Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Јас не ти го спорам муабетот за законот.
    Впрочем, јас ти посочив дека ако ги напуштила подолго од три месеци, може да и' биде одземено старателството.

    Друго е проблемот.
    Не можам да ти објаснувам на форумов, оти ќе личи ко психоанализа, а јас не сум стручна.
    Најди си асолен психијатар и асолен адвокат.
     
    На Traveler91, manako1 и Kalimero123 им се допаѓа ова.
  2. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    можеш во порака ако си добронамерна и сакаш да помогнеш ,
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Не можеш да се помириш со новата реалност.
    Сакаш да биди ко шо беше.

    Нема да биде.
    И не е страшно да си разведен, самохран родител.
    Ни прв, ни последен.

    Знам дека промените се страшни, посебно кога се толку големи како што е разводот, ама луѓе преживуваат и се 'помируваат' и со пострашни работи.
    Знаеш дека е така.

    Ти можеш да влијаеш на себе и на твоето однесување, не можеш да влијаеш на тоа што сака бившата.
    Како ќе ја задржиш, ако не сака?
    Ќе ја врзиш в подрум?
    Ништо не мојш да напрајш, а и не треба.
    Барем не нејзе...

    Ќе си најдиш нова цел во животот, нова светла точка.
    Не ти заврши животот... рачунај го како нов старт, шанса за нови можности.
    Од кај знаеш што те чека во иднина?

    Мораш да ја прифатиш реалноста.
    Е сега... пошто denial is such a powerful feeling, многумина не можат сами да се справат.
    И нема срамота во то, оти сме луѓе, со чувства.
    Секој би бил повреден, да е на твое место.
    Ќе си побараш помош од психијатар, за да ти помогне полесно да ја пребродиш тагата и побрзо да си создадеш нов живот, во новата реалност.
     
    На NewMama, Radost i ocaj, DoubleK и 5 други им се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Значи
    А што барате од Цср? Децата се кај Вас?
    Во заблуда си. Цср по службена должност не испраќа ништо до судот. Вие може и 10 години да не живеете заедно, пак на хартија ќе си бидете во брак. Такво нешто како автоматско престанување на брачна заедница не постои. Доколку 1 година сте разделени е основ и причина за поднесување тужба за развод на брак/ или предлог за спогодбен развод. Така да цср нема да донесе решение за старателство штом нема барање за развод. Кога едниот од вас двајца ќе поднесе тужба за развод во судот, тогаш по налог на судот цср ќе даде мислење за старателство за малолетното дете. Па судот ќе донесе одлука судска значи кому ќе му биде доделено старателство и другата страна колку ќе биде задолжена за плаќање алиментација.
    Значи нема автоматски развод на брак по 1 година. За развод мора да си поднесе секој сам тужба доколку сака да се разведе. А цср нема да одлучува за старателство и алиментација затоа што сте во брак. Тој што одлучува за висина на алиментација е судот со судска одлука.
     
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    прифатено сестро а зошто несакаш да се цуеме во порака може сакам да ти кажам нешто само тебе вака според разговорот ми се циниш како на личнос на која би сакал да кажам нешто што ми тежи а не е за сите

    чекај сега сме на иста фрекфренција каде и кого да известам дека не зивее со мене веке 6 месец,до цср сто пати се обратив ,а веке два пати го надмина лимитот за старателство,дали цср со решение ја задолзува да се договориме околу издрзавката или предлага до судот дај помогни тоа е срзта на моето прашање-а

    IV . ВРШЕЊЕ НА РОДИТЕЛСКОТО ПРАВО Член 76 Родителското право родителите го вршат заеднички и спогодбено. Во случај на несогласување на родителите во вршењето на родителското право решава центарот за социјална работа.
     
    Последна измена од модератор: 24 септември 2021
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Епа нема несогласување кај вас. Децата се кај тебе. Ако сака мајката старателство треба да поднесе тужба за развод и доделување на старателство на неа. Па по тса тужба ќе одлучува цср. Овака цср не го интересира вие дали живеете заедно или не и нема да превземе ништо. Се додека некој од вас не поднесе тужба за развод во склоп на која тужба се решава и за старателство и алиментација. Доколку никој не поднесе тужба ситуацијата ќе си остане како и до сега. Вие ќе си бидете во брак. Таа нема задолжение да плаќа ништо.
     
    На Traveler91, manako1, Kalimero123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    ама треба да има спогодба за заедницка грижа за малолетни ,даде на суд реце одреце кога и е кејф дава илјада пати и изјави пишав и ги известив велат ја повикале таа дала изјава дека дава се гризи и за нив е завршено а членот вели IV . ВРШЕЊЕ НА РОДИТЕЛСКОТО ПРАВО Член 76 Родителското право родителите го вршат заеднички и спогодбено. Во случај на несогласување на родителите во вршењето на родителското право решава центарот за социјална работа. и што со ако подолгу од три месеци не се грижи и излезе од дома законот сега се појавува и глуми родител ЕПА АКО Е ТАКА УТРЕ ДО ЦСР и понеделник здравје адвокат и нека ја бришат од моја жена
     
    Последна измена: 23 септември 2021
  8. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Не знам за што сте биле на суд. Нели за наводното семејно насилство? Таа може усмено да каже што сака. Треба да има писмен документ каде се задолжува да плаќа.
    Тоа што го цитираш вели несогласување. А кај вас децата се кај тебе, таа нема поднесено никаков документ за барање старателство така да нема по што да одлучува цср.
     
  9. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    А извини како тоа цср те дава на суд за семејно насилство ,а недава на суд родител кој напуштил малолетни деца и не се грижи па се врака па ги бара??? ке почекаме ке прибавиме уште некое мислење ,зошто цср ја штити ,ех директорот и е врска

    да ама под родителско право не е старателство туку гриќа за децата има илјада слуцаеви каде родителот е на печалба па прака пари а некој наогаат таму друга и законот ги гони цср
     
    Последна измена од модератор: 24 септември 2021
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Грешка си. Цср не ги гони. Ако има судска пресуда за плаќање издршка, а ако не плаќа се поднесува предлог до ојо па ојо ги гони за неплаќање издршка.
     
  11. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Член 78 Во случаите кога родителите на детето не живеат заедно, тогаш се спогодуваат кај кого од нив детето ќе остане на чување и воспитание, а ако за тоа не можат да се спогодат или ако нивната спогодба не одговара на интересите на детето, решение за тоа ќе донесе центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа на барање на еден од родителите или по службена должност, ќе донесе ново решение за доверување на детето на чување и воспитание ако тоа го бараат изменетите околности.
     
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Во Македонија живееш закони не важат, прво одат врските па после законите. Уште ли не разбра дека цср ако копа подлабоко и најде дека ти лечиш депресија и дека имаш психолошки проблеми и дека си посегнал со предмет да удриш некого дека нема да добиеш ништо и ека детето ќе и припадне нејзе? Може да те пријави во социјална служба она бидејќи си посегнал со тврд предмет и си замавнал кон нејзе она си отишла од дома и дека е плаши за својот живот. Она ако не ги сака децата ќе ти ги остави ама ако сака може одма да ти ги одземе и не е битно дали има 50 љубовници или 0.
     
    На manako1 и Kalimero123 им се допаѓа ова.
  13. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    е да делимицно си во право ВРСКИТЕ точно ама случајот оди вака јас замавнав ПРЕД 5 МЕСЕЦИ со врски и хиберболицен документ пријавен во полиција од полиција во цср цср излегува на терен таа уште истиот момент избега цср ме дава на суд на суд се изрекува мерка забрана да се заканувам дека ке сторам семејно насилство 6 месеци ,друго рочиште телесна повреда одбиено падна нема ц,д со повреди,и илјада сведока дека никој не ја видел со контузија дури ни цср а негира цср ,подоцна се дозна за неверството мува не ја лазеше за децата сега се појавува зошто јас велам дека излезав јас се и преболев сега на ред е цср е сега се умилкува ама неоди децата се полнолетни несе прашуваат сами одлуцуваат а за најмалата и тие не дозволуваат кај таква мајка и тие имаат право на старателсво ај да се изрелаксирам треба да се работи
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Каква мајка? Дека си нашла некој друг? Она си отишла ради твоето насилство батали за неверството ама со твојот потег и паднала секирата во медот и сега ти си насилникот, а она ништо нема направено. :)
     
  15. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    ,она вршела прелјуба од лани од октомбри има слики докази,па ја тепа бре лјубовникот ја стрига плус ова само што ги напуштила децата и дала изјава во судот дека не и се заканувам,доага,кај нас дури и и беше предложено од мене да живее со нас оделено но таа не прифати,и има политицки маркетинг со лјубојнико кај се рекламира паблик видеа 5 пријави во полиција како ме навредува со скринови документирани локнала од медот не и паднала :)(n)
     
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Епа што не ти е јасно од цитатот. Значи на чување и воспитување детето е кај тебе. Никаде не пишува во законот останатиот родител да плаќа издршка. Вие премолчано сте се спогодиле детето да е кај тебе. Цср се согласува сега за сега со тоа. Ако мајката поднесе барање за да биде доделено детето кај неа ќе се расправа тогаш. Таа очигледно нема сеуште ништо поднесено.
     
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    не дала изјава и пред суд и пред цср а неживеењето со нас незначи и негриза кон децата до 18 г или ако оди на факултет до дипломирање а таа избегала и по кејф дава кога сака сурова храна сега поцна да се умилкува ,па со самото не поднесуванје до цср толку ги сака а и знае КАДЕ БЕШЕ ДОСЕГА ,ц,ср врши и надзор и тоа е нивна должнос,не никако премолцано цисто лјудски избега некој 2 недели глумеше се придрзуваше после откако се дозна фати дефинитивно штрафта и престана и да комуницира за потребитеЦентарот за социјална работа може да донесе решение, со кое на родителот кој подолго од три месеца не давал издржување за детето, ќе му го ограничи правото да одржува лични односи и непосредни контакти со детето, се додека не ги изврши обврските спрема детето.врти суци за се решава цср и предлага до судот џабе се вртиме во круг неможе некој да напушти малолетни деца да оди во авантури потем да се врати да бара
     
    Последна измена: 23 септември 2021
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Девојчево 100 пати ти објасни права околу деца и се и ти пак и пак за лјубонико се фаќаш
     
    На Mantub, Traveler91, manako1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    @RainBow ќе може да се прекине вртењево во круг? Темава не е само за еден член на форумов.
     
    На Mantub, Traveler91, Forca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Не ги напуштила, не ги оставила на улица, таа си заминала од дома. Детето останало дома кај таткото. Напуштање е да го оставиш детето само без никој да се грижи за него. Она има право да бара, а дали ќе и биде дозволено е друго. И не во никој случај цср не забранува гледање со децата ако не се плаќа издршка, тоа си голема грешка.