Nisto ne e krofna vo zejtin e samo se siri.. Ama ete veli deka advokatot mu rekol da ne mi go vrakja deteto.. Kako moze advokat na nezapocnat razvod da odlucuva mislam deka laze za da me uplasi da se vratam.. Ama od druga strana ima nekoj poznati a i za inat kje frli kup pari za da go zeme.. Ama mnogu e malo kako kje zivee bez mene ne veruvam deka kje uspee da go zeme.. Toj se pravi od inat dodeka ziveevme zaedno dali 3 4 h kje se grizese za nego sega zapnal sam kje go cuva kako ne]
Ај прочитај понапред во темава, сигурно има контакт од некои организации што може да ти дадат насока. Ама насоката е таа, дете останува со мајка. Колку време го има детето кај него?
4 dena beshe so mene.. Go zema na 4 saata kaj nego ednska.. I denes zapna so nego da spielo.. A utre toj e na rabota so znaci deteto kje mi go cuvat majka mu i tatko mu a jas sum na porodilno i kje sedam kaj moite dali e normalno zosto deteto da e kaj nego koga ne e doma
Еве погоре Пред 6-7 месеци или колку сме ти делеле ум да не влегуваш во брак. Зошто едноставно кога може комплицирано Ај сега излези од истиот.
Kje izlezam lesno da ne se inaeti za deteto.. Go sakam samo nego ne go branam da go gleda ama sakam da izrasne so mene ne vo covek kako nego
Вака како што те читам, ако ти го земал сега тешко ќе го вратиш без негова добра воља додека не се одреди старателство. Детето тешко дека ќе му го доделат на него, особено ако е алкохоличар. Во социјалните служби нагласи јасно како стојат работите. Дали некогаш го имаш пријавено за насилство?
@Mala_plava жено иди земај си го детето. Не си го раѓала за родителите на твојот сопруг да го чуваат. Знаат ли тие со што да го нахранат, кои вакцини треба следно да ги прими сл?? Секако дека не! На тоа дете му требаш најмногу ти. Нека не ти е жал дека ќе израсне без татко. Сега тоа дете плаче по тебе и те бара ТЕБЕ. А откако ќе завршат судски постапки он ќе може да го гледа детето под твои услови. Не знам како воопшто ти го земал ако сте биле кај твоите, они зар ништо не изреагираа. Не мисли на куќи, станови сега, земи го детето и откако ќе биде со тебе размислувај ги сите тие работи. Вака сега мир немаш, сон немаш..
Оди земи си го детето и право со адвокат консултирај се. И не му кажувај што планираш, само терај си процедура за развод.
Ама луѓе како да оди да му го земе детето? Он од инат не го дава. А татко му е, има право да е кај него. Кажете и начин ако постои да оди и да го земе без ризик да биде нападната
Побарај му го детето да го врати, ако не сака, со полиција оди и земи си го. Кога ќе почнете процес за развод детето ќе ти го доделат тебе не се плаши, секогаш детето припаѓа на мајката освен во случај ако мајката психички не е стабилна или има некој порок во тој случај оди кај таткото детето, ама во твојот случај детето ќе ти го дадат тебе. Како ќе се грижиш за него понатаму ќе се снајдеш, прво спаси се од маж ти. И многу е мало детето за сега да е без мајка, обавезно денеска земи си го, греота е душиче мало, тој од каде знае кога да го пресоблече, да го нахрани, да го избања, не можат неговите родители да му бидат мајка на тоа дете.
@Mala_plava Тој сигурно не е 100% од времето дома, ете оди на работа. Ќе си го земеш тогаш детето и правец кај твоите. Потоа ќе се упатиш кај адвокат, ете пиша имаш и поддршка од татко ти. Адвокат најубаво ќе те советува и упати каде, како. Пријавувај обавезно секакви закани, пијанчења. Тоа може да ти оди само во прилог. Батали манипулирање и залажување од негова страна. Најбитно е детето да не расне во таква средина.
Полиција нема да се замеша тука, не ги поддржуваат ваквите случаи, колку што имам слушано за слични. Доколку го земеш детето имаш право да не му го даваш да го гледа повеќе се додека не дојдете до разрешница, додека социјално не донесе решение за гледање на детето. Без никакви последици. Но доколку тој го задржи и не успееш да го земеш и тој има право да не ти го дава до издавањето решение, значи исто, функционира во двата правци. Е сега, бидејќи е поинаква ситуација со алкохолизам, има отстапки. Старател ќе си ти, без разлика дали тој зема 5 илјади повеќе или не, тоа апсолутно нема никаква врска, ќе си плаќа алиментација сакал-не сакал. Затоа ќе поднесеш тужба за развод. Тој многу однапред се си пресметал гледам, којзнае колку долго го планирал земањето на детето и разводот, па уште и те заплашувал со имотен статус. Патетично. Важно имаш покрив над главата, сосема е неважно дали имаш куќа/стан на твое име, тоа се живи глупости. Не донесуваат одлука за доделување старателство врз база на тоа кој има имот, а кој не. Мој совет е веднаш да одиш во социјално и да се обратиш за помош, објасни ја ситуацијата дека детето е премало за да биде без мајка и дека таткото го одзел и се заканува со тоа што не ти дава да го гледаш. Обиди се првин со убаво да си го земеш детето крај себе со нивна помош и што побрзо. Наведи дека е опасно за него да останува со татко алкохоличар и насилник, особено ако преку текот на денот е оставано само/со баба-дедо или како и да е, едноставно нема соодветна грижа. Најди начин да одиш кога тој не е дома и земи си го детето, имај некој придружник до себе кога ќе се случи тоа. И најважно од се, немој да му се плашиш, бидејќи само празни закани се тоа дека нему ќе му припадне. Доста веќе со тоа "не сакам да расте без татко"! Каков татко е тој ако го малтретира сопственото дете, итоа под дејство на алкохол?? Каков пример ќе биде тој за детето? Каков брак сакаш да зачуваш, малку потрезвено размислувај. Веднаш дејствувај.
@Mala_plava Сега додека е тој на работа оди земи си го детето од неговите родители. Штом го знаат каков пијаница е и му се плашат кога е пијан, верувам дека ќе разберат дека детето не треба со него да расте и ќе ти го дадат. Доколку прават проблем, повикај полиција.
Добро бе, оти толку драма? Го земал на преспивање, нормално ќе оди да си го земе и никому ништо, како и сто пати претходно што било. Сигурно не е првпат да го зема тој детето. Па мислиш не знам што ќе му праи на 5 месечно бебе, до вечер и сам со плачење ќе и го врати, за да се наспие раат. Ај чил
Не може полицијата ништо. Он е таткото, сеуште не се разведени, не е средено старателствито. Вака ок звучи, но правно не може да го земе
Ок тогаш, може да појде со татко и. Рече ја има неговата поддршка. Башка ако он е на работа, полесно ќе е. Е сеа, зависи и свекорот/свекрвата што луѓе се. Како и да е, според мене, треба да се обиде уште денеска. 5 месечно бебе си бара мајка. Оброците она знае да му ги спреми, мажот и чисто сумњам. А бабата како и повеќето нејзина генерација сигурно не верува во постепено воведување храна и пробување вкусови.
Не се разбираме. Јас викам некој да ја посоветува правно и законски како да постапи. Од искуство или од знаење, некој стручен. Сите и викаат оди и земи си го детето, како она да не сака. Работата е како? Со татко и, брат и што ќе направи? Полицијата не може ништо. На тоа мислев
Treba da se obratis do centarot za socijalni raboti i da baras da donese vremeno resenie, vo smisla dodeka da zavrsi brakorazvodnata postapka da ti go dodeli tebe deteto, a na tatkoto da mu dozvoli da odrzuva povremeno kontakti si deteto.Dodeka sudot so presuda ne odluci komu da go dodeli deteto, iako vo tvojot slucaj 99,9% na tebe ke go dodeli.
Како неможе да го земе? Се додека не се одлучи за старателството детето припаѓа кај неа,а плус што е мало бебе,тогаш па морално е да е со мајката.