Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Никој од убаво не бега, очигледно не била некоја обична, секојдневна, ситна караница, за таа сред ноќ да реши да си замине со детето и да се разведе. Очигледно имало нешто поголемо што ја прелило чашата и таа решила да стави крај. Од мед и млеко ама баш никој не си оди.
    Ама бидејќи се работи за твој брат ти си премногу субјективна. А можеби и брат ти крие од тебе што навистина се случило, па снашката решила сред ноќ со дете да замине и веќе да не се враќа.
     
    На mira.mira, smooch, Ivan4e04 и 22 други им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Е добро де, заминала, не ѝ чинело. Зошто да го крие детето?
     
    На WildMk, An-na, KiT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.608
    Пол:
    Женски
    Е тоа де
     
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    17.113
    Пол:
    Женски
    @KiT Ако сте како сестри што не и се јавиш?Прашај ја како се,дали е добра,што згрешил брат ти,што се случило.
     
    На Angie1432, Nausicaa, Meckicja и 4 други им се допаѓа ова.
  5. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Сосема има право детето да биде кај неа додека таткото не добие решение за видување со детето.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.753
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
    Според мене ова е најлош совет.. разберете се фамилијарно.
    НЕ! Бракот е заедница меѓу маж и жена и никој ама АПСОЛУТНО никој не треба да се разбере освен тие двајца.

    Не треба никој да понуди ниту помош ниту решение за проблеми што не се нивни, туку се на брачните другари.
    Затоа што сваќата не е во брак со сватот и обратно..туку децата нивни се во брак и децата нивни имаат проблеми во истиот.


    И од каде знаете зошто снајка не дава да го види детето?
    Можеби смета дека лошо го чува, лошо влијае на него, не е добар родител, покажал некогаш знаци на насилство дома итн.
    И тоа никого не треба да го интересира освен мажот и жената.

    Брак кој што се одржува само за пред луѓе и затоа што сватовите се ујдисале и вршат притисок на брачните другари е најлош брак а децата од такви заедници многу често остануваат со трајни последици

    Дете на разведени родители не е сирак и не може да го нарекувате така. Срамно и жално е таков назив да му давате.
     
    На spacegirl92, smooch, neno0o и 17 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.647
    Допаѓања:
    35.355
    Пол:
    Женски
    А таткото во меѓувреме што да прави?
    Зошто е толку тешко да се направи човечки договор меѓу бившите сопружници за добро на детето? Чест на ретките исклучоци, ама повеќето мајки откако ќе се разведат забораваат дека детето има татко. Освен кога треба да се плати алиментација. Само обврските на таткото се важат, правата никако |(
     
    На elimkd, azelea, Meckicja и 4 други им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    А татковците па многу се интересираат околу своето дете. Познавам татко кој се нема јавено на детето да побара да го виде, не па алиментација да му плаќа. Иако има право за викенди да го гледа, му дозволува мајката кога сака да го земе, да го носи кај него, овој го нема побарано. Вакви еден куп има.
    Конкретно за случајот на членката, мислам дека жената најверојатно си има добра причина зошто смета дека тој не треба да го види детето..
     
    На DoubleK, Meckicja и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.647
    Допаѓања:
    35.355
    Пол:
    Женски
    Интересно :nod: По разводот мајките стануваат маченички, а татковците добиваат амнезија :wasntme:
    Дека има татковци кои не се грижат за децата, има, ама тие и додека биле во брак не се грижеле за децата, ама дека татковците автоматски по разводот престануваат да се грижат не може никој да ме убеди. Обично едната страна е најчесто застапена, а тоа е на мајката. И истата се форсира од нашето судство и закони. Малтене може да си игра со таткото како сака, додека лечи комплекси. Само... жално е што детето го користат како орудие во нивната борба :(
     
    На fana, manako1 и zuto им се допаѓа ова.
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Детето најмногу пати во секој случај.
     
    На manako1 и KiT им се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Како што пишаа погоре.
    Остави да си го решат проблемот меѓу себе, не мешајте луѓе од страна сестри, свекрви, дрн мрн.
    Секој за свој човек ќе рече дека е мирен, фин.
    Сигурно се десило нешто што таа така на сред ноќ си отишла.
     
    На cresa-jagoda, Meckicja, Suze18992 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Исто како што не донела цела фамилија одлука да се склучи бракот, туку одлуката била на сопружниците, така и одлуката за развод треба да ја донесат тие.
    Тоа што за фамилијата можеби не е или е мал проблем во нечиј брак, за некој од брачните партнери можеби е голем проблем и затоа нема што цела фамилија да нуди решенија. Решение за спас на бракот или за развод треба да донесат партнерите.
     
    На elimkd, smooch, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    11.140
    Пол:
    Женски
    Читам и со некои коментари не можам да се сложам.
    Еве се ставам на место да се разведам од маж ми доколку ме изневери. Искрено ќе му терам било каков инат ама дете да мешам нема шанси. Повеќе ќе ме боли да си го гледам детето како страда по татко му, отколку тоа што ме изневерил.
    Има мажи кои изневериле ама се супер татковци. Еве маж ми да ме изневери, како да му забранам син ми да го гледа кога син ми е многу поврзан со нас, и освен тоа маж ми планини поместува за син ми. Толку е посветен, плус од петни жили се мачи за неговата иднина. Може на почетокот ќе ми биде криво ама никогаш нема да му бранам да се гледаат. Напротив би сакала да биде вклучен во се со син ми, за син ми да не почувствува отсуство од ниту еден родител.
    А инаетот на друг начин би го терала, мада познавајќи се мислам дека подолго од 2, 3 месеца и тоа е премногу, би се ослободила од гневот, би си разговарала сама со себе како што секогаш правам за мое добро. Гневот ја гризе душата, а душата ако е болна носи болести. Премногу се сакам и себе и син ми, а на син ми му треба здрава мајка.
    Е во случај доколку мажот не пројавува интерес, или психички и физички малтретира дете, во никој случај дете нема да виде. Е сега многу зборување и со дете треба доколку е ваков татко, бидејки децата страдаат, секогаш во нивните главчиња ќе има зошто тато не ме сака а тоа носи трауми :u:
     
    На mKdevojce, elimkd, Ivan4e04 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. loverboy09

    loverboy09 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    бравос, бравос, бравос…конечно да прочитам нешто паметно, разумно… :)
     
    На elimkd и anggell им се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    19.547
    Пол:
    Машки
    Читајте и слушајте паталци, не гаталци. И јас можам хипотетички да кажувам и продавам магла се додека не осетил некој некогаш како е да си во разведено/дисфункционално семејство. Јас потекнувам од такво и сум бил сведок на блиски личности на малолетно дете и како се однесуваат. :)
     
    На Indiegurl, elimkd, Milkiway и 5 други им се допаѓа ова.
  16. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Таткото, како што напоменав, да си побара решение за видување со детето од социјално. Ако бил доволно заинтересиран да го види, би го знаел ова, би се информирал.

    Во случајов, каков човечки договор очекувате кога членката напомена дека не се разделиле на убав начин?

    Општо земено, плаќањето алиментација не е се што треба таткото да направи за да придонесе во родителствувањето. Има и обврски и одговорности кон тоа дете, не е само да плати и да го гледа X часа неделно, како да е некоја кукла од продавница.
    Чии права се незаштитени, те молам? Ако некој ги штити правата на таткото, тоа е социјалното сега.
    Без разлика дали мајката смета или не дека таткото треба да се гледа со детето. Никој не може да го оспори тоа. Информирајте се.

    Лесно е да фрлате со камења по мајките, ко демек јаката алиментација ја земаат, само во парите им е паметот? Што ќе купиш со еве да речеме 5000ден. во месецот? Две пакувања пелени и нешто ситно. Тој ако е навистина татко самиот ќе се засегне да купи и плати што е потребно, ама полесно е некој друг да се грижи 24/7 и да му го предаде детето наспано, чисто, најадено и расположено на неколку часа, наместо да се справува со тантруми, плачки и непроспани ноќи. Многу скокате за татковците, како социјалново да е во сојуз со мајките, а врска нема во реалноста.

    Впрочем, не им ги знаете приказните на луѓето, затоа не зборувајте напамет, обата родители имаат права и обврски и никој не им ги спори освен самите на себе си кога не ги засега детето.
     
    На WildMk, Ivan4e04, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Абе се е супер ама најчесто кога се децата кај таткото, не дека он ги глед,најчесто бабите се тука за тоа. Дека он курле бил, не можел сам.
     
    На Nataska123, WildMk, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    17.113
    Пол:
    Женски
    Аха,баш така.А први се за закани од типот ќе ти го земам детето нема да го видиш.Абе остај му го месец дена ќе те моли да го земеш.
     
    На Nataska123, spacegirl92, Veki4kaa и 11 други им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.647
    Допаѓања:
    35.355
    Пол:
    Женски
    Мајките се заштитени во случај на развод. Факт. Детето автоматски припаѓа кај мајката. Таткото треба да моли за да го види детето, така ли? Ова нормално ти е? Всушност, очигледно ти е, пошо си го пишала... само не е исправно. Не за детето.
    На детето му се потребни двајца разумни родители кои нема да лечат комплекси преку него, туку ќе најдат компромисно решение за негово добро. За жал, како што реков, чест на исклучоци, ама повеќето лечат комплекси и се инаетат до бескрај. Мајките со тоа што не го даваат детето на таткото, а татковците со тоа што не плаќаат алиментација. А детето страда :(
    На ваквите родители, јас би им го одзела детето одреден период, за да се опаметат :!:
     
    На fana, Meckicja, anggell и 3 други им се допаѓа ова.
  20. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    57.238
    Пол:
    Женски
    точно баш е вака..и татковците воопшто не се заштитени ама баш со никаков закон.. секогаш е вината во таткото а се занемарува фактот дека и мажите трпат насилтво од страна на жените..
     
    На elimkd, Meckicja, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.