Сите ја нападнавте Хортензија, а што е со мајка ѝ? Жена на 60 години да си дозволе да нема стабилна работа, плата, здравствено и пензиско осигурување и да чека на милост од друг. Тоа во ред ли е?
Не е во ред. Ама не сметам дека е за осуда. Тешко ни е да прифатиме дека секакви луѓе има, разни начини на живот, различни карактери итн. Плус познавам неколку возрасни жени како мајка и што се невработени, без пензиско, без здрваствено и живеет на грб на мажот цел живот а сите се млади мажени. Не ги оправдувам ама ги разбирам.
А, како се трудеш извини вака? Не ти ја осудувам ситуацијата, туку твојот пристап кон сето ова. Секој втор пост ти е како ќе плачеш, како ти е тешко итн. Со 10.000 плата не дека жената има некој голем избор. Се обиде барем на маж ти да му кажеш?
Хортензија, навистина ми е жал за немилата случка со брат ти, и разводот на твоите. Не можам да замислам како ти е. Па и уште живееш со неразбрани луѓе. Можеби ова ти е знак да собереш храброст и да видеш до каде си. Да ја превземеш ситуацијата во свои раце. Ако ти е тешко, посети стручно лице, не е срамота тоа. Не велам да се разведеш веднаш поради тоа што е егоист и себичен туку да размислиш до кога ќе тераш вака, да размислиш за опции, и до кога ќе толерираш да ти се качуваат на глава. Се работи и за твојата иднина. Утре и за други работи ќе ти забранува и ќе се однесува како сега. Почни да работиш, тргај си настрана од заработувачката, за да имаш еден ден за не дај боже. Биди малку себична, потруди се и за себе малку. Не цело време да одиш по ќеифот на мажот ти и неговите. Не знаеш утре каде ќе те одведе животот. Сега настрана за твојот брак, туку што ќе правиш со мајка ти. Ти дадовме некои опции. Што побогу би правела мајка ти најпрвин со скромни 10.000 денари? За кирија, за храна, за сметки? Ден два, па и недела дена да ја прибереш кај тебе, нема да се угушите, нека спие и на душек, кревет на спуштање, било што, додека не најдете решение кое што ќе одговара на сите. Ако твојот сопруг не сака да излезе во пресрет на мајка ти и негодува, ако му е гајле за жената која те родила тука треба да се препрашаш што би правела со него во иднина. Да ми извиниш, ама никако да те разберам. Ај еве и да немате место, како жената би се снашла на друго место со таа плата? И кај е татко ти во ова? Дали тој би и излегол во пресрет или ништо нема да стори? Каква таква помош? Сепак поминале доста време заедно. Сакаме да ти помогнеме, ама ти само одмагаш.
Верувај познавам брачни парови каде што мажот е толку себичен и егоист што освен за него за никој друг не му е гајле па ни за жената со која е во брак. Не знам каков е маж и каква им е ситуацијата дома ама знам дека има такви што жената одма може да лета низ врата и да не и ги дава децата (пример ако сака да ја донесе мајка и). Таа невработена, нема можности каде ќе оди... За жал има такви. За тоа не е решение по секоја цена ќе ја донесе мајка и. Туку, за да работи има начини ако сака ама не се труди за да најде начин.
За вакви тешки краеви и тешки почетоци кога животот некому му се менува од корен постојат и роднини, пријатели кои можат да излезат во пресрет...
Nasla majka mi smestuvanje samo sto mesecno e 7000 so smetki, no za nea e premnogu bez razlika pomogna nekoj ili ne.Vo megu vreme gledam se kakvi opcii da ne ostane na ulica. Ke se trudam kolku mozam. Tatko mi i vika partalite i da si odis, a nema kade. Se dog do oficijalno razveduvanje da sedi tamu i ne odmagam znaci kazav pomagam kolku mozam Znaci koga ke dojde red da se pojvat na rociste sigurno bar taka mislam ke si kaze deka nema kade da odi, da zivee i slicno. Samo sakav soveti da slusnam od site vas i fala za se sto kazavte
Колку што разбирав во Скопје живеете, па доколку е така, има поголем избор, може да побара работа која ќе биде повеќе платена, еве барем минималец од 15.000 да зема некаде, ќе може да го поминува месецот некако. Можеби некоја од членкиве ќе може да ти помогне, никогаш не се знае ...
