Не сакаше членката да навреди, туку зошто до сега се чекало, да се направи 60 години, можела порано да најде работа каде што ќе е барем на минималец и ќе е пријавена, не секогаш годините се проблем, еве кажав во маркети бараат и постари женички.
А што е глупост не разбирам? Кој кажа да траже подобро платена работа, не прочитав? Наместо да си го губи времето и да му работе на некој за 10.000,значи ни минималец, требала да мисле на време и да работе кај некој што ќе ја осигура, а не да ѝ вика немаш врски. Значи она од вчера сигурно не работе таму. Пак ќе кажам, требало на време да мисле, не дај Боже сега да се разболе кој ќе и плати?
До сега вероватно немала проблем околу финансии со оглед на фактот дека не планирала на 60 да се разведе. Ти на време ли мислиш? Еве прост пример ќе ти кажам. Мајка ми работеше до 60 години. Се окапуваше од работа сирота, а од 6000-7000 ден плата не мрднуваше. На крај конечно успеав да ја убедам да престане да работи, за да може да ја чува ќерка ми. Сакаш да кажеш дека мајка ми не се трудела доволно да најде подобро платена работа? Не, туку каде и да побараше и кажуваа дека е стара. Претходно работела од млада во фабрика која пропадна како и се друго во 1997 год. Сакам да кажам, немој високо да леташ и да зборуваш со омаловажување за постарите жени кои не можат да најдат подобро платена работа. Не знаеш што те чека утре. Поздрав
По маркети, по кујни од хотели, ресторани, казина, мали приватни фирми и канцеларии бараат жени за чистење и одржување, млади брачни парови бараат жени за деца гледање, за дом одржување, пекари, бурекџилници...
Јас не знам кај виде ти омаловажување во мојот пост? Така е, не знаеш што те чека утре, затоа треба на сѐ да мислеш. Еве пишале дека некои фирми бараат и постари женички, ама на кој како му одговара. Фала многу, поздрав
Хехе, секако дека во нашата држава. Прочитај го моето мислење малку погоре, ќе видиш дека имав 57 годишна жена во близина, која во рок од 1ипол година смени преку 5 работни места во потрага по плата поголема од минималецот од 12-15.000. На крај пред да замине заработуваше 20.000 месечно, се грижеше за стар брачен пар.
6000-7000 ден е многу мала сума во споредба со парите кои таа ги добива сега. Притоа сите трошоци и се подмирени и конечно живее живот каков што заслужува.
Разни луѓе има. И за мене „немам простор“ не е оправдување.И членови на моето семејство како што прибирале мачки и кучиња од улица,така прибирале и роднини,пријатели и познаници кои се нашле на улица од некоја причина.И да немало простор,реорганизирале и создале.Или се ослободувал кревет,или се местел душек. Имам делено соба со повеќемина.Ништо страшно не е. Со други членови од семејството имаме тропано на врати кај роднини и во доцни саати.И ни помогнале. И мојата врата е отворена за нив. Моиве родители често ми идат на живци,ама никогаш не би ги оставила на улица. И да се омажам некогаш,мажот нема да смее да ми приговара ако сакам да му помогнам на некој од моја крв или пријател. Дали кревет,дали јадење или некој денар или сите три заедно,некако треба да му се помогне на човек кој нема каде.
Колешка моја на 64 после пензија отиде да работи како негувателка во старачки дом. Зимала 15 000, така вика, плус пензија од 20 000. После работа го зима внучето, а за викенд чисти куќи со пријателка. Ако се стари, не се умрени. Се додека ги крепи здравје, нек работат. Иначе, за губење кров над глава... Кога ние изгубивме кров, видовме кои ни се пријатели. Затоа сега немаме многу за пиење и кафеани сите се јавуваа, кога рековме ни треба помош да најдеме кај да живееме, ни викаа, аха, тешко ви е. Тие што ретко ги гледаме, а разбрале, сами се јавија и ни понудија рака. Така што... Ако се сака, се се може
I Mila Mojata majka e invalida i sama e I planirame za nekoj mesec da ode vo starecki Dom rasprasajte se i za stareckite domovi ako zema penzija I imase skoro eden oglas kade se barase zena da cuva stara podvizna zena platata bese 22000 den ako uspeam pak da go najdam ke ti pisam
И замисли се чудат за во Македонија како си дозволиле, заборавате ли каде живееме или толку ви се посрекило од 22 год да земате почетна плата 500 евра, осигурени и пријавени. Дипломирав, магистрирав и прва плата ми беше 5000 ден ејј, и тоа не бев пријавена! Ахам, да можело е, ама никој од убавина не завршува така. Едноставно ти дават отказ, ако ти требаат пари одиш без да те пријават за да имаш барем леб дома. Во држава каде нема закони и грижа за граганите немаш ни каде да се обратиш. Незнам зошто ви е чудно ова, погледнете ги лицата на луге од 50 години нагоре, па еве во мојот град последните две години мислам дека фаците ни се изместија поради сиромаштија. Сите загрижени, утепан од работа за корка леб. И на 64 да одиш да работиш треба здравје да те служи. Мајка ми е 55 години, да ви кажам до колку можеше да работи одма ќе фркнете па како дозволила така, цел живот дома. Едноставно некои луге здравје не ги служи. Не се работи секаде за мрза или неспособност. Допрва нема ни да и дозволам да работи, затоа што не може. Ја сакам жива и здрава, во наредни 40 години, што е до мене и брат ми никогаш нема влакно да и фали.
Забораваат драга, забораваат. Мислат оти сега имаат и секогаш дека ќе биде така. А реалноста е дека, никој не знае што му носи животот.
Ич не ми де посреќило ниту мене, и јас бев иста, тек сега поубава плата и работа имам. Јас не викам ништо за платата, ама ете барем пријавена да е за здравство.
Па и јас го викам тоа, барем здравствено да е пријавена ќе има минимална плата и подруго е. Ама нели овде многу сезнајќи има и трчат како прле пред магаре и ти стават во уста зборови кои не си ги кажал.
Да ти кажам и јас како вработена во приватен сектор,понекогаш ме ужаснува мислата,што ако здравјето ми откаже за некоја година и не сум способна јас или сопругот за работа.Во случај на болест ти немаш апсолутно никаква заштита од државата.Да добиеш социјална помош не треба плевна на твое име да имаш, за инвалидска пензија да добиеш ни малото прсте да не ти работи.Жално каде живееме,оставени сме сами на себе.После младите бегале надвор,не да бегаат камен да фрлат за да не се вратат.Мизерија,после социјална држава сме биле,ццц.
Може на 30 години земала 25 000 плата, на 59 години 18 000 и заради короната останала без работа па на 60 нашла работа за 10 000.
A нели може барем во Ск да најде некаде каде ќе е осигурана? Јас работев за 9000 неосигурана во државно, ама си отидов. Сега кај што работам има жени пред пензија, а примаат и постари жени, а не само млади.
Моментално подобро е што не е осигурана затоа што ќе се води како социјален случај. Се се случува со причина според мене.
Се надевам дека ќе се среди ситуацијата и ќе си зема парички жената. Никој не заслужува да остане на улица