето има двајца родители и (освен во случај каде има насилство, дрога, алкохол) истите имаат право да го гледаат детето, а детето има потреба од двајцата родители. Најлошо што може да направите за сопственото дете е да го користите како пинг/понг топка. Разум!
    Замисли (хипотетички само) како ќе ти биде тебе детето да е кај маж ти, и тој да не ти дозволува да го гледаш?
     
    На Orthophill, mimiiiii, jarec6 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Од социјално сами ќе те побараат, ќе бараат од двајцата изјаснување за старателство итн. Тоа е цела процедура. Кога ќе разговараш со нив можеш да им кажеш дека не го барал детето, но искрено не го земаат многу многу предвид. Ќе те убедуваат (со други зборови) дека и по 20год. ако го побара тој му е татко и треба да го гледа. Ќе сметаат на вас да се договорите меѓусебно ако се разведувате спогодбено, но ако не можете да се договорите, надлежните, суд+социјално во соработка ќе донесат одлука наместо вас.
    Не можеш да докажеш дека (не) го барал, ЗА ЖАЛ. Никаков доказ не сметаат за валиден кај нас.
    Алиментацијата е званично 1/3 од платата, но во пракса не е така речиси никогаш. На човек ако му е грижа за свое дете сите пари би ги дал за него, но ако велиш не го бара, повеќе од јасно ми е дека ќе бара најмала можна алиментација. Ќе плаќа некоја мизерна сума, на крајот судот одлучува за тоа. Потоа може да поднесува жалби и чуда, но можеш и ти.
    Ти не одлучуваш колку ќе го гледа, судот одлучува. Да го зема ако е многу мало, нема да може, се додека е "зависно од тебе".
    Со надзор може да бараш само ако е човекот алкохоличар, пијаница, наркоман или пак има вршено физичко малтретирање врз тебе или детето. Инаку не.
     
    На jarec6, tina2018, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.340
    Допаѓања:
    113.046
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал, но најчесто цел викенд е детето со таткото односно петок навечер го зема и недела навечер го враќа. Тоа е пракса во 90% од случаите, а така ќе биде и кај тебе.
    Исто така мислам дека следуваше и за празници нешто, наизменично да го гледате еден празник ти еден татко му, ама не ме држи за збор.