И татко ти е безмилосен, извини што го слушаш тоа. А ти се грижеше кој ќе го гледа него. Се надевам дека на крајот ќе средите. Со среќа.
Има мислам дека тема поврзана со барање работа пиши тука може ќе се најде нешо попаметно за мајка ти. 10.000 плата и да нема кирија не е доволно а и не е осигурана.
Да, пробај во маркетиве, примаат и постари женички @Hortenzija, види ако можеш да најдеш некој оглас. Татко ти е стварно безмилосен, покрај тоа што се случило со брат ти, сега ја брка мајка ти што граделе живот толку години, не знам можеби и она е виновна за разводот, ама таа живеела во таа куќа до сега, и не е фер така да ја избрка како партал, стварно ми е жал вака кога читам. Пробај помогни и колку можеш, збори и со татко ти дека не е убаво тоа што го прави, иако не знам колку можеш да му дејствуваш. Ама пробај, не губиш ништо.
Мајка и не е пријавена и не знам дали автоматски после разводот ќе се води како социјален случај или мора да поминат три месеци без примања после разводот. Социјалните случаи ги следува социјален стан или не? 7000 е многу за кирија и сметки, се надевам ќе најде нешто поефтино. Не знам јас зошто ја разбирам дека не може мајка и кај неа? Животот ќе и стане пекол и на ќерка и и на мајка и, а тука се и малолетни деца. Ќе најде членката работа, ќе се спротистави на мажот, ова со мајка и ќе и биде лекција, нема да чека да наполни 60 и да остане на улица, нема да дозволи децата да го следат нивниот пример, ама не може од денес за утре, потребно е време. За работа наместо 10 да зема 15 000 знаеме каква е државата, да било така лесно и до сега ќе работела за 15, а не за 10. Ќе се среди се со тек на време. Ако знае некој поефтин стан гарсоњера нека сподели, моментално само таа информација е од помош.
Така е, но нема ништо да изгубат ако се распрашаат, инаку како ќе преживува женава ... Жената која пред 2 години ја примив во стан под кирија нон-стоп менуваше работни места со цел повисока плата, имаше тогаш 57 години, работеше по ресторани, хотели, чуваше стари лица, деца, чистеше за викенди ... се снаоѓаше некако. На крај си најде работа да гледа деца во Германија и си замина, сега се надевам уште си е таму си работи, ама на почеток се договоривме додека да се снајде дека ќе и и излезам во пресрет , станот го издадов на пола цена и во неколку наврати на интернет кога видов дека во некоја фирмичка или канцеларија бараат чистачка, веднаш и давав број. Не зборуваше со ќерка и, немаше помош од нејзе. Имаше брат и знам тој помагаше при преселба и така општо понекогаш...
Дека социјален стан даваат по развод тоа е повеќе од невозможна мисија. Туку што толку глупави постапки има на млади жени кои се мажат за да зависат од некој мочко, за сто денари? Не ми се јасни мислењата од 16 век кај шо мажот се слуша немо и се се сведува на тоа само да се стапи во брак. Ќе ја оставам мајка ми на улица за некој неандерталец кој не ме ферма? Никогаш, па ни тогаш!
Ти на 60 год оди да најдеш подобро платена работа. Па ако најдеш по некоја случајност, јави се бабиве од фамилија барем да ги осигураме. Како смееле така да си дозволат, Боже Боже.. уште која глупост нема да ја прочитам тука.