Така е во прњво си. Швалерај е основн семејна вредност.при развод треба да биде плус за швалерот јер се обезбедил за после брак
Кога не знаеш да дискутираш нормално како да ти објаснам. Едно се семејни вредности, индивидуалната перцепција за нив воопшто не е важна при одлучување и доделување на старателство.
Лоша хармонија во семејството и после уште полошо, обвинување од едниот родители дека сум го поддржувал другиот. Другиот ме лажи првин дека си заминува само, за да чекор по чекор (ваљда да не ме шокира и избувнам, оти импулсивен сум по карактер) ми кажа дека се премажила. А дека сум наполнал 18 (имав 20 и неш тогаш) автоматски не ми е потребно никаква поддршка, никош немаше прашано до кај сум со факсот итн. Жими апла напоследно што ми даде еднаш пари за еден роденден да си купам алишта. Инаку ни на дипломска не присуствуваше, ништо. Секој различно со дисфункционални семејства итн, ама мислам дека поголем број лошо завршуваат и влијаат на децата.
Глупости. Тоа што експоненционално ја збогатуваш проказната со апсурди, нема да го покрие фактот дека немаш аргументи. Потфрлиле ко родители! Родителската одговорност не ја извршиле! Такви муабети не се прат со деца! Партнерите меѓу нив треба да си ги решаваат нарушените брачни односи! Не значи дека секој што изневерува е лош родител!
Вака секој ми релативизира и рационализира работи, али јас не сум должен нив да ги рационализирам. Самите постапки што ги правеле тие, ден денес јас се замарам и ги влечам од минатотот, како психички, така и на финансиски план. Останав сам, онака буквално сам, и таа што ја сакав и мислев дека ми е дом ми ја изневери цела доверба, небитно. Сега откако ќе решам оставинска постапка по мајка ми, замисли треба да разговарам со татко ми зошто таа ебена дупка од 80 квадрати каде што живее не си ја препишува на него, за утре други ден да немам проблем. Нема реновирано ништо, така си седи си мудрува само. Сам заработувам заштедувам нешто настрана пари ама тешко оди, немам стабилна работа.
Да Вајлд не значи дека е лош родител ама дека праша како изневерувањето влијае врз детето, влијае. Не се разбирам во постапки дали ќе биде плус или минус некој на суд ама дете кое пораснало во здрав брак и навикнало на хармонија а после тоа наеднаш се се менува и не е баш така лесно прифатливо за детето. Остава последици. Особено на почеток кога ќе дознае. Да не зборувам за бракови кои се распаднале така што сопружниците ден денес збор не разменуваат не па да разговараат за детето. И не може да се споредува самохран родител каде никогаш не постоел другиот родител и таму кај што постои ама работите се смениле, не си очекувал никогаш такво нешто. Колку и да не дознае детето за неверството, ако знае другиот сопружник нормално дека нема да бидат исти работите како порано. Нормална работа е разводот особено ако нема љубов повеќе ама дека остава трага на детето особено на почетокот остава.
Ниту релативизирам, ниту ти ја потценувам маката. Напротив, реков дека потфрлиле како родители. Ти не си воопшто виновен за тоа, тие се! Не е убаво за детето, ама се случува. И тоа пречесто. И по вашава логика, треба на сите родители кои изневериле да им биде одземено родителското право, без разлика дали е мажот, или жената. Децата имаат потреба од двајцата родители, дури и кога се разведени. Одговорни родители не се прекршуваат преку децата, без разлика колку се бедни како партнери.
Точно. Јас зборам од психолошки аспект дека кога изневерува партнерот нормално е да нема хармонија дома и дека влијае врз детето но во никој случај не викам дека тој не се грижи за детето и дека не е родител. Не е родител ако се откаже од детето и го фрлил во вода без разлика дали неверство или сосем трето е во прашање.
Ако нема хармонија, тогаш и двата партнери се виновни како родители, оти место да се разведат, се расправаат, или игнорираат, или тепаат, или не знам ти што... пред децата. Одговорни родители, или ќе си го средат односот меѓу нив - насамо (без инволвирање на децата), или ќе се разведат.
Колку и да не се расправаат пред тебе, чувствуваш дека не е исто, верувај. И колку може да трае глума? два три дена толку после тоа доволно е да си префрлат во муабет за да осетиш дека нешто не е во ред.
Во секој брак има проблеми. И во тие во кои нема неверство. Финансии, свекрви, болести, здравствена состојба на некој од членовите на семејството... ју нејм ит! И тогаш, децата ќе осетат дека нешто не е во ред. Ама се додека родителите не 'решаваат' проблеми преку или пред децата, тогаш се ок родители.
А таа драсканица што ја викаш од што ја добила? Ако си насилник си добил што си заслужил. Сеа што уствари ти е прашањето? Како да и нашкодиш преку децата зошто те варала? Она вара, ти тепаш, она остава, па и текнува дека има деца, ти се замараш како да ја повредиш... Мислете и двајцата на децата, не си битен ти и твоето повредено его што те варала. Социјалното не се замара со твои приказни за афери, они гледаат кој е посоодветен за децата во однос на финансии и услови, како и емоционална и психичка стабилност. Штета што и двајцата сте хаос во последното.
Одговорни родители ќе се разведат пред да изневеруваат. Сакаш да ти кажам кај потфрлил родителски тој што ги изневерил партнерот, па дури и кога бил тука физички, психички и емоционално за детето? Потфрлил со тоа што го повредил другиот родител. Јас не можам да сакам некој што намерно го повредил татко ми или мајка ми. Повредува фактот што тој е директна причина за распад не само на бракот, туку на семејството иако можеби имало милион други причини во позадина. Сосема е поинаку кога сопружниците поради х причини донесат одлука цивилизирано да се разделат и секој да тера по свој пат.
Не е наша работа односот на нашите родители се додека тоа не се одразува на нас. Ама распадот на едно семејство секако дека влијае и врз децата. Никој не можи да ме убеди дека нечие неверство нема да го разниша не само бракот, туку целото семејство.
!!!Бидејќи дискусијата замина во друг правец, за да нема бришење на постови, опомени и казни, ве молам да се вратите на тема развод. Доколку ви се дискутира за семејните вредности тоа можете да го направите во соодветна тема. Ве молиме пишувајте кирилично и со користење соодветна интерпункција. @Kalimero123 за да не дојде до недоразбирање и водење на дискусија во погрешен правец, те молиме пиши какво конкретно прашање имаш, нормално да биде разбирливо и јасно напишано.
читам и се чудам ,очигледно етикетирате насилник и тоа семеен ,а никој не ја знае слуцката -неверство а сто пати напишав абре мамела демек е на работа а одела кај него дома,заедно ми ја спремиле стапицата и побегнува кај него се шетат сликаат ,по партиски активности гусхнати како на гради му лези и се паблик да гледат децата и сега се појавува и сака најмалата да ја земе пошто реков синот е голем ,другата за три месеци полнолетна ПРАШАЊА како мозе да бидам семеен насилник кога според законот кривицен доколку едно лице го провоцира друго,маме.лазе,украде,нападне и тој во крајна изреволтиранос удри ВО мојот случај ме омалозувасхе и ми ги украла и потросхила парите иако сите од секогаш биле кај неа за јаденје на децата лезев на креветот таа емотивно ме врегасше и во нервоза замавнав со пластика од 17 грама на далецина од 2,5 метри да престане и ја драснала на цело ,и доктор и написхал контузија која ни самата полиција не ја гледа,самото ц.с.р нема модрици,нема контакт има контузија драсканица и јас насилник пресуден 2 не неверство од лани од октомбри ја влецел јавно ,а после наводно е таму под кирија зивее со него ЖИВЕЕ му готви,се сехсат се шетат па имам слики и видеа очевидци децата 3 за каква мајка и какви врски има да ц.с.р ја схтити ме вреѓа по месинжер 5 пријави во полиција ништо и до ден денес излетува по некое видео или слика паблик од лјубовникот како ја влеце како личен фотограв за негови партиски цели 4 било што било дали ЦСР треба да ја укине мерката зошто е неоснована таа не зивее со мене,5 месеци ,дали треба да оргира зошто кога сака тогаш прака храна за два дена ,и да ја гони неа за семеен насилник и немозе деца во овој слуцај дете кај прелјубница која јавно пред децата ко прави тоа да и дозволи дете во слицајот најмалата ,НЕСАКАМ АДВОКАТИ,НЕСАКАМ СУДОВИ ,СИ ИМА ЦСР СИ Е ПЛАТЕН ЗА ТОА али ако немозе тогаш ке мора да кратам од будзетот а со тоа автоматски и од устата на децата па се одново РЕВИЗИЈА па да ја видиме таа контузија и кој објавува слики паблик со швалерот се извинувам за моето лошо печатно пишуване таква ми е тастатурата
Gospodine, jas licno mislam da si gi gledate decata i zivotot i dokolku navistina vi napravila ova se sto vikate da ne se zamarate povekje ni 2 minuti so nea,maloto dete ne e malo i kje si kaze kade saka da zivee i so kogo na krajot na kraistata sto god da e pomegju vas ona kako i Vie ste roditel na tie deca i sekogas ke ostanete. Djabe nervite,vremeto i parite ke si gi trosite, velite i deka ste zapadnale vo depresija jas licno bi se zamarala sama so sebe a ne so nea, pozdrav
Не разговараме за семејни вредности, туку за тоа родителско право. Точно. Секој развод влијае на децата. Шо треба сега, на сите разведени родители да им се одземе родителското право оти им направиле стрес на децата со разводот? @Kalimero123 во законот стои дека ако еден од родителите го напуштил семејството подолго од три месеци, може да му биде одземено родителското право. Жена ти, како што кажа една година е исселена од вашиот дом. Поднеси документи за развод, уште утре.