Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    15.002
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram najveke na svet za razbiranjeto, ama sekoj nemoze da razbere...
     
    На Осе и gjoker4e им се допаѓа ова.
  2. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека Хортезија треба да бидеш благодарна што некој одвоил 2-35 минути од сопственото време да те посоветува тебе за ситуацијата во која што ти се наоѓаш а на сите наши предлози ни објаснение даваш ни ништо и викаш не и тешко ми е, ако сакаш да те некој тапша по рамо очигледно маж ти ти е само за тоа и еве и ја ќе ти удоволам не плачи душо, јадна ти, многу ти е тешко се ќе се среди. Не е работата за плачење жено свести се, работата е за делување а мајка ти е таа што треба да плаче пошто ти живеејќи на посебен спрат дигаш раменици над нејзиниот проблем само и само заради тоа што не можеш да застанеш да се избориш со твојот сопруг, не дај Боже на никого ситуацијава во која што е мајка ти.
     
    На buba4e89, Natashka1988, minne992 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    @Hortenzija не сум во брак но бев пред брак со човек кој беше егоист.
    Во врската вложив се што имав и ситници фалеа да стапиме во брак.
    Проба да ме скара со моите родители.
    Знаеш што се случи? Доби клоца.
    Очи не ми виде.
    И што е битно дали имам или немам сопруг?
    Кажувам како јас би постапила.
    Се работи за родител, не за било кој, за родител се работи, жена што те родила.
    Срамно и мизерно е да ја извисиш.
    Уште посрамно е што му молчиш на твојот сопруг и неговите.
    Безгласна буква си, не знаеш да се избориш.
    Се извинувам што сум сурова но тапшање по рамо нема да добиеш.
    Запрашај се како би постапил твојот сопруг да се работеше за неговата мајка ако живеевте во посебни куќи.
    Веднаш ќе ја примеше, немаше ни да те праша за мислење.

    Ма војна ќе дигнам дома.
    Таа жена ме израснала, ми дала покрив над глава, храна, лом ќе биде.

    Пробувам да те сфатам, ама никако не ми успева.
    Ем ќутиш и трпиш, ем се жалиш на форум и не прифаќаш мислења спротивно од тоа што очекуваш и пак не ти чини а луѓе одвпиле од своето време.
    Ем шуто ем боде.

    Можам да ти кажам илјада примери кај што луѓе во брак се снаоѓале и примиле родители дури и во двособен стан ама некако ме мрзи да се објаснувам зошто знам дека ќе биде залудно.
    Замисли си ситуација кај би одела ти ако си пред развод, прва помисла ќе ти биде кај родителите па тие да ти велат дека нема место?
    Како ти ќе се чувствуваш?

    Наместо да цвилиш по темата, засукај ракавите, среди го проблемот и излези и во пресрет на мајка ти.

    А што се однесува до твојот сопруг и неговите родители, нема што да коментирам, секој збор би бил излишен.
    Ќути си и трпи си.
     
    На friendy, cresa-jagoda, Mikha4 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Јас да сум никогаш не би ја оставила мајка ми да лута по улиците.

    Жената која те растела од едно кило да ја шутираш како топка, со изговор дека не можеш да ја земеш дома, оти живееш со, една куќа улај луѓе мало морген.

    Море ќе го оставам и тој квази маж, децата и мајка ми со мене би си ги зела.
    Ама најлесно е овде да се кука, како е тешко, мажот ти не ја прима, живееш со свекор и свекрва.

    Па вработи се и ти, зошто си дозволила млада, здрава особа да зависиш за едни влошки од тој твој квази маж, кој не ја ферма жената која тебе те родила?!
     
    На kukla21, Waverly Raven, mssuniquee и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    15.002
    Пол:
    Женски
    Ama se ispuka Bravo veke kazav sekoj sovet i sekoja pomos ke bide prifatena so pomos na site vas. I dobro i loso sto kazavte ke go svatam kako pomos. Tapsanje po ramo? Nesakam veruvaj samo sakav da vidam mislenje i soveti. Blagodaram na site za se sto kazavte, kazav deka clenka se ponudi da pomogne(zaedno so mene) i mama nema da bide sama...

    Taka e duso ama ne si od mojava strana i se mozes da kazes,a zosto sum dozvolila?Ete nekoi raboti trebalo na vreme da se smeat, za zal mozebi e kasno da se reagira. Kako i da e fala na iskreniot odgovor...
     
    Последна измена од модератор: 17 јуни 2021
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    Хортензија, душо, види вака..
    Ова не е испукување туку кажување реално.
    Не смееш да дозволиш да бидеш безгласна буква таму..
    Не смееш..
    Цел живот ли така ќе тераш?
    Како маж ми и неговите ќе речат така.
    Тури му пепел на таков брак кај што немаш право да одлучуваш.

    Натака ти си знаеш.
    Со среќа.
     
    На kukla21, buba4e89, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.015
    Допаѓања:
    36.308
    Пол:
    Женски
    Јас на твое место искрено би постапила како Вајлд што кажа, ти мајка ти и децата под еден покрив, има да се преродиш. Ама лесно е на зборови, тешко е на дело.
    Мислиш дека доколку дојде до развод, а нејзините не се разведуваа, би ја примиле назад дома? Според се што прочитав не би ја примиле.

    И никој не рече дека ќе ја остави да талка по улиците, не бидете до толку груби.

    Не се сите жени исти, оваа жена прво треба психолог да посетува па да биде како вас.
    Може да биде жена лавица кога еднаш ќе одлучи и пресече ама тешко е додека да дојде до тоа, тежок е првиот чекор, повеќе од 12 години е во брак и се и е како навика веќе. Теле се учи, вол се коле викаа кај нас. Доброто е што никогаш не е касно и ништо не е невозможно. Јас се радувам на секоја една жена што става крај и се раѓа одново од пепелта. Еве и мајката е пример, 60 години има, и членкава исто може да тера до 60 години и да остане на улица. Затоа подобро е сега да пресечеш отколку да се чудиш на 60. Прочитај се по неколку пати, исплачи се па крени глава, не мора од денес за утре ама постепено создади услови за среќен и спокоен живот, децата нека гледаат само добри примери, не девојчето исто да треба да трпи будали. Жените се посилниот пол.
     
    На Milobebence, flower30, felisitas и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    15.002
    Пол:
    Женски
    @bicykle nemase potreba od vregjanje kako i site i jas sum zena a ne vol neznam samo kako mozes za nekoj sto ne go poznavas i go nemas odeno negoviot pat so takvi zborovi. Kako i da e kazav fala za sovetite mozebi vo skoro vreme ke se vrabotam i jas i ke bidam na svoja noga...
     
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e мене ми е јасно се што збориш и во право си дека мора да пресече.
    И што порано тоа подобро.
    Ко прво, да најде работа, да не зависи од сопругот.
    Ама чинам дека таа секогаш гледа што ќе кажат тој и неговите.
    И дека ако тој не и дозволи таа нема да работи.
    И до кога ќе тера така?
    Зошто чека не ми е јасно?
    Се плаши?
    Нема ништо поубаво од тоа да си независна личност, да не чекаш пет банки од мажот.
    Тежок е првиот чекор ама после ќе и олесни.

    Нека посети психолог за старт.
    Нека бара работа, тоа си е за неа највеќе, за подобро утре.
    @Hortenzija имаш размислено за тоа?

    Јас искрено не бев силна, емотивна сум претерано.
    Ама седнав и размислив со ладна глава.
    Побарав совети и одев на ризик.

    Не ти реков вол.
    Нема навреди никаде во мој пост.
    Се извинувам ако некаде се најде навредена.

    Држ се жено, не се плаши.
     
    На cresa-jagoda, Осе и Dust им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Еј! :hug:
    Не те караме.
    Се грижиме за тебе. :hug:

    Сакаме да ти помогнеме.
    Иако не звучи така секогаш...
    Знам...
    -----------------------------------------

    Останатите:
    користете поблаг речник. :*
     
    На flower30, Chantal, Ygritte и 4 други им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.327
    Допаѓања:
    171.064
    најпаметно нешто што прочитав
    ни тој маж ти не ти е маж
    у ваква ситуација да не сака да и помогне шо дремиш со него у брак?
     
    На mssuniquee, cresa-jagoda, Chantal и 7 други им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.015
    Допаѓања:
    36.308
    Пол:
    Женски
    Има ли тема на форумов кај што мажот не ја пушта жената да работи? Или доброволец да отвори? Ептен ме заинтересира кои се причини постојат, се запраевме муабет со мм ама ништо не ни текнува… зошто да работи знам ама не ми е јасно зошто да не работи?
     
    На ALISA0000, Dust, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.006
    Пол:
    Женски
    @Hortenzija
    Не е тапшање по рамо, но навистина те разбирам.
    Во тешка и наидувам безизлезна ситуација си. Велам навидум оти има решение. Најпрво само едно треба да сфатиш. Не можеш да и помогнеш на мајка ти ако ти сама себе прво не си помогнеш. Заборави да и пружиш помош на мајка ти ако прво себе не си помогнеш и не се извлечеш од таа состојба каде што си моментално.
    Работоспособна си, затоа прв чекор е да си најдеш работа. Да заработуваш колку толку за да си независна од маж ти и со тоа да направиш промена која ќе ти го смени досегашниот начин на живот.
     
    Последна измена: 17 јуни 2021
    На cresa-jagoda, gjoker4e, Hortenzija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    Знам пример кај што мажот не и дозволуваше на жената да работи.
    Мораше да напушти убава работа.
    Причина - љубомора.
    Всушност неколку такви примери знам.
     
    На cresa-jagoda, Dust, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    И дедо не ја пуштал баба да работе кога се земале, да не ја гледале мажите. Ама пред 55+ години, а не сега.
     
    На cresa-jagoda, gjoker4e и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    15.002
    Пол:
    Женски
    Otvori tema...
     
    На gjoker4e и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    @Hortenzija немој да ме сфатиш погрешно, не осудувам никој, не знаеме каква е ситуацијата, ама во други теми пред некое време памтам пишуваше за маж ти, и за тоа дека имате одделни спратови со свекрвата, можеш да направиш муабет со маж ти за да поседи некое време кај вас, додека да се најде решение, никок не сака да си ја остави мајка му на улица точно, ама не може да им бидеш "безгласна буква" на маж ти и неговите, тој ќе ги остави ли така, ако нешто им се случи или се разболат, или па да немаат од што да живеат? Не, туку одма ќе ги прибере, бракот е заедница и што и да се случи треба да се реши заеднички, и да биде добро и за двете страни. Ако имаш несогласувања, децата под рака, барај работа, и со мајка ти под кирија, не ќе го трпиш маж ти и неговите цел живот, и ќе се нервираш, па каков живот е тоа? Еве и јас сум сега за сега во заедница, и знам како е да немаш приватност, ама маж ми секогаш за се е на моја страна, и секогаш јас и тој си одлучуваме, не дозволувај да не се слуша и почитува твојот глас дома. Пиши што ќе направиш со мајка ти. Секое добро.
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, bicycle и 3 други им се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Си пиша жената дека нема поддршка од дома, значи имајте во предвид дека можеби се работи за семејство од муслиманска вероисповед, можеби за албанско или ромско семејство, без намера никого да навредам ама секоја националност или религија си е различна. Каде ќе оди членката до деца? Додека најде работа и додека стигне прва плата како ќе плаќаат ќирија и ке се хранат? Ајде малку да биде пореални и да не додаваме сол на рана.
    Членката прво треба да се избори со сопругот за неа самата, ако сака да оди на работа.
     
    На mira.mira, flower30, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    Јас од членката ништо валидно не видов да пише. Таа првично беше загрижена оти нејзините се разведуваат, а не за состојбата на мајка и. Цело време пишува дека и е тешко и дека нема да разбереме и постојано дава жртва vibes.
    @Hortenzija жал ми е. Ама не за тебе, туку за мајка ти. Сама жена, во години, со многу мала плата. Се разведува, изгубила едно дете, другото не се ни труди да најде алтернатива да не остане на улица.
     
    На Waverly Raven, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 11 други им се допаѓа ова.