Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.022
    Допаѓања:
    36.324
    Пол:
    Женски
    Најверојатно таква е процедурата, ќе каже некој што знае со сигурност. Тоа не значи дека ќе му ги дале туку едноставно мора да се праша, протокол.
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.366
    Допаѓања:
    171.398
    Тоа протокол да се узјаснат двајцата дали сакаат детето да биде кај нив
    Но,ако го прашале не значи и оти ке му го дадат него
    Немој да шириш дезинформации
     
    На Snowflake97, Brpbrp, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ale10

    Ale10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    100
    Задолжително е двајцата родители да се произнесат во однос на старателството. Сепак за дете станува збор, за понатамошниот негов развој, грижа и воспитување.
     
  4. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.168
    Пол:
    Женски
    Ако речеше дека сака да го земи, ќе имаше проблеми. Не ја лажете жената, можи од бебе да го земи ако покажи повеќе пари од неа.
     
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не може
     
    На Snowflake97 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.366
    Допаѓања:
    171.398
    Не
    Ако речеше дека го сака кај него ке се разгледуваше опцијата дали може да го гледа он
    И пак на крај ке ти го доделеа тебе
     
    На cresa-jagoda и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  7. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.168
    Пол:
    Женски
    Само знам дека сто пати ми рекоа дека сум имала среќа што нема пари. И тоа адвокати. Само ми рекоа ако имаше пари, ќе направеше проблеми и можеше да го земи. Не ја силете жената. Ако нема поднесено, нека си седи со мажот. Се е различно кога има деца од бракот.
     
  8. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    А од каде ти знаеш што и се дешава на жената па ја советуваш да седи со мажот, од убаво никој не бега...
    Не ја лажи, ретки се тие ситуации во кој судот го дава детето на таткото. Ако нема компромитирачки докази против неа со сигурност децата ќе и припаднат неа
     
    На Cold.E, Just.do.it, Oneo и 12 други им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.366
    Допаѓања:
    171.398
    Ajде доста ги плашите
    Охрабрите ги да не трпат насилство а не седи таму и ќути
    Шо не седеше то ако се доседуе
     
    На Nataska123, Inana123, Cold.E и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    А да те прашам, ти зошто не си седеше до мажот?

    Срамота е вака да плашиш мајки, како што и тебе те плашеле, па и адвокати. Нема ништо погадно од тоа на мајка да ја уценуваш да прави нешто за да не ѝ ги земаат децата.
    Мислам и скоро сигурна сум дека лажеш. Адвокат со искуство знае дека праксата е тотално спротивна од ова што го пишуваш. Не дека не пробувале татковци со пари и со врски, но не успевале да убедат судии да ѝ ги одземат децата на мајката. Лично знам татко, кој што сѐ не проба со врски, преку партии, со адвокати и пак не му ги дадоа освен секој втор викенд да ги гледа, саат повеќе не ги виде дури не пораснаа и не почнаа сами да одат. Друг случај, мајката си ги остави две деца под 7 за да живее со нов дечко, од социјалното ја молеа за да си ги земе, дури не раскина со него не ги ни побара, без работа и стан, а судот пак ѝ ги додели нејзе.

    Само во два случаи може да одат кај таткото, и тоа се ако мајката не е способна, односно неподобна психички или пати од зависност, и ако мајката сама си ги остави.

    Затоа е срамота да плашиш овде жени дека може да останат без деца а се охрабриле да бараат помош или се решиле да се спасат од нефункционален брак.
     
    На Nataska123, NewMama, Just.do.it и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.753
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
    Во 21 век кога сите се бориме против насилство, кога сите сакаат мажите и жените да се еднакви ние читаме дека некоја жена треба да живее со мажот и и да ќути..што ако е малтретирана еееее се за децата...


    НЕ!
    Жената со самото тоа што е МАЈКА има поголеми привилегии кога се разведуваат. Освен ако не е способна да се грижи за децата, психички болна, насилна итн
     
    На marlonbrando69, Cold.E, Just.do.it и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Да не бидам дрска ама не е прашањето дали да пстане со него или не, туку како иде процедура, да се спреми максимално што може.
    Не и посакувам на ниту една жена да остане со таков човек и гледам максимално да и помогнам.
     
    На NewMama, Just.do.it, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
  13. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.168
    Пол:
    Женски
    Jas ne vlegvam vo diskusija poveke, samo da ne ispadni pokasno lele lele sho se sluci. Posebno ako se postari od 10 godini dvete deca. Togas mozi i niv da gi prasaat so koj saka da sedi deteto. A zosto jas se razvediv - mislese deka ne e negovo deteto, mislese deka sum imala svaler, koga se rodi deteto posle kako nego kopija pu pu ne vazi. E toj film ne go gleda. A srekno nea, sto i da odluci. Samo ke pregledvaat i kade zivee i kako zivee, visina ja plata itn.
     
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.366
    Допаѓања:
    171.398
    Ако се над 12 години социјалното ја зема во предвид и нивната желба и оде у двата дома на родителите кај има услови да виде
    Кај пријателка и двајцата родители имаа услови но детето си одлучи да остане во куќата кај шо живеело цело време т.е кај таткото
    На крај и судот одлучи така по желбата на детето
     
  15. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Веќе имам наназад пишано мислам, но еве повторно.
    Кај адвокат ќе побара да се поднесе тужба за развод. Се плаќа такса од 800ден. Може и тој да ѝ пушти противтужба, ништо зачудувачки, ништо страшно.
    Од социјално ќе ги викнат да дадат исказ зошто се разведуваат и да се изјаснат за помирување. За помирување треба двајцата да се согласни, ако само еден сака, автоматски отпаѓа како опција. Ќе дадат изјаснување дали сакаат да бидат старатели на децата, или се согласни мајката да биде старателот кому ќе ѝ бидат доверени децата.
    Ќе им закажат датум за рочиште. Бидејќи се со деца, нема да поминат само со едно рочиште, најмалку три. ЦСР во меѓувреме оди во домовите на двајцата родители и прави записник, бидејќи таква е процедурата. Можно е да побараат родителско тестирање, чисто да видат кому колку му сече паметот како родител, буквално.
    На суд ќе побараат да се извади документација од фирмата каде што е вработена (доколку е) за тоа колкава плата прима, од УЈП за состојба на примања (во случај да има дополнителни примања) и од катастар за посед на имот (дали е сопственик на некаков имот).
    Морам да кажам дека имотот не се расправа на рочиштата, бидејќи тоа е сосема друга постапка и за имот (доколку имаа заеднички) ќе требаше да поднесат нова тужба која нема врска со постапката за развод на брак.

    Едно нешто ќе кажам, секоја жена која се смета дека е заглавена во брак поради децата е само недоволно информирана и најчесто заплашувана од таквите бараби партнери. Доколку е стабилна личност од секој аспект, нема пречка за да ѝ бидат доделени децата. Дури и доколку таткото се изјасни дека сака старателство.
     
    На nevermet18, cresa-jagoda, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Тој адвокат што така ти има кажано не е срамота да го пишеш и јавно на форумот за некоја форумџика да не налета на него, исто така тој адвокат може да си ја запали дипломата и да оди бунари да копа.
    Доколку детето е до 12 годишна возраст по дифолт се доделува на мајката па ако сака таткото и милијардер нека биде.
    Освен во случај кога мајката не е способна да го чува од психички/ физички причини или самата одбива да го чува.
    Сега доколку таткото има врски по судови и Др и клошар да биде може да го земе детето но законот и судската пракса кажуваат сосема друго.
     
    На Just.do.it, cresa-jagoda, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Radost i ocaj

    Radost i ocaj Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2020
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site .. Ke ve zamolam da mi kazete kako odi procedurata za razvod i kolko pari kosta ...fala odnapred na odg.
     
  18. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.168
    Пол:
    Женски
    Dali nekoja razvedena si zaminala za stranstvo sose dete? Dali tatko to odobril ili mozi i socijalnoto da potpisi? Sakam da si zaminime stranstvo, ama ne znam dali voopsto tatko to ke saka da potpisi dali ke ima pole da me ucenuva
     
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Колку што знам мора да потпише. Баш скоро зборував со жена која се обидуваше да си оди со децата, но не можеше.
     
  20. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Mora soglasnost od tatkoto odnosno da potpise