Пријателка сака да се разведе од мажот. Тој не сака. Имаат возрасни вработени деца. Како иде постапката во вакви случаеви , дали мораат двајцата да идат на суд, колку трае и дали мора прво да идат на помирување или може некако побрзо да се заврши ?
Пријателката да си поднесе тужба за развод. Ќе се изјасни дека не сака помирување и нема никој да ја гњави. Брзо ништо нема во државичево, ама ќе се разведат, доволно е едниот да сака развод. Не може присилно да останеш во брак.
Еве слична ситуација...Брак 24 години,една ќерка мажена друга на факултет(полнолетни и возрасни) Живот неподнослив,децата живеат со мајката,таткото само на хартија,нефункционален брак веќе подолго време...трошоци,храна, покрива мајката,тате само проблеми и сметки по шо никој не му дава пари а си бара пари чоекот...закани секој ден кредит 300 000 без знаење на сопругата,жирант на две места и заеднички кредит 610 000 на 10 години...совет некој попаметен по што ситуацијава е за никаде
Здраво на сите Пред некое време пишав во оваа тема за развод на пријател. Помина првото рочиште на кое не се договoрија за алиментацијата. Е сега судот закажа ГЛАВНО РОЧИШТЕ. Па ме интересира дали на тоа главно рочиште мора да се донесе одлука за алимемтација, и дали на тоа рочиште може да се разведат конечно бидејќи е главно, или може да се одложи повторно. Ви благодарам
Само нека си провери да не има скриено дел од парите. Има доста што имаат свои фирми па пробуваат да го скријат приходот за да плаќаат помала алиментација. Би требало на тоа главно рочиште веќе се да е готово.
Нема скриено. Пријавен е на 20 000 мислам од кои 10 000 му идат за кредит. Нема ништо на негово име имот и слично.. За ова главно рочиште му бараат извод од плати, од катастар и слични докази. Бидејќи таа бара 6 000 од дете, а он предложи по 3 000 од дете. Но таа излезе со тоа дека децата одат во школо , градинка, на некои курсеви и слично. Да се надоврзам дека децата воопшто не дава да ги гледа тој. Година дена ги нема видено. Несака да поднесува тужби вп социјално бидејќи сака да се заврши ова побрзо. Тоа го интересираше највеќе што е со тоа главно рочиште, дали мора да се донесе одлука и бракот да се разведе.
Да, прво ако нема спогодба од двете страсни се оди на брачно советувалиште и живеење под ист покрив 1 месец па пак на суд па пак ако не оди се разведуваат. Што значи дека сега ќе се разведат адвокатот сигурно ќе му каже ама мислам дека 30% од плтата одат за алиментација. Децата можат и на 10 курса да одат ако сакаат и тие дакоштаат 30000 и он да не може да ги исплати. Сега не знам дали од тие 10 000 што му остануваат ќе гледаат 30% или од тие 20 000 нека си го праша адвокатот . Ова е до 18 години, ако продолжат со фаултет продолжува да плаќа до 24 или 25 години и во меѓувреме ако мајката е болна и не работи се исплаќа иста сума од алиментацијата на сметка на мајката додека е жива. Овие работи ги знам од човек што се разведе па ти и пренесувам информациите
Нема споредно и главно рочиште, сите рочишта се "главни", не знам кој ви го кажувал тоа. На следното рочиште ќе се разгледа документацијата од катастар, ујп и примањата и врз основа на тоа на би требало да ја одредат алиментацијата, која е 1/3 од примањата. Да ти одговорам на прашањето: може да има уште едно рочиште. Инаку не е можно да "не дава децата да ги гледа", нека побара таткото решение за видување од социјално и ќе си има одредено време и место. А и во меѓувреме може да побара привремено решение, додека не се добие трајно решение за видување. Или таткото не е доволно информиран, или недоволно заинтересиран.
Така си пишува на поканата. Претходната не беше главно рочиште. А и самиот судија нагласил дека следното рочиште ќе биде ГЛАВНО.
Како сте се фатиле за зборов... ГЛАВНО било нагласено... Ми личи како одвај да чекате да заврши разводов. Поентата беше зошто децата не си ги гледал или што побрзо да се ослободи од бракот? Нејсе! Дали на ова или на следното рочиште, ќе се разведе. Како може некој на форум да ви каже на КОЕ рочиште ќе ги разведат? Не поставувајте нелогични прашања кога толку се си пишува и се си знаете.
Претходното односно првото рочиште било подготвително рочиште. По подготвителното рочиште следува рочиште за главна расправа. Се утврдуваат фактите, се изведуваат предложените докази за на крај да се закаже рочиште за објавување на пресудата.
Ако едниот поднел тужба за развод, по кој член од закон сум должна јас да ги подмирам трошоците судски (адвокат, состав на тужба, судска такса) ? Не би сакала да поднесам одговор на тужба ниту да се појавам на суд, дали судот ќе ги побарува тие трошоци негови од мене? Фала дечки на одговорите
Подобро е да не бидеш пасивна. Мој правнички совет е да дадеш противтужба или на рочиштето да се трансформира во спогодбен предлог, со цел трошоците да си ги поднесете на пола. Ако си целосно пасивна, ќе ги платиш сите трошоци.
Zdravo,ke ve molam nekoj sto znae da mi odgovori Dali posle razvod i vrakanje vo kukata na moite,osven jas sto si ja promeniv adresata dali treba i sin mi koj jas sum mu staratel da go pisam na moja adresa?
Ако живее со тебе подобро е ,на пример ако патуваш во пасошите да ви е иста адресата,ако остваруваш право на детски додаток итн.Не дека сигурно ама може да ти прават безвезе проблеми